Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.632
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna фала ти ептен, ме смири малце. Ќе пробам секако прво да извадам фикцион, доколку не успеам ќе пробам да си одам со новиот пасош и стариот ауфентал, се надевам добро ќе биде.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    762
    И ние ги викаме емби и ги правиме со топчиња .
     
    На Dancewere му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.742
    Допаѓања:
    175.347
    Пол:
    Женски
    Ембите се прават со овални, како на сликата на @Dancewere такви ич не ми текнува дали сум приметила овде. А мислам на вакви топчиња.
    IMG_5185.jpeg
    И шишарки со вакви баш топчиња се стварно смешна слика на крај. :) Мене сепак ембите не ми личат на шишарки иако така ги викаме и така и кај мене дома редовно се праеја, со баш чоко корнфлекс ми се баш баш шишарка. :)
    Иначе и мене на вкус не ми се нешто посебно, јас почесто правам бомбици, и потоа додавам чококорнфлекс околу само колку да личат на шишарка. :)
     
    На mal.ecka и Dancewere им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    IMG_4222.jpeg
    Јас со вакви помали и во мое село само со вакви имам емби видено и јадено. На крај се потопуваат во чоколада бутер и зејтин малку и се чоколадни. Ама јас повеќе ги сакам не потопени.
     
    На mal.ecka, IronLady, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    33.641
    Пол:
    Женски
    Џоки и кај е рецептот ?:?:

    Инспирирана од вас и јас направив кифли со нутела и полесни и побрзи немам сретнато до сега секогаш ми излегуваат меки.
     
    На gjoker4e, IronLady, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    IMG_4224.png
    Еве го рецептот.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4225.png
      IMG_4225.png
      Големина на фајлот:
      321,1 KB
      Прегледи:
      31
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    7.961
    Леле па вие на големо се спремате за Нова Година.Кифли,емби и рецепти споделувате:P
    Е,јас нема да сум толку вредна.Утре ми е планот да спремам три руски салати-една за утре за ручек за нас,втората за комшиите оти комшиката мораше да се врати до Турција заради смртен случај,па да направам за дедото и синот оти се сами мажи не ми е тешко и третата е за Нова Година.
    Друго не правам,другарката ќе донесе Кифли и може кокошка да купиме.
    Ќе дојдат пријатели со ќерката на гости вечер кај нас,а преку ден ќе одиме на лизгалиште.

    Празниците ми се турбо.

    Ме праша и мајката на едно другарче на синко да славиме кај нив,ама веќе имам испланирано.
    Инаку до вчера бев на работа,денес имам одма дете на преспивање.

    Утре планирав и да одиме на пливање,само нос ми уште тече и не можам да оздравам од што не иде ред да седнам.Утре вечер па е договорено е женско друштво,со мајки на другарите на синко.Викендот што иде пак со женско друштво.

    Први јануари исто договорено со братучетка ми фамилијарно на циркус.:l:

    Втори па ми иде другарче на синко после школо.

    И каде и да е наредниот понеделник се враќам во бубањот работа,разнесување дете и термини.

    И кога во Македонија ми кажат немам социјален живот ми иде да им се исмеам,оти многу мислат дека после работа облекувам пиџами и спијам:rofl:

    @Ava.84 пишала за огнометите:worried:

    И јас порано се крстев како им се дава толку пари за огномети.Оваа година оти детето сака,маж ми како германците прво станување во сабота отиде право до Лидл и потрошија куп пари за огномети:x
    Џабе зборев со кој си имаш работа:envy:
    IMG_20241229_111200.jpg Ве молам без осудување:tmi:

    Туку дете ми се поремети.Оти имаше 4 дена во неделата спорт.Сега не излаваме толку заради ладното.Не може да заспие пред 10 и пол вечерта.Тоа за мене ми е многу касно.Немам време да направиме муабет со маж ми,а не па да изгледаме некој филм.Ние пред него заспиваме.
    Од секогаш ме нервирало да се нема ред. Се знае детето треба до 9 и пол најкасно да е во кревет.Уште ми е мал со 9 години до толку касно да ми дреме.

    Друго правите ли екстра гаранции на 5 години на белата техника?

    Пред два дена се пукнав нервирајќи.Почна да свири аларм на фрижидерот,а само што мина две години гаранција.
    Среќа што маж се разбира и најде дека некоја жица од сензор се скинала па ја споил и поправил.
    Да викнев некој техничар ќе ме крстеше минимум 100еу.
    А,ние само што купивме озвучување и нов телевизор.На озвучувањето ми направија екстра осигурување,телевизорот си го купив онлајн и дека беше скапо 150 еу за 3 години избрав не и сега имам нормално.Па многу скапо е за 3 работи требаше плус 450 еу за осигурување да дадам.
    Викам можеби згрешив што се поскржавев.Се надевам дека ќе е квалитетен телевизорот и ќе трае.Стариот не служеше 12 години и пак го продадов:D

    Колку повеќе живеам тука се станувам по параноична и ако споредам од почетокот до сега,имам осигурување за сѐ.Во Македонија немав за ништо,сега дури претерано.

    Добра ноќ и убави празници на сите,убаво да прославите,многу здравје,бериќет и среќа и се слушаме догодина:d::*::party:
     
    Последна измена: 29 декември 2024 во 23:56
    На SummerGirl, јolene, Chantal и 6 други им се допаѓа ова.
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    39.528
    Пол:
    Женски
    Морген .
    Сите вредни , спремате за дочекот на новата година .
    Јас руска салата не правам , зашто не ни знам да ја направам .
    Знам една салата со компир и павлака, мајонез ама ништо од тоа нема да направам . Ќе јадеме нешто Fingerfood.
    Не планираме ништо посебно , некој филм и то. Огномети , петарди немаме купено , не ги сакам. Ама мм има од работа добиено неколку врста на огномет, па ете ..а ич не ги сакам .
    Во саботата беше гужва во Лидл , сите тоа купуваа .
    Плус се прави многу ѓубре , осеќам нашиот паркинг ќе биде лом .

    Уште денес на работа ... Имав да кажам многу ама ајде да не тресам зелени . Да заврши и овде работната недела и да си дочекаме нова година , сите здрави живи.
     
    На mal.ecka, fairy88, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.254
    Зарем во Лидл продаваат огномет и петарди? Тука само во посебни продавници, и баш како што викате се чека ред. Ептен забегуваат со огнометите за НГ, како цела година да се тивки и мирни само за таа вечер да можат да се понашаат ко куче пуштено од ланец.
    Не можам да ви опишам шо се дешава, ќе го запалат градот.

    За НГ ние сами, скоро сите пријатели тука ни се без деца, ќе се соберат тие ама ќе прават журка, со дете кај да одиш, он заспива во 8 часот. Да беше принцип вечера, нешто покултурно ќе одевме, ќе го легнев таму па ќе се дружевме. Вака не ми оди, да трешти музика и еден куп луѓе и познати и непознати, а дете да ми спие во спална, не можам.
    Другите пријатели што се со дете на наша возраст ги нема од тогаш кога пишав дека не се појавија на ручекот. Демек ќе дојдеа следниот викенд, следниот викенд за тој понатака, па се нешто им искрснува...дедо ми на времето викаше "не умри магаре до зелена трева". Трети што сме баш блиски си заминаа за дома.
    А ептен сум им лута на нашите што никој не се понуди да дојде да не посети за празнициве, овој пат стварно од бирократски причини не можевме да одиме за МК, и никој не се понуди да дојде. А изминатава година сме биле мк 4 пати со дете, абе и ние будали. Од мм неговите денес одат за Виена на дочек. ММ им вика што не дојдовте тука, ќе го видевте внучето. Свекор ми вика "ее вие сте на ред да дојдете" (facepalm)Он последно тука пред 2-3 години дојде, дете не беше ни родено. Море ни јас не бев трудна. Ама ајде, памет за натака.

    Хамбург каков град е? Вреди да се посети?
     
    На fairy88, Ava.84, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    16.718
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира за Хамбург,
    Имам некои 3 дена рест урлауб, треба да ги потрошам до почетокот на март.Сакав да одам на некоја прошетка со ќерка ми, ама да не е предалеку. Во Хамбург не сум била, а со ајс помалку од 4 часа е.
    И има ли нешто интересно за со дете да се посети?
     
    На fairy88, Ava.84 и Ambitious им се допаѓа ова.
  11. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.631
    Mene me intersira za Berlin mesta interesni za dete i toa kako bese dnevnata karta sto ae kupuvase. Hamburg e ubav za prosetka ama neznam sto ima za deca, koga odev bev bez deca.
     
    На Ava.84 и јolene им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.742
    Допаѓања:
    175.347
    Пол:
    Женски
    Хамбург е без конкуренција во топ 3 најубав град во Европа. :l:
    И Берлин е исклучително убав град. Со најголем број туристи во годината во Германија.
    Огромни метрополи се и не препорачувам без план да се оди таму.


    Јас правам на се. Си купив air fryer пред 2 месеци и си зедов дополнително гаранција. После тоа си купив и фен за коса оти стариот се скина надворешната фолија, иако работеше, ама се гледаа жиците и ми беше страв да го користам. И нему му зедов гаранција. :wasntme: Машината, сушарата и шпоретот ми се тука земени како дојдовме и тие имаат гаранции. Телевизорот и огромниот фрижидер си ги донесовме од Крф со нас. :D Збори ми за параноја. :D
    Петарди и јас нејќам. Огномети и така и така. И маж ќе земеше некој огномет, ама брат ми е испонастинат и не стаса да дојде пред Нова. Така што за Нова ќе сме сами. Деца ќе спијат од 8 ипол. Ја и маж ќе мезиме кашкавали со џус, пошто нема алкохол на мени оваа зима :D и ќе пуштиме некој филм. Тешко дека ќе дочекаме полноќ, ама ич не ми е битно. :)
     
    На fairy88, Biljarkata, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Утре до колку часот ќе се работи?
     
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    И Минхен е убав и за со деца. Ќерка ми излезе дека многу сака да се дружи со девојчиња :bandit:.
    Само како идеа де.


    Е за Нова не спремам ништо. Салата свежа. Аперол има. Ќе купиме багет, некој хумус, нешто готово сервирано и чао пријатно. Пошто еден ден ако јадам глупости, ќе преживеам а саати за спремање да убијам, не фала.
     
    На mal.ecka, fairy88, Dancewere и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.631
    Ako mislis na marketi do 14.00 i do 16.00 h
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    Мене ми е многу интересно кога ќе прочитам скроз различни мислења од моето размислување.
    За да се ок за мене, треба да не дојдат. :D
    Ако дојдат, е не една, туку сто маани ќе им најдам. :tmi: Лошотилок снаа. :rofl:

    Кога ќе правиме стари нови резолуции? :inlove:

    • 2023 ја донесов најдобрата одлука отказ да дадам и горда сум што не чекав 01.01 туку отказ дадов на крај октомври за до 30.11 и на 01.12 почнав на новата работа.
    • Новата работа ми е најубавото нешто во 2024та и дел од животот
    • Симпатија број 1 без коментар :D
    • Симпатија број 2- мојот најдобар моментален животен пријател, сродни души пријатели :l:
    • Не останав бремена 2024та
    • Се заангажирав посериозно за забите
    • Теретана и плус дома вежбам одамна
    • Тетоважи шест имам до сега
    2025та :l:
    1. напредок на професионално поле
    2. Симпатија број 383883722
    3. Возачка (од 18 години ми е на листата)
     
    На mal.ecka, Biljarkata, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.631
    Koi se povolni operatori za telefoniranje od Germanija za Makedonija i obratno
     
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.631
    Kako potajno da posakuvas treto dete , cesto si potspomnuvas ili
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.960
    Допаѓања:
    36.134
    Пол:
    Женски
    Не останав бремена е позитивно :D
    Ниту една желба ми нема поврзаност со трето дете односно трето дете би значело повторно одложување на моите желби за 3-4 години
    Да ми се остварат сите желби наредниве 5 години па може трето на 35 години, можеби ни тогаш не. :|
     
    На mal.ecka, SummerGirl, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.254
    Хаха, не доаѓаат често на мм неговите, ама еве годинава се погоди така да не можеме ние да си одиме ( и не знам следно кога ќе може, чекаме визите да се продолжат а тоа е долго ).
    Чисто да се понудеше некој да дојде, да рече чекајте бе деца, да не славите сами празници. Ама ајде.

    Од резолуции, неам ништо, освен здравје ( колку и да е клише ). Среќата сами си ја правиме.
    А, и да мрдне малце вагата надоле. Како може бе, одам во теретана 3 пати неделно, вагата не е помрдната? А стварно се чувствувам супер, гледам и облеката ми стои подобро, не е тесна, не виси салце од сите страни. Ама пуста бројка на вагата не мрда.
    Ете тоа може да ми е резолуција.
    И повеќе пари, од пари никогаш доста.
     
    На SummerGirl, fairy88, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.