Ако одиш во теретана и јадеш тоа што треба, вагата треба нагоре да оди. Нели не е се до бројките и до големината.
Хаха тоа вика и мм, мускул тежи повеќе од салце Ама немам толку видлива мускулна маса, а и рано е за тоа. Ајде ќе видиме, не се откажувам пошо ментално ми влијае топ, ама би било супер и некое килце да се симне. Височка сум па во 60ките не ни можам да завршам, ама со 75 ќе сум таман.
Минхен таму на пролет во Април се гледаме, здравје. Треба да продолжувам пасош на малото па секако натаму ќе одам.
Каде може да се купи кујна на пристапна цена, а да не е икеа? Буџетот ми е 4000-4500 евра со вклучени фрижидер, шпорет и машина за садови.
Икеа е картонска за многу работи-ама...Сега скоро купив висок кујнски шкаф Метод, и позитивно сум изненадена од квалитетот. Мислам, ако ти е за квалитетот шубе. Инаку појма немам, сега со цени све е страшно, а мојата е од продавница што веќе не постои и да ме утепаш не ми текнува како се викаше. Ама беше/е мејд ин Џермани .
Морген, се исправив со сите сили да станам . Денес пак на работа . Од 7 ипол до 12 ипол. Сите спремаат за дочек , јас ништо. Ама ајде да направам саати, па непланирано ќе имам повеќе пари на сметка на 15. Од едната работа гледам пуштиле пари , повеќе за овој месец . Секоја година ќе расте платата овде , тоа е супер . Плус работодавачот е општината, таму секогаш имам бенифиции. Од другата работа и таму за 50 центи има покачување Јас незнам како @gjoker4e збори дома за симпатии . На работа имам еден млад дечко , главен .. почна од ништо сега е одговорен за една филијала . Кои смеи, шали сме имале , зезанции .. ама дечково е така по опуштен и на мм сум му кажувала . Ама овој пат ептен незгодно ми падна , зашто дечково ми се пушташе пред пола година и сега треба заедно да работиме . Му реков на шала дека сум веќе во сериозни години, со фамилија . Ама океј беше . Да се спремам , колата да ја одмрзнам . Кај нас во село дека на високо , секогаш замрзнува. Да од работам и има да се пикнам под ќебе и да дремам цел ден. Имајте убав ден
Ние од 8 до 12 ама јас ќе си одам во 11ч.Ги нема шефовите само симпатијата.На 24 му избегав на шефот ми вика каде волку рано викам поклони да пакувам.Аааа добро .Па не може јас да работам 4часа кога работам вкупно 6.Уберштунде ќе треба да правам.Мене шефицата ми пиша да си одам и затоа си отидов. После имам продолжен викенд и ќе одморам неколку дена па пак со нови сили. Ај да одам да не каснам последниот ден.Убав дочек да си имате , среќна и здрава, богата,плодна и задоволна 2025 година ви посакувам.
Мојот Симпатија број 2 дома беше кај нас од оправдани причини. Мм му вика по цел ден за тебе збори. Зборам, можеби дека наскоро разведена ќе сум, па затоа.
Ова како моиве од дома што ќе ме прашаат нешто што кружи по телевизија, интернет или низ село. Јас појма немам ама го прочита на македонска страна како курир и таквите подобро да ги блокираш страните. Се и сешто се пишува. Не ни знам кој е амбасадор. На крајот на краиштата и да бараат да се смени, ние ништо во Македонија не сменивме па тука ќе сме сменеле нешто. Не знам што се дешава со еден збор де. Јас симпатијата ја сменив па за амбасадорот.
Па добро, ти си опасна чим менуваш симпатии. Не прочитав на страните како курир, туку на пазар дур купував марула некои пензионерки збореа и јас несакајќи слушнав. И си реков чекај ќе ги прашам ,,нашите германки". Во Македонија не мора да се менува, се е како подмачкано. Рози цветаат среде зима, од водопадите течат мед и млеко, воздухот како во Швајцарија.
Јас како што разбрав по коментари на фб го прашувале на македонски а тој одговарал на албански . Дали само тоа е причината незнам …
Епа истото, на татко ми се во дуќан му кажуваат и ми се јавува да ме праша, а јас врска си немам. Мое село е богами исто како швајцарските села и на изглед и по воздух ама за жал многу други работи фалат како на пример една од по основните- превоз нема. За пари да не збориме, се подразбира тоа. Ама кога одам се чувствувам исто како во некое швајцарско село да сум.
Женски и мек доналд Што работат по 24ч ли се затворени утре? Има еден што е нон стоп отворен, и има плејленд. Па сега си мислам ако утре попладне да ги однесеме натака, а инфо на нет нема да најдеш.
Ако работат 24 часа, и утре ќе работат. Јас работев во еден таков како студент 24/7 работеше и празник и делник и се. Ептен ако ти е шубе можеш да им се јавиш во филијала и да прашаш. Гуте рутч на сите
Es ist wieder so weit, ein Jahr ist vergangen und wir haben es geschafft, uns weder im Amt noch auf der Autobahn zu verlieren. Ви посакувам година полна со многу остварени желби, среќа, здравје, љубов, многу пари und natürlich, die besten Angebote bei Aldi und Lidl. Бидете живи и здрави, смејте се често, имајте бескрајно многу среќни моменти и се помалку причини за тага. Einen guten Rutsch ins neue Jahr!
Наместено за мезнување со маж, па после одиме кај пријателите заедно ќе чекаме. Во старата 2024, како резолуција многу падови имавме , многу лоши вести , стрес, тага, ама на крај почна нешто добро. Мојата најголема желба се уште не е остварена . Се надевам во наредниве неколку години ќе се оствари. Кога ќе се оствари, тогаш мислам дека мојата душа ќе биде исполнета. Сега за сега за 2025 посакувам помалу стрес и многу многу повеќе здравје, бидејќи без здравје пиши пропало е се. Ви посакувам се најубаво , помалце стрес повеќе насмевки Убаво да си поминете кај и да сте и со кого и да сте
Од кој Fußsack сте задоволни? Помина веќе пола зима ама нека има. Дали мора да му земам поголемо бројче о за догодина или како? Он топик: трпезата си ја спреми, руска салата, погача испечена, маж спрема свинско и похованици, шампањ на маса. Си реков отсега со шампањ ќе си ги чекам годините, да има за славење. Малку ме плаши баш пречекот, знаете како се луди немциве со огнометиве, да не ми се заплаши бебе. Тампони за уши ќе барам низ куќа. Нека е среќна и бериќетна годинава.