Друшки ај еден совет за моја блиска. Работи во Мк Доналдс со стален договор ама сака да ја смени работата, но на новата за почеток би била на определено време. Истовремено планираат проширување на семејството, па ја интересира дали има разлика во трудничките права и бенефиции ако си со стален договор и ако си на договор на определено време?
Значи може и без работа да остане? А државата нешто нема ли да и плаќа? Зар Германија не ги штити трудниците?
Секако дека ги штити, не смее никој да те избрка од работа. Но во овој случај нема бркање има завршување на договор свесно потпишан од две страни. Не гледам што може државата да ти направи во случајот?
Јас бев таков случај, договор на 1 година, имав среќа се породив па ми завеши договорот па примав елтернцајт ( незнам како би било да се породив предходно) ама потоа не ме чекаше работно место.
Не знам дали сте развиле тема ама да прашам јас Како сте со коронава,мислам дали се крева паника во вашите области Овде се чувствува ко ќе влезиш во маркет Тоалетна,брашно,шеќер,масло,средства за лична хигиена,конзервирани работи,тестенини НЕМА! Во сите маркети во радиус од 50км е иста ситуација Не испаничи фактот со намирниците повеќе него вирусот па "по малку" складираме и ние Во дм бевме памперс,влажни и млеко исто НЕМА! За средства за дезинфекција и маски да не правам муабет,за лек нема
Можеш и од МК да си земеш. Јас редовно си земам риостоп и капки за уво или нос, не ми направиле проблем. Инаку од тука можеш да си избереш https://www.iherb.com/search?sug=methyl folate&kw=methyl folate&rank=3 https://www.iherb.com/search?sug=methylcobalamin&kw=methylcobalamin&rank=0 за нарачка од оваа стана, оти не е германска, се чека од прилика 10 дена. Па ако нарачуваш треба да си планираш со време.
Нешто слично и кај нас, ама не толку драстично. Еднинствоно средства за дезинфекција што не може насекаде да се најдат, мислам на тие малите за патвуње што се и марамчиња такви исто нема, баш сега се вратив од Росман. Брашно и шеќер, зејтин имаше во едека. И јас купив нешто повеќе за залиха. Инаку се осеќа дека луѓето се повеќе дома, не мора екстра да им се нагласи дека не треба да се собираат. Во продавница, пекара се држи растојание. Во мојот град има околу 25 заболени, а со гратскиот регион се вкупно 65. Среќа во несреќа, бројот на заболени се покачува само по еден плус на ден(последните 4 дена). Што значи дека горе доле се најдени сите кои се инфицирани и се во самоизолација.
Не треба на овој народ да му црташ свесноста е многу голема. Можете и нараквици да користите на едната рака и потоа веднаш за перење или нараквица за една употреба. Рестораните околу мене се празни луѓето шетаат само покрај обала на воздух. Во продавница се држи растојание, едека има се и нема никаква паника. Ќе идам до дм да докупам пелени се надевам ми оставиле некој пакет.
Да ви дадам update . Бев до Едека, нема што нема. Пополна продавницата не сум ја видела. Десетина вработени редеа роба, изгледа само што добиле. Не брашна, не масло, конзерви, пасти средства за дезинфекција се! Судејќи по ова скоро сегде ќе ги наполнат повторно дуќаните. Нема страшно. Нема потреба од паника. Само да сме претпазливи треба.
Ме фаќа паника,страв,нервоза неможам да се контролирам,сакам да заврши ова.офф незнам како сте вие психички? деца не однесов во градинка,цел месец нема одење. Ајде веќе редно е да слушнеме убави вести.
Убавото е што во ова лудило луѓето научија да мијат раце. Туку ако сите останеме дома за четири недели ќе се изолираат во светски рамки случаите, ќе оздрават и ќе се сузбие вирусот. Ама луѓе најразвиен род на планетава знаеш како оди тоа. Читав за Бергамо тоа е жално што се дешава луѓе пред болница чекаат на улица преполно со заразени нема кој да им даде терапија. Истите тие пред две недели се дружеа со пријатели, одеа во кафичи и се смееа. Ама јужна тврда глава ѕид бутка. Македонска влада денес ги затвори кафичите и кафаните од 18ч за почеток оти не разбираат. Италијанско сценарио би било погубно секаде. Идеме да прошетаме на воздух колку убаво време има кај нас за мерак.
https://www.tagesschau.de/inland/coronavirus-deutschland-merkel-101.html Меркел најави затворање на школите и градинките во ризичните републики. Данска со сценарио како Италија преку ноќ до 680 заразени се е затворено со наредба да не се испаѓа од дома. Канада, на премиерот Трудо жената е инфицирана двајцата се во изолција. Мислам дека за две недели ќе се сврти оската од нагорна линија кон пад. Речиси сите земји превземаа драстични мерки и не верувам дека силата на вирусот може да ги победи. Ајде нека помине па летни одмори да планираме
Можам да кажам дека карантинот ни се доближува.Од понеделник школите и градинките ќе се затворат во Берлин рекоа нешто до Велигден.Цел месец Сигурно не сум разбрала или не сакам да разберам139 заболени на 3.5 M , сигурно бројката е поголема.
Се најавува дека ќе ги затворат до Велигден али нема да биде карантин туку само со препорака да седи дома. Update: четири републики од Понеделник затворени, Баден Вутемберг ќе одлучува денес сто посто затвораат и овде. До 6 Април е Баерн, останатите до 30 Март засега https://www.welt.de/vermischtes/art...achsen-schliessen-alle-Schulen-und-Kitas.html
FreeMind, кои се ризични? Според листава што ја гледам (https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus/Fallzahlen.html), Баден, Бауер и НРВ засега... со по 400-600 случаи. Во мојава е мирно, сеуште околу 20-тина, ама луѓево се припремаат, гледам супермаркетите полни, наголемо се купува сува храна, конзерви и средства за дезинфекција...
Не можам да најдам информација како ќе биде со родителите засега. Сигурно дека еден останува дома видов дека арбајтслосенгелд ќе исплаќа нешто али сеуште нема конкретна насока. Ќе има денес сигурно детали како ќе биде. Отиде прилагодувањето на моето бебе за еден месец покасно исто и мојата работа. Тоа е оти многу сакав да се вратам порано и дете на 6 месеци да оставам во градинка, карма @Ava.84 карма класична по уши @didi1982 првите четири: Јас сега се вратив од Дм се си има се е нормално, поминав и во Лидл нема артикли што фалат. Боденски регион има само 9 заразени бројот не се покачува изолирани се. Засега се е под контрола. Лична хигиена, Абштанд халтен и седење дома. Се ќе биде во ред за три недели.
Баден Вутемберг до 16 Април затворен: https://www.n-tv.de/panorama/13-29-...e-fuer-Mitgliedsstaaten--article21626512.html @Spidy give me wine please