Јас бели звуци пуштам гласно секоја година па можеби и оваа ако се разбудат. Ич не ги сакаат овие звуци. Па јас не знам што ми е возрасна жена и јас неколку пати се стресов дека некако одеднаш пукаат, тишина е и наеднаш и од памет се вадам.
Среќна нова! Во населба сум ама ова е страшно со огнометов посебно во 00:00 како милион луѓе да живеат и секој 1000 евра за огномет од Лидл да дал. Крај ќе нема сега. Надвор прст пред око не се гледа. Да ограничат по огномет или еве три од човек нека се, супер би било или само еден огномет по населба да има и крај. Како стара баба се жалам.
Среќна Нова женски. Многу здравје, среќа, љубов и пари Тука уште има огномети Маж ми и децата пукаа петарди и прскалки
Ова во амбасадата во Берлин. Шиптар, си терал како што се допуштени во Македонија да тераат. На телефон одговарале само на шиптарски, Македонците воопшто третирани како последното дупче на свиралото, додека неговите во прв план. Ништо ново од нивната дефиниција за соживот . Среќна Нова лејдис. Што се однесува на Дојчланд, прво нешто што посакувам ампелот да замине во историјата и да не стане Мерц канцелар. Само со тоа имам надеж дека барем малку ќе се одржи некој нормален тек на животот овде. Како и да е најважно е да сме живи и здрави за да можеме да издржиме што и да ни имаат спремано во агендата. Ако можевме 2020 можеме и во иднина.
Среќна Нова да сте живи и здрави . Имаше и овде многу огномети не е ни чудо што на 28 ми за брзо беа распродадени. Седевме сами дома , јадевме , пиевме сок , музика и така помина вечерта.
Тука до 2 имаше огномети. И по некоја петарда Ама не од оние петарди како во Мк. Маж ми вика дека овие петарди не се такви Цела улица е со ѓубре. Синоќа многу беше ладно. И денес е Вчера шетавме низ град. Бутиците и некои кафичи работеа до 14 часот. Денес е тивко
И тука до 2 и тие не ми сметаат дека се едно по друго. Ама во 2 легнав и изгасив бели звуци и 2:05 огномет тука до зграда одма и од памет не извади. 2:10 пак од памет се извадивме дека е тишина и одеднаш бум и пак пуштив бели звуци до крај и сме спиеле немам слушнато ништо понатака
Kaj nas nokeska os 23.30 pa do 3 bese kako vojna bez prekin...Kolku li samo pirotehnika imaa kupeno. Srekni praznici
Среќна Нова! Еве како било кај нас ноќеска. Јас сама бев ме разбуди пукањето во 11:50, седев еден саат скоро па пак заспав. Мм и синко се вратија сабајлево во мк беа јас сама. Еве го синко со тт 37,00 чекам да избие сипаници ( внучка имаше цело време се дружеа). Се надевав дека вакцината ќе го заштити ама изгледа тешко, сега викам нека избијат што побрзо да не губи школо многу, роденден ќе одложуваме.
Нека е среќна Новата Година Изгледа јас сум единствена која не се жали на огнометот Мене ми е страв да палам огномет,ама сакам да го гледам.Маж вика оваа година имало помалку огномет во споредба со претходната.Не се сеќавам како беше лани. Во секој случај имавме спектакал пред вратата.Браво за комшиите Се собрале фамилијарно и си направија забава за душа. Јас викам многу пари фрлив за огномет,они дојдеа со кутии.Оние кога ги запалиш и почнат синхронизирано да фрлаат ракети.Абе мислиш си на некоја претстава,па и цел саат траеше. Детето и оно палеше ракети со татко му,па му дадоа комшиите и на него да запали една кутија. И покажав видеа на една бивша колешка. Вика ова многу убаво ама сигурно е и многу скапо,ама кога веќе го гледаш бесплатно е уште подобро. Му кажал комшијата на мм една кутија била 700 еу,а изгоре за 5 минути. А, и стварно педантни луѓето.Останале до сабајле и кога маж отишол по леб травата на дворот била разчистена.Ако чистеа насабајле ќе го пратев и синко да им помага. Бисер на синко: Во 11 вечер пукаа заедно ракети и му вика на детето на комшиите и негов другар(оно тинејџери околу 15 години)и му вика: во 12 ќе излеземе сите да пукаме заедно уште ракети.Да не заспиете, или имате несреќа(Pech gehabt).И го слушам и му викам пази ти да не заспиеш овие се големи деца.Он сакал со нив да се друже Вчера бевме на Божиќен циркус со братучетка ми фамилијарно. И јас и детето си минавме многу убаво,за мм не било ништо посебно.Изгледа уште беше мамурен од претходниот ден,испи цела флаша жестоко сам на Нова Година. Од денеска почнуваме пак школо обврски,да напишам планови за работа и така.
Оваа година и јас не се жалев, и си гледавме низ прозор, и убаво ми беше. Инаку константно си мрчам со години, за траумите што им ги нанесуваат на животните и птиците со пукањето по цела ноќ. Фроес ноес мацики. Само убавини! Ние арно си минавме со гостите, од сите гости оваа година, овие најарни ни беа. Супер си поминавме. Нит сечи, нит дели кој што направил, кој како направил. Без замерувања, единствено недостаток ладно, а нашите гости не се научени да одат по ладно надвор, па помалку шетавме. Утре ќе одам да хранам кокошки во градинката . Па и три дена се пишав на список. И цело време си мислм што резолуција имав за мината година, и не може да ми текне. Веројатно ништо. За оваа исто ништо некако не ми текнува. Само да сме сите здрави и среќни, доста е. Овде прогнозата ја гледам и пак ќе биде многу многу ладно. И ај да не мрчам уште сега де. Од попусти ништо не си купив, важно се вратив што стоеше за враќање дома .
Frohes neues Jahr! Тука беше лудница со огномет, претерано. Не знам како им се даваат толку пари за тоа. Ама буквално цела година чекаат да дојде 31ви за да спобудалат Овој пат најмалку спремав, само руска и колачиња. Минатиот викенд имавме гости на спиење, па повеќе за нив спремавме. Пред тоа, генералка правевме. Утре пак ќе имаме гости. Убаво е стварно, сакам да се дружиме, ама некако ми дојде многу напорно периодов. Пред нова година бев турбо на работа, и еве џабе сум на одмор, не можам да се одморам
Чудна работа кај мене е што германскиов како мајчин ми станува. Ви се случува и вас? На пример за зборот überfordert јас не можам да кажам на македонски дека некако не е истото што го мислам. Сега во C&A му кажувам нешто на мм, он па крш германски ми вика што, јас му кажувам друг збор на германски сличен на тој, и ми вика на македонски знаеш дека не разбирам и му викам батали еве појма немам во моментов на македонски како е. Дали од што премногу комуницирам на германски… Е англискиот конечно ми се врати во нормала. Едвај чекав пак да можам англиски да зборам инаку поради германскиот заборавив два збора на англиски да сврзам. Ништо не кажав де ама колку да ме има. Überfordert сум денес трите симпатии на исто место во исто време!!! Си реков во себе земјо голтни ме!
Јас обично кога пребарував на google, цело време користев англиски, сега во последно време најпрво ми доаѓа на германски да пишувам и полека ми го заменува англискиот. Од одличен говорен англиски сега ми треба време да ми текне како беше на англиски тоа што сакам да кажам. Ми се меша структурата на реченицата а и зборовите прво ми идат на германски. Баш ми е криво за тоа. Англискиот отсекогаш ми бил најомилен, ама реалност е дека секојдневната употреба на еден јазик неминовно го поттиснува другиот.
Добра вечер, среќна нова и среќни празници! Кај мене па на работа се збори англиски, јас сеуште течно не знам да го зборам тукашниот јазик. Знам да се разберам за базични работи, ама толку е. Е сеа пошо и интензивно почнав да го учам, иам во секојдневието три јазици, и тоа е каша попара. Англискиот дефинитивно не ми е на исто ниво како порано, речникот ми се намалува и ми станува се потешко да се изразам. Македонски освен на форум, се друго ми е дијалект, па гледам дека и тука кога пишувам некогаш ми треба време за да склопам реченица. Има денови се чувствувам вака, за да склопам проширена реченица ми требаат трите јазици пошо не ми текнува инаку
И ја сум bye- lingual кога се работи за англиски. Почнав да си купувам книги на англиски и кога никој околу мене нема читам на глас и паѓам во очај или плачам на шпански како @Lavender13 . Не ни има со кој да си зборам на англиски… Мене германскиот ми е подобрен ама сепак не ми е на тоа ниво што го посакувам, најверојатно никогаш нема ни да биде. Летови од октомври пуштиле од Штутгарт до Скопје. Летовите во 6 саатот сабајле, не е фер. Со мало дете не е изводливо во колку да го будам за да одиме на аердором, ептен без врска. Снег кај вас има?
Снег има кај нас. Не многу ама има. Имаме и ладно. Овие безобразно чекаа да се иселиме за да пуштат летови. За јазици, во моментов само дијалект од мое село знам и зборувам, арно и не ви пишувам на дијалект овде. Сите јазици ми се заборавени. На германски не ни занм да читам веќе, не па да пишувам, на англиски ни азбуката не ја знам. Да бројам знам до 10 важно, арно што и тоа ми остана. Кокошки денес нахранети. Сабајле се беше помрзнато, едвај се оттуркавме до градинка, по снегот. Таму не можев клучот да го извадам, па ѕвонев на маж ми да го донесе тоа средството за коли што е за шофершајбна за зимо. Па врвката ми се скина од вртичката кај кокошките и после по дуќани нова барав. Уште два дена и толку, ни помина редот за годинава. Ама за догодина не се пишувам во зимо, напорно е. Три кокошки се и денес немаше јајце за нас. Ајде може утре ќе има.
Ние дома збориме на германски. Децава македонски знаат да се поздрават , да одговорат на општи прашања и толку. Малово повторува нешто на македонски ама германскиот им е мајчин. Како и да е . Приметувам кога сум дома , само чистам и расчистувам. Денес горниот спрат го фатив . Кутии со алишта носев на таван , во детската на синко конечно ставивме завеси . Бев во Action купив некои ствари . Во четвртокот бевме во Франкфурт, во центарот и низ трговскиот. Сефора ја посетивме , ќерче ме потроши , 100 евра за 3 работи . Беше пресреќна . Цел ден излезени, понапорно него на работа кога сум . Уште денес дома од понеделник враќање на обврски. Работа , градинка и термини . Децава имаат уште една недела распуст. За две недели имам роденден и сама си купив поклони . Една термос чаша за кафе од Stanley . Од мм ќе добијам една ташна за пазарење и робот за чистење . Очи ми се затвораат . Да измијам лице, да извадам шминка и кревет. Ме чекаат пантолони за шиење ама денес нема шанса
Снег колку сакаш има тука, бар за тоа не е досадна зимата. Секој викенд може да си надвор со деца. Е ладно е, ама нели нема ладно време, само лоша облека Апропо муабетот за јазиците, ко дете некој ако го наброеше српски/хрватски ко јазик што го знае, сите му се смееа. Онака, ко мајчин да е па не мора да се набројува. Арно ама пошо гледам дека обратното не важи, односно ни србите, хрватите па уште помалце, освен “македонско девојче” не знаат да гугнат на македонски, си викам зошо па да не си го набројувам ко јазик што го знам? Пошо реално неам проблем ни со зборење, ни со разбирање, комотно можам да се преселам утре таму и да се снајдам подобро од тука.