Да Веќе крај на јануари се осеќа разлика во должината на денот, мислам дека тогаш е скоро 2 часа подолг. Да истуркаме уште 2-3 недели, потоа полесно се живее
Кај нас е 8 ипол, Лаванда ако не се лажам погоре е Скандинавија значи да. Среќна нова девојки! Да сте живи, здрави, среќни и весели вие и вашите убави семејства. Нека секоја следна ви биде уште поубава. Морам јавно да и се заблагодарам на @Dancewere за пакетчето Мене годината ми тргна со убави изненадувања.
Кај нас е во 8. И некако ми е прекасно. Во првиот град кај што бевме на север, уште покасно беше. Ама па затоа во лето и денот беше малку подолг, отколку овде. Денес и утре ладно кај нас со минусни температури, а потоа ќе потстопли, па пак ќе стегне ладно. Мене овие осцилации ме шашнаа веќе. Потсетете ме кога во пролет ќе мрчам за 10 степени, дека постои и -5. Ми се оди на бања негде, ама нема како. Има во Австрија еден хотел со спа и чудесии, и со дневен престој за деца. Уствари одиш да се одмориш како возрасен, а децата се згрижени од специјализиран персонал. Имаат милиони понуди, само и цената машала е. Ние изгледа пак се виросавме. Маж ми грло го фати, не може да зборува. Малата има некој секрет што не го вади преку нос, туку кашла. Не постојано ама кашла. Ми е страв за неа. Цела е исчукана, нова година со модро око од една страна, од друга модар образ. Јас секако не смеам да се разболам, немам време за тоа. Ама затоа телово ме убива. Нозе, грб, глава, се ме боли.
Дали некоја полагала Einstufungstests? Да ми пишете повеќе детали, дали е само писмен дел, или има и усно? За колку време има резултати итн?
Хелоу цури. Дали некоја кажуваше дека маж и работел во дхл? Или слично? Малку ми се сјеба денов да ви кажам. Вчера дечкото од дхл донесе пакет за комшија, мм го зеде, не знам дали потпишал и го симнал доле пред врата. Сега доаѓа комшијата, пакетот аш. Не си го зел он. Некој го украл. И сега без везе. Кој ќе одговара? Не сакам ни дечкото од дхл оти многу е фин, ама нормално ен сакам ни ние..не е прв пат. Се правело вака постојано. Не ни знам што бил пакетот, колку чинел. После маж ми го праша пак комшијата и само камера му рекол дека е. Не му кажал колку чини, туку дека ќе го пријави како украдено. Нормално ако дхл дојде до нас некако и бара оштета, ќе си плати. Пошто не едолжен дечкото кој си ја заврши работата коректно, да одговара оти маж ми ја зезнал. Сакав да прашам имаат ли некое осигурување или од џеб се плаќа? Што во ваков случај? Ни покрива ли на нас некое осигурување?
Можно е. Нему не му текнува или не сака да ми каже. Он е ок со тоа да си плати де. Скапо школо ќе му биде. Сакајки услуги да направи сега за џеб. Па од горе и ми вика, па да имаше налепница дека има батерија внатре , ама ни ма крај памет не помислил дека може да го украде некој. Еве доле веќе цел ден стои пакет, никој не го зема. Овој за пола саат го џапнале. Дека помала кутија изгледа.
Јас би ѕвонела кај сите комшии по ред и би рекла дека покажува дека пакетот е кај нив. Па на среќа можеби ќе го добиеш. Најдобро и најлесно е комшијата да ви прати линк и вие да му ја порачате камерата. Јас како ваша грешка го сметам. Требало дома да го земете, откако потпишете е ваша одговорност.Грешки се прават. Јас дома ги земам пакетите и чекам да ѕвонам ама на комшивката доле и имам речено да ги остава пред врата кај неа за да не мора да и ѕвонам. И секако и покрај ова треба да продолжите да земате пакети за комшии ама дома да ги чувате додека да ви ѕвонат.
Кај можам да земам бањарки за децава? Ама да не се од оние мекани што се ко за мода поише, туку да се баш пешкир бањарка што впива вода. Загледав во тк макс и ц&А ама некако куси се до под гз, а ја сакам баш долги да покриваат што поише. Се наоѓа нешто такво негде?
Не верувам дека од кај нашите комшии Џоки. Некој од надвор го има џапнато. Дали друг доставувач или овие храна што носат. Како и да е небитно. Потсетете ме за месец време да кажам што се десило. Јајце и денес немаше. Уште утре кокошки имаме. На нив ладно им е, не им се излегува ни од кокошарник. Жалчиња дури и водата им беше смрзната внатре. Се имаа стутлено сите три, ми идеше дома да си ги донесам. Е ама после се накаака, па ми помина, откако морав да собирам по нив. Барем не се гладни, не ги мислам. Утре и зелка ќе им однесам. Болни сме. Тоа. Маж ми најболен и најизморен од сите. За жалење е човекот во последно време, никако не може да се одмори. Или сме со гости или работи и успат од малото сите вируси ги фаќа, а и она цело време му е залепена. Па и ладново не можам нигде да идам со неа на подолго време. Ќе го терам сега одмор да зема, да си поседи дома, да се наспие барем.
Ако дојди до тоа да мора да го платите пакетот, пробајте да пријавите во вашето Haftpflicht осигурување(секако ако имате). Пријавете дека вие сте го оштетиле пакетот па може да прифатат, зошто тогаш е тоа штета нанесена на друго лице.
Од утре на работа и градинка. Другиве дома на распуст. Се осеќа тензија дома , кога сме долго време заедно , плус затворени дома . Од утре нова песна . Скоро сите со обврски. И мене ко @gjoker4e ќе ме огрее сонце кога ќе сум на работа или ќе се раздени како беше Цел ден да сум дома , можам цел ден да работам . Една машина пуштено, друга да се собере . Кревет да се намести , кујна да се среди , дневна да се среди . Сошив скоро два пара пантолони за синко , со прекини .. зашто немам мир кога се дома сите . Едните се онака океј , другите го пеглав , пазев на шиење , подобри се . Вие што правите ?
@Jolene ептен глупа ситуација.Ама по пишаното не е одговорноста во ДХЛ оти они ви го предале на вас пакетот. И јас никогаш не би оставила пакет пред врата.Кога ќе го видат листот нека дојдат да си го земат.Секакви фаци се врткаат и тоа што долу е затворена вратата е далеку од сигурно. Во секој влез може да влезеш ако се претставиш како дхл или како разнесувач на храна. Ние исто имаме искористено Haftpflichtversicherung само и тоа е нож со две острици,ни го качија после штетата дупло од 40 на 80 еу и сега дури секоја година ми го зголемуваат. А,да ги менам како сакам не бива оти нели те питаат имаш ли штета во последноте пет или три години уназад. И кога видеш Киро на кирија што би рекле старите. Ние искаравме супер викендеден ден на пливање и денеска на музеј.Јас уште утре слободна и после со нови сили треба да почнам пак на работа. Утре имам план да спремам леб,грав,риба и тесто растргано.Сармата од денес е готова и почнавме да ја јадеме. Маж вика да сум правила повеќе јадење,оти се му е малку А,денеска место сарма трча да си купи донер.
Јас денес правев коледашки. Бевме на гости кај другарчиња и сеа чекам да заспие малата па ако имам сила баклава да правам. Со готови кори секако. Се друго утре ќе правам. Јас за блек фрајдеј на ќерка ми од ерстинг фемили и купив бадемантел. Убав е материалот како нормална крпа, фротирна.@Yowannty ако не си нашла веќе. Денеска доби ќерка ми божиќни поклони од комшиите, ептен се внимателни. Понекогаш и ја земаат ќерка ми да си поиграат со неа. Мене многу ми значи посбно затоа што нема баба и дедо овде. @Masnickaaa einstufung тест кога правев. Тестот после тоа одма ми го прегледаа и ми кажаа веднаш за кое ниво сум. Не знам дали е секаде истата практика. Кај мене беше само писмено. Јас го поминав тестот за б1 и не морав да одам на курс туку директно можев да полагам е таму имаше и усно испрашување. Ама тоа беше веќе официјалниот б1 тест кој ми го бараа од агенцијата за странци.
Вината беше секако кај нас. Тоа не го одрекувам. И да дојдеше ситуација да треба да платиме, ќе си платевме без А да кажеме. Туку среќичка. Се појави комшијата преска на врата со пакетот. Комшиката од доле, постарата го видела дека е скап и стои пред врата, па го земала. Маж ми толку е преоптоварен и уморен, што е прегорен веќе. На автопилот го симнал, а на пакетот камера слика и знак кодак. Ја не знам како не видел. Ќе му беше скапо школо. Ама помирен беше и 1000евра да требаше да даде. Сепак среќа сме имале. И сабајле си рековме што е тоа е. Не сакам нервози за тоа и ај да прајме кафе и оп, комшијата не поздрави. Малата не остај да спиеме сите цела ноќ и сабајле до 8 сме спиеле. Подруго е одма. Кокошки на хранети и успани. Јајце нема. Се исчистено кај нив. Маж вели фала богу, ни мина редот. А ја сакам да се пишам уште еднаш . Селото од мене не излегува. Ми фали кокошарник . Падна договор да си земе одмор на крај на јануари, да одмори, пошто ако не ќе треба брннаут да го пишам на лекар. За утре, заборавив да барам расол од тетка ми. Утре и да барам немам време да стигнам за сарма. Мафини печам наместо коледашки. Торта наместо баклава. Тортата маж ми ја прави, ја само бисквит печам..ама многу е јака. Фил е само мус со јаболки и чоколадо. Тиква, јатки, пита со компири со готови кори, грав и се разбира лепче. Нешто ориз со праз може ќе направам и спанаќ во гравот нормално . Најдомаќонски.
Сте имале среќа,добро се завршило Само комшивката да пишала едно писмо дека го зела,а не да ви прави стресови на вас и на комшијата Оти сепак не е мала нервоза,по ова што пишуваш.
Ама комшивката добро постапила. Подобро таа да го земе отколку некој друг. Можеби си мислела дека дхл директно го оставила пред врата. Ме потсети на еден петок мм заборавил да оди по малава од школо да ја земе и една комшивка што го зема нејзиното видела дека малава е долго сама и чекала не знаела што да прави, а немала телефон со неа да ми ѕвони, и на крај ја зела и ја донела до дома ама не дај боже нели мм да каснел и да стигне до школо и да му речат ја нема. Стварно глупава ситуација ама за среќа испадна правилно, мм бил дома и скроз заборавил, а јас на работа и со доверба во мм ни на крај памет дека може да заборави. Секој петок му пишувам немој дс заборавиш во 12:00 од школо ама овој петок не му пишав. Да дообјаснам. Школото ни е на 5 минути и да не бил мм дома таман ќе отишле до кај неа да земе телефон и ќе ми ѕвонела на работа и јас ќе сум се јавела кај мм.