Одложување на термин или неможност да отидам на работа ми е исто како злосторство. Не можам да ви опишам. Кога заборавам термин не се чувствувам до толку лошо како кога морам да го одложам. Причината за одложување на терминот ми е што јас работам до 14:00, а термин направив во 13:00. Ѕвонев од работа и ми рекоа тој датум толку саат и реков ок. Мислев универзумот ќе ми ги поклопи коцките. Шефицата “што се мразиме” на роденден ме покани. Одма си мислам некои задни намери да не има. За она да покани некој на роденден треба 100% да му е погоден па ќе испадне како некој што пиша во темава дека наскоро ќе пишам дека кафе пиеме.
@gjoker4e ти треба она машкото assert dominance Се јавуваш викаш сакам да презакажам/откажам, и не наведуваш причина. Ако ти побара, речи нешто демек personal reasons. Престанав пред 2-3 години да се правдам за моите постапки, ко жени некако природно ни доаѓа, за да не е незгодно нели. Сеа сум ко маж, за ништо не се правдам.
Фала ти. Супер совет! А јас реферат имам смислено сабајле за на работа да се оправдам за денес. Не дека денес не се правдав доволно на телефон, они ми викаат ок нема потреба да доаѓаш, а јас продолжувам причини да објаснувам… А баш на моменти замислувам како утре не се правдам на работа ама знам дека автоматски ќе ми дојде… Ако само на морген остане и четврт симпатија ќе си најдам ама не бе јас минимум три реченици ќе кажам…
Јас идам да си поплачам малку. Не е можно значи. 5та недела градинка. Плачки на оставање, плачки на земање. До 11 ипол. Спиење не се ни осмелуваат повеќе да пробаат. Сакав денес да ја оставам и да тркнам да направам еден круг, да испазарам. Арно ама со плачкиве, подобро да сум си дома, да стигнам на брзина ако ме викат. Жими се, ќе им предложам да ја оставиме до 2, три дена, нека плаче, нека се навикне ко сите деца во мк. Прво имав грижа на совест, дека ја оставам, па тешко и паѓа, ама сега гледам дека е распрдена. Пак почна по пола ноќ да е будна и сабаје во 5 да заспива. Во 7 ипол не можам да ја станам. Не е муабетов за тука, ама ми е гајле. Надвор почна снег да врне. Од нервоза удрив на онлине шопинг. Работа треба да барам, кај да барам со малово. Нит во градинка седи, ни ноќе спие.
На 18 месеци е последниот скок и има регресија во спиење. Кај мојата беше многу изразено понашање, спиење. Така да ако е некаде таа возраст да знаеш што е. Рано е уште да се навикне имаше пауза празници и нормално дека ќе плака. Мојата долго плакаше кога ја остававме , сега трча сама. Мојата уште си спие на рати. Се буди мин 3 пати ќе ме гушне и ќе продолжи да спие. Иритира многу до 12ч таа 2 пати е разбудена, кога ќе си легнам јас може некогаш и во сон си збори но јас ја осеќам како дише и се будам. Ете на маж ми не му смета .
Толку е да. Година ипол прави сега наредната недела. Скокот мислам и заврши, ама регресијата и трае од септември навака. Не почасти со една недела сон и пак почна. Да стане и да се гушне да заспие, супер е. Кај нас седи будна два саати. Не кубе, се вртка, легнува врз нас. Пробува да се успие и не може. Па после ќе побара млеко и ќе заспие откако ќе ме полуди скроз. Некогаш ја ставам во креветче да си поплака две минути, ако ептен претера, и ја земам и заспива. После вакви епизоди, секогаш има нешто. Дали нова физичка вештина, дали нешто ментално, дали заби, дали ќе се издолжи во висина, не и е лесно знам. Ама не кажува на пример дека ја боли. Де врз мене ја држам, де меѓу нас, ја галам, ја карам. Не и не. Два до два ипол саати ќе си ги отседи и после ќе се комира, не можеш да ја разбудиш. Јас се будам на секое нејзино погласно дишење, не мора ни да се сврти. Под очи сум модра, глава ме боли. А касно ќе легнам оти веќе не ни можам да заспијам. Мене ми е тешко што она не плаче само на оставање и земање, туку и додека е таму. Се се лути, се мрмла. Дома не носи цуцла, таму е нон стоп со цуце. Ја држат и во раце, ја ставаат во количка да ја развозат, ја носат надвор, ја носат да се прошета и пак кисне. Многу ама многу е напорна. И ова од стомак е ваква. Се нешто клоцаше и се лутеше и сега ко излезе иста. Цела лошотија и е од мене. Ко сме кај лошотија, уште не сум честитала на свекрвите Божиќ. Ме изнервираа тогаш ко беа, а и после откако си отидоа. Му кажав ми треба пауза од глупости. Ми рече ок. Сега пак се лутеле што не сум и честитала. Му велам што не и рече дека јас се лутам попрво, и да ме остават на раат, оти може и да не ме видат веќе. Друго еден ден бевме здрави. Мене од вчера ме боли уво и грло пак. Он пак почна на грло. Сабајле сонував дека имаме корона. Капата си ја изгубив нека, сега за брјла ни капа немам за увото, а надвор ладно и ќе дува како што ми стои.
Малечка е многу, не си прави притисоци. Ниту мораш да бараш работа, ниту мора да оди во градинка ако ви е таков периодот. Знам дека сакаш дете ко туѓите, они не плачат, спијат, умни се- ама тоа пошто не ти се дома. Мојата никогаш не заспа ни во јасли, ни во градинка. И не е лоша на мене, хороскопот и е таков. Уште пубертет да преживеам и ќе прогласиме победа и ослободување на народите Уствари сакав да кажам- издржи уште малку, после се ќе биде полесно. Барем што се однесува до спиењето и плачењето де
Знаеш дека си во право. Толку едноставно звучи кога некој друг ќе ти каже. Вака денов на тага ме мавна, фала ви што ме ислушавте и потапшавте.
Мора значи да си бидеме комшики. Ме нервираш сега, како, ама КАКО е можно, да имаш само една капа Одма ќе ти дадев една од моите (2 на закачалка, 2 во кутијата за секој ден, и уште цела кутија со капи и шалови напикана во плакарот ). Денов е таков, се ме мрзи, да одам да избројам колку капи имам, а?
И јас не честитав Божиќ. Во моја одбрана, вчера беше работен ден тука, полн со обврски после одмор, и некако така немав божиќна атмосфера. Плус мислев кога ќе се слушнат со мм, ќе им честитам. Ама ете не се слушнаа и синоќа кога си легнав ми текна дека не им пишав. Ама не се притресов многу, пошо знам дека им праќа на сите од тие сликите "Мир божји, Христос се роди" освен мене па си викам ако сакала, ќе ми честитала и таа. Ама она мора да чека помладите да честитаат први ( тоа само за мене важи, не за нејзините деца ). За бадник си честитавме на видео повик, и тогаш ми одговори само со фала ти, не ми честита мене.
Значи кога детето почнува во градинка тоа е голем чекор за него.Нешто ептен ново,не познато, чудно, многу луѓе нови,многу нови рутини итн. Кога почнуваа моите ме прашуваа воспитачките дали има промени кај детето, дали се буди навечер,пораздразливо дали е итн. Кога прашав зш, ми рекоа дека тоа е сосема нормално кога се навикнува детето.Кај моите немаше промена со спиење дека они и онака не спијат durch. Ептен е мало како што кажа Биљи ама кога веќе не е бебе мислиш готово пораснало, а не бебе е уште. Кај моите спиењето во градинка направи да се научат сами да спијат без да ги думкам во раци.Големата почна од 18м да си ја преспива ноќта, а малата и ден денес станува за млекце па да мочка итн еве во феб ќе прави 4 год.А навикнување траеше кај моите долго.Така да го оставаш и бегаш да не го слушаш. Со неспиењето се навикнуваш.Пред 2 дена пиев касно кафе и едвај во 2:30 сум заспала.Сабајле ставав во 5:45 одам на раб и кол вика не е спала, јас и викам и јас.Вика па ми изгледаш многу свежа и расположена. Велам јас тренинг си имам .Второто на 1ч се будеше. Ако си најдеш работа и кажеш од понеделник почнуваш да видиш како магично ќе се навикне детето на градинка.Првоте 3години се најтешки за разболување после се навикнувате. Среќен Божиќ на сите, ние вТевме вТевме и паричката се падна пак во мене .Јас исто на светковци не честитав, ама они ми честитаа. Абе и јас им се лутам од запознавање иако тогаш беа 40 како ние сега.Леле колку ми се мали децата.
Женски мои, почна снегче и кај да врне . Веќе нема да можеме да шетаме голи, затоа сакав да ве прашам од кај може да купам од тој проѕирниот најлон шо се става на детска количка, за да не го врне детето?
И во ДМ имам гледано. Дали се добри или со кои колички се компатибилни немам искуство. Јас цела плата на онлајн шопинг ја оставив периодов. Амазон, Заландо, Зара, Манго, ХМ… Првен адвентс календари купуј, па за Николаус, па за Божиќ, па нова година, па нашиот Божиќ, па родендени. Да се пофалам. Денес во фунд грубе во икеа најдов и библиотекарче и биро за во детски. Ем многу ефтини ем готово монтирани. Ги пикнав некако во багажник и веќе стојат во соби.
Гледав некни во дм ама не најдов. А може и ги немам видено, незнам како изгледа пакетот. Ќе може слика да ми најдиш?
Имав уште една, ама нели чистев сортирав, донирав. Планот беше да си купам една нова сега, кашмир. Да се почастам. Е ама не стасав за тоа. Ќе се помирам и со обична волна, само да најдам. Само не ми беше во план да ја изгубам. Инаку минимализам Билко. Два пара фармерки, еден пар летни ленени. Четири маици исто толку пуловери и три дуксер. Обувки имам и повеќе од доволно, јакни исто. Ама тоа многу носам оти многу одам. Најчесто од надвор ми изгледаат нови обувките, а внатре се убиени од носење. Ахам. Истата приказна. Се ја нешто сум згрешила и не сум испоштовала ко што треба. И така. Се јавил синоќа маж ми изморен од работа и малата што не не остава да спие, го прашале од што е изморен па он. Во Америка се, чуваат деца на девер. А нам ни се жалат како се изморени, болни и стари и не можат. Оди па разбери ги. Мене во јуни три пати ми кажа дека не можат да чуваат внуци. Никој ни ги прашал, ни ги планирал од кај нас. Маж ми ја дружи на секој вирус. Ја на секој 4ти . Сега за сега е така статистиката. Повеќе од премор капнувам. Ова со ушево ми е секое зимо мака. Магично се оправам на пролет. Ова кај нас нема шанси, круната ќе им падне. Епа вака намерно на празници не се јавувам . Данке стварно. Јас осет немам некогаш со детево. Мало е стварно и не знае. Убаво што ми кажувате искуства. И ја сум ок ако не спие таму, само нека ја занимаваат до 2. Ја ќе си ја земам после и нека си дреме дома еден саат. И така може. Во последните 2-3 недели толку многу смени. Почна да трча, да зборува, ко дете е веќе..само за спиење ни е бебе уште. Има во дм и росман. Не е којзнае што, ама ќе заврши работа. Од росман ја зедов една, оти оргиналната ми е многу гломазна и многу место ми фаќа од доле. Па ја носам за секој случај. Има патент и лепенки, ама не е којзнае што, ама ќе заврши работа. Се фаќа на скоро сите колички. Ако врне повеќе и излегувам од дома, ја ставам таа од количката што е. Тебе ти треба за спортваген.
Мојата за жива глава не го сака тој најлонот , добро веќе не ни сака количка но тоа кога се возеше уште во неа. Само јас ли немам капа ? Ова зимо решив да си купам , си порачав 3 од заландо но ни една не задржав не ми беа по кеф. Кај нас денес дожд, снег. Вчера сите годишни времиња се сменија имаше и сонце. Ајде нека се стопи тој снег веќе многу е лошо за возење посебно за почетник како мене. Мојот секој ден се слуша со мајка му па принудена сум да честитам празник, а и поарно така одколку јас да се јавувам специјално. Мојава силна беше кога се роди малата да ја чува дека не и е тешко ќе дојде ќе седи . Но ние решивме да оди во градинка. Сега нема ништо спомнато, многу се силни на камера секое слушање истиот муабет да дојде ли баба, леле баба/дедо кога ќе дојдат …. Сега најверојатно ќе чекаат бебе да се роди па да дојдат. Во ред е да се дојде да поминат време со внуката но да бидат со осет. И да не се гледа по цел ден тв и тел а на детето воопшто да не се обрнува внимание е тоа сум против. Јас секој вирус со малата го фаќам, маж ми поретко.
И јас немам капа. Не носам капи. Не трпам да имам нешто на глава И ракавици не носам. Тука има снег. Ама не е многу ладно. Мразам ладно, снег, мраз. Едвај чекам да ја ставам јакната во плакар. @joana18 мојата свекрва не сака да дојде. Уште поубаво. И јас не сакам. Да не е маж ми, моите очи нема да ја гледаат. И децава не ја сакаат. И да дојде нема да прави ништо. Само ќе седи на кревет. И ќе се дружи со кафето, цигарите и турските серии. Какво чување деца. Нема ни да ги погледне
Така сум била и јас со големото без искуство ,без трпение, ама со малта се ми е мала и има време ќе научи.Затоа кога ќе имам внуци ептен другчие ќе се понашам сигурно. Снегг кој го порача да си го земе. Вчера во 21:17 ,мм беше заспал во дневната, малата спиеше ,големата дојде кај мене да ми чита.Сум задремала и детето прочита што прочита и отиде да си легне. Пак сум задремала и некој ѕвони на ѕвончето доле големати рипа и вика мамо ѕвоне,јас се уплашив рипам ,мм од дневната рипа и се јавувам на домофонот ми вика пакет.Ми текна дека мм во 16ч ми кажа дека пакет кќе дошол па му отворив и го пуштив мм да го чека.Си реков не му е лесно и нему наместо да си е дома тој уште пакети дели па не му кажав ништо.Ама стварно без осет.