Среќни Божиќни празници. Потраа повеќе отколку што очекував. Пред некој ден, не пречека конечно комшиката. Со запалено светло на прозор, па дур паркиравме ете ја на балкон, само и само за да не праша како сме ја купиле колата, дали наеднаш или на рати. Ни срам ни перде. Вчера му потврдија на маж парентал лив, еден месец. Многу сум среќна. Знам дека надвор си снежи, ама ја веќе бројам денови до Јули и сонце, море, плажа и што е најбитно од се - баба сервис. Па и ја сум човек бе!! Искрено, јас го претпочитам Септември, ама оваа година Јули е летен распуст и нема градинка. Па ќе се прилагодуваме. @gjoker4e Јануар е таков месец. Пост празнично, депресивен и сите сме по малку блу. Некој ден на крајот од месецов е најблу ден во цела година. Да го издржиме само месецов. Овие денови на последни попусти кога на попустот има попуст, па попуст, па попуст, нема да лажам, ми се најомилени. Еднаш доаѓа ќерка ми од градинка нерасположена, знаев дека нема шанса да успеам да најдам нешто, останавме дома. Следниот ден само што стасавме до мол, син ми имаше опасен тантрум, се вративме дома. Само честитки успеав да купам за следна година. Вчера си останавме дома, а денеска е Кауфланд во план и ги пропуштам омилените денови за шопинг. Знам дека не е ништо особено страшно. Ама овие денови ми се уживање во претање и барање последно парче партал со мое бројче со 5 пати намалена цена. И тоа не ми го дадоа децава и искрено си поплакав малку и јас од мака. Не е дека не купувам преку цела година, ама и мене ми дојде доста од Јануари. Исцрпена сум и физички и ментално.
Ми стаса “честитка” од гинекологот. Праев тест за скриен шеќер пред празнициве. Не праќаат нели никакви резултати дома, освен ако не се добри, па одма знаев дека нешто не е ок. Не ми стои резултатот, туку само дека е покачен, да се јавам да ми направат термин со диетолог, за да го направам долгиот тест. Има некоја искуство, по втор пат да ви покаже нормален резултат место покачен? Не можам да престанам да мислам.
Јаааааас!!! Сигурно минимум три страни имам напишано во темава од паника. Да, долгиот тест беше во ред. На првиот тест беше покачен и секакви филмови си направив. Не се сеќавам сега зошто можеше првиот да покаже покачен ама мислам дека имаше нешто, ќе пробам на лупата да пребарам мои мислења, ама долгиот тест беше ок, немав покачен шеќер. Кога пишував на форумов имаше уште многууууууу феминки на кои првиот покажал покачен, а вториот ок. Мене на телефонски ми се јавија, не сум слушнала и кога видов пропуштен повик од гинекологот добро се сеќавам колку ми се слоши бидејќи тоа знаечеше дека нешто не е во ред штом ѕвонат. И ѕвонам и ми кажаа и уште повеќе лошо ми беше. Долгиот тест траеше некако лежев во една соба на кревет со перница ќебе телевизор се и тоа што се пие гадно беше малку ама мора нели. Не се сеќавам дали одма ми кажаа резултати или отпосле.
Леле ме смири малку. И мене ми се стемни. Знаев дека нешто не е ок, само што прочитав кој праќа. Му дадов на маж ми да отвори, не можев ја. Ми се стужи денов. Кој ќе чека сега до тој тест па до резултатите.