Ние сакавме да бидат ептен мала разлика година две , но не ни помислував тогаш на второ сега здравје ќе бидат три. Ние сме голема разлика 6 год и воопшто не сме блиски со нашите браќа/сестри. Секако дека колку е посамостално детето е подобро, но секоја година си носи свои предизвици. Мојата како бебе мислев првата год ми беше најтешка сама дома, депресија , плакање , не спиење. Се додека не го прифатив фактото дека моете дете едноставно не спие. Кога прифатив ми беше многу полесно. Сега е поголема со разговор може да се реши . Сепак мислам дека првите три-четири год се најтешки. Но потоа следат други предизвици школо, тинејџерски год… За градинка мислам дека е многу мајката да биде воллзеит. Со обврските што домот ги носи…
@gjoker4e време е за 3то . Чим размислуваш на таа тема , значи потсвесно посакуваш. Ќе направиш 3 годишна пауза од работа , социјален живот ,ќе се посветиш повеќе на домот и семејството и после продолжуваш кај си застанала. Јас така се решив на трето ,двете ги пораснав . Големата почна 3то одделение, машкото прваче и родив бебе ..сега најмалото е 4 години , големата ќе полни 13 , средното 11 . Малово порасна , е посамостален . Јас на работа идам . Во понеделник ќе полнам 37 години . Некако не ми се верува. Не личам на годините , не се ни осеќам како 37 годишна .
Пауза од работа правам максимум по една година. Јас ако знам дека само 2-3 месеци ќе отсуствувам од работа одма одам на трето. Јас еден ден не можам да отсуствувам од работа, а не пак три години. Смее трудна да работам, тоа е предност, ама што ќе рече симпатијата? Оваа само играше со мене. Не, не, сеуште не е време значи. Јас од бремености и бебиња паѓам во депресија од тоа што не можам на работа да одам. Да одеа бебиња и работа рака под рака и 4 би имала. Не е фер да го родам и друг да го чува, а јас на работа да одам. Фактички само првата година да го чуваат мм и децава, од годинка секако во градинка ќе оди, од 3 години па натака воопшто не чувствувам никаква кривица дека не ги чувам 24/7. И секако некако сум слободна, децава за брзо ќе се 4 и 8 години и можеби само од навика ми фали бебе односно некој да ме замара.
Уште повесело ќе ви биде со 3 пубертетлики.Вчера гледав еден филм на нетфликс,das Pubertier комедија. Вика во воспитувањето нема грешно и точно, има само грешно. Јас не сакав второ .Многу напорно ми беше првото.Досадна ми беше работата и решив пауза да правам па пред првата да наполни 4 год останав трунда со второто, па затоа се точно 4,5 години.Моите не можат една без друга ама многу се тепаат исто ама и многу се гушкаат и сакаат. Со сетра ми сум 5 год разлика не се многу блиски ама секогаш сме една за друга тука и секогаш е тука едната да и залепи на другата шамар за да ја разбуди од некој сон. Пак кашла малата аман веќе нели доаѓа лето.
Ништо поточно немам прочитано. Јас читав дека пикот на сите вируси, вирози, грипови, настинки, ќе биде крај на Јануари. Психички се спремам за следниве две недели. Многу е индивидуално. Секој ги прави пресметките по свои замисли. Моите проби за природно беа неуспешни, па со царски докторите препорачуваат минимум 2 години. Иако има царки и на многу помала разлика, јас се водев по тоа некое правило како оптимално оти на телото му треба време да се опорави и плус на хормоните исто им треба време од година ипол две природно да се вратат во нормала. И природно да раѓав, ќе оставев простор телото да се одмори. Сакам помала разлика, ама не и многу мала. Некако дојде супер спонтано со моите, на нецели 3 години се разлика и имам континуитет на примопредаја на пелени и почнување во градинка. Првата и третото ќе се 5ипол години разлика и за нас тоа е ок. Исто, првата ја родив на 30, третото ќе биде 2 месеца откако ќе направам 36, и сакав што побрзо да завршам со раѓање од една страна за да потоа мојот живот тера континуитет без прекини, а сакав и да не се ниту премногу брзо едно по друго, прво од здравствени причини, после оти сами ги гледаме и немаме помош. Ќе си ги направиш пресметките според вашите планови и вашата одлука ќе биде најдобра за вас.
Мојата еве ја овие два дена беше болна, петокот почна да омалаксува, да тече носето и да сака само до мене. Петок навечер се жалеше на уво и дадов сируп и после тоа веќе не се жалеше на увото ама имаше температура. Денеска изгледа подобро… Се надевам дека со ова ни поминува редот. Муабетит од бебиња во друга спротивност ќе го носам. Има ли некоја што се разведувала? Може и лп да ми пише.
@Dancewere незнам дали некоја се разведувала , јас не сум .. иако кога ме нервира сопруг , ми идат мисли да го спакувам и отерам кај мајка му . Мала шала ( може не ти е до шали дојдено) Една пријателка од мк , се разведуваше од сопругот ама оддамна Требаа да бидат една година разделени пред да можеше да почне постапката за развод или да докажат дека живеат разделено веќе подолго време . Многу пријателки се разведени , едната сега летово спонтано се раздели од сопругот . После месец два , како ништо да не било , си има нов партнер
Поздрав тука! Сериозно требаше да ја сликам кујнава, да видите шо се дешава после готвењето на Џејми Оливер (маж ми секако). Не знам дали е ова реално. Значи дечки, имавме театарски перформанс со буџет од цела кујна. Луѓе, нему му треба се. Значи буквално се што постои во радиус од 4 метри. Ако има 5 тави, сите ќе бидат употребени. Ако има 10 ножеви, сите ќе бидат употребени. И тоа со длабока намена, оти нели, секоја состојка заслужува посебен нож и посебен сад. Ако има 15 вилушки, значи дека има потреба од исто толку, пошо секоја нели, има своја (различна) функција во кулинарниот процес. Значи сериозно, не знам како го процесирав хаосот. Плус и плус ми бараше помош за средување. Не бе Џејми, скроз се правам дека не сум видела. Иначе да ви кажам, пораснати деца се целосно нова категорија. После ова, имам нула намера за уште едно. Али, јас планирам, а универзумот се смее. Лол! Со развод немам искуство, али може и ќе се разведам. Животот е полн со изненадувања. Едно од нив е да сфатиш дека се омажи за генијален готвач, шо прави катастрофа со епицентар у кујна. Еј, ви текнува на она, љубовта поминува низ желудникот? Е кај нас денес заглави у машина за садови. Лол! Добро ај, сама ќе се испратам. Ме чека еве за серија, живци да смирам.
Јас кога и да ме изнервира маж ми, му викам дека ќе се разведам. Има моменти кога не го поднесувам. Јас знам дека aко партнерите не живеат заедно една година, судијата на прво рочиште ќе ги разведе. Ова од искуство на блиска особа. А бившиот сопруг не и даваше развод. Од инает Моите деца се разлика 2 години и 11 месеци.
Во 2025та ќе ја преименуваме во Разведени македонки во Германија! Од вчера и со двете симпатии сум скарана. Да не мислат дека јас по нив ќе трчам? Секако они не ни знаат дека јас сум лута ама вие сте жени па ме разбирате. За глупости сум лута ама ако. Нека бидат среќни што не ги блокирам.
Ај едно прашање ако некоја се сретнала со ова, ќе одиме за Мк да извадиме нови пасоши на децата ( им поминуваа во Март) сега кога сакав да ги чекирам картите ми излегува/пишува дека не се валидни и ќе мора да појдеме на шалтер доколку продолжам да ги чекирам и дека е можно да не ни биде дозволено да поминиме. Меѓутоа дека одиме во матичната земја, можно е да не ни дозволат? И бидејќи сепак имаат уште важност до Март
Колку што знам 3месеци треба да има до истек за да можиш да чекираш , на помалку не дава. Да прашаш , или нека каже некоја од членките дали со патен лист има опција да се чекира карта , или на шалтер би завршила работа да извадиш таков
Треба минимум три месеци. Значи сега мораш да извадиш патен лист за да патуваат. Патен лист се вади без термин барем кај нас. Картата ја чекираш со патен лист.
Јас имам чекирано со изминат пасош 1-2. Но тоа беше пред 3 години. Според мене не би требало да биде проблем си одиш во матичната држава. Но можеби е некоја измена. Пиши што си направила баш ме интересира.
Сега не дозволуваат , ние баш кога вадевме патен лист и прашавме што би било кога би тргнале со истечен пасош исто месец дена беше , и таа во амбасада кажа дека на првиот граничен премин ќе не вратат назад во најблиска амбасада да одиме и извадиме патен лист па после може да продолжиме во матична земја.. *И во Минхен е без термин од понеделник до петок од 9-1 можиш кога сакаш да извадиш патен лист.
Мислам дека малава нема какано 27 дена. Ајде и 13,5 нека се ама сепак мислам дека се 27 и сега вика дека и тежи стомакот. Опасно е 27 дена? Има и до сега неколку пати по 10-15 дена па после одеднаш во еден ден по 3-5 пати. Проблемов трАе веќе 4 години скоро. Се е испитано можно што постои и се е во ред.
Внесете киви и јаткасти плодови почесто во исхраната. Спанаќ, зелка и сите останати видови на зеленчук кои имаат растителни влакна. Може и природно цедени сокови да помогнат во овој случај.
Проблемов со страв е поврзан некако. Ништо не помага. Стомачен вирус кога и да сме имале само она не одела до вц.
Имаш ли пробано со сок од сливи? Моево кога тргаше пелени, првите неколку дена, бидејќи се плашев да не се стиска и да не се направи запек, му давав таков сок по неколку пати во денот и одма мислам дека седнуваше да кака. Јас земав од Кауфленд, на Алнатура мислам беше.