Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    36.236
    Пол:
    Женски
    А може нешто да се случи од 27 дена некакање?
    Храна не помага.
     
  2. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.882
    Допаѓања:
    7.501
    Пол:
    Женски
    Медицински кажано може, и не е баш за оставање така. Е сега размисли дали пример воопшто нема отидено во ВЦ, или има ама малку по малку. За месец дена не одење во вц веќе ќе бевте во болница одамна. Пробај со сок од сливи најдобро, свари ги сливите и нека го испие сокот макар на сила, бидејќи чепчиња не се даваат мислам на деца испод 5год (не сум 100% сигурна за бројката).
    И ако стварно веќе повеќе од 3.5 недели нема одено во тоалет, треба да одите на доктор
     
    На fairy88, Chantal, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.025
    Пол:
    Женски
    Мовикол џуниор. Долг период е, однеси ја на доктор.
     
    На Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Колкаво е детето?
    Ќерка ми кога беше бебе, и стававме една течност шо ја протеруваше, од аптека ја купивме.
    Незнам како се викаше.
    Ако е стварно до толку работата, оди прашај да ви дадат нешто за какање.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Најдов уствари.
    Еве ова беше. Прашај дали има такво и за возраста на твоето. @gjoker4e
    IMG-20220921-WA0001.jpg
     
    На fairy88 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  6. Makedonka95

    Makedonka95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2022
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Glycilax чепчиња
    Малата кога беше 2 години и ставав исто не какаше по 15 дена свашта пробував но секако зборете со педијатар.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    36.236
    Пол:
    Женски
    Се имаме пробано што сте набројале погоре.
    Се е испитано.
    Пишав, стомачен вирус кога не фаќа она не оди во веце.
    Сакав само да се осигурам колку е страшно неодење во вц толку долго.
    И Германија и Македонија е истиот одговор. Се е ок. Само страв е фактички.
     
    На fairy88 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.126
    Допаѓања:
    36.360
    Пол:
    Женски
    Може. Јаки болки во стомак. Исто и надуен стомак. Јас завршив на клиника. Ама нема да пишам што ми правеа таму. Не е пријатно за читање и за слушање :x

    Носи ја на лекар. Јас спасот го најдов во парафинско масло. Само не знам од која возраст може да се пие.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    36.236
    Пол:
    Женски
    Ти ставија клизма или што? Пиши ми во порака. Сме биле ние до сега 2-3 пати на итна со јаки болки и се по ред ама ова е рекордот со 27 дена освен јас ако немам испуштено некој ден во меѓувреме.
    И она кога ќе реши си оди во веце ама и треба време додека да реши.
    Претходниот пат во два дена беше 6-7 пати во веце после 15-20 дена неодење.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    7.992
    Многу сте изнапишале јас само читам и чекам момент да опфатам повеќе теми да ми се исплати пишуваното:)

    @gjoker4e те прочитав за трето дете.Па можеш да работиш ако сакаш.Не мораш долго време да остануваш дома.
    Јас и тие жени што сакавме да работиме почнавме кога децата ни беа годинка.
    Иако сега гледано годинка е мало,барем да се проодени - со 18 месеци да тргнат на градинка.

    За другите што да кажам,оти голем дел седеа дома,па почнаа демек курс,па го прекинаа курсот,па демек пак почнаа да работат и сега која е бремена во трето,која планира пак бременост,а од првата бременост до сега минато е 10 години.Во превод болје ќе родам уште едно само да не работам и кај и да е ќе отидат у пензија(тоа го беше кажала една албанка која ја познавам)8)

    На моменти и јас викам уште едно бебе,ама па не ми е е нешто да ме фатило ептен треска.Ако случајно биде ок,ако не никому ништо добро ми е и вака.
    Само да си знаеш ретки се тие што сакаат да работат:D

    За какањето е многу што толку време не е какано детето,види со клизма,арно ти препорачале.И гледај нареден пат да не чекаш толку време,оти колку повеќе чекаш,толку потешко само од себе да се испразни.
    Кај мене на работа нормално е до 3 дена да се нема столица,после 7 ден веќе почнуваме со интензивни метоти да се испразнат-што би рекле и одозгоре и од оздолу(клизми,лактулоза,пико капки,дури ако е тежок случај даваме контраст мител).Од ова што набројав можеш да дадеш само микро клист,мовикол за деца и лактулоза во консултација со доктор.
    Ако е толку запечено тешко сега со сокови и исхрана да го протера.Треба поинтензивно да се реагира.После кога ќе се испразни пробајте на природен начин да ја регулирате столицата.

    За развод мислам нема кој не е помислил и каде цветаат рози.Само треба да се проба да се најде пак контакт и заеднички јазик.Иако кога и двете страни се наелектризирани тешко е смирено да се разговара и секој си ја брани неговата страна.
    Тука е добро што има ехебереаунг,ама оди кажи му на балканец да оди на советувалиште.Тешка работа,плус разговорот не е на мајчин јазик.

    За болести не ми се почнува да зборам, 3 дена со 40 температура и од кревет не станав.Фатив инфлуенца од работата.Не ми треба тест,оти таму каде работев секоја втора соба беше со инфлуенца или корона.Некои дури и беа мешани инфлуенца и корона имаа.
    Јас се изолирав во една соба да не ширам зараза.
    Сега сум болна до петок,ќе се фарбам па да потерам бирократски работи.
     
    На Dust, Lianna Anna, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    7.118
    Пол:
    Женски
    Хали хало,

    И јас ако кажам нешто пак такво мрчење ќе е, па си ќутам и чекам некоја со убави вести да не огрее.
    Можам и цела недела да почекам не е проблем (fingers):l:.

    Јас уште болна, ама многу мутаво болна. Не ми тече ни нос, грло ми позаминува, уше исто, ама сум глува, глава ме боли, ме тресе а немам температура.
    Дете некна вечер поврати, вчера едвај средив по неа. Абе такво шпуккинд имам, што од бебе до сега само чистам повраќаници. Па од горе врз кревет ќе се исповрати кај нас, и кревет и душег нов, веќе пола година не е, 100 пати го поврати и сега ми мириса на кисело. Среќа се вади со патент тоа навлака од душекот, па и ќе тоа ќе се пере.
    А не е болна моментално. Не изгледа болно. Трчи, јаде, пие, весела е. И нов заб има, 12 до сега.
    Да извади и тројки, па белки ќе даде 1 месец пауза пред петки.
    И денес мадам повратила во градинка, ми се јавија да ја земам. И такви исплашени дека многу повратила. И три дена сега по правилник нема да оди. А она здрава е, ништо не и е. Ама млекото од сабајле го збљуцнала. И секогаш скоро од млеко повраќа, и стварно од сабајле не и давам веќе иако е ко полудена. Уште очи не отворила, прво нешто што ќе каже е млекце.
    И сега ќе си седи дома со мене, а ја сила немам да станам, ама со неа мора и да се пее и трча и така.

    И друго си седела во количката нејзина кога повратила, па количката лом исто. Они ја исчистиле додека јас стасав, ама смрди.
    Додека да ги извади маж ми навлаки да ги ставам да се испере, ќе се заколевме.
    А малата за вечера кексе доби, оти толку сум убиена што ништо друго не можев да и направам. Ама без шеќер инаку се, не ме судете. Е она среќна што кекс доби, ич не и беше гајле што со татко и накусо се гледавме.

    А тој па. Сабајле станат во 5 и до 5 ипол попладне работеше. Нешто имаат овие две недели, нешто завршуваат или планираат на работа, поима немам, му кажуваше ама не запомни. И овие две недели ќе биде по цели денови на работа.

    Сума сумарум. Кај мене е многу монотоно и досадно. И уште е многу ладно, ама утре се очекува 0 на биде :party:. После три дена и замрзнат цел зеленчук на тераса. И јас смрзната додуша, ќе се радувам и на 0 степени.
     
    На IronLady, Ava.84, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    4.387
    Добра ви вечер. Сите со жалопојќи на темава.
    Денов вторнички, како тргна, само нека завршува побрзо. Уште во првите 5 минути како станавме требаше да ми стане јасно дека ќе биде еден од оние денови. Кога ќе стане дете на лева нога, пиши пропало од денот. :D
    Се разбуди кисел, ништо не му оди како што си замислил. Не сака да јаде, не сака да се облече, не сака да смени пелени. Еден час се спремавме за да излеземе сите тројца од дома. Аман веќе нека доаѓа пролет, во вакви денови апсолутно немам сила да го облекувам во 500 слоја, па тие нараквиците додека му ги нагодам, тоа е ем ментална гимнастика ем физичка активност.
    Излеговме некако, маж тргна да го носи него во градинка, јас тргнав на работа. Тргнав со точак, и јас будала, и нормално паднав пошто е лизгаво. Ама возам со кацига за скијање од страв, па арно немам никакви повреди, само стресот. Доаѓам дома после работа, мм го зел од градинка, абе како што беше кисел сабајлината, попладнево х100. Влегувам дома, тој лежи на паркет фул облечен и има мини тантрум. 15 минути седеше така наоблечен и врискаше. Нова физичка активност додека го преслековме, нов тантрум, нерви се потенки. :D Маж зеде да прави вечера, вика не се вклучува ринглата. :drunk:
    Вклучи исклучи, нејќе. И веќе на сите ни прекипи од денот, јас му се турив на мм, мм мене, малиот станува погласен со тантрумот :rofl: сите гладни, сите нервозни. Опција да излеземе да јадеме НЕМА, пошто кој ќе го облекува гремлинчето во 500 слоја повторно, едвај го слековме. Ставивме нешто во релна готово да се пече и набрзина јадевме колку да смириме страсти.
    И еве заспа пред два часа и се спремам и јас да легнам случајно уште нешто да не се деси, немам сила да хендлам веќе.
     
    На Ava.84, Chantal, SanelaS и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    4.387
    И да не ме мислите, синоќа крена мали тт, немирно спиеше цела вечер што значи јас ич не заспав, маж денес требаше да патува ама откажа пошо и тој не се осеќа добро.
    Кај да барам крстена вода? :D
     
    На јolene, gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    36.236
    Пол:
    Женски
    Јас сум веќе 7 дена во Македонија, комплет четворицата. Уште два дена, со денешниов три, како триесет у пм.
    Темава не одење во вц секое одење во Мк доживува кулминација.
    Детали не можам да ви кажувам за да не ме препознаат, ако почнам со детали секој втор збор негативен ќе ми е.
    Едвај чекам да полета авионот.
    Едвај преживеав.
    Време не поминува, стои во место у пм.
    Повеќе го сакаат малиов дека машко, и директно и кажувам на малава и викам овде се сите многу глупи и заостанати и мислат дека ако е машко, и викам заостанати се затоа и не живееме тука, немој да се нервираш. Не вреѓам цела Мк туку сите што сакаат само машки деца. Заостанати сте у пм да идете! Подалеку од мене и од моите две деца! :D

    Тука не би живеела па и двете симпатии тука да живееја. ]:)
     
    На mal.ecka, TutiFuti, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    7.118
    Пол:
    Женски
    Болно дете и кај нас. Не спиевме и ние. Се затна ноќеска, сега носе чешма. Преку уста дише, заб ја мачи и ко кутре само лиги течат.
    Мене сега ми текна да прашам. Кој издава боледување за дете? Мислам на родителите?
    Матичен или педијатар?
    Има ли колку дена максимум може да си болен за дете. На нет пиеше демек по 15 за родител. Ама нели е малку тоа? 30 дена во година, за дете што почнува во градинка, реално ќе се истрошен за три месеци. Или други се тие денови, како не платени се рачунаат?
    Или се платени, ама помалку? И кој би ги плаќал?
    Вашите се секако поголеми и имате искуство, де ај просветлете ме како се прави?
     
    На Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    5.681
    Tolku se po 15 dena za sekoj roditel znaci 30 dena tie ti gi pisuva pedijataro i toa ne e bas nesto plateno 70 posto li bese neznam tocno.
    Otvaras krank na tebe pa posle maz ti otvara krank pa taka naizmenicno. A i zavisi kako e krank, ako e veselo jade pie nema tt odi vo gradinka. Znaci bitno e da nema tt, da nema magen darm virus, da ne e omalaksano ili nekoi crveni tocki po liceto od nekoj virus sto e zarazen ili.infekcija na.oci vo site drugi slucaevi odi vo gradinka.
     
    На Ava.84, Chantal, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    36.236
    Пол:
    Женски
    Така изгледа ама само еден ден имам искористено во овие шест години работа и две деца. :D Немам ни излажано јас дека сум кранк.

    Најпаметно е ти да се јавиш кај твојот матичен и да кажеш ти дека си болна и телефонски ќе ти даде една недела.

    Инаку за дете педијатар ти дава ама е многу малку платено и не се исплати воопшто.

    Мене повеќе ми се исплати минус саати да правам. Вторникот кога беше градинката затворена кажав минус саати.

    Педијатар ти дава една потврда за тебе, една за на работа и една потполнета ја носиш во здравственото осигурување и ти плаќа тоа по 2-3 месеци минимална сума колку за леб. :D

    Побрзо оздравување на сите. :hug:
    И на мене побрзо психичко оздравување. :hug: :D
     
    На Biljarkata, Katie90, Lavender13 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Мојот со болки во уво, педијатарот ми кажа 3 дена да пие и ибуфлам 3 пати на ден толку и спреј за нос, ако не се смири да го носам на преглед. Денес ќе се јавам да направам термин за утре. Он додека пие сируп нема болки фит е па така денес го пуштив во школо, само во хорт не оди. Ама чим е при крај дејството на сирупот го боли кога џвака, кога се движи и сл.
     
    На јolene и Ava.84 им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    33.708
    Пол:
    Женски
    Пред короната беа 10 по родител:(.

    Јас сум со две дома.Двете тт вчера.Пишана сум кранк 5 дена без плата ќе бидам јануари.Реков хоум офис колешката нешто ми мудруваше па сега ќе ја оставам сама да си ја заврши работата.Ќе нашла некој:lol::rofl:. После се мислам дали мене да си се пишам кранк за да си одморам.Лани бев се на се 5 дена болна и добив тадаммм ..I.. . Дури и за погребот на татко ми си ги одработив деновите.Нормално тие што беа преку една недела болни пак посакани и попочитувани беа.Колегите што имаа смртен случај беа болни со недели ,а јас за две недели бев тука:worried:.Затоа може па и јас ќе станам посакана и мора да се интигрирам како германците:D. Медал нема да добија туку да си најдам нова работа си мислам веќе цел месец :!:.Само уште цв да направам|(.
     
    На Dust, fairy88, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Makedonka95

    Makedonka95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2022
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    И јас денес земав за малата исто е со тт 3 дена ми пишаа.. после пополнуваш на бармер апп ако си таа каса и прикачуваш слика со ибан. Незнам колку плаќаат 70,80% ама децава нека се здрави..
     
    На јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.