Ние купуваме фета сирење. Тоа од лименка не ми е вкусно. И меко е. Ние сакаме потврдо. Класика сирење има во турските продавници, ама не ми текнало да купам. Сакавме да донесеме сирење летово, ама на маж ми му беше страв. А и немавме место во колa Денес сонце. А и не е ладно. Да си прашам. Дали по маркетиве има сурутка? Да знам кај да барам.
Имам прашање за боледувањето. Значи ако е за дете, кратат од плата, а ако е за себе, ти се исплаќа цела плата? Без разлика колку денови си на боледување? Не ми е јасно како функционира тука.
za sebe koga otvaras e 100 posto plateno do 6 nedeli , ako zemes boleduvanje na primer 7 nedeli vo niza te prezema zdrastvenata kasa po 6 nedela. A za dete na papir e 90 posto, realnosta kaj mene drugo pokazala mnogu pomalku.
За сирење ова е број 1 што го земамр тука. Го има и во мали количини. Искрено ова ми е многу поубаво од нашето мк. Или навика е незнам. Минатата недела се вративме во реалноста поубаво нешто нема кога си дома, тука ни е домата. Едно од три ми качи температура имаше 40ка и функционираше како да нема ништо дури и чудно ми беше по ден два се изфрли цело тело со брунки . @gjoker4e народот доле стварно е заостанат. Ако си ти зошто да си ти.... луда работа и јас милион пати не жалам што сум доле искрено ако си таму ќе заостанеш со се...
Куклиња здраво. Дали некоја знае документи за нострификација на диплома каде точно се праќаат? Во амбасада во Мк или баш во Германија. Ако е во Германија каде? Фала
И кого и да сретнеш како навиен збори за некој друг абе се до детали. Само тоа е тема на муабет. Кој каде работел, па жена му каде работела, па глуп бил некој сеуште работел на истото место, па некој се отселил ама сеуште не направил куќа тука или сеуште кола немал, па ние дека со авион дека на кратко па колата каде ни е значи готово од колата, па јас сум се мачела на работа, децата греота во градинка што оделе и школо до 16:00, а во школо попрошетани се од што јас имам време да ги шетам, јадат, заби мијат, по три пати во двор се, шетаат ваму таму, имаат активности, не е школо како тука на клупа цело време и едно физичко што го имавме. Па пари немало Германија, е не тука има. Скренав. Па децава гледаат колку е само лошо тука и само се нервираат за се. Возиме и не трка кола и малава рипа и вика леле оваа линија е полна овој не смееше, вика смее ако е полна па празна. Особа икс вози и збори на телефон и малава вика ама ова е строго забрането. И викам овде никакви правила не важат затоа и не живееме овде. Духов по грешка не знам да го избришам.
За секоја покраина и за секоја професија си има точно определено место. Затоа се зимаат дипломи и свидетелства, индекс, сертификати стекнати, препорака од работно искуство и се преведува кај официјален преведувач во Германија. Се пријавуваш прво овде, откако ќе средиш со адреса и здравство, во агенцијата за вработување, па може да добиеш и покривање на средствата за превод и барање, па дури и за курс. Предходно советување може да се изврши во велком центрите ширум дојчланд. Ќе ти објаснат се. Anerkennung Deutschland нешто беше страната за да се виси дали може да нострифицираш диплома. @gjoker4e ја сакав да се вратам на работа од фебруари. Ама со ова разболување, каде малата ми е болна два пати на месец по мин 10 дена, ќе одложам до кај март/април. До сега многу лесно ми одеше наоѓање работа, оти по професија сум дефицитарен кадар, ама и работам со луѓе или деца. Е сега некако ме фаќа некоја социјална анксиозност и би сакала да можам од дома. Пак некако во нов тим, адаптација, почнување од почеток и ми прави страв. Работливи сум по природа и многу професионална и посветена. Дури ко што рече Јоана и Ава, ни ден болен бе земаш, ни те болело, не те болело. Ама сфатив дека за овде ова не им значи најчесто ништо посебно, па и откако сум штојер 5, и деновите за боловање што го следува маж ми за дете, сите ќе си ги земам, ако може, барем дете дома ќе си гледам. Да се давам по секоја цена, ми помина желба веќе. Со пасив агресив да се расправам и со исфрустрирани шефови исто. Многу си ја сакав работата предходно, ради тимот. Ама се јавив сега во ноември за потврдата да ја пратат во агенцијата, и таму ни шефка е веќе шеф, ни секретарката е секретарка, ама ,,мојот,, проект уште постои. Не знам што се случило, после од хр ми пиша, она е уште таму. Ја има фирмата и тука, ама не ми се ни гледа дали има позиција. Повеќе од 60% немам намера да работам. Без везе е сега ми исплатија пари за полно работно време што се пријавив, а после разговорот со бератер реков 30 часа маск. Сега ќе се јавам да им кажам да ми сменат. Па и тамам јануари не мора да ми плаќаат. И онака реков ќе поднесам само за шопинг за облека, што не е смешка, оти немам што да облечам ни за интервју, а камо ли да застанам пред луѓе. По дома сум во пиџами цело време. И тие од лидл што ги зедов, ми смалеа последните. Страв ми е на вага да се качам, ама многу без врска јадам навечер. Да си нарачам и за шеќерот ленти, оти инаку не се враќам во нормала значи. И доктор да си најдам. Бушлето стана. Како се полни одма со секрет значи, за два часа од прво мрсолче и одма после чешма станува. Па право и грло ја фаќа. @SanelaS фала за лекот. Маж ми викаше некаков јод да сме зеле, се мачкало од надвор. Гледал негде по интернет. Ама не знам дали е опасно или не.
Додека правам полнети пиперки за ручек (наместо да учам ) размислувам дали е можно малово да не јаде нешто многу, пошто храната ни е баш македонска што ја готвиме по дома, а он најверојатно во градинка повеќе се навикнува на вурст и чуда. Од германска една линсен суппе што правам и еднаш во неделата знам нагетси да испечам и помес. Како е кај другите, баш ме интересира? Дали сеуште се држите до традиционална македонска кујна или веќе имате свртено на германска? Или и таа и таа? И децата дали јадат пример мусака, манџа, полнети пиперки…или само јас готвам тоа
Најчесто македонска ама правам и германска и што ќе најдам на инста брзо и лесно.Германската ми е многу со Sahne тоа е многу калории и за мојот мозок не толку здрава. Кај нас петок секогаш е гравче тавче или манџа и ми е омилен ден оти не морам да мислам.А и децата го јадат. Имам зелка ствено кисела и правам сарма посна (јас не сум месар).Децата ништо не јадат освен шпагети и маларони без ништо.
Значи тоа фамозното “макарони и шпагети без ништо” мислев само кај нас се случува, барем утеха ми е ова.
Јас по македонски си готвам, на 3-4 години полнети пиперки му беа омилена храна, па спанаќ сега е на лазањи. Мојот јаде многу малце и јаде за да добие десерт иначе не би јадел. Све е со молење или закани зависи од денот. Ама македонските јадења ги јаде, компир манџа, полнети пиперки, спанаќ со ориз во рерна си го правам само така го јаде. Германски леќата ја правам по рецептот од Ава. Мојот сака вуршт, сака сувомеснато иако не чувам дома којзнае колку одма се гледа што си сака посебно кога сме во мк со дедо му одма се договара ќебапи и сувлмеснато да му купил.
И тоа и тоа готвиме. Мене ми се повраќа од маулташен ама им правам на децава иако и они малку пробаат и не јадат. На симпатијата број 1 омилено јадење му било маулташен. Развод уште не венчани. Инаку леќата мислев од инстаграм дека е, а не германско јадење.
Јас еднаш им направив маулташен, како ги направив, така си ги фрлив За леќата не знам, можеби ја има и на инста, ама јас ја имам од германски сајт и си ја рачунам за германска Сега се враќаме со малото од градинка и ми вика - мама, дали направи нешто убаво денес за ручек? Да, полнети пиперки. Ауу, јас мусли ќе си јадам
Јас сега за сега готвам мк јадење. Грав, леќа, риба, компир манџа, супа, чорба, месо, шпагети, спањак, пире, мусака, полнети пиперки, ориз и тоа е нашето мени. Кога не готвам варам само макарони. Некако Германската кујна не ја сакам. Ете Ава ме потсети утре гравче да ставам да се кисне.
Moeto ne jade grav, leka, zelka vo nikakov oblik.So drugoto se balansira germanska i makedonska kujna, od nasata saka mnogu meseni raboti kako burek, pita....
На мојата единствен начин да и се протне некоја лажица пилешка супа кога е болна, е со маулташен. Строго со месо. Вчера и давам ориз оо ми вика мехце. Да и дадам и месо. Многу ми е љубов оти почна да зборува. Само има потешкотии, не разбира баш германски и мислам дека и тоа е дел од проблемот со адаптација. Пробувам сега на два јазика да и ги кажам нештата, ама не е многу успешно. Си преферира на македонски. Ама знае да каже бите важно. Мало е ќе научи, па после нема да сакаат на мк да зборат. Дома се готви сешто. И македонска кујна, нешто германско, нешто измислено, азиско. Свашта се прави. Порано почесто и лутко, сега ради малото со зачини не оди многу, па и ми фали на пример азиско. И двајцата готвиме, ама маж ми поубаво.
Само македонски треба да зборуваш со неа. Ако зборуваш и германски па макар само и некое зборче, само и отежнуваш. Сеуште зборуваат македонски скоро 4 и 8 години ќе бидат. Дома и со нас македонски. Надвор од дома и не со нас- германски. Имам една комшивка што од бебе англиски го учи, ви имам кажано, а Романци се, романски не знае детето сеуште. Па сега му зборува германски за да научи ама и самата она зборува многу смешно бидејќи пред 5-6 години е дојдена тука и од авион се гледа дека не треба ни збор на германски да му зборува дека само погрешно ќе научи ништо друго, и романски еве не знам како планираат да им научи кога прво англиски го учеа со сила што се вика и од 2 години детево знаеше да брои, боите, предмети додека мојава на 2 години кажуваше 2-3 збора на македонски како мама тато и чао. Се прашувам, оговорам или само се обидувам да помогнам и реален совет со пример да дадам?