Кај малово во градинка имаат 3 дена во неделата учителка која доаѓа во група и го набљудува развојот на говорот кај децата. Плус имаат шпрахшуле во склоп на градинката. И ме начека учителкава мене и ме прашуваше на кој јазик зборам со син ми, па дали разбира он македонски, дали зборува…толку многу ја испофали женава одлуката што сме одлучиле детево да го учи и мајчиниот јазик, што јас останав вчудоневидена кога ми кажа дека всушност многу и не прават така, јас мислев дека тоа се подразбира така да биде. Еве кажуваш ти и за комшивката. Од која причина, не знам, не можам да видам ниту една негативна страна на тоа детето да зборува уште еден јазик, кога природно му доаѓа и го слуша секојдневно. Искрено, мене тука на форумов и во темава ме посоветувавте дека треба да му зборуваме исклучиво мк и така тераме. А и колку можеме ние со маж ми добро да го научиме германски е исто дискутабилно. И според учителкава, ако моево го владее добро македонскиот јазик, не постои никаков простор за грижа за германскиот, па и за сите јазици понатаму.
Јас готвам највеќе манџи оти ќерка ми ги јаде. Па и полесно нешто здравје. Само ставаш да се вари и готово, јадењето само си се прави. Плус јас како што сум заборавена и да се повари малку повеќе ништо не му е. Кога сум слободна сакам да месам па правам кифли, пастрмајлии, баници. Макарони мојата јаде со доматно пире и ништо повеќе, шпагети не правам затоа што се малтретирам додека ги јадам. Од време на време полнети пиперки, мусака итн. Детево мое компири пржени не јаде, мене тоа храна на детството ми беше, па и со лепче си ги јадев. За јазикот, мојата беше година ипол кога крена во градинка. Комуникација до тогаш исклучиво на Македонски. На почетокот воспитувачките си ги запишаа најважните зборчиња како храна, вода, мама дојде итн.Кога гореше се обидуваа така да комуницираат со неа. Олеснителна околност е што бецугерциерин беше русинка. Многу убав концепт имаа од градинката, кога заврши крипе добив и евиденција на научени зборчња со се датум. За неколку месеци веќе употребуваше германски. Моментално е 3 ипол и збори супер и македонски и германски, со тоа што изговорот на гласовите и е прилично германски. Од време на време знае да смеша во една реченица и германски и македонски ама тоа не го гледам толку трагично. Со ќерка ми се трудам да збориме на македонски ама во присуство на други луѓе збориме и германски. Кога сме кај германска кујна еднаш јадев супа со сечкани палачинки кај една комшика Најубаво ми е шпетцле
Леле бе луѓе ова нашево збор нема кажано на македонски. Се на јазиков тука. Вчера му ставив сок во мала чаша, и сокот го вратив во фрижидер. Го испи цел и почна да вика "mer, mer", и да покажува кон фрижидер. И сеа тука сфатив дека се обидува да каже дека сака уште. Викам мама што сакаш? "Mer, mer". Викам сакаш уште сокче? И ми вели да. А стварно така се вика за уште, ваљда од градинка научил. И така, сеа цело време само тоа вика. Ама на македонски ништо, дури и грижа на совест имам, зарем толку детево не упива од нас? А устата пена ми фаќа од зборење, ме разбира буквално се ама никако барем едно зборче да гугне на македонски.
Сеуште нема 2 години мислам така? На 2 години ниту еден збор не кажуваше мојава ни на македонски ни на германски. Не сте вие интересни колку градинката.
Нормално е дека децата се поинтересни и повеќе впива. 10 збора е уау само продолжи само на мајчин јазик да му зборуваш.
Џабе се пениш ти, колку и да се трудиш не можеш да надокнади зборење од две баби, четири стрини и 6 комшивка кои секојдневно идат на кафе. Колку една македонска стринка во пола саат ќе каже, ти не можеш ни во три дена. Шала на страна, мојата почна да повторува баш кога имавме гости и со детенцето нивно заедно. Предходно блаблаше на бебешки. Сега ја гледам кога сака да научи некој збор, повторуваме почесто дома. Олеснува комуникацијата ептен. Друго секое дете си е различно секако. Моето ги повторува до 10 броевите на мак и на гер, ама уште не знае да јаде сама. Сабајле и дадов јогурт, сама ја оставив, после и коса миев. Хиперакривно мало не наспиено човече. Цела ноќ не спиевме и тт поткрена. Раце ме болат од држење дете. На дневна дремка исто. Многу секрет и се слева, кашла и плаче. Јас сум преморена, она вози бебиња низ дома Пак не сум за тука, ама тука ми е полесно да си кажам.
За тука си како не. Кога и да пишеш на мојава ме потсеќаш. Ама ајде значи второто мирно ќе ти биде како моево. Мисли дека сега две деца гледаш во исто време. Второво е од што е мирно малава низ него одеше, маж ми јакните над креветче над него ги фрлаше и само викаа дека заборавале дека бебе има дома.
Здраво на сите, не пишувам многу по форумот но со години ја читам групава и супер совети сум си нашла тука, дури и меѓу обичните муабети како поминал денот. И ние со слична тема дома се занимаваме. Детето е скоро 2 и пол и прилично доста збори за негова возраст, бар така ми кажаа од јаслите. Проблемот сме ние, што често меѓу македонски зборови, му ставаме германски. И сега збори ко навиен, ама предметите на германски, глаголите на македонски, каша попара значи. Пример: сакам Brezel со ohne Сол. Во градинка викаат го разбираат, пробале на гугл транслејт неколку пати да најдат што сака. Децата научилњ македонски зборови од него како стол, падна, сака, тепа... Не се замарам, со тек на време ќе ги разграничи двата јазика. Сакам да ве прашам што правите со старите детски алишта или ваши што не ги носите? Пробав денес на Vinted еден оглас, ама сложено ми изгледа, планирам исто и на општинската whats app flomarkt група, тоа требало да е поедноставно. Какви се вашите искуства со vinted, kleinanzwige и слични платформи? Поздрав и убав викенд
Искрено од винтед едно време мои работи продавав пред 5г сега само купувам за малите ретко продавам немам време . Алиштата од малите ќе ги поклонам дел поклонив дел сега ќе праќам за мк. На сестра. Инаку и ние така ги добивме . За зборење синко дојде на 2ипол г тука научи во градинка германаки дома никако не збориме германски нема потреба.
За Vinted е многу популарно, особено меѓу германци. Многу мајки ми рекле дека таму порачуваат. Имам акаунт, ама некако не го користам, не практично ми е. За таа сметка клеинанцеиген користам повеќе. Си барам во комшии и одам си земам. Многу бебешки исто продадов. И од други градови ми прќале, сум праќала. Моите алишта, не успеав тогаш да продадам, на крај поклонив. Нешто на ибеј, нешто кај што знаев. Едни носев во молот кај нас, има тауш рауш. Од малата стојат алиштата. На крај ќе видиме што ќе биде.
Jas se poklonuvam od alista, zatoa od maloto skoro nemam nisto. Kako sto mene mi podaruvaat raboti taka i jas gi podaruvam i taka idat vo nekoj krug.
Поминавме без проблем да ти кажам, немавме извадено патен лист рековме ќе пробаме така и никому ништо, на пасошка само пасошите и aufenthaltstitel ни побараа ништо друго, среќа се си помина убаво
Јас строго продавам и веќе никој не прашувам за поклонување Ептен сум лоша. На времето само молев да дадам играчки,алишта и не ти знам што,ама добивав одговор ние ново ќе си купиме.И после се опаметив почнав да продавам.И не згрешив.Еве слика од лани што сум заработила.Оваа година не сум објавувала и не сум баш активна.Ама,треба пак да се позамарам.Не е лошо.Со тие пари можам пак алишта на детето да купам Имам пет ѕвезди и на Винтид и на Клеинанзеиге и многу породавам.Купување на старо од платформи не баш ни за мене ни за детето(од братучеди на синко имам земано облека и колички,транспортери). Е,точоците за синко ги купувам на старо оти и така се скапи по 250 еу на старо одат.
Ја на клеинанцриген ги продадов тие бебешките ствари, количка, таа корпата за возење, греач за шишиња и слично глупостарии. Супер пари зедов од количката и корпата. Тие беа скапи, иако количката и поволна беше, пак добра цена и зедов. Мислам заедно 700 евра. Квач 600 беа. Е мебел многу не успеав, само на тие дечките што го зедоа станот после нас. Они откупија полно ствари. Е сега ние со маса за во дневната од 180 цм, во оваа мала дневна, преголема беше. Пробав да ја шитнам, дури и на 100 евра ја ставив и никој. На крај ја направивме работна маса, бар два монитори, лап топ и принтер од горе собира и плус место за раце имаш. Стандард биро се секако потесни. Среќа што ни го откупија старото. И ние си зедовме од едни дечки за 30 евра маса, дрвена со опција за пуштање. Добро зачувана, и сега не ми е криво кога малата гребе и треска од горе. Секако на крај ќе ја поклониме или ќе биде шпермул. Она што ме нервира ко ќе ставам за поклон, абе секакви фаци ти пишуваат, а не им треба. На пр. перници за доење, мажи ми пишаат да ја земат и се такви некои со крш дојч. Додека најдам некој асален, 100 барања ќе добијам. Чекајте да ви кажам малата што научила во градинка : oh mann -во превод слично на, ох аман. Сега си мислам дали толку многу ги замара, па и го велат тоа цело време или од децата го собрала. Важно контекстот е правилен кога го употребува. Се надевам ќе може ноќва да спие, па да ја пуштам утре во градинка, не шашна деновиве дома. Друго, кај нас во ептен комшии има мк со девојче колку моето. На шпилплац ги чув. Дури дијалект ко од мое село. Е сега два пати си одат, ама мислам дека и они знаат дека сме наши и намерно си одат. Штета. Децава се позагледаа денес, ама таткото не и даде да дојде, ја однесе накај нивната зграда.
Многу сум уморна деновиве , посебно неделава ми се виде ептен напорна . Во петокот после работа , отидов на втора работа. Во Теди , бев планирана за 4 саати и сабота плус . Негде еден час пред затворање, не ограби еден . Начела момент да нема никој на каса и на сила ја отворил касата, ги зема сите пари и побегна . Па со полиција, затворивме порано и катастрофа. Многу несигурна работа, со секакви будали си имаме работа . Во трговски центар сме , многу раздвижено и пак се осмели да не ограби . Среќа нема повредени , сите сме здрави живи ама шокот е голем . Уместо да се пишам болна во сабота , јас на работа отидов , ама најдов сомнителни работи , огледало ставено да не гледа на каса , крпи што ги држеше во рака . Човекот го видов , беше со маска , со капа ама од кај да знам што цел има . Секој се шета со маска, болни чуда. Шефицата еднаш се јави , дека и пишав дека сме ограбени и толку . Не се јави да праша како сме , ништо луѓе. Ја заболе за нас , а нејзина филијала. Утре којзнае што ќе се збори за нас.
Излегува како само тебе да те цитирам Големата научи прв збор мано. Културна варијанта од ш... Малата што научи du kleiner Mann , на сите ни вика на мене , на сетра и на татко и ако ја изнервираме. Најсмешно е кога ќе му каже на мм а он 190см. Многу ми е смешна оти збори на пола мк пола де ама дрдорче мало мислам ко со некоја баба да се карам.Сестра и ни пола од неа не збореше на нејзина возраст и никогаш не се карала ова борбено за свои права. - Мама ти фергеса млекце да ми дадеш (некогаш и гебеш вика). Стварно стресно , а се почесто вакви гангстери ќе има.Добро е што вие сте добро за другото не му го мисли нека си мисли шефицата.
Не сум знаела дека мано е шајзе така? Мислев дека е од ман- мано… Од сам почеток викаат мано ама еве мајкава појма си немала изгледа.
И на мојот “о манно” му беше хит во градинка, сега нешто не сум го применила да го користи барем не често колку што беше хит во градинка. Сега пред спиење ми кажа дека другар му му кажал дека и 8 годишни деца можат да умрат и бараше да му потврдам дека не е вистина. Му кажав дека се случува ама многу ретко најчесто кај немирни деца што се качуваат на прозор па се случува да паднат и слично. Стварно не знаев што да кажам тоа ми дојде во моментот. за продавање некое време воопшто не сум активна, ама во план е да ја подновиме детската па и играчките планирам д аги селектирам и облека све да огласам па ќе видиме.
Јас не ве разбрав, што значи о мано? Моето дете исто од 2 години го користи, научено од јасла, ама мислев вика oh, man нешто како леле човеку.