Дури сега почна да ме фаќа паника за мојата нова улога. Од средина март ќе почнам да се обучувам. Тренирам и учам германски, не знам со што друго да си помогнам освен со видеа на јутјуб. Најмногу ме плаши кога ќе треба некој проблем да решам, дали ќе се снајдам. Ама па кој не се снашол до сега, па јас. Ќе си дојде се само по себе. Уште од сега здив снемувам како веќе на работа да сум. И превозбудена сум и радосна и трема имам и некому смешно ќе му биде ќе речат што се занесува оваа, некои ќе бидат љубоморни, некои зависни, и тоа секако женските. Машките колеги знам дека сеедно ќе им биде односно нема да ме мразат. Се надевам дека ќе успеам. Ќе бидам сега малку досадна ама не можам да ви опишам која бура од измешани емоции е во мене.
Фала ти. Прво Einarbeitung. Па после тоа официјално ако научам се и видат дека можам. Ќе ми направат план оваа недела.
Како оди постапката околу купување куќа/стан тука? Ако може некој детално да објасни, размислуваме во тој правец со маж ми и сакаме во брзо време да почнеме да бараме. Од каде се почнува, на што да се внимава, би била благодарна да знам што повеќе околу тоа. Може и во приватна порака да ми пишете, кој има искуство и купувал дом овде.
И мене годината некако лошо ми започна. Постојано некои грешки, лоши работи и лоши информации. На сетоа тоа и недоволен сон малата се буди во 1ч, во 4ч во 6 и потоа во 7 ипол и тешко заспива. Немам веќе сила зарем е можно да е толку лошо да спие. @SanelaS па нели знаеш бабите се тука за да кршат рутините и правилата. За нив дете да спие во 9 е рано а камо ли во 7 ипол. Во мк не познавам дете што легнува толку рано. Пред 23 ч нема спиење. Тоа за нив е во ред . @gjoker4e ти честитам продолжи да се бориш и не се плаши од предизвиците што следуваат. Понекогаш треба да бидеме амбициозни да ги достигнеме нашите цели. Патики и чизми имам толку многу но се ме нешто стега толку многу ми се незгодни. Сега имам нике патики толку згодни што цело зимо сум во нив. Само кога имаше снег облеков чизма за снег.
И мене ме интересира истото како и @Marge. Има ли некој што скоро купувал куќа/ стан да сподели искуство? Од другиот месец ќе почнеме да бараме ама немам појма од каде да почнам, освен што знам дека пари за учество треба минимум 20%.
Ние купивме стан пред пола година. Една од најважните работи е да видите дали имаaт фонд, секој месец што собираат пари, hausgeld, во случај ако нешто треба да се санира. Сериозни згради немаат голема потреба од санирање а и си имаат солиден фонд оти со години го полнеле. Па што и да испадне, да треба да се менува фасада, изолација, прозори, се плаќа од тој фонд. Е сега некој згради, баш оти има многу за поправање, се плаќа висок Hausgeld. Ако треба 500еу да ги даваш за тоа, налет ќе речеш, поарно под кирија да си седев. Ние за двособен стан плаќаме 180еу и фондот за не дај боже на зградата е солиден и не дај боже што и да се деси би покрил. Поголем стан повеќе се плаќа. Според квадратура е. Иако, има еднособни станови бараат 400 еу, има 3-4 собни 300еу. Значи првиве се со празен фонд, другиве се нови и нема да има потреба во блиска иднина да се санира ништо големо. На пример Öl Heizung би било индикација дека наскоро треба да се менува истото и би било голема инвестиција и фондот би се испразнил. Ммогу изнапишував за ова, ама мора да се зеде во предвид како трошок оти пола кредит може да е што се вика. Куќа градевме, немам искуство со купување на истата.
Bitno e da se posetat poveke banki i da se priberat poveke ponudi, da se vidi sto se nudi. Doma ubavo da se razgledaat brojkite i da se vidi realno kolku kamata treba da se vrati, dali ke zemete kredit na fiksen rok ili pak 5 godini fiksno a potoa pak ke se presmetuva ratata spored druga kamata. Na kakvo zemjiste e isto izgradena zgradata, kolku danok se plaka dali ima nekoj da se grizi za zgradata itn. Mnogu e biten i sostavot na zgradata ama toa nemozes da predvidis oti edni doagaay drugi se selat. Kaj nas edniot stan se naoga vo zgrada kako da si vo penzionerski dom, vo drugiot e sekogas aktivno.
Ви однос на банки, ние имаме ммогу позитивно искуство со Interhyp. Они се посредници кои во систем ги имаат сите банки и сите услови од истите. Наместо во 5-10 банки да одиш, од врата во врата, тука на едно место ги добиваш информациите од сите. Ммогу полесно се прави паралела помеѓу условите од сите. За вас се бесплатни и не ве кошта ништо, нивното посредување си го наплаќаат од банката.
Ima i Hrvatka sto otvori flijala na Deutsche Bank vo Minhen, raboti kako sovetnicka i kako posreduvac za krediti.
Дали може местото за градинка што го добивме да го одложиме за следната год.да стартува? Ни се чини мал со 19месеца
Ние бевме преку бератер за кредити и се гледаа понуди на државно ниво која банка ќе даде најдобра понуда. Ние кај и да е треба да правиме рефинансирунг.Ама, ако сте за купување и не брзате,чекајте до есен се очекуваат тој период да паднат каматите на 3 проценти,сега пак е многу скапо. Дани и Санела убаво објаснила на што треба да се внимава при купување стан,иако според мене без разлика дали ти градиш или купуваш се е мачка во вреќа. Со среќа
Може. Само размисли убаво да не се каеш после? Не треба на работа да одиш? Додека да се привикне ќе има 24 месеци и таман ќе е со 2 години. Се праќаат и од 9 месеци или од 12. Ти си знаеш најдобро. Ако чувствуваш тогаш одложи го за кога што мислиш дека ќе е време.
19 м не е мал за во градинка, тамам е . На таа возраст, па и порано, не да им треба социјализација и ред, дома шанса нема да го анимираш и стимулираш така. Се им се развива инстантно веќе. Граници се тестирараат, самостојност развиваат. Што ќе му правиш дома. Како ќе го занимаваш? Мислам ти си знаеш де. Мојата скоро па се навикна женски. Еве ја, останува и за спиење и до 2, три дена по ред. Нема плачки веќе. Еден ден и текна дека сака да оди и тоа беше. Само сега после градинка, дали оти не доспиена е, многу многу е напорна. Не се заигрува, не слуша, туку само пакости прави. Мислам дека некако револт искажува. Ама и тоа е фаза ќе помине. Пишав мејл од септември да ја носиме до 4 ако има место. Задоволни сме од градинката. Толку многу промени има кај неа. Се гледа дека секој ден учи ново. Персоналот е многу фин. Мала градинка, со кујна. Ја научија да јаде сама таму, со лигарче и со прибор. Ми покажаа видео, оти не ми се веруваше. Сама си заспива, дома ме кубе мене по цела ноќ. Нека се стабилизира, па ќе воведуваме ред и дома. @SanelaS за земјиштето на кое е изградена зградата, мислиш на тоа дали е подложно за поплави тој регион? Или? И ние ќе треба да се одлучиме ка и да е. Сега како да му кажам дека не сум сигурна дека овде сакам да главиме толку многу, без да ме убие? Дали оти со дете дојдовме, па немав време да си средам за мене, јас уште не можам да се пронајдам кај сум. Малата еве она полека ќе си има свој круг, маж и он полека си се навикнува на работа. А јас тикви. Поима немам кај терам значи.
@Jolene мислам Санела мислеше на пахт грундштук. Тоа уствари е кога зградат е изградена на место дадено под концесија на 50 години на пример. Ама кога го купиш станот веќе поминало пример 30 години и имаш уште 20 останато. Особено популарно во големите градови Минхен,Франкфурт,Берлин... Јас лично не би купила таков стан,иако се доста поефтини. Кога ќе истече договорот може да ти дадат оштета во висина колку е вредноста на станот(се разбира процентуално не целосно) и ќе ги срушат и после ќе изградат нови згради на тоа место. Или ќе ти направи нова кирија да плаќаш за местото(тоа се плаќа месечно) Оно може и да ви понудат вие да си го купите местото,ама не верувам дека на некој инвеститор тоа би му одговарало. Со оглед дека во балон гебит што ги викаат,цената на земјиштето вртоглаво расне. Кај нас со реформата што излезе за данокот на недвижнини,мораше да дадеме вредност колку ти вреди земјиштето по квадратен метар(боденрихтверт) и искрено се фрапирав од табелата кога ја видов, а не сум центар на градот туку на периферијата,излезе 1000еу по метар квадратен само земјиштето кошташе.
Нешто е како влакно ама поцврсто е за влакно не знам, синоќа беше само малку во кожата и пробав да го повлечам ама ја болеше и сега гледаме скоро целото влегло во кожата. Да одам на итна за ова или што да правам?