Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Престанав да одам дека се без смисла ми изгледаше.
    Цело време муабетот одеше во правец во кој не моѓав
    И кај нас би требало да е од запекот. Цело време вика дека не оди во вц дека ја боли, а каката е течна не може да боли и плус веќе кога мора надвор тогаш вика дека ич не болело.
     
    На SummerGirl и anggell им се допаѓа ова.
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    5.892
    која е процедурата и што се треба за герм.државјанство ( и мк-двојно)?
     
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    До крај јануари имам да се жалам. :D Чисто да знаете. :P
    После неколку успешни термини на забар, следниот термин од 17ти декември го правам. Па добро не било многу месец и 10 дена. :?:
    На 06.02 закажав сега. Термините им се цело време во 8, а јас деца носам градинка школо, или во 15:00 да треба да се брзам и/ или каснам по деца во 16:00. Па на крај испадна 8:30 термин, во 8 деца носам и ќе треба такси да фаќам. (facepalm)

    За малава ми рекоа zugsalbe да ставам и утре во 16:00 да одиме да го видат.

    Поболна не сум била од овој некој си грип што владеел. Од короната не бев до олку болна.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    1.303
    Смени го психологот и барај пракса што нуди Verhaltenstherapie и трпение ќе биде се.
     
    На јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    Женчиња, оваа тема е доста поактивна, се работи за блиски луѓе кои се обидуваат да се преселат во Германија.
    Мажот е таму, работи со виза која цело време му ја продолжуваат.
    Година ипол е таму.
    Сега сака да ги земе жената и дечињата, поднеле во Германска Амбасада во Мк, ги одбиле, најверојатно дека човекот има ниска пријава на плата, ресто го зема ќеш.
    Е сега, дали направиле грешка што поднеле за виза во Мк?
    Да беа во Австрија пр., дирек ќе си поднесеа овде за виза, како што прават сите што ги знам, па после Магистрат ќе одлучи дали ќе чекаш овде виза, или ќе се враќаш Мк.
    Што мислите?
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Ако се со еу пасош, можат директно во Германија да поднесат барање, ама ако се со работна виза, Балкан, како и да се викаше не може во Германија, мора преку амбасада во Македонија.
    Или нека најде подобра работа, или да проба да најде плус парт тајм или мини џаб, така имам читано дека праат за да можат да го повлечат семејството.
     
    На Katie90, SummerGirl и senza.parole им се допаѓа ова.
  7. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    16.813
    Пол:
    Женски
    Помина овој страшниот вирус ги покоси сите деца во градинката и таман малку подобро, на вратата известување за неколку случаи на маген дарм. Кога сме кај магендарм ќерка ми ќе ја сметам за порасната кога ќе научи да каже дека и се повраќа, а не врз мене и во кревет… ама мош па и ќе не одмине овојпат.

    За жал такви се правилата за нас Македонците. Голема плата треба и стан соодветно голем. А голем стан значи големи трошоци, тоа води до помалку пари што остануваат чисти настрана. Човекот најдобро е да почне да работи легално и да има доказ за парите. Миниџоб е супер идеа.
    Кога гледам колку неинтегрирани луѓе има што не се ни интересираат да се вклопат а ги чуват како капка на дланка, криво ми е. Компарацијата на нас Македонците со пиреј на Андреевски ептен ни одговара, оти како така ние ќе се снајдеме (fingers)
    Како сум почнала не можам да се запрам цело време нешто грицкам од прееска, а таман симнав едно кило (facepalm)
     
    На јolene, Ava.84, arontt и 5 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    И децата мои ги фати вирусот. Прво поголемиот син, па сега помалиот. Температура и сува кашлица (facepalm) Денес не отиде во школо. Уште утре ќе седи дома.

    @senza.parole за во Германија визата се поднесува во Мк. Можеби ги одбиле заради квадратурата на станот.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    24.006
    Пол:
    Женски
    Мислам 80-90 квадрати им е станот, посебна детска соба една, две мали девојчиња имаат.
    Мислам дека е ради пријавата на плата, зошто трошоците за стан им се 1450, а пријавата е 1900.
    Барем така ми има логика.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Мала е платата. Не може со таа плата да го издржува семејството. Нека го пријават на цела плата. Никако пари на рака. Тоа е како да работи на црно. Ако го фатат, може да се прости со визата.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Знаете каков всушност грип владее?
    Пред школо страшна беше глетката, нит деца нит родители, по пат никој, си викам да не згрешив саат или ден…
    Јас сум сеуште болна и малиов, мм од ноќеска е болен. Не се издржува веќе, кашламе, киваме, де топло де ладно, не личам на човек, многу сум страшна, ни шминка не покрива.
    Среќа сум слободна денес и утре. :l:

    Дека еден колега на работа ми рече мешавина од свински и птичји грип било и по инстаграм што имам видено дека 2025та нов вирус доаѓал ама не верувам во ништо.

    Пијам ибупрофен, витамин ц, витамин б, јаболко, лимон, портокал. Апетит немам, само нешто освежително ми бара душата.

    Со кивањево ми е најчудно, јас и малиов киваме по цел ден, и нос ни тече.
     
    На Ava.84 и јolene им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    7.189
    Пол:
    Женски
    Јас идев да ме израдувате нешто.
    Какви сте значи, шмркли, кијавици, повраќаници...се тоа и дома си имам.

    Малата се навикна во градинка, трча внатре, не се ни врти по мене, сама си се успива и ни чао не ми кажува. :coffee: Еве ви по еден чај, коктел изгледа напролет ќе ве частам. Да оздравиме прво.
    Пак ладно фаќа и врне.
    Уште е јануари, јас сакам март да дојде.
    Да станам и да мотам сарма, да одгрижам и зелката што стои на балкон веќе три недели.
     
    На Ava.84, Katie90, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Бевме денес на педијатар. Го снемало влакното од zugsalbe.
    Незгодно ми беше да прашам, кремата го извлекла надвор или се апсорбирало некако?
    Прашав само дали сигурно не е некаде внатре отидено, рече не.
     
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    33.996
    Пол:
    Женски
    Нас овој грип не дрмаше на најјако прво син ми цела недела после не фати мене и малите додека пак сега за сега маж го прерипи.
    Кај мене делуваше само антибиотик бидејќи почна од носот како крв и гној да ми тече др ми кажа дека биле пробиени синуси среќа имав спреј од сиво оригано од само 3 прскања престана носот. Додека пак малите едвај млекото си го пијат сеуште ми ослабнаа сите тројца немаат сеуште апетит.