Поима неам кој е Мерц.Ни гледам ни пратам политика.После овие семафориве ич ништо не ме интересира само се надевам да нема војна .
Компанијата кај што работам скоро објави дека ќе се проширува на германски пазар. Најголема недоумица им е како ќе реагира пазарот, пошто се е дигитално, нема физички филјали, нема кеш. Тука се тоа е многу нормално, кеш не носам со мене 6-7 години, не ни знам како изгледаат парите искрено. Знам дека во тој поглед таму сте поконзервативни.
Се е индивидуално.Ќеш и јас не носам, колешата моја германка исто нема ќеш. Онлајн има еден куп продавници.Од короната многу продавници затворија баш ради онлајн шопингот. Зарвараат и многу филијали на банки оти луѓето се помалку користат ќеш. Ама овде цвета криминалот затоа има ќеш.
-За фемина, од Бејрут-Ава84 Не е смешно, знам Сакам кеш. А се помалку го користам пошто ич не вредат парите. На секое треба да се занимавам со банкомат, а многу кеш не ми се носи.
Немораш да вадиш секогаш кеш на банкомат можеш и на каса во маркет над секоја сметка од 10€ минимум можат да ти дадат 200€ ние така често правиме бијдеќи не ни е при рака банкоматот на нашата банка секогаш мора баш до центар да одиме во банка бидејќи живеееме на 2км од нашата банка па и не не ноаи патот на таму често и така на каса во сите маркети си земаме кеш.
Пари нема па нема, кеш па ич. Он лајн шопинг цвета, еве не со дхл сме на ти одамна. Уште за ручек да го помолам дечкото, секако преку ден се гледаме. Гледам недвижнини со буџетот што можеме да го издвоиме, овде 2 собен стан, во соседното градче 4 собен. Некој пак ќе се сели ми стои. Тој другиот нека му ја мисли. Секако патува 40 мин во правец со кола, +20 од горе не дека ќе прават разлика. Политики, немам право на глас, не ме занима. Белки следнот што ќе дојде, нема да не исфрли. А и да не напади, искрено се едно ми е. Туку дамите од Минхен, да ми кажат кај одат на фризер, ако имате некој добар, да си направам термин, пишете ми во порака. Идеално би на западната страна од градот ако некој знаете. Данке.
Те сликнаа? Ако не, не знам ни дали би ти стигнала. Јас еднаш така сакајќи на жолто да поминам, ми се уклучи црвено и беше прекасно за кочење и поминав. Ама ниту ме сликнаа, ништо. И дома никаква казна не ми стигна.
Штом немало камера нема ни казна. Ако е во местото во кое што живееш брзо стигаат за недела две. Можеби и зависи колку жители има местото. Ако е во друга покраина отприлика за еден месец. Или во друга држава за неколку месеци. Ама секако нема ништо да ти стигне.
И јас мислам ништо нема да ти стигне, ако не си забележила дека те сликнале, најверојатно немало камери на семафорот.
Толку пишување како никогаш кранк не сум пишала и ете ме. Од четврток до сабота. Ама може утре да се јавам и да кажам дека сабота можам да работам? Или глупаво ќе е? Утре секако не одам. Ама сабота ќе бидам скроз здрава.
Здраво со сопругот и детето сме на план да се селиме во Германија. Би сакала ако не ви е проблем да ми кажете како функционира здравство, во однос на термини да се добие, кај матичен, педијатар, и останати специјалисти за недај боже ? Се изнаслушав секакви муабети, со месеци се чекало за специјалист, а за болно дете што правите кога има потреба од итен преглед? Ми требаат почетнички совети, земајќи го во предвид фактот дека долго сте таму, совет за старт, за запишување во градинка дали е исто така тешко? Поздрав и фала однапред
Ако е итно не чекаш ич. Ако не е итно и на педијатар/ матичен со термин во 8 чекаш отприлика до 10. За крвна слика чекаш до пола саат. Некогаш не чекаш ич. Секаде е различно уствари. Кај двајца матични на иста улица различно ќе чекаш, кај едниот денес ќе чекаш, кај другиот утре. Битно треба да имаш во предвид дека ќе чекаш и никој не умрел од тоа. Кај специјалист термин имаш по 6-12 месеци. Ако си итен случај одма. И освен што нема трпение да имаш, ништо друго не е поразлично од тоа терминот да ти е за една недела. Градинка се добива место од одма до тешко. Зависи. Голема е Германија. Ние како народ го зборуваме само лошото. Негативното е што ќе чекаш. Ама колку само позитивни работи има на другата страна? И за доктор и за градинка. Па богами само тоа негативно може да се наброи. Значи кога е болно дете се јавуваш и добиваш термин уште денеска. Освен ако не е вирус и само што кренало тт па стварно нема потреба да одиш. Јас и самата не се ни јавувам на педијатар освен ако не гледам дека стварно мора на педијатар. Јас би се преселила ама имај на ум сепак дека не е за секој Германија. Ти најдобро си знаеш каков тип си.
Кога некој се доселува на ново место всушност е многу полесно да се добие место во градинка. Поради преселбата и за интеграција на семејството децата се на врвот од листата на чекање. Па така јас откако се преселив, место во градинка добив за 3 месеци. Мислам дека и @јolene исто така после преселбата доби релативно брзо место. Частам за нидерласунг ерлаубнис, халелуја! Ќерка ми пак болна, втор пат истиот вирус со повисока температура сега, навечер и преку 40 качува. Навечер анксиозност на најјако, до 5 години има шанси да и се повторат фебрилните коволузии, една од најголемите трауми во цел живот. Мразам температура! Во градинка деца скоро и да нема. А мислев дека ќе се одморам и време на себе ќе си посветам оти на одмор сум нели неколку дена…
Честито, јас частам коктел вие само да оздравите и дојдете. Ние да по преселбата добивавме место за кратко, ама затоа во Штутгарт бевме одбиени. И јас дружам со дете со температура. Денес ја зедов од градинка и уште кога ја видов јасно ми беше. Чудно брзо дише, сега заспа, има мала температура. Сигурно ќе качи сега.. Нема друго ништо сега за сега освен што е плачлива и не знае да каже кај ја боли. А и заби две од доле тројки се на пат. Не е ни чудо што не спиеше цела ноќ. Грип вака ли почнува? Има во градинка о поради недостаток од персонал ги мешаат групите. Сигурно нешто фатила, ама јас не знам да проценам што може да е.
Ако детето има потреба од хоспитализација ќе биде одма примено. Без врски, без поддавање мито. Тука ќе се научиш и сама да го лекуваш детето. Пример има грип не го носиш на лекар туку му даваш ибупрофен или парацетамол и следиш. Ако одиш на итна ќе те остават со саати да чекаш и пак ќе ти препорачаат ибупрофен. Нема антобиотик за секој случај, нема инекции за намалување на температура, нема крвни слики по желба пр. пред вакцинација. Тука родителот не му наредува на докторот што да прави. Секаде е со термини кај матични, педијатри и скоро секогаш се чека плус. Исто и за возрасни, нема крвни слики или други испитувања по желба само по индикација. За специјалист се чека 3 месеци најмалку. Матичниот ти дава упат и ти сама си бараш доктор и си закажуваш термин. Некогаш процесот е стварно фрустрирачки. За градинка зависи од возраста на детето и од среќата. Ама исто се чека доста. Има многу недостаток на персонал и во медицината и во градинките и школите.