Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Би додала само дека по желба имаме правено крвна слика пред вакцина, целосна крвна слика за нас, и антибиотик неколку пати за децата за секој случај и за мене еднаш за уринарна инфекција за секој случај ама ниту еднаш ги немаме испиено. Педијатар и матичен reine Германци.
    После видов дека и без крвна слика знаат па немаме правено.
    Еднаш имам речено и од кај се сигурни дека е вирус без крвна слика и рекоа да не ја малтретираат за џабе ама за бидам јас сигурна и мирна ќе направат и тогаш направија.
     
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    7.285
    Пол:
    Женски
    Во година ипол, мое дете уште нема крвна слика направено. Фала им.
    Исто за настинка не сум ја носела на педијатар. Се јавувам и праќам слики ако треба.
    Ама за тоа итно добив термин од денес за утре на дерматолог за малата кога беше акутна.
    На брза два пати бев, не чекавме ич. Беше прилично сериозно. Една доза дексаметазон и инхалација со адреналин два пати. Тоа е од медикаменти што зела мојата.
    Кај вирус, капки за нос и парацетамол.
    Од витамини, само витамин Д.

    Качи до 38.5 и симна одма сама. Не дадов лек. Јаде фала богу. Поима немам што и е.
     
    На Ava.84, Chantal, Lavender13 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    1.313
    Ова прв пат го слушам дека по желба се направиле крвна слика. Тука од наше искуство и на наши пријатели не прават. Антибиотик дават кога има индикација. Уринарна инфекција е бактериска и се лечи со анибиотик.

    @Jolene Си има тријажа во болниците и кога е сериозно акутно нормално дека ќе добие одма и преглед и терапија.
    За дерматолог многу е тешко термин да се добие. Иако акутно одбиваат дека имале премногу пациенти. Ама има и опција приватно да си платиш тогаш оди брзо се.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Мојот 7 години има крвна слика еднаш во мк ми се разболе па направивме. Брис еднаш му имаат земено и позитивен беше. На итна се случило да чекаме многу и да завршиме брзо.
    И не го носам за све ни за тт не се јавувам секогаш, следам и по потреба се јавувам.
    Јас редовно си правам крвна слика на три месеци така ми имаат речено матичните со терапија за тироидната крв на 3 месеци да поверувам.


    Туку почнаа да градат азилантенхајм на 300 метра од дома и 200 метра од грундшуле. Лани кога најавија имаше протести нешто се стиша и пред некој ден почнаа да спремаат ќе постават контејнери. Изгледа ќе треба детето до 4 то одд да го носиме и земаме од школо.
     
    На fairy88, gjoker4e, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека имам уринарна ама урината покажа дека немам ништо ама сепак ми препишаа антибиотик. Отпосле сфатив дека од овулација така ми е.
     
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    7.285
    Пол:
    Женски
    Крвна слика кај мојата матична у штутгарт можеше по желба. Исто лај матичен кај маж ми можеше, еднаш во 3 години беше. Овде поима немам како е. Треба прво доктор да си најдам. А морам и јас ради тироидната, само два пати по пораѓај ја проверив, ок беше и баталив тироксин.

    Крвна слика последно кај гинеколог ми правеа и кај мојот специјалист за не се знае какви болести. Вит д ми фали, ама ме мрзи да пијам.

    Друго да прашам. @Dancewere знам оти твојата имаше. А и другите со деци мали. Уринарниот ако има, како качува температура?
    Надворешни знаци некои да плака кога мочка или слично нема. Се нормално ми стои.
    Ама морам прво тоа да исклучам кога качува температура.
    Симна па сега пак качи. Дадов ибу и ќе пробаме да спие. Оди до 38.4
    Она е ок вака. Највеќе кај забите се жали. Иако не знае да каже што точно ја боли. Вели само боли и на уста се фаќа.
     
    На fairy88, gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  7. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    16.858
    Пол:
    Женски
    Колку што се сеќавам никакви посебни поплаки немаше ќерка ми. Додуша мала беше тогаш година и 4 месеци, ни црвенило немаше.
    Имаше температура ама не превисока оти знам дека ништо не и дадов. Вечерта доби фебрилни конволузии. После бевме стационирани во болница, цело време имаше некоја покачена температура до 38 степени. Два дена не можеа да откријат од што и е температурата и моравме да седиме во болница. Откако се утврди дека е уринарна одма не пуштија.
    На твојата може и од забите да и е покачена температурата. А и сезона на грипови и вируси е.
    Ај се надевам дека светот утре малку подобро ќе изгледа.
     
    На gjoker4e, Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    7.285
    Пол:
    Женски
    Да тоа за возрасни. Сме си плаќале така термин. Додуша јас не се убедувам веќе со доктор. Ако имам наумено нешто, си кажувам дека ќе си платам сама и немало проблем. Тогаш и вадење крв ми наплаќаат 10 евра. Ама цената на крај како у систина да сум била ми е.
    Не дека е којзнае колку поскапо.
    За бебе и мали деца не смеат баш да одбиваат. Или мене ми се погоди така.
    Генерално е гевонунгсзахе што викаат дојчо. На почетокот ме фрустрираа многу нешта, сега се ми е ок. Тоа е тоа.

    И јас се надевам :hug:. Само да им поминува.
     
    На gjoker4e, Biljarkata и Katie90 им се допаѓа ова.
  9. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    807
    :call:Колку би бил преглед на приватно HNO ? Термин преку кассе има за 6 месеца, а сам да си платиш има уште утре. Не ми се чека толку многу . Најверотатно ќе има потреба и од логопед ќе треба исто толку да чекаме .

    Имате ли чувство некогаш дека е толку монотоно. Стварно нема што да се прави , на ладното и многу не ми се шета. Посебно па во мал град, нема каде да се оди. Ете вечер не ми се седи сама но нема ни со кого да излезам ни па некој да дојде на гости .
     
    На gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    7.285
    Пол:
    Женски
    Зависи за цената. Сме платиле на приватно и само 30 евра, па остатокот на каса го префрлиле. Смр платиле и 200 евра за саат време. Прашај кажуваат однапред некоја цена. Просечно е околку 60 евра.

    Монотоно е зимо. Толку многу причини за да не сакам ладно и темно. Една од нив дете со 39 температура.
    Не оди на подобро. Ќе одам после на итна, така ми стои.


    Ќесенца за урина на бебиња од аптеката земате или директно на доктор носите?
     
    На fairy88 и Chantal им се допаѓа ова.
  11. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    807
    Проблемот е што не се јавуваат на тел, нема мејл и не е во овој град . На мојата со 39 темп на итна и зедоа крв , мокрача немам носено никогаш.
     
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    7.285
    Пол:
    Женски
    Отидов до итната и се вратив.
    Малку ме исплаши преска, помоде на екстремитети и уста. Ама се врати сега.
    Јаде и се игра. Децата таму ептен клапнати. Не сме за таму. Ќе видам до после, ако треба на друг ќе ја носам.
     
    На fairy88 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  13. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    16.858
    Пол:
    Женски
    И мојата вчера помодре во устата. Синоќа 40,3 качи. Денес качува ама не толку многу. Ќесенца за урина мене матичната ми дава.
    @joana18 пробај со киндер турнен, некои активности како хор за деца, балет, елтернкафе, пливање. Ние денеска требаше да одиме во натуркунст музејот ама ете се разболевме. Музеи, аквариуми, инсектариуми. Хаус дер фамилие не знам дали го има наскаде ама би требало, нудат многу заниманции за со деца имаат и термини за индоршпилплатц.
    Денес имаше протест против политиките на афд и цду. Машала убаво беше посетен, несакајќи видов дека протестираат инаку ич не сум во тек. Понатаму еден си се бањаше во Некар како август да е. Уште малку понатаму девојка и еден талахон или како ги викат се расправаат овој и се внесува во лице и вика па зема и за јакната ја влече. Му се завртов, направив ауген контакт со девојката и видов дека не и треба помош и дека ќе го брани, колку тажно си помислив. Освен самата себе никој не може да и помогне. И така малата почна да плаче ладно дека и било и дека ја тресе и се вративме дома, најпознатата германска метода за оздравување, фрише луфт ја применивме и се вративме.
    Ајде ако денес не беше, утре сигурно подобро ќе биде.
    D01AED47-3D76-49B3-9E34-BDA93A2073B1.png
     
    Последна измена: 1 февруари 2025 во 21:10
    На Chantal, fairy88 и јolene им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    7.285
    Пол:
    Женски
    Толку си млада, а толку си стабилна, разумна, мудра, љубопитна, авантурист и храбра. Инспирација си, ти се восхитувам!

    39.6 и дадов парацетамол. Спие сега. Ќе ја пратам, ама изгледа е грипот и кај нас.
     
    На Chantal и Dancewere им се допаѓа ова.
  15. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    34.036
    Пол:
    Женски
    Близначињата кај мене имаа модри рачиња и ножиња додека качуваа тт. После се нормално беше . Таков никаков е грипот.
    Чувајте се :f:
     
    На Chantal, Ava.84 и јolene им се допаѓа ова.
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Имам толку многу за пишување,само што немам време.
    Ќе пишам на кратко што ми текне па да си легнам.
    @joana18 прашуваше за доктор.
    Што да кажам како ќе начекаш така ќе платиш.Нема правило на приватно.
    Може ако сакаат и 10 пати да наплатат поскапо и никој не им брани.Сами си прават ценовник и ако ти одговара ок,ако не бујрум чекај пола година:).
    Учев абрехнунг и германското здравство е тажно за нас смртниците со обично осигурување,ама тоа е тоа.
    Ќе си прашашза цена директо на телефон нема срам.
    Јас бев на кожно (приватни и гезецлих) и имаа како првитот преглед haut check up беше приватно,а ако ми најдоа нешто за вадење ќе одеше треку касата.Си платив 60 или 70 еу за 15 мин.
    Е,сега за маж ми барам кардиолог.Приватно ми вика 120еу за разговор преку камера.
    Малку се прецениле.Па ќе барам понатаму,белки ќе ми се посреќи.

    @Chantal е баш овоа со азилантските кампови што пишуваш и кај нас е проблем.На едно 800 метри од нас сакаат да градат азилански камп.Па и јас одев на штрајк и собирав потписи да не се гради.
    Хаусмеисторот ми вика дојде ред и странците да се буните за кампот:rofl:
    Е сега кај нас сега го одложија градењето до есен и го намалија бројот на луѓе што треба да дојдат(барем имаше некоја реакција).

    И искрено со оваа политика Германија сама се тера во пропаст.Кој што му текне тоа прави-пашибозук што би рекле старите.

    Ма пополека само ЦДУ или АФД им е мајката.Претераа и со бегалци и со помош на секаде се расфрлат,а на тие што работат им измислуваат нови даноци.
    И не се никој од овие според мене против странците.Они се против тие што се насилни и што влечат само бургергелд.Дојде маж,почне да работи,докара фамилија,па се пишат фамилијарно директ на бургергелд и дремат под државата.
    Оти на нив секако им требаат работници и квалификуван
    персонал.Јас не се чувствувам загрозена било кој од нив да дојде на власт.

    Имаш смешно видео баш се скинав од смеење,си прават заебанции со Шолц(не можев како видео оти од Инста е)

    Да си легнувам касно стана.
     
    На arontt, SummerGirl, joana18 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.935
    Допаѓања:
    177.606
    Пол:
    Женски
    Девојки, следната недела сум на разговор во школото каде треба да почне ќерка ми тек во 2026та.
    Арно ама, ние сме со план селење во меѓувреме. Дали ќе може да се префрли во школо поблиску до нас, или ќе мора да оди тука?
     
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    34.036
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мора барем 2км да сте подалеку за да оди во др школо. Кај нас е така а имаме школо пред врата и сега се каам што не аплицирав веднаш таму во тоа школо кај нас сега морам секој ден со двете бебиња да возам по 2км со кола во правец двапати на ден . Кога прашав за промена на школо сега рекоа дека е голем и може сам да се движи :bandit::tmi: така да ако се селите и веднаш си поднеси gestattungsantrag за промена на школо.
     
    На SummerGirl и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    807
    Не ме е воопшто срам да прашам за цена проблемот е што неможам да ги добијам на телефон, мејл немаат , термини се закажуваат онлајн. Но среќа денес добив термин за овој месец преку кассето. Најверојатно некој го откажал. :party:
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    1.313
    Девојки ми треба помош. Дали некоја од вас има робот правосмукалка што има плус и можност да џогира ? Имате ли некаква препорака ? До 400 евра.
    Јас гледав една Филипс и Xiaomi X20 .
    Исто ми треба и препорака за кујна. Од каков материјал да земам и од каде ? Да е лесна за чистење.