Од јануари е поскапена градинката кај нас ама за февруари ти немаат повлечено така? Не е страшно, почекај уште некој ден, ако касниш три месеци тогаш се откажува местото ама и тоа дури може со договор да се среди. Мене сабота ми почна грипот ама и сабота работев и понеделник, недела мислев дека како и секогаш до сега еден ден и ќе ми помине, и понедленик во 11:00 на работа смрзнав едвај издржав до 13:30, втоеник и среда бев слободна и среда се јавив дека не одам четврток, четврток се јавив дека не одам петок и сабота. Многу полошо од корона. Шест дена бев страшно болна, само 2-3 дена имав тт ама, и еве скоро уште една недела после тие шест дена јас немам сила и само спиеме јас, мм и малиов. Малава не ја префати иако не држевме растојание. Видовте дека Милка чоколада е 2 евра, а поголемата Милка 5 евра? За оваа од 5 евра не можам да се доначудам. Па зарем некој ви купил Милка?! Луксуз!
А вложување во пензиски фондови? Што ќе кажеш на таа идеа? За штедење за дете, леле многу сме пасивни и неорганизирани. Изгледа инфлација чекаме да не изеде. Ако може еве стан да земеме нешто. И нешто ситно онака за инвестиција ако се одвои по фондови. Крипто мрипто, не е за мене. Кај нас малата од петок до понеделник беше со температура. Сабота се вративме од итна имаше поболни деца од неа, недела чекавме саат ипол да кажат дека е грип и да давам ибупрофен. Понеделник носев мокрача на матичен, она дома остана. Не беше уринарна и ми рекоа ако мине со сокче да си седам дома. Од вчера нема веќе температура. Ама нешто ја боли секако. Шлајм скоро па и нема. Ама плачлива е и заби извади. Маж сабајле пиел риностоп и аналгин. Јас не сум болна, освен што сум преморена. Или не знам дали сум болна. Температура немам сега за сега, ама ја и генерално не се разболувам често од вируси, само ги пренесувам. Поскоро да ти поминува . Леле леле аман бе. Ја не сум у тек. Па за 2 евра. Смешки. Врска немат. А што сите чоко се поскапени или само Милка. За косата, ако ти стои на тенот што да не. Треба да си со топол тен. Ако си ладен нема да ти стои. Стално ја имав нијанстата, а не сакав. Ама нон стоп таква ми излаваше . А не ми стои.
Мислиш инвестирање во приватна пензија, нешо ко трет столб? Абе најтешкиот дел е да избереш фондови во кој ќе инвестираш ( мада и тоа не е тешко, избери mutual index fund со ниски трошоци, од 0.2-0.4. Избери пример три, распредели 60-30-10 или 60-20-20. Најголем процент во тој со најмал ризик. Следен нека ти биде еден фонд од emerging markets, и уште еден со повисок ризик. За секој фонд гледај да видиш exposure, на кој маркет е изложен и како перформирал претходни години. Ова е скроз базично но врши работа за штедење за дете. Намести автоматско повлекување пари и заборави го дека постои.
Многу сум бела. Тоа е ладен тен? На лето ќе ми стане топол. Ама и плава сум сега оди плава на ладен тон?
Дали некој има ласерски епилатор и како сте задоволни? Сакам да си купам , но има секако и поскапи и поефтини . Тие поефтините марката некоја непозната но можеби се добри. Дали има некој искуство?
Терминот на забар што требаше на 17ти декември, конечно остварен, после две одложувања. Конечно сите заби ми се здрави и бели, професионално исчистени и не ни имам парадонтоза. Случајно гледам на забаров не се гледаше цело презиме ама крајот како презимињата од источна Македонија! Ќе пробам да го најдам сега на страната ама па да не ми каже наш дека е не би требало. Млад и совршен забар, ме потсеќа на другар од село што и он стана забар, иста возраст се отприлика. Туку, сега остана да правам уште veneers на еден заб за да биде прав. 1200 евра е ама осигурувањето ќе ми врати 750. Фактички 850 ми рекоа прв пат дека ќе е ама Kostenvoranschlag стига поголема сума за секој случај или појма немам. И денес прашав колку е навлаки отприлика и 800 евра ми рекоа. Зарем е до толку скапо? Јас 250 евра си имав во глава од некаде… Мислев уствари да ве прашам дали има некоја искуство со veneers ама и ќе прогуглам плус и на форумов на лупата. Позицијата на работа што ја сакам мислев дека отсекогаш ќе ја имам прво кога тој заб ќе ми е среден и сега сум само на чекор до двете. Значи визуелизирајте! И на крај можеби ќе ги белеам ама се плашам да не ми се осетливи после па можеби и нема, треба да размислам, вака ок ми се со новата паста 7-8 евра од дм е bioniq ја препорачувам, таа без флуорид има најдобри оценки ама претходно ја имав и таа за белење дека едно евро беше поскапа па реков да пробам. Идеално за мене би било сабајле таа за белење, навечер таа за непца што е повеќе и без флуорид. Еден период дека сакав забар да станам не знам дали знаете. Мм отсекогаш се чуди за мојот конец за заби па сега и од оние купив како мали четки за измеѓу па радосна сум мислиш светот сум го освоила. И за децава термин направив кај мојот забар.
Негде кај да читав дека е нормално да се со пониска температура после болест. И мојата е ладна. Ладни раце, ладни нозе. А нормално е многу топла. Синоќа ја покривав и врз вреќичка оти мраз беше. Нормално нели се зареков. Абе не спиделувај ко ти е арно на фемина, одма обратно ќе ти се деси. Еве од ноќеска се полнам со секрет. Изгледа ќе правам упдате на базата со вируси.. Овој најверојатно не му е познат на моето тело, а мислев дека сите ги имам поминато до сега . Да. Оти маж ми порано работеше за една компанија и му плаќаа кај нов во приватен фонд, па продолживме и сега откако смени. И во еден друг изгледа збореше дека плаќа. Мислам дека има опција после х години да ги извадиш. За другите фондови, нека прави истражување и нека избере. Во негов домен е тоа. Јас само согласност давам или не давам. Имаше една финта да си провериш. Ако земеш бел лист и го покриеш пола лице, на која боја оди твојот тен. Ако е накај сино, розово си ладен подтон, ако накај жолто, кафеаво си топол. И после си бираш која боја сакаш да ја ставиш. Јас сум розева. Ладен и ниедна фарба од дрогерија не ми стои оти сите се со црвен пигмен од браун палета. Блонд па со тие сивите нијанси, повеќе на зелено мава. И така. Најарно сега за сега сивата си на носам. Ова додека мацика не донесе некои вошки, па да треба да се офарбам за да ги убијам. Сакав на фризер. Ама да оздравиме. Маж се пиша одмор утре и понеделник, демек да исчиламе негде. Ама ќе чиламе на кауч и ќе си нарачаме храна. И тоа.
Вчера купив фармерки во Only со 20% попуст ако ја инсталираш апликацијата Only stores и дека изморена сум ги зела погрешните, а тие што сакав да ги купам ги оставив таму, дури синоќа сфатив кога ги пробав дома и гледам мали. И денес ги враќам и ми вика не важи попустот да доплатам 9 евра. И сега не ми е за парите колку што ми е за “правилово” и направив апликација на мм и ќе отидам ќе ги вратам и пак ќе ги купам со 20% попуст. Е значи ептен се напнав.
Mala pomos koe bi bilo podobro ili kako treta opcija se mislam Casa so posveta. Dobri se posvetuvaat vnimanie ( iako od na pocetokot gi osekjav kako dobiv I) vo ednata sme zaljubeniiii
Можеш и честитки да им направиш заедно со детето, јас така направив моето кога смени група, а во исто време се поклопи и да смени градинка. Честитки за учителките, едно мерси за целиот тим, на секое чоколадце имаше порака за благодарност и мафини за дечињата, пошто сепак се раздели од голем дел од групата. Спојлер
Девојки ми треба помош. Сакам да земам Deutschland Ticket. Односно мајка ми има конто во Де и пробуваме цел ден, нема шанса да уплатиме. Бара некој ТАН, идентификација. Дури правевме профил преку Verimi и нема шанса да земам тикет. Како купувате вие тикет?? Стварно ми е битно, ако не сакате јавно пишете ми приватна порака
Што и да сакаш да платиш преку онлајн банкинг треба да внесеш и ТАН идентификација. Најчесто го ставаат истиот пасворд како и на самиот онлајн банкинг па пробај со истиот пасворд кога ќе ти побара тан. Ако не успее така мораш во банката да побараш нов тан. Или побарајте дома дали некаде на лист го имате запишано. Кога и правеле онлајн банкинг самата избрала кој сака да и биде.
Многу скапо плус како за од Тему. Купи им подобро по една книга или да, филџан со посвета ама без слики.
Ти беше што многу се жалеше од нив на почетокот? Ете гледаш на крајот сепак биле добри. Подобро книги според мене. Кај мојата вкупно се 5 , треба на сите посебно да купувам?
Дааа. Како ти текна тоа. Ама ние генетско таков народ сме одма рипаме. Верувам дека и во темата Децата и градинките за македонските градинки, повеќето поплаки се од тоа што сме избувливи и немаме трпение како народ, цело време бараме некаква си вина во некој друг, као на пример братучетка ми вика двете деца и почнале во градинка и ги разболеле со бронхит. Епа нормално де, сите деца така растат и стекнуваат имунитет, не е крива ниту градинката ниту вработените. Некоја што не е за во градинка, верувам дека секаде има, ама тука многу брзо отказ добиваат, Мк скоро па ич бидејќи се преку партија вработени најчесто таквите па само ако се смени партија па тогаш. Два дена бевме слободни со симпатијата па посебни припреми правам за утре. Секогаш кога толку многу се спремам не се ни погледнуваме ама ајде. Не ни е веќе ни симпатија уствсри, туку навика. Ама сепак.
Би ти рекла дека ваквите поклони колку и да се до добро мислење , дека не се воопшто практични и најчесто нема да знаат кај да ги стават . Дома сигурно нека да ги однесат . Подобро е да се однесе нешто благо, чоколада , кекси , кафе , нешто што ќе се најде . Ќе се радуваат на благо за време пауза и некое вкусно кафе , повеќе него некој Деко објект
Здраво женски, дали има некоја сега скоро заминато со фамилијарна виза/спојување на семејство со мк пасош? Ако можи да ме упатите шо како оди, маж ми е со работна виза..