Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    34.599
    Пол:
    Женски
    Кога веќе сте кај торти
    да почастам за бројчето плус што го имам :hai: :party:
    7051a251a8214601887208001029fcf8.jpg

    Ве пратам понекогаш, ама турбо сум. Курс, две работи..дома само кревет гледам |-)
    Реков годинава не правам торта, ама некој инат тежок сум и направив. И пак едниот фил потечен ми испадна него ли како што треба. :doh:
    Некоја нервоза имам во последно време и толку ми е мачно од се и ме тера на плачење. Ама сигурно е период и ќе помине.
    На работа ги намалив саатите , три месеци и едноставно немам сила за толку без слободен ден.:tmi:
    Утре на курс ќе ги почастам мафини, а на работа дел од тортава ќе однесам и ќе почастам.

    Имајте убава вечер
    и бујрум на торта :^:
     
    Последна измена: 12 февруари 2025
    На mal.ecka, MacenceEna, arontt и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден Ајрон ,да си жива и здрава со успеси во секое поле:f::^::party:.


    @gjoker4e има една песна германска пеце пеце ге цу ладен може ја знаеш .
    Пеце го користат децата за некој што се шпионира.
    Ете пеце се најунапередени во секоја фирма ама и колку време се во фирмата е исто битно.
    Или треба да си таква или да се помириш:(.
     
    На IronLady, SunnyGirl2, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Masnickaaa

    Masnickaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба помош.
    Треба да си закажам прегледи на очно и на кожно. Дали ми треба упат од матичниот, или можам директно да си закажам преглед?
    За забар знам по децава, може одма да си закажам, не треба упат.
     
  4. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.036
    Не ти треба упат од матичен. Само јави се и закажи.
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.036
    Среќен Роденден да си жива и здрава. :^::e: Поклон во плик .

    Нормално дека ќе бидеш нервозна , можам да замислам курс , 2 работи немање слободно време. Издржи додека да помине курсот |-)
     
    На IronLady и MacenceEna им се допаѓа ова.
  6. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.439
    Допаѓања:
    6.947
    Sreken rodenden samo ubavini
     
    На IronLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.889
    Знам дека матичниот може да даде упат за очно но дали е неопходен не знам. За кожно ти треба упат секако. Не знам дали за приватно би ти побарале. Најдобро јави се кај матичниот лекар и прашај .
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    8.760
    Пол:
    Женски
    Јас и на очно и на кожно без упат од матичната имам закажано само премногу чекав за кожно за термин.

    @IronLady Среќен роденден :^:
     
    На IronLady и Masnickaaa им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.465
    Допаѓања:
    183.628
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e можеби претпоставените гледаат потенцијал во неа кој ти не го гледаш. Ние често сме субјективни кога станува збор за себе. Ама како и да е, и сама кажа, дека ќе те учат и тебе. Чим ќе добиеш еднаква шанса да се докажеш, јас не би се замарала. Реално, сите денеска се бориме за своето место под сонцето и секогаш на некој тоа нема да му одговара. :)


    @IronLady Среќен Роденден девојче. :party: Оваа година да ти се умножи среќата во секоја сфера! :^:


    Здраво девојчици :)
    Вчера бевме за упис во школо на женската моја. Искрено се зачудив колку детални прашања прашуваа. До таму дури каква ми била бременоста со неа, дали сум имала проблеми, дали таа имала проблеми и лежела во болница, дали имала развојни потешкотии… Машала се им беше битно. :D Тестот за јазик го помина. Бар се надевам. Допрва треба да не известат дополнително по пошта, ама вака задоволни беа.
    Уште на есен требало дополнително медицински преглед и картончето со вакцини.

    Знам дека е рано, ќе почнува тек 2026та, ме интересира како би постапиле. Ни рекоа школото е до 11 и 45. Потоа има дневен престој до 2 ипол. Дневниот престој може и до 4 или 5 не запамтив баш, со тоа што после 2 ипол имаат детска јога, разни спортови, денсање… Ми рекоа не препорачуваат до 4/5 да останува, не ми наведоа причина оти, ама тоа секако од нас ќе зависи.
    Што би направиле?
    Во суштина чекаме место за балет и едно друго денс студио па кај се ослободи прво таму ќе почне, можеби до тогаш и спорт некој ќе сака, дали е подобро ова да го има во склоп на самото школо или одвоено?
     
    На IronLady, mal.ecka, SunnyGirl2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.379
    Допаѓања:
    37.514
    Пол:
    Женски
    @Yowannty Не, сите знаат дека е бавна и во разговорите што ги води главниот шеф и го напишал тоа.
    Значи има некоја позадина. Ќе се дознае што е.
    Се мислам дека е само до тоа што она нема деца и работи флексибилно, а јас знаат дека само прва смена можам. И од што немало кој морало таа. Уствари кој друг, другите не сакаат, работат 10-20 години сите други на истите позиции. Така им одговара.

    Ама затоа јас не се мислев многу за последниот кранк. Бидејќи така се успева нели. 8)
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.889
    Децата после школото се многу уморни, затоа не препорачуваат. Ама ако сте двајцата на работа со маж ти, ќе си ги напише домашните таму и дома може само да си играте.
    За активностите во школото прашај ги другите родители како се задоволни. Претпоставувам ако се посебно дека е подобро, повеќе внимание ќе им обрнат на децата, дека се плаќа плус. Ама ако е во школото пак вам ќе ви биде полесно, дека нема да ги разносувате децата од една на друга локација.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.379
    Допаѓања:
    37.514
    Пол:
    Женски
    @Yowannty Мојата е до 16:00. Друга опција е да се зема 12:15 дома за ручек и да се враќа 14:15 во школо.
    Презадоволна сум и не би менувала школо. На секое три месеци имаат различни активности среда после 14:15, на пример фудбал, готвење, кидс треф, Umwelt иако не знам што прават на тоа, музика, балет… детето само избира две на кои што сака да оди и добива едно од тие две, најчесто првото што го избрало ама ако нема место тогаш третото.

    Најдобро е во склоп на училиштето за да е на едно место и да не и е стресно.

    Штом е школото до 11:45 значи дека ако останува до 14:30 таму би требало и домашна да пишува.
    До колку е во градинка? До толку најдобро е и во школо да ја запишеш, ако не работиш наредните неколку години. Секако можеш и да смениш, одлуката нема да е трајна.

    Ако ти оди малиот во градинка и таа нека оди до слично време за да ги земате одеднаш.
     
    На Yowannty и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    16.392
    Девојки вадите ли полномоштво од сопругот кога патувате сами со децата до Мк (конкретно за лет со авион)? Ако мора, која е процедурата?:?:
     
    Последна измена: 12 февруари 2025
  14. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.439
    Допаѓања:
    6.947
    Jas deka imam drugo prezime vadam, nekolku pati mi baraa imav od Adac simnato i zavereno vo opstina za 5 evra i plus kopija od pasos za maz mi
     
    На mKdevojce, Chantal и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    8.760
    Пол:
    Женски
    Носам скоро секогаш, имам два пати не заверено носено со копија од пасош од мм. Никогаш не ми побарале последно мм беше сам со синко исто никој не му побарал, јас иако исто презиме на кирилица преведено на англиски различно ни доаѓа никогаш не ми побарале, ама носам во најмала рака копија од извод и копија од пасош на мм и тоа од адац пополнето ако стигнеме заверено ако не само пополнето. Како што знам дека ако не сте разведени не треба да бараат ништо.
     
    На SummerGirl и mKdevojce им се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.105
    Допаѓања:
    43.477
    Пол:
    Женски
    @Yowannty моите не одеа во дневен престој . После школо си доаѓаа дома . Тоест големата одеше една година само ама до 13 часот , тоест јас тогаш ја земав . Имаат Hausaufgabenbetreuung ама таму не контролираат кој што напишал , дали е точно . Туку гледаат само да напишат . Најчесто дома пишуваше големата . Играат надвор или внатре .
    Ако и така си дома со бебе, најдобро е да си доаѓа дома . Па ќе има време и за активности после школо . До 16 часот или 17 часот е прекасно за мали деца . Не е исто како во градинка дефинитивно.
    Да си вработена и да мораш тогаш да . Ама ако си дома , најдобро е да си доаѓа дома после школо .
    Кај нас незнам како ќе биде кога ќе тргне синко во градинка . Се тешам дека големите можат да го чуваат после школо до 13 30. Ама и знам дека и они почнуваат со настава која трае долго . Големата ќе биде 16 години , средното 14 . Па може он да оди на кратко во дневен престој ама тоа е зашто јас морам да работам.

    Големата сега учи трет јазик , француски. И другата година имаат размена на ученици во едно место во Франција. Па пишувавме CV .
    @danichap како сте задоволни од Schülernachhilfe? Кај нас се покажа како добра инвестиција. Оценките се подобрија , од 4 ги направи 2ки . Тоа во главните предмети. Сега на полугодие имаше просек од 2,0. За гимназија е супер . Машкото само учи ( тост не ми учи) и има просек од 1,8 . Него школото му оди лесно. И тоа е во гимназија .
    Најдобро е од се што големата сама почна да учи. Не ја спремам веќе пред тестови . Порано кога ќе ми текне , правев вежби , собирав материјал за да учи . Како учителка , како втора работа ми беше . Сега е посамостојна . Фала богу .
     
    На mal.ecka, Yowannty, Marge и 3 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.017
    Добро утро
    Ги испратив големите за на школо. Пукнувачка додека ги стокми човек.
    Кутии за појадок, термоси за чај, флаши вода, капи/шалеви/чадори, опрема за на дожд….
    Нека се стопли и пола работа ќе се намали]:).
    Чекам да дојде 08 па да звонам кај матичниот. Уствари со роботот ќе зборам, па доколку останам до крајот на линија ќе ми се јават назад:@. Ако успеам да добијам термин, па и со малиот заедно да не примат, топ ќе биде. Цела ноќ хорор, немам сили за на два лекари да одам(facepalm).

    @Yowannty моите не одат во престој. Едниот, ogts, бесплатниот е од понеделник до четврток. Децата мора до 16.00 да седат таму. Немаше опција за порано, нема голема флексибилност. Најчесто се деца од социјално послабо фамилии или каде родителите не работат па не им е важно децата да што не се во престој и петок, плус и распуст.
    Јас имам лошо искуство со истиот. На почетокот, лани, ја запишав средната. После кратко време видов голем број негативности и ја отпишав. Домашните таму ги пишуваат но не се прегледани. Така да додека се дојде дома, да се пресоблечат/апнат, ќе треба истото да се прави после 17.00. Во прво не толку, но од второ се почнува до интензивен ритам на писмени, па ќе може учење само од викенд на викенд.
    Главен фактор кај нас беше пред се децата кои го посетуваа. За колку пари толку музика беше работата.

    Втора опција кај нас е Hort. Тој работи секој ден во неделата, плус распуст. Има поголема дисциплина, подобра структура и поголема флексибилност. Цена не знам точно. 300-400еу е кај нас и си вреди за парите.

    Јас размислував таму да ги префрлам, но се решив дека додека се помали најдобро е дома да си идат после школо и сами да го пополнуваме времето со активности.
    За четири деца, престој и градинка ќе ме фатеше и 2000еу. Попусти за големи фамилии нема а сумата воопшто не е занемарлива.

    @MacenceEna моиве се прво, второ и трето.
    Далеку се од самостојно учење. Скоро секоја недела се со писмени а немаме воопшто материјали за подготовка. Да не спомнувам што по ХСУ нема ниту учебник. Само во тетратката белешки и залепено нешто.
    Пред секоја писмена далнлодирам работни листови, принтам, делам. После корегирам и заедно минеме грешно каде било.
    Големата сега правеше писмена германски, презент, претеритум, перфект. Минимум 50 листови испринтав да вежба. Едноставно е многу тешко додека ја добијат основата . И јас не ги знаев сите одговори. Денес е ХСУ псимената за очи. Исто, се нема учебник, јас барав материјали. Минатата недела беа математика и hörzu германски писмена. Од другата недела нова тура, геометрија, лесе пробе германски итн.
    Сама не може воопшто редот да го фати:doh:.

    И второодделенецов е исто. Делумно на теми што не воопшто не сме виделе ништо. Од тоа што чуле и запамтиле на настава.
    Вака, на волку учење, не се сите 1. Некако е 1 и 2.
    Математика писмената од минатата недела од 7прашања едното беше пола грешно и веќе е двојка.
    Ако не им подготвам материјали, да вежбаат, ќе бидат во 3-4 граници.
    Штом и кај вас било така во оваа возраст, се тешам(facepalm).
    Од 5то нагоре очекувам да бидат посамостални. Сега едноставно има толку голем притисок, и со бројот на писмени и строгоста во отценување(96%точно за 1) ќе пропаднат без моја помош.
    Не знам како е кај другите, ама кај нас во Баерн(мало градче) писмените за прво се делумно со материјал од второ во други покраини, исто и второоделенците делумно учат и пишуваат писмени на теми што во некои се за трето па и четврто итн.
    Кај нас има само една гимназија и е за цела област. Патуваат и по пола час со воз за тука да дојдат. Хорор е да влезеш а уште повеќе да успееш 2 просек да имаш.

    Браво за твоиве. Мене далечно ми се чини сеуште сето тоа:$.


    Презадоволна сум од schulerhilfe. Јас ја запишав пред се поради промена на школо, за соодветни теми подобро да ги одработат.
     
    На SunnyGirl2 и Yowannty им се допаѓа ова.
  18. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.889
    @danichap од каде симнуваш дополнителни материјали за вежбање ? Се плаќа ли тоа ?
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.017
    На catlux сум претплатена, некогаш купувам од eduki, останатите се бесплатни за далнлодирање а и скриншотови се доволни.
    На пинтерест на пример има толку многу вежби. Правам скриншот и го принтам истиот.
    Грундшулкуниг исто, дел се бесплатни но и тие што не се, се наоѓаат со скриншотови.

    Гледам имам нешто од aufgaben.schulkreis
    kohlverlag, schubertverlag, nachhilfevomlehrer,
    lernwolf, grundschule-Arbeitsblaetter. Овие сите се бесплатни, делумно без одговори и треба малку и јас да се помачам за одговорот, ама ништо страшно.
     
    На SunnyGirl2, Marge, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.105
    Допаѓања:
    43.477
    Пол:
    Женски
    @Katie90 https://www.grundschulkoenig.de/ јас од овде симнува работни листови . Имав и купени работни книги за секоја школска година и така вежбаа дома.

    Топла препорака за овие учебници за математика Screenshot_2025-02-13-08-59-25-51_965bbf4d18d205f782c6b8409c5773a4.jpg
    Има QR код за видеа од Јутјуб. Супер објаснување на секоја тема по математика.
    Штета што моиве деца ретко ги користат . Машкото нема потреба од ова , големата нема желба . Ама математика има 2ка па не настојувам .
    Инаку во секоја книжара може да се најде материјал за вежбање .
     
    На Marge, danichap и Katie90 им се допаѓа ова.