И ние имаме тон книги. Проблемот е што во секоја книга има само еден тест, 1-2 страни вежби за темите. Ако сакаш асално вежбање, пред писмена посебно, не е доволно. Треба повеќе работни листови. По писмена делумно и по 50 вкупно им се фаќа да извежбаат, цела книга само за една гема ќе му излезе дека ќе треба . Јас викам, ако не учат моиве од 3 поасолна отцена нема да видат. Пример за последната писмена, од вчера, што принтав. Ова е делче на масата што стоеше, плус во работните, кај нејзе во соба и веќе фрлени. Обично се и со задна страна. Едноставно треба напамет учење и вежбање. Од домашно само или една страна во вежбанките не е доволно. Спојлер Ова беше поголема тема, па и повеќе мораше учење. Еднаш неделно имаат една голема тема и една помала. Ако не учи континуирано ќе пропадне. Кај нас викаат 3 е супер ноте, weiter so.
@MacenceEna во таговите ве измешав со @gjoker4e . Книгиве ги гледав на инста, реклами. Добро што сподели искуство, ќе разгледам.
Јас напишав реферат па избришав. Доволно е да прашам од кое одделение почнуваат со оценки? Дека кај нас дома книга не се фаќа ама јануари бевме на разговор и буквално за се рекоа besser kann man nicht! На претходниот разговор во прво одделение имаше само една забелешка и целта беше: Ich habe kein Angst! Знаев дека тоа е од мојата тироидна и го пренесувам на неа и знаев дека јас треба да снемам страв, за да снема и нема и така и направив, јас се излечив, автоматски и она. Најинтересното од се ми е што и јас имам разговор еднаш годишно на работа и она во школо и буквално истото што мене ми го кажаа на работа, го кажаа за неа во школо! Во смисла се најдобро ама она лани имаше забелешка, а јас годинава: eigene Meinung vertreten. Уште од утредента почнав да го кажувам моето мислење. Мене доволно е еднаш да ми рече.
Јас си реков од тт што имав почнало да ми се привидува. Второ полугодие од второ одделение. @gjoker4e јас сама викам за моиве дека ако не учат ќе имаат 3. Не значи дека секое дете треба да учи за да добие 1. Јас за моиве, за кај нас, си кажувам.
Зборев и со еден Македонец, живее во моја околина . Неговото е 4 одд. И самиот вика дека било строго оценувањето. Он мислеше дека само во нивното школо било така ама реално сегде е строго . За два поена помалку добиваш пониска оценка . @danichap ти како си денес ? И јас моиве го носам кај мој матичен. Полесно се добива термин . Мада неколку пати утнале дијагноза. Мали имаше херпес зостер, мојата матична го лечеше од Milben И немаше ефект од кремата . Па на педијатар бевме . Добивме што треба . Помина после недела време Мене денес ми е поарно , мислев да се јавам да одам пак , ама кој ќе врти по телефон, кој ќе седи во полна чекална . Гледам дека полека поминува . Ако до утре се разлоши, ќе се јавам . Денес немам нерви
Во 11.30 сум кај матичниот. И малиот ќе го зедам, две во едно да биде, немам сили да развозувам. Јака главоболка, болки во мускули и коски, тешко на градиве. Тт немам. Малиот оди до 40. Ние сме на граница со друга Бундесланд. На мм колегата, децата, се запишаа во другата бундесланд средно. Ги возеа секој ден, оти не исполнуваа просек за тука. Имаат стан и таму, мислам дека и се пријавија таму иако си живееја во Баерн. Тука за мителшуле имаа успех. Таму првен беа реал па абитур во гимназија направија. Во глобала, сепак, секаде е тешко и строго.
Леле вака кога ве читам, страв ме фаќа Кај ќерка ми е не е толку строго, на средбите што ги имаме два пати годишно, рекоа дека е супер, како за дете што не е родено тука. Сега е второ одд, не знам како ќе биде во трето со оцени. Се секирам за понатаму како ќе биде, во следното училиште. Не сака нешто претерано да учи и да пишува, сеуште сака да си игра по цел ден
Дали некогаш имате пиено нешто, некои таблети или слично, за побрзо размислување, односно побрза работа на мозокот? Морам да се спремам пред да почнам. Најглавниот шеф многу брзо размислува и може и е присутен во неколку работи истовремено. Јас вака добра сум ама сакам скоро како него да сум брза. За него се си мислам дека зема нешто на пример кокаин па затоа ама којзнае. Читам на Гугл и има некои интересни вежби, ќе применувам се, ама ако и пиел некој нешто би пиела и јас.
@gjoker4e најславниот шеф е платен да размислува на се , вие останатите да го остварите тоа што го замислил . Незнам што да ти препорачам за пиење ,вежби и слично.
Он е многу интелигентен затоа и стигнал до таму. Затоа и јас сакам да работам на брзината на мојот мозок. Правев тест преку една апликација испаднав 74% размислувам побрзо од луѓето на моја возраст. И инсталирав Worträtsel и Sudoku. Не прашувам за размислување, можеби погрешено ме разбра, туку побрзо да одговориш кога некој ќе те праша нешто, побрзо решавање на некој проблем… Шефот е како компјутер, 10 бројки да му покажеш една секунда, он ќе ги памти сите, натпросечно интелигентен.
РицинО да пиеш Џоки...овај билобил. Разбираш англиски, да ти пратам текст за неуропластичност? Во принцип, колку повеќе нови работи учиш и нови вештини стекнуваш, толку повеќе се развива мозокот, гради нови невронски врски. Вчера решавав судоку, сето го решив. Уште детево да го решам со кашлицата, да не се искомплицира пак нешто.
Таман сакав да те тагнам и да прашам каде си. Ееее значи тоа билобил ми било цело време во главата, знаев нешто имаше ама никако не ми текнуваше. Разбирам англиски, проучувам неуропластичност, прати ми. Кашлицата со визуелизација. Мене ми текна и мини џоб да си најдам во област во која што треба брзо да реагираш и да решаваш најразлични проблеми, и на мини џобот да се вежбам фактички. И да се разбереме, не сум бавна, многу сум брза, ама сакам до степен на најглавниот да се усовршам. Ако некогаш нешто не сфатам од прва треба да речам wie meinst du за да добијам на време. И без зафрканција главата ме заболе од судоку. Се сеќавам дека од крстозбори секогаш главата ме болеше.
Минхен терористички напад од авганистанец, што пази познат на полицијата бил, ама не можел да биде затворен. И сега ќе морал да ја напушти државата. Абе овие у здрав мозок не дупчат жими се. Со кашлица и ние се расправаме. Ќе правам лекот од Санела час. Кромид и мед да се измеша, да отстои преку ноќ и да се прецади течноста. Да се дава при кашлица почесто по една лажица. Нема предозирање сигурно. Судоку сакам. Храна за мозок омега од јатки и здрави масла. За пологично мислење одете ќе решаваме линеарни и квадратни функции . Израмнување венки, текстуални проблеми и сл. Едвај чекам малата да дојде ред да решава задачи. Ја научил татко и кадар и цилиндер да разликува бе. Дете 19 м. Јас трапез и круг и сега низ дома само форми ни покажува. Ако знаеме што прајме со детево еве на . Важно на гаражи и коли се радува, на маж ми срцето на место му е сигурно. @Lavender13 Ќе пукнам веќе од ладно. Цела недела прогноза 0 и - темп.
Добро кај живеете вие? Ава кај тебе -12 кај мене 12. 24 степени разлика не е можно тоа или… -12 кај тебе и -9 ја означува најниската тт или нешто друго? Кај мене е дури до +14 степени. Спојлер Кај мене е топло И гледате дека на прашањето дали им облекувате хулакопки под панталони јас ќе одговорам не, вие да, и сите ќе сме во право. Колку само различности има во Германија џабе се прашува за било што. Одговорот е секако секој можен што постои. Две школи едно до друго па различно е се.
Здравоо Елтернцајт ми завршува в октомври, што ќе де случи ак останам трудна кај треба да се пријавам колку ќе зимам од( NRW ) државава , договор за раб. немам се пресели фирмава в др.град не ми одговара шефот вели ако треба ќе продолжиме не можам ради Кита.
Се честита Валентинстаг меѓусебно? Симпатија број 2 ми пишал Alles Gute zum Valentinstag и сега не знам што да мислам или да не мислам ништо? Или си го честитаат Германците?
@јolene и тука ладничко, цела недела во минус. Ама барем има сонце, така да не е за жалење. И денот е мноооогу подолг, до крај на јануари мислам дека секој ден е 7 минути подолг? Веќе е светло во 7 и се стемнува околу 17. Ама не можам повеќе со ова спремање за градинка, од сабајле како станав до сега сум потрошила 300 калории, 250 од тоа се спремањето за градинка, облекувањето во 5 слоја, молењето. Па една сесија во теретана ми е 600 калории, јас значи секој ден правам мини сесија. Ајде пролет доаѓај.
Мм е типичен Германец и не слави. Од страв да не згреши нешто, ако не заборави( а често заборава) може да ми честита. Сам од себе никогаш. Симпатијата твој може е помлад и помодерен, последниве години е ептен искомерцијализирано. Кај нас вчера снег. Времево лудница.
Стар е мојов симпатија 39 години ќе полни за неколку месеци. Може сака знак да ми даде. Дека и срамежливо смајли имаше на крај. Сакав да ве прашам за готвењево. Некогаш ми е премногу готвење и после тоа мораш да се тушираш за да излезеш надвор од дома. Мислам има и многу што мирисаат на манџа надвор ама понекогаш и ги сфаќам. Јас некако по минимум три пати морам да излегувам од дома, денеска на пример дури 4-5 и никако готвењево не оди измеѓу. Или да скратам, најлесно е кога е се оди на работа, јас слободна сум вчера и денес и на раб на полудување, дома е стварно тешка работата. Додека пак кога сум на работа истото го завршувам за помалку време и минимален стрес…