Da. Non stop. Narachuvam, probam I vrakjam. Eve nekna 5para obuvki od zalando. Site nadzat. Ama kakvi Disko gumeni chizmi sum si kupila da znaete samo . Me mrzi da stabanam da slikam. Ajde posle.
Ние под 3000€ не сме за одење во мк. И да сосема сте во право , никој не се откажува од неговиот одмор да дојде да не виде. Секој си тера со свои обврски и планови. Сите доваѓаат овде во најладното, зошто некој не дојде на лето. Тоа секако дека повеќе генерации не се за под ист покрив. Јас ја сакам мојата приватност а не некој без тропање да влегува во соба. Да ми помагаат колку можат чуват дете, но за 1 годишно дете 100 пати да прашаш млеко да пие за време на ручек место да зготвиш нешто според мене не е во ред. Но ајде. А за поклони да не правиме муабет, носиме од тука чоколада и одиме кај сите, кај нас никој не доага.
Бев до продавница на deichmann, немаа, сега ќе одам до другата нивна продавница, да проверам и тамо. А викаш може да си нарачаш а?
@јolene супер ти е советот за книги на старо, наредна недела ќе обезбедам тоа се и ќе се пријавам, па како биде, биде. Ова не дека ми треба за нешто, повеќе за лична сатисфакција, ама си зацртав некои цели минатата година и си ги остварив, па ова ми остана последна за остварување и после ќе си дадам малку оддишка Детево едвај го намолив да излезе, после нормално едвај го прибрав дома Да се пријавам и јас дека со тешко срце одам во Македонија. Одам поради маж ми најмногу, бидејќи “ќе си ги заборавел корените поради мене” Не дека не сакам, ама цел ритам на секојдневието ни се изместува и после тоа уште недели откако ќе се вратиме дома не можеме да се вратиме во нормала. Во лето не одиме, многу мачење ми е да ги сецкам деновите, бидејќи моите и неговите живеат на два различни краја од Мк и нон стоп сме наваму - натаму, па и плус да мислам да одам на одмор од таму - не, фала. На одмор обично одиме Хрватска или Италија и си се враќаме тука, па ако имаме уште некој ден вишок од одмор, го користиме за средување нешто по дома или за легачење До сега одевме во зима во Мк, ама после последнова зима, мислам дека и тоа ќе отпадне. Спојлер Знаев дека е загаден воздухот, тоа пред 7 год кога решивме да ја напуштиме Мк беше и една од главните причини за тоа, ама не знаев дека е до оваа екстремност дојдена работава. Без никаква намера да звучам надмено, ама тоа со воздухот таму е бавно убиство на народот и многу е жално и не знам како може да постои таква игнорантност и да се зборува само овде онде за тоа, ама како никој да не го сфаќа сериозно. За чист воздух треба народот да е секој ден на нозе, додека не се промени нешто. Откако се вративме тука, го ценам секое вдишување на чист воздух, затоа што сфатив дека тоа што треба да е можеби и основно човеково право, некаде е луксуз, за жал.
Ние секако ги сносиме трошоците и нашите кога идат. За родителите мислам. Ама исто, со маж ми сме од различни краеви и само тегли навака натака и не си погодил. Мајка се лути малку било, свекрва ќе драми како не е почитувана оти ќе останеме кај моите на спиење. А ни една не става во обзир малтретирање на дете. Епа арно. Ќе дојдат овде, па досадно им е. Па на туѓо било, па како сега да тропале глупости некои. Една не рече чекајте, еве јас ќе ви зготвам денес, вие одморете. Едните не знаеле кај да шетаат досадно им било, никој не познавале, не знаеле јазик. Другите многу биле изморени. И така. Да ги мислиш да ги анимираш, да ги шеташ, да им зготви, да раскренеш, дете да спастриш а дошле да ти помогнат демек. Па не напинаат цело време да си одиме, се некакви грижи на совест и едните и другите. А си одевме и почесто и за викенди, ама веќе ни се одмили последните неколку години.
Немам искуство конкретно со тие книги. Ама јас го спремав Б2 telc сама. Ги купив двете книги на ново едната со тестови и другата со лекции како што ти препорачав за Гете. Си ги учев лекциите одговорите на вежбите ги има на крај на книгата и пред испитот ги направив од другата книга сите тестови и бесплатните што ги најдов online.
Јас сум секогаш за јасна комуникација @Jolene. Јас им кажувам ручекот е само првиот ден од мене, другите денови им ја препуштам кујната. Зборувам за родители и свекор и свекрва. Пријатели подобро ги гоштевам. Дете можат и треба да играат додека ние пазаруваме. Има игралишта во близина можат да се прошетаат до лидл, игралиште, за таму не им треба јазик. Шетаме сите заедно кога имаме слободно време пример за викенд. Ние ја плакаме сметката и мерак ми е, дека во мк знаеме какви се платите и пензиите. Мк е супер за краток временски период дека секогаш има некој на кој дете можеш да оставиш. Малку се опуштаме таму и кафана и да се видиш со пријатели. Овде е многу брз животот и стварно треба пауза. Детето се поврзува со роднините, го учи јазикот.
Ја видов санадали преубави за братучетка и она мака има , лани летото немаше моментално 43 порачав и ми ги донесоа за два дена. Али повеќето е онлине и со броеви големи.
Јас изгледа единствена сум што едвај чекам да си појдам во Македонија. Ми смета малку возењето од кај неговите до кај моите, во различни градови живеат ама ете, не е толку страшно. Лани се изнавозевме по патиштата, па оваа година рековме дека кој сака, знае каде е нашата куќа, повелете. Ме нервира тоа што по дифолт се очекува ние да појдеме на гости, и ние да однесеме пари, облека, пијалок. Буквално за сите по нешто, и пак на крај ќе ти се најде некоја замерка. Лани дојдовме со кола, игла немаше место кај да стави човек, годинава со друга песна, само за најблиските и чао, здраво. Ќе остане прашањето неодговорено: -Зошто мора ние од странство само да даваме? Помина тоа време кај што биле страдни за чоколада и не знаеле што е, па ајде да донесеш. Една роднина ме прашуваше за животот овде, за викенд дали сме оделе на музика, по кафани и кога кажав дека не сме секој викенд у кафана, и дека не е овде така, ми кажа пиих, па ја поубаво живеам од вас, излагам, шетам по кафани, на музика. И така. На тема грип. Го преживеавме чудово. Прво маж, па дете па ја. Синко и во болница заврши, битно сега е се океј. Моите 5 кила што сакав да ги симнам се намалија од што немав но апетит ни сила да јадам. Уште 3 кила вишок ми се, таман уште еднаш да ме фати грипов и маникенка права. Тема нападот во Минхен. Се повеќе ми е страв да се приклучувам во толпи. Страв ми е од овие нецивилизираниве, кој знае со што се доени Господе Боже. Прашање: Кој дел на Германија е најтопол? Јужно претпоставувам. Сакам да се селиме, многу ме мачи тмурново време. Сакам негде кај што ќе видам сонце некој ден. Ние кај што сме, сонце нема за жива глава.
Од збор до збор точно . И јас готвам само првиот ден , некогаш и измеѓу кога ќе се направат на Тошо. Со мајка ми има договор што ќе ручаме денес тоа и тоа кратко и јасно. Со свеќи е проблемот, ќе се договориме одвечер пр утре спањаќ . И утре цел ден ќе прашува што да зготви, кажи ми нареди ми. И маж ми и кажува не си гост ќе готвиш. Или ме нервира кога каже ќе мачкаме нешто за ручек. Е на малата јас што да и дадам да јаде да мачка мајонез . Ние на секое одење имаме свадби, крстевки, родендени што секако е поголем трошок. А за шетање чекаат на нас , одеме сите заедно секаде незнам зошто така мора. Од одмор дојдоа кај нас порано од што требаше и седеа многу. Па и сакаа постојано занимација. Еднаш не излеговме сами со маж ми… па дури и кога пазаревме за се мешаа каде што не им е местото… А за пријатели кога доваѓаат зависи кој некој е свесен , некој незнае ни садови од машина да извади/стави. Па чека и нивни дете да нараниш. @Miss666 незнам каде е најтопло еве денес секаде минус само кај џоки сонце. Јас мислам цела Германија е тмурна. А за чоколадитите си во право има се и во мк. Само секој чека да му однесеш.
Вие повеќе се изморувате кога идете на одмор во Мк, така ми се чини. Јас, фала бого, неам на кој да давам, не чека од мене никој да му носам чоколади, бонбоњери, курци палци, па и да го шетам. Раат сум си. Мм е задолжен за неговите, он пазарува. Прееска се смеев на тик ток, видов видео кај шо имаше редица мажи со буќети во некој од маркетиве. Мислев заебанција е, ама не било. Додека барав штикли низ градот, поминав покрај една цвеќара и голема колона мажи стоеја на ред. Млади, стари, средовечни, германци, арапи, секакви. И сите се исмеваа еден на друг. Али пуста пичка, шта чеш кад мораш, оти нема да добиеш. ќути си, дупи си.
И јас од ешуе. Три пара стигнаа вчера, едни (моите) ќе ги вратам, на мм и ќерка се погодија. Уствари порачав помал број, да стигне па да ги вратам поголемите. Останаа дури 2 локални продавници во градов и сакам да им пазарам ама се потешко наоѓам нешто. Дајхман од секогаш биле крш со квалитет @Adidas888 барем тие нивните брендови, во принцип фрлени пари.
Одењето Македонија ми е умор, не одмор, па не ни одам. Последен пат беше пред 3-4години. Уште неколку ќе поминат додека пак отидам. Еднаш на 5г таман некако ми е. Последниот пат си испланирав не само во родниот крај туку и Охрид и Берово одмор, за одмор да ми биде. Цела година тука трчам натаму наваму, е не си “жртвувам” одмор. Вечито нарачувам обувки од заландо или дајхман. Имам 38 и секогаш, секој калап, ми одговарало. Пред некоја недела се снабдив со летни сандали и чизми за наредно зимо од Дајхман. За тие пари ич не се жалам. Луди попусти.
Може тебе ти се погодиле такви, јас до сега сум задоволна од се шо имам купено тамо. Е сега прв пат купив штикли, па ќе видиме како ќе бидат.
Ова па. Пффф. Ја во Грција бев скоро 7 години. Една граница ме делеше, никој освен една тетка и нормално најдобрата другарка, никој друг не дојде да ме види кај сум што сум. А да не зборам што сите доаѓаа за Грција по одмори и дел се прошетаа и околу Крф, ама ете тешко беше баш на Крф да дојдат. За Германија ич не чекам никој да се потруди, другарка ми и мајка ми беа стандард, ама ни ја не се трудам више. Мајка ми ќе ми дојде сега на први и ќе си ја оставам 3 месеци да ми седи. Свекрва ми знам дека е пукната да дојде и ќе си пукне од мака што не може да ми се најде периодов особено, ама летово цел Јули ќе бидеме таму и знам дека нема да остави да мрднам со прст и ќе ме третира ко кралица. За мк не одам годинава. Знаат кај сум, врата отворена кој сака нека дојде. Мислам дека кога сме блиску, не се гледа толку тоа глуматање близина меѓу народ и дека вака кога ќе се тргнеш на страна гледаш колку не било сјајно и колку некои ликови нејќат ни малку да се потрудат, ако не си блиску. Дур сум тука, дали сте користеле кенгур, ама да е 0+, дали имате некоја препорака?
Па појма немам. Немам користено, затоа и прашувам. Кенгурот вака ми стои многу полесен за маневрирање, ако не марама ќе земам..