Мојата мала беше големо бебе. До кај 10кг ја носев во кенгур. Боли грб на крај не дека не, ама да некако правилно се распоредува тежината. Само мене ми беше малку гломазен некогаш, ама ствар на навика. За новороденче се носат вкрстени подзади рамките, после нормално. Има и за на напред да гледа да се подеси. Мислам само во малку кенгури смееш да го носиш бебето на напред и не е препорачано. Нас кај 4м негде, педијатар рече може за по малку до пекара на пример. После не знам што се случи и престанав да го користам. А додека ја научам, таму беше 2м. Буквално од 20 сек почнав и почнав секој ден да наголемувам. Па тоа беа плаки плачки. На крај се осеќаш е сигурно и почна да заспива внатре. Затоа најдобро од прв ден во марама, стегни и носи. Секако не знае кај се наоѓа и ќе му биде нормално. Торти сама правам. Не дека толку многу знам, туку многу ми се благи овие купените. А има лесни филови и трикови да не се распаѓаат. Не знам да украсувам, па најчесто ми се голи. Барав да најдам слики некои и нема. Штета а баш убави беа последните неколку.
Морген . Кај нас домот е како болница . Еден оздрави , друг по него залегнува. Дневната е во вонредна состојба. Каде паднало таму останало. Немам нерви навечер да собирам , оставам како што е . За одење во мк , мене ми се оди . Може летово да одам со децава . Мм не бил од 2021. Комшиите ќе мислат дека сме оставени Јас во Македонија си ја имам само мајка ми . Брат ми е исто овде во Германија. За подалечни роднини не се замарам . Порано носев , мкнев поклони . Сега одам да ја видам мама и да си одморам дома . Може ако е поефтино да дојде она. Ќе видиме. Кога доаѓа мајка , не ја замарам за ништо. Готвам јас . Заслужила да си одмори и да не прави ништо . Денес родителска во школото на децава. Термини кај двајца учители имаме . Ќе оди маж. Јас ќе чувам деца . Ќе мерам тт Плус не ни знам каде треба да одам . Школото го видов од внатре кога бевме на прием на новите 5 одделенци. После не сум била . Синко се откажа од настана на македонски, не сакал . Големата го предала листот кај нејзината класна . И женава се чудела, дека не знаела дека е пола македонка. Децава немаат акцент, родени се овде . Германско презиме па на женава и паднало чудно . Денес не одам на мини џоб-от. Ќе имам викенд за мене . А и полека се оправам од грипот . Од понеделник да можам на работа да се вратам . Две недели сум дома веќе
Торта порачувам од deinetorte.de вкусот им е супер има избор и не се скапи.Добро ама јас немам многу луѓе.
@Ava.84 ме потсети дека за неколку родендени во градинка имав нарачано од нив. Посебно ми се допадна што имаа листа на состојки, па ја принтав и заедно со тортата ја носев во градинката. Ваљда ради алергија и слично бараа таков документ. @MacenceEna кај вас нудеа опција да се учи македонски во школото, или ова за по сопствена иницијатива е? И моиве се со универзални имиња и германски презимиња, па и две се баш баш бели и типични германски фаци, никој не би рекол дека се пола Македонци. Контето од вторникот со грипот, денеска малата со страшна кашлица. Изгледа таман он кога ќе оздрави она ќе биде наредна. Зимоска секоја недела е еден болен, се вртат еден по друг. Аман нека се стопли. Ние конечно се решивме за комбе, со четири деца мораше. Ич не ми се вози со чудото низ град, ама тоа е, тесно ни е инаку. Денеска ќе го зимаме, кафана части.
@danichap незнам ова беше само еден лист од покраина Хесен , само едно инфо колку заинтересирани има. Незнам каде ќе има настава , дали ќе има воопшто. Во школово којзнае дали има Македонци. Мислам дека нема или има а јас незнам .
Здраво. Ми треба ваша помош за онлајн Steuer Nummer. Ми рекоа дека тоа морам да го имам и дека некако се поднесувало онлајн. Може ли некој што ина искуство да ми пише? Може и во порака. Пошо сум изгубена во целава приказна.
Се врати маж од родителска . Колку е убаво да се слушнат позитивни критики за децава . Машкото е 5 одд. И бил избран за настана на hochbegabtekinder . Имаше 3 биологија и немал доволно просек покрај сите 1 на главните предмети . Ама биологија не сака да учи тоест не седна да учи за тестот и испадна 3ка. Ние ништо не знаеме за ова , за ваква настава, да знаеме ќе седнев да му помогнам . Ама он учи (не учи) сам. И не се мешам во неговите домашни (кои ги нема ) зашто завршува се во школо . Гледаат голем потенцијал во него во наредните години . Големата е исто супер , подобрена е во секој случај . Повеќе да гледала серии на англиски да го подобри јазикот Се на се сум задоволна од нивниот успех . Ме прават најгорда мајка . Се исплатеше работењето со големата , сето тоа спремање пред тестови , барање материјали и сл . Сега учи самостојно и има добар успех . Да видиме што ќе биде од најмалото . Полна да збори , логопедот се исплатеше
Steuer ID Nummer ти доаѓа автоматски на домашна адреса при пријава во Burgeramt.Значи кога ќе се анмелдуваш каде живееш ти стига автоматски.
Дада и мене нешто вака првично ми рекоа. Но сместувањето кое го имам моментално нема поштенски сандачиња. Дали знаеш дали можам да дадам друга адреса за да испратат Steuer Nummer? Или ако некој друг имал ваков случај
Не знам дали можеш пробај јави се или пиши меил. trotzdem über diese Wege neu beantragen: via E-Mail an info@identifikationsmerkmal.de. via Telefon unter 0228 406-1240. oder per Brief an das Bundeszentralamt für Steuern, 53221 Bonn
Ако сега скоро си се пријавила на адреса ќе те облеат со писма, ѓубре, радио,аок, препорачливо е да има поштенско сандаче. Мене тој знам во Бургербиро ми го дадоа. Потоа отидов во финантзамт за класата и таму ми го дадоа ако е истиот тој број.
Денес ми е роденден! Симпатија број 1 усно ми честита, симпатија број 2 писмено ама многу убаво и со бакнеж и усрамено смајли на крај. Симпатија број 3 одамна ја немам видено ама со неа и немам никаков контакт. Дали ќе успеам утре сабајле во 6:00 да отидам во теретана? Таква желба имам еве за да се предизвикам себеси. Или да не се занесувам премногу и да си спијам до 8-9.
Среќен Џоки, да си жива и здрава. Викенд. Стандард. Надвор минус температури, дете болно, не може да спие од шлајм и кашлица. Дома смрди на кромид во сите можни варијанти. Де у супа, де у сируп, де во чај де во спална насечкан. Притисокот ми е минус исто. Ама важно денес само една таблета против болка зедов. Има напредок, може конечно и ќе оздравам и јас после 100 дена.
@Jolene направи пареа во купатилото пред да го бањаш детето или ако трпи инхалација со физиолошки. Барем за спиење полесно да ти дише. @gjoker4e Среќен роденден nachträglich. Следниот роденден со нова позиција на работа да се фалиш. Многу сакам амбициозни луѓе. Тератаната е за поручек раните утра се за спиење.
Јас само што ги испратив гостите, не беа напорни ама ми фали секојдневието. Следниот месец најнапорните што ни доаѓаат, ама па и највеќе си ги сакам. За одење и поклони носење све откажуваат носам само кај овие неколку што доаѓаат и тоа чоколади само на децата од сестра ми купувам повеќе. Најтешка ми е мајка ми што ми вика ти не сакаш да дојдам, а она со здравјето лом секој ден се плашам дали ќе се разбуди следниот ден и преголем ризик ми е да дојдат ( и татко ми не е многу поарен со здравјето). За таму пренапорно ми е ама си викам само да ме дочекаат и наредниот пат. За делењето кај мене толку кај тебе толку секоја година расправања ама го научив мојов него му е досадно кај него ( сите другари му се иселени) па го пуштам после два дена кај него сам вика ај да одиме кај твоите, плус супер се сложува со мое друштво. Од утре турбо работа, термини и слични секојдневни обрвски.
@gjoker4e среќен роденден да си жива и здрава, беше да вежбаш? Времето кај мене исто како кај тебе. Ама мене пак ми е ладно, аман веќе нека доаѓа пролет. Втора недела сум грипосана ама денеска конечно сум подобра и не кашлам многу. Денес аплицирав и за нова работа. Имаше еден период активно праќав апликации и следев огласи. Во последно време малку се демотивирав… И така понесена ја пополнив и формата за Einbürgerung . Може пак догодина ова време германка ќе бидам . И нова работа ќе имам, којзнае .