цела недела грипосана, несмеам ништо освен парецетамол. Незнам ни каков чај да се напијам. Носот на момент затнат на момент чешма. Бев на доктор не ми многу помогна. Прво ми рече добро ти е грлото не е за антибиотик, кога му реков дека имам и шлајмови зелено жолти ми препиша и антибиотик. Сега незнам дали да се напијам. Се сложувам со сите што рекоа германски се учи само со некој што живее тука, без акцент да зборува… јас бев кај мартина но сега има друг начин на предавање со видеа мислам. @gjoker4e мене ми де чини како потсвесно да сакаш трето
И сакам и не сакам. Сакам ама не сакам. Сакам ама не сега. Целосно ми е кога се три ама не сум јас родена за мајка да бидам. Можеби сеуште не сум созреана за мајка иако децава ми се 3 и 7. Или кажав еднаш, може трето одма, ако работам до Mutterschutz и ако се вратам на работа кога бебето ќе има 2 месеци. Во превод немајка.
На сликата на Амазон не се мали. 100. Ние б комплет и б комплекс сме имале и многу се големи. Вчера тоа на работа не ми било грешка. Мислев месеци ќе поминат додека да откријам ама одма денес случајно се погоди да дознаам дека е ок. Цела македонска фамилија ме потече со прашањето дали сум почнала фолцајт да работам. Де оставете ме на раат кога појма немате како се функционира тука. Као демек од 30 саати тајлцајт, со фолцајт милионер ќе станам! Се покачува и данок и сите осигурувања и не е нешто уау. Абе они као се нешто ме жалат мајко мила. Еден контакт годишно што го имам од 5 минути одма ме нервираат. А јас пресреќна. Да им се докажувам ли дека единствен проблем ми е кога симпатијата нема да ми пише.
Пролет дојде кај мене . Друго ако пишувам треба да мрчам без врска и така, уште еден месец до одмор, да се надевам само дека до тогаш сите ќе оздравееме.
Ја кај сум Џоки, мислам сите знаат. И комшијата од мк да го прашаш, еве ако не ти каже . Овде уште целосна адреса и број на гаќи не сум кажала. Уствари ко ќе размислам, мислам оти кажав кој број носам .
Од мк кога прашат ајде може незнаат не им е јасно, но некој од тука кога ме праша зошто теилзеит а не фолзеит ете затоа што целодневна кита кошта многу, не е овде како некаде бесплатна. И немам баба сервис кога ќе ми текне. Бас напротив малата не сака да седи со нив воопшто. Да се надеваме дека високите темп ќе се задржат. Кога веќе ги спомнавме гаќите. Од каде купувате значи квалитетна згодна нормални не бабски не танга секојдневни да не се оцратуваат на фармерки и не после 2 перења да се уништат .
Јас купив од Њујоркер. Три пара за 8.99. Ама не се памучни. Само такви најдов без раб. Од памучните ми се познаваат линии кога ќе облечам хеланки
Здраво на сите, би сакала да прашам дали испитувањата за неплодност на брачен пар во Германија се скапи и дали и таму има како во МК ваучери за инвитро..можеби не е прашањето за овде, но сепак вреди да се праша.. Убава вечер
Гугл вика дека за брачен пар здравството превзима најчесто 50% од цената и максимум 3 обида.Постапката е околу 1500евра.Колку е точно не знам. Германија и не некоја пријателска земја за деца... Децомразачи насекаде и педофили.
Во кратки црти, конкретно за ивф се пола пола трошоците, до три обиди, ако жената не е постара од 40 год. Еден обид би чинел од 1500 до 3000 евра, зависи од третманот. Замрзнување дополнителен трансфер се плаќа на приватно. Кломифен и некои испитувања, ако само што почнуваш се на касата. Ама челични нерви да искинеш додека почнеш. Нестандардни испитувања како имунолошки, генетски се мисловна именка и ако најдеш добар доктор што ќе ти даде амин, можеш на приватно. Моја препорака да се најде дијагностичар доктор, некој на кој му веруваш и да слушаш што ќе ти кажат и лека полека ќе биде . Бев и во мк на разговор во две клиники ама не беше за мене. Овде откако си најдов доктор на кој му верувам, успеав да износам една бременост до крај. Ама од друга страна, на пример во мк се далеку послободни за терапија. Протестерон овде само вагиналети, преднизолон или клексан матичен не би ти препишал, мора специјалист. За клексаните морав да праќам барање до касата да ми ги одобри, инаку ќе морав на приватно да ги плаќам, а тогашната матична не сакаше да ми пише рецепти. После го добив на рецепт и сменив матичен. Се во едно, ако најдеш добар доктор матичен и специјалист ќе ти се олесни ептен. За скапо, зависи. Цените малку поскапи отколку на приватно во мк. Ако имате правено испитувања во мк, може да ги донесеш. Ако има дијагноза кај лежи проблемот е полесно да се реши. Ние бевме многу специфичен случај. Со години не најдоа што е проблемот. Попреку и надолж низ клиники во Германија, на крај си го најдов докторот и најде што е проблемот. Некоја сосема трета причина и за џабе правев два пати ивф и 10 пати стимулација, кај мене не донесе успех. Секој пат кога останував бремена беше спонтано и не очекувано. Проблемот беше да се задржи бременоста. Е сега, самиот процес е многу стресен сам по себе. Ако не го знаете јазикот и немате доверба сигурно ќе биде уште пристрасен. И ова мора да се земе во предвид. Очекувањата исто. Знам колку ми беше тешко на почетокот, после отрпнуваш. Леле на темава роман ќе напишам. Како и да е, ако нешто конкретно те интересира прашај, ако знам ќе одговорам. Едит, постот е хаотичен и ама ме мрзи да го структурирам на три пати го пишувам од вчера навака .
Женски хај , каков блендер користите , да ми препорачате некој добар , незнам што да гледам , има еден тон и некои непознати марки, па да не излезе како играчка (и да не е многу бучен најбитно )
Јас овој го имам. Го купив од Филипс. Добар е. Го начекав на попуст. Ама ретко го користам. За бучава.... Најнормално е. Машинката за смути е побучна П.С. Сликата ми е од интернет
овој сега што ми се расипа на Расел Хобс беше и баш баш беше прегласен ко оние старите правосмукалки за разлика од еден во Мк што имав беше по нормален не ечеше волку многу. Ќе ги разгледам и овие два фала женски
Неколку дена скоро една недела малиов се жали дека го боли стомакот доле десно. Не скроз доле, од папокот десно отприлика можеби малку по надоле можеби не. Можно е да е кила? Во неделата на роденден многу рипаше на едно што можеби за поголеми деца е, не прочитав, лежеше фактички де не рипаше и тоа се дува и децата рипаат појма немам да објаснам. Се надевам дека е запек дека претпретходната недела јадеше чоколада со шеќер од горе ама па секој ден он си кака. Не знам дали од благото останува бо цревата некаде залепено, а нормалната храна си ја кака или како оди тоа сеуште не дознав.