@Dea85 @fana со која Мартина учите германски, две ми излегуваат на инста, и дали се работи за онлајн курс или снимени лекции? Во иста ситуација сум, се селам за неколку месеци и барам некој курс онлајн или професор за индивидуални часови, ама никако да се решам некаде да почнам.
Денес го имав мојот најубав пролетен ден во зима во Германија . 16 степени и во Гевгелија не е било во зима . Дојдов тука да уживам во хладноча, да ми мрзнат бубрезите и прстите од рацете а јас се потам како свиња. И времето не е веќе тоа шо беше .
Тука немаше снег оваа година, еден ден паѓаше само и одма се стопи. А овие германците и они ми се мили некако . Додуша и немам сретнато многу, само двајца тројца комшии германци имам, друго се е аусландери.
И како си задоволна се учи ли добро и така? Веројатно е најдобро класичен курс каде што има интеракција со професор, ама немам време особено за со физичко присуство. Размислувам за ваква опција со снимен курс или евентуално со некој што одржува индивидуални часови онлајн.
Убаво беше времето денес. Баш како да е пролет. Се надевам дека и утре ќе биде добро. Планирам да шетам
Видов дека пред неколку страни сте збореле за апликации за станови. Ние сме во потрага по стан за купување, пишав на двајца маклери ни одговор ни ништо. Тие што сте купиле овде стан, може ли да споделите како го најдовте, преку апликација, маклер или сосема на друг начин?
Пак јас со истиот проблем… Можеби сум лоша и/или злобна и морам да го променам тоа. Немам ништо лично против колешкава, онака мирна е, фина, во блага депресија поради тироидната, значи се е ок немам ниту една забелешка за личноста ама имам премногу за работата. И сега она пред мене ќе биде нешто (помалку од тоа што јас сакам да бидам ама сепак), заради тоа што да речеме она нема деца и е четири година тука, а јас имам деца и сум една година тука. Не знам како да се средам леле. Не знам кој ми е проблемот еве стварно и се нервирам. Сеуште не си го решив проблемот. Не знам како да ви опишам значи. Она цело време кранк пишува, сила нема, бавна е, а јас редовен ученик. И јас сега со еден кранк ќе ги почастам да си одморам штом така. И таман после кранкот одморена да учам.
^премногу се оптеретуваш со непотребни работи. . Олади и земи си кранк и воопшто не се замарај. Викендашки сите дома имам 100 плана како да го поминам викендот но за жал се тргнува наопачки. Така да веќе ништо не планирам оставам се на случајност. ..
Ја изнајмив машината од Дм за чистење на софа, го купив средството за професионално чистење и плус пена некоја. Се мислам дали само средството да го користам, или да напрскам од пената, па после од средството? Се плашам да не ми остане многу влажна софата, ама гледав дека може и вакум и прскање истовремено, па ќе се проба така. Имате изнајмувано вие? Некои типс унд трикс добро би ми дошле.
Пекара ја прскаш само на флеки ако има. Јас без пена чистев и скроз се исчисти се ама на флеките повеќепати поминав, флеки од фломастер беа. Секако во исто време испушта вода и ја усисива назад. Типс унд трикс е само да го избегнуваш ќошот од софата ако имаш таков како дупка за да не навлезе вода измеѓу и дека измеѓу и затворено нели нема да се исуши. И точно да го користиш, стискаш на тоа кога усисивачот ти е ставен на софата веќе и цело време влечеш накај тебе. Значи стискаш, влечеш накај тебе, не стискаш, усисивачот го поставуваш пак и пак стискаш и влечеш накај тебе. Додека го враќаш од кај тебе накај почетната точка не стискаш дека во таа насока нема да влече вода. Ако не ме сфати изгледај прво едно видео на јутјуб односно скенирај го кодот на машината и ќе ти излезе видео. Според видеото немаш утка. Цела ноќ имавме парно пуштено и отворен прозор на кипер, скроз се исуши, неутрален мирис, не замириса сакам да кажам.
Фала ти за одговорот,ќе пишам како сум поминала. Фино ќе беше и во Македонија да можевме вака да изнајмиваме.
Тоа е добра идеја за мал бизнис во Македонија ама кај нас знаеш дека одма или дефект ќе биде машината или украдена. 200 евра капар нема никој да даде. А стварно е уау машината
Во мк за 2000 ден доваѓаат дома и ти ја чистат гарнитурата, теписи исто доваѓаат ги зимат ги перат потоа ти ги враќат чисти и миришливи. Нема потреба ти сам да чистиш. Зошто толку се замараш со колешката што е твое ќе си дојде. Ние за себе секогаш мислиме дека сме најдобри, најбрзи. Можеби па таа функција ќе ти биде многу стресна и нема да се пронајдеш. Понекогаш е подобро да незнаеш се , тие секогаш подобро поминуваат…
Не се нервирам за неа, туку за мене фактички. Она е дека немало кој друг. Јас не работам флексибилно дека имам две мали деца. Она нема деца и работи флексибилно. И целиот мој труд и посветеност пропаѓа заради тоа што не сум флексибилна и дека имам две мали деца. Не знам како да објаснам. И секако и јас ќе почнам од 1ви март ама неа ја избрале прва дека пак ќе кажам јас деца имам и не е дека деца имам па одма си аут туку подразбираат дека треба цело време да сум за децата. И на крај секако јас ќе го извлечам подобриот крај ама еве моментално, периодов, не можам да се помирам. Се знае дека на крајот сепак победува оној кој заслужува. И они знаат дека јас сум 100% ама пак ќе кажам две мали деца имам и за нив мене децата треба да ми се 100%. Сите мајки се по 80 саати максимум па дури и со поголеми деца, а јас 120 со две мали, и тоа за нив е уау, они не знаат дека во Македонија само фолцајт постои. Мислат дека мајката треба минимално да работи. Колку повеќе објаснувам толку по погрешно може да ме сфатите.
@gjoker4e како што разбрав бараат за таа функција (иако не знаеме ништо за работава) да бидеш флексибилен , треба да работиш и во смени. А ти не си флексибилна и одиш само прва смена . Затоа е избрана другата. Ти колку и да се трудиш сепак нив им треба за таа работа да се оди и во смени . А ти не можеш . Сепак си во фирма која е фамилијарно настроена. Каде ете мајките работат само прва смена. Тоа го нема секаде . Најчесто во многу фирми бараат покрај деца , да работиш и прва и втора смена . Па гледај како ќе се снајдеш со децата . Скоро и невозможно е . Кај вас има баланс да имаш и живот после работа , време за фамилијата , децата . Со Македонија не можеме да се споредуваме , овде има можност да се работи скратено време , да не глават децава во градинка , дневен престој цел ден . Ако сакаш да успееш да стасаш на повисока функција, треба децата да се самостојни , да си доаѓаат дома сами , да учат самостојно . Ама додека се мали не можеш .
Морген . Кај нас карневалот во селово е откажан . Почина една жена од организаторите . Млада мајка на 43 години . И сега се што се спремаше падна во вода . Костимите што ги спремав за машките , што треба да настапат . Малата гарда, тренираа цела година , некогаш по 3 часа во неделата . И сега денес ќе се собереме сите од организацијата, ќе им дадеме на сите што имаа танц , шанса да одиграат . И да оддадеме почит на починатата. Самата таа беше толку внесена во целото спремање . Беше голем ивент . Доаѓаа гости од Келн. Другата година ќе се одржи нов карневал , нови спремања .. Неделава има роденден во селово . 90 години ќе полни другарка на бабата . Ќе отидеме да честитаме . Се мислам што да и земам на бабата . Многу интересно е , во селово се знаат сите со генерации . Бабата и другарка и , оделе заедно во школо , нивните деца живеат овде , заедно во школо оделе , децата нивни исто заедно растеле , нашите деца се генерација со нивните деца . Заедно во клас се. Сите се еден за друг тука . Свекрва ми реши да се сели во друг град , подалеку од нас еден час . Бабата е разочарана , зашто сега и е потребна повеќе од секогаш . Па сега мм е тука да ја однесе во кревет навечер. Јас некогаш и носам јадење , благо . Децава и ги носам да ги види да им се радува . Жената е психички здрава , само неможе веќе да е движи сама . Нозете не и функционираат. 90 години наполни во ноември и и падна желбата за живот, сега пак има некоја надеж за понатака . Да се роди уште една правнука и после ќе може да не напушти . Мене главата ме боли од сабајле . Веќе втора недела од грипот. Ме уништи мислам дека .