Се е така како што кажа, само што откако ќе ја добијам таа функција ќе работам и јас флексибилно (за среќа и за жал), мм ќе ги чува децата навечер кога ќе сум втора смена. Ама јас тоа не го кажав на време, дека ќе работам флексибилно ама тек тогаш, до тогаш не. Ама како да има животот други планови за мене. Се надевам дека не, ама така ми изгледа, ама и да има сепак за добро е, ќе дознаам за брзо… Битно во теретана бев од сабајле. Инаку тоа флексибилно ќе е два дена неделно втора, не е до толку страшно.
@gjoker4e што те мотивира за таа функција ? Да плаќаш цена , фамилијата да не ја гледаш два дена во неделата ? Сепак втора смена се работи до покасно. Се враќап дома , деца заспани , гледаш само да легнеш . Да пропуштиш дел од денот додека си на работа , кога имаш можност да одиш само прва смена ?
Каде можам да купам каиш за деца? Ќерка ми е долга тенка, што да и земам од фармерка панталона или и е точно во струк ама кусо во нозе или точно во нозе а во струкче плива. И врзувам една моја врвка од пењуар на фармерките ама сакам каиш да и земам а не знам каде…
Јас последно од Ernstings Family земав за малата имаше баш слатки дезени и супер големини како за нив таман .
Епа ете баш така размислуваат и моите надредени. Ама не и јас. Да имав 40 мислам дека можеби така ќе размислував ама сега на 30 крвта ми врие и работата ми е досадна веќе, сакам стрес и одговорност, разноликост, да напредувам и да се развивам и лично и професионално, сакам секој ден на работа да имам предизвици, а не да ми е досадно. Сакам побрзо да се одвива се и мозокот да ми се наостри. Можеби некоја Водолија би можела да ме разбере.
Денеска времево преубаво, сончево.. сите прозори отворени.. Менувам постелнина во спална и слушам некој вреска надвор. А карши имам рекичка, паркче и од другата страна се згради. Ај паркчето е долго има клупи и често се собираат друштва си викам..деца…. Ама викањево не престанува, јазиво беше, и погледнав низ прозор, сите застануваа да видат што се дешава. Единствено видов двајца млади како трчаат/бегаат од таму каде идеше врескањето. Дур отидов до другата соба да му кажам на маж ми дека некој бара помош надвор, веќе дојде полиција. Сеа е полно полиција и амбуланта и една полициска кола цело време кружи овде околу, скоро сум сигурна дека овие двајца што трчаа имаат некоја поврзаност со настанов. Иако може да се било каде сеа, маж ми вика ќе ги најдат, оти има многу сведоци и камери наоколу. Мојата прва германска траума. Не знам што точно се случило, ама во уши ми се врисоците за помош од дечкото.
Вчера до нашиот град некој нападнал со нож и има еден мртов и нз колку повредени. Прво пишуваше во центарот на мојот град ама после пишаа до нашиот град. И тоа е исто толку блиску и таму и таму сме биле и шетале и не е сеедно. Напаѓачот имал темен тен и го фатиле после тоа некаде во градот. Друго не прочитав. И бебе мртво пронашле исто тука кај нас, значи некој го родил и фрлил.
Има и такви мислам. На пример Едека. Се дава само ако кажеш или ќе те праќаат. Ајс кафе некое. Ама ако бараш и не ти дадат е тогаш пријавуваш кај самата продавница ќе најдеш број на интернет.
Не е маркет, турски киоск е, се замеривме нешто со турците одамна и нешто ми се понашаат кога одам кај нив, епа сега нема ни да работат веќе. Кажете ми на кој број да се јавам.