Не бе човек, значи јас перфект зборам англиски. Со сите доктори сум во супер однос, дури и со оваа матичната. Значи сите ми зборат англиски. Јас имам проблем со секретарките, они или не знаат или намерно не сакаат да ми зборат англиски. И ми се понашат и не ме фермаат кога им зборам англиски. Со доктори убаво до сега се имам разбирано се, перфект. Едит: премногу бев фина со сите. Збор им немам кажано дури и кога ми пречеше нешто, само ќе се насмеев, ќе кажев добро и толку, се повлекував. Ама од сега нема така. Доста беше веќе. Они сите си го искористуваат тоа шо сум фина јас. Плус, не е прв пат ова од таа секретарка. И пред тоа ми вртеше очи ама преќутував оти сум во добар однос со докторката. Ама неможев да издржам денеска и пукнав веќе. Неможе една секретарка да си игра со животот на моето дете.
@Adidas888 секретарките и сестрите кај педијатрите се посебно занесени ко којзнае што да праат. Еднаш два пати и мене една ми чукаше со ногата не и се чекаше да го смирам син ми за да го измери, два пати и преќутев, третиот пат и кажав два три збора и од тогаш ме избегава кога и да одам друга сестра доаѓа да ги прегледа. И тоа оваа турчинка беше, младо едно стажант дали 20 години имаше и таа утре ќе работи со деца со нула трпение. Оди на итна. Ќе почекаш, ама ќе завршиш работа барем. Туку само што прочитав. Ги фатиле многу брзо тие двајца што го нападнаа дечкото кај мене во маало вчера. Сигурна сум дека беа тие двајца што трчаа, сите ги видоа. Сред бел ден, на улица му го барале мобилниот, откако одбил да им го дае, го испрскале со пепер спреј и му го зеле новчаникот. Полицијата ги фатила за кратко после тоа. 25 годишни алжирец и тунижанец. Уште да ги депортираат супер би било, што корист од нив. Среќа па немало ножеви, бодења и такви работи.
Ете, откако си дојдов, откако ја направив бабетината лом, одма се јавиле кај маж ми ( оти само неговиот број го имаат) , се извинувале, и рекле одма да ја носиме ќерка ми. Маж ми дојде и отиде, ја однесе ќерка ми. И земале крв, се, и чекале резултати сега. Ја правдале чумата, се извинувале. Само така треба со овие. Едит: се вратија мм и ќерка ми, ја боцкале да и земат крв и резултатите за 5 минути им ги дале . Аааа страв ги фати а? Ако ако. До сега ова никад го немаат напраено колку и да биле болни децата.
Маж ми многу среќен се врати, се смее сега, сите докторки и сестри шо биле таму, му се нацртале во соба и му се извинувале, а и оваа секретарката исто Ајде ќе и опростам овој пат а знам дека не треба. Али следниот пат ќе си го добијат.
Одете кај тој доктор што има моментално kinderbereitschaft dienst зависи до колку работат во местото кај што живеетe, или одете во kinder notaufnahme, објаснете што се случило и ќе ве прифатат сигурно. А докторката или ординацијата можете да ја пријавите во комората на лекари Ärztenkammer.
Дури сеа ти го прочитав мислењето, прееска бев нервозна. Е Да знаеш и мене ми се има десено во овој Кауфланд тука кај мене, кај шо работат повеќе турци, една турчинка да ми се испонаша само ради тоа шо и се обратив на англиски . Не знам шо им е филмот, се мислат дека се германци или? Мислат дека никој не ги приметува колку се ниски и црни? Не паметат кога дошле тука? Стварно не ми е јасно
Колку време си во Германија? Мене ми се случи исто со една турчинка, не можеше да разбере како тоа не зборувам германски. Тоа беше првата недела кога дојдовме, не знаев ништо буквално. Ама еве со тек на време, стигнав до B1, секаде веќе зборувам германски, ако не ми текне некој збор, ќе кажам на англиски, па ќе продолжам. Сакам да кажам, германците ценат ако се трудиш да научиш германски. Учителките во градинка и училиште, докторите, комшиите, сите германци што ги знам, никогаш се немаат насмеано кога грешам, баш напротив знаат да ми речат супер си научила
3ипол 4г сум тука. Немам услови за учење моментално, децата ми се дома и плус нервози стресови околу ќерка ми, трчкаме по болници, психолози, курци палци, неколку пати неделно. Се ми е насобрано, и вчера таа секретарката си го изеде.
Адидас праќај деца у градинка, не се зезај. После ќе имаш уште поголем проблем. Тие деца мораат да научат јазик, мораат да се вмешаат со други дец, колку порано толку подобро. После ќе ти тргне во училиште, ќе му се збере се на куп. Мислам ти си знаеш најарно каква ти е ситуацијата, ја само вака мое гледиште споделувам.
Не знаев дека има различни кашлици ама јас секако ни проспан ни мукосолван немам дадено. Сечам црвен кромид на пола. Колку што знам од инстаграм сируп за кашлица е за џабе, секако мора да се искашла, ама ако почне да спушта тогаш мукосолван и салбубронх ако веќе е скоро па спуштено или малку. Школово од инстаграм ми е ама до сега се покажа точно дека за кашлица не се дава никаков сируп за кашлица. Само не ме слушајте мене во никој случај. Јас така децава ги лечам без лекарства. На првото кашлање сечам црвен кромид на пола и сладолед им давам. Луфтирање дома и шетање надвор и да спијат колку што сакаат и колку сакаат додека се болни. @Adidas888 Колку деца имаш и колкави? Цело време мислев дека само едно дете имаш женско ама не знам колку години има.
Па еве чекаме за градинка. Од август. Синот треба на школо оваа година. Да ми кажете како оди процедурата за школо, кога почнуваат? Две иам џокерче, машко и женско.
Ама веќе е во градинка син ти или треба директно во школо? Дека се средуваат во градинка. Почнуваат отприлика втората или третата недела од септември кај нас ама ние не требаше ништо да правиме, посредуваат градинката и школото меѓусебно.
Дирекно во школо. Абе нема врска, секако иам помош сега, асистент иам, он ќе ги трчка тие работи, јас ќе си свиркам.
Ја овде само да прашам на брзинка. Малава активно ги учи и двата јазика. Мене ми е неверојатно дури. Вчера ми вика их веис, их веис. Е сега ја гледам дека го собрала од некое дете, ама не го употребува правилно. Повеќе треба да е их кан алеине на пример. И сега и викам мама ова е и их кан, а она ми враќа их веис . Смешки. Вака ли правеа и вашите? Ама ќе научи кога и да е. Јас се радувам многу оти почна да зборува и на германски и не се срами, им се убацува сегде. Моментално на лизгалките е главна . Мене газ ме боли од шетање низ паркови и ме нервира што паќ ќе залади неделава.
Прв пат сум на боледување. Сношти му кажав дека ми е многу лошо, температура, лошење, вртоглавици. Денеска утрово на доктор. Ми рече боледување до петок, но не ми даде ништо. Рече работодавецот требло да се јави во Krankenkassen. Како тоа не разбирам?
Се си е во ред. Пиши само на шефот e-mail до кога ќе си на боледување и на Personalabteilung, дијагноза не мораш да пишеш и они ќе го превземаат online. Се дигитализираа многу работи во Германија. Рецептите се само на картичка, боледувањата докторите ги испраќаат до здравствената каса и работодавците од таму можат да ги превземат. Побрзо оздравување.
@Adidas888 знам колку си лута и имаш право за се што си напишала. Не секретарката Германија ќе ја запалам ако треба ако некој си игра со здравјето на моето дете. Го пишувам ова да те прашам како е можно 4 години да живееш некаде и да не го знаеш нивниот јазик? Озбилно прашувам, не сум саркастична ниту иронична. Нели ти е мачно? Јас три недели бев во Германија со перфектен англиски и се чувстував како гнида буквално. Германците се нацисти и преголеми националисти и тоа е непобитен факт и затоа не се должни тие да знаат англиски за тебе и за таквите ко тебе и мене. Си го знаела ова пред да се преселиш таму нели, не е нешто што треба да те изненади и апсолутно немаш право да им се лутиш. Ова го зборувам генерално, а за конкретната ситуација имаш право, бидејќи кога станува збор за здравствена нега тука нема и не смее јазикот да е пречка за прегледот. Затоа што побрзо запиши интеграциски курс за да си олесниш во животот