Абе мислиш јас не сакам да го научам јазикот? Седев на телефон, на онлајн, научив по нешто ама неможам да седнам убаво да научам со две деца дома. Нонстоп се со мене. Малата ми е хиперактивна, изгледа аутизам има, неможеш да ја смириш само трча и се дере. Нозете ми се искинаа веќе од трчање по доктори и специјалисти за неа. Нервози, стресови. Моментално само сакам неа да ја оправам, германскиот ќе почека. И не ми е тешко шо не го знам, пошо скоро со сите зборам на англиски. Младите посебно, сите ме разбираат. Е старите се малку....
Иначе де кажете ми каков сируп да земам за малата, болна е, се откорна 3 дена од кашлање, грлото ја боли, шлајмови многу има и и пречат, неможе да диши. Се мачи цело време во кревет, само леже, нема јадено 2-3 дена. Матичната само капки за нос му дала вчера на маж ми, ништо друго....
Nikakov sirup, kapki, cistenje na nosot, setanje nadvor, .Za kaslicata caj od lovorov list, caj od jabolko i kromid, ili pak sitno seckan kromid izmesan so med ke pusti voda i od taa tecnost po edna mala lazica na sekoj saat.
Не треба да ја исправаш. Ти треба само на македонски да зборуваш, без разлика таа на кој јазик рекла нешто. Ти само македонски. Ниту една буква на германски не смееш да изустиш. Без зафрканција, мора така, за после да ги знае и двата јазика целосно точно. Самата ќе се корегира со тек на време. А не ти едно зборче научила и одма ја корегираш. Ќе те карам сега. Ти одговориле точно. Јави се на работа и кажи до кога си кранк. Боледување автоматски се праќа до фирмата, тие ќе средат тоа. Ти не треба ништо да правиш. Побрзо оздравување! Само тоа ќе те корегирам. Пишав и пример претходно. Ако отиде без јазик на доктор и разбере нешто погрешно и се случи нешто лошо? Опасно е, а тука здравјето се сфаќа сериозно. И затоа мора јазик на доктор. Мислам дека секретарката не знаела англиски и Адидас нервозна се има испонашано и во тој случај смеат да ја исфрлат од кај нив. Пациентите мора да ги почитуваат вработените. Секаде. И во маркет го почитуваш вработениот. И во банка. Имам слушнато и на телефон кога им се дере некој ги опоменуваат дека ако не зборува на нормално ниво имаат дозвола од педијатарот да му спуштат. Со нас ауслендери мислам дека најтешка работа имаат вработените кај матичен, па после тие кај педијатар. Кога одам на матичен цело време се расправаат со пациенти јака им душа. Де картичка немал некој и му викаат мора и пациентов одма вика ќе ве пријавам ова она мора без картичка да ме примите. Е што ако се претстави во име на друг човек? Значи кога нешто мора МОРА. Ако не ви е јасно зошто мора тогаш прашајте ЗОШТО и ќе ви објаснат.
Јас ни капки не давам. Свеж воздух и луфтирање дома. И да пробаш дали му одговора ладно или топло. Јас секогаш сладолед им давам. Инаку можеш ибупрофен пола доза за болката во грло. Проспан за кашлање. Мукосолван за искашлување. Hustenstiller за да не кашла не знам дали може без рецепт прашај. Капки за нос, спреј за нос. Парно никако. Облечете се поубаво еве јас смрзнав дома ама мора да е воздухот ладен и свеж за да не кашла. Црвен кромид на пола ноќе за да може да диши ако не може да диши убаво преку ноќ. Млеко млако со мед. Чај со мед.
Лажица мед, лажица маслиново масло и лажица цеден лимон. Мешаш да се раствори медот убаво и ќе дојде како сируп. Даваш колку сакаш на дете. Смирува кашлица ала минут. Пробај ништо не кошта. @Adidas888
Јас тука со доктор не можам да комуницирам на тукашен јазик, си зборам англиски. Не го знам јазикот на тоа ниво за да се чувствувам комотно да дискутирам здравствени проблеми. Ако докторот не знае англиски има должност да ти обезбеди преведувач. Мада досега никој не ми се испонашал, баш сите се пријатни. Ама кај вас е поинаку изгледа.
Кај нас мораш сам да си обезбедиш преведувач. И ние кога дојдовме во општина на компјутер преведуваа од македонски на германски ама на матичен не ме примаа без германски. Во градинка ја запишав без германски и на педијатар преведував од дома да кажам што и е. Секаде има различни правила и мора да се почитуваат бидејќи со причина се. После најдов матичен на кој не требаше преведувач на пример. Јас знаев колку толку ама стрес и паника не знаев ништо да изустам.
@gjoker4e Ви благодарам на двете. Веќе кажав уште сношти на претпоставените, денеска и на шефот и тоа шо ми го кажа докторот за боледувањето. Ми пиша се е во ред. Ви благодарам Докторот рече вирис, да одмарам, течности, ама ме нервира тука крв шо не проверуваат, барем мене до сега ништо.
Крвна слика прават , јас до сега сум правела крвна слика повеќе пати . Ама што ќе смени ако е обичен вирус или инфлуенца. Добар доктор знае без крвна слика да даде терапија . Мајка ми работи во амбулантата во Скопје. Медицински сестра е , вика кај нив пациентите сами бараат крвна слика , се лутат ако доктор на преглед не им даде антибиотик. Како антибиотикот ќе реши одма ситуација .
Исто е. Исто и јас. Со доктор и во институции кај што се користи понапреден германски ми е тешко. Со две деца го учам, го практикувам надвор, ама за да сфатам подобро, англискиот го користам да се избегнат недоразбирања. На педијатар вработените се од ваму од таму од сегде, има една српски збори, иако разбирам англиски ја викнаа неа да ми објасни околу една вакцина. Ним исто им беше битно да разберам, за ништо друго не ја викаа ниту претходно ниту потоа, ама ете конкретно за вакцината ја викнаа. На било која клиника, ако не се разберете на англиски одма на разглас се бара некој што би зборел на јазиците кои ги збориш. Во некои институции знаат да речат и да донесеш преведувач, ама секако и да немаш ќе се потрудат да најдат. Нивната работа е да те услужат, има и такви што знаат да се испонашаат иако конкретно поради јазикот лично сум немала никаков проблем, ама сум прочитала туѓи искуства. Јазикот секако ќе се подобри и усоврши со тек на време. Јас сум задоволна колку го научив со тие малку ресурси и време со кои располагам да го учам.
Јас од овие два земам некој кога кашлаат посилно и секогаш помогнале , посебно зелениот уште втората ден се приметува промена малку на кашлицата. И со физиолошки инхалирам два пати у дента ако ептен јако кашлаат.
Јас имам правено повеќе пати. И мм и малава пред првите вакцини па после се интегрирав откако сфатив во право дека се. И целосна крвна слика ни правеа кога дојдовме и најдовме матичен и срце со тие лепенките и нели дробови со дишење во нешто мислам беше и мокрача и такви за столица за дома што се даваат па ја носиш. Сакале да не испитаат дали сме стерилни за Немачка. И кај мене се многу топли Германците немој уште еднаш ладни да сте рекле. Изгледа накај север се се поладни како времето, надоле потопли.
Ко ќе се преселам ќе си пуштам по комбе унапред антибиотици и за деца и за мене. Спрејчиња, антибиотски и кортико креми буквално се. Не сум доктор али ... Да прескокнеме нервози драми. 40 температура 3 дена ќе има и во паркот ќе ми речи оди и солена вода прскај Нека прска солена вода на нејзините, јас оперил п ќе си носам од мк Многу фер.
Па може не знаат англиски, од кај би знаеле на пример. Јас ко одев на курс германски ниеден од тие турци мурци не знаеше англиски. Оди ли син ти во градинка? Ако не, мора да видиш во тоа школото кајшто ќе го праќаш, како што, кога имаат уписи, ќе го земат ли во прво или ќе има одложување. Кај мене уписите се на пролет, март, април најкасно.
Ама така помал имунитет ќе имаат децата и после ќе треба на секое да даваш антибиотик и кортико што и да е тоа. Со колку помалку лекарства ги лечиш, од толку помалку ќе имаат потреба во иднина. Како ќе отидеш на педијатар и ќе кажеш давам антибиотик донесен од Македонија? Или не кажеш и плус добиеш лек што не оди со тој антибиотик и си направиш беља? Кога треба антибиотик даваат антибиотик. Неколку пати ми имаат препишано, ги земам од аптека и не ги давам, и секогаш прашувам дали морам да го дадам лекот или може да почекам и они ми кажуваат дека може да почекам неколку дена ако се подобрува да не дадам, ако стане полошо или сеуште е исто да дадам. Мислам ти како сакаш ама докторите овде се страшно учени, не се со врски промени на работа, и од око знаат што ти е и што ти треба. Најлесно е да дадеш атб.
И кај мене Турците не знаат англиски. И се чудат што јас знам. Русинки што ги познавам исто не знаат англиски. А Германците знаат, иако за нив се вика нели дека не сакале англиски да зборат ама зборат.
Може имате погрешна претстава за тоа каков е германскиот систем. Некој што не живеел овде знае да каже како е овде . Деца ко деца се разболуваат. Настинка, грип . Шарлах, стомачен вирус , што и да има . За нас е страшно кога се децата залегнати и вријат од тт . Му треба на телото време да се избори . За стомачен вирус има во аптека да купиш што треба . Сируп за пролив, сируп за повраќање . Друго што би требало да се даде еве незнам ? Електролити можеш да купиш да даваш . За тт и вирус , настинки , ќе се добие сируп , чепчиња за симнување тт . За кашлање , сува , влажна кашлица со шлајм има сирупи. На лекар ќе ве прегледа и тоа е. Ако нема спуштено се препорачува свеж воздух, ако има спуштено даваат антибиотици. Го препишува лекар и инхалатор . Си го земаш од аптека , салбутамол дава исто . За шарлах ако детето е фит и ситуацијата се подобрува онда нема ништо освен сируп за тт, ако е во лоша состојба дава антибиотик. Незнам зошто се има таква претстава за лекарите овде . Јас не ни носам болно дете со стомачен на лекар . Го лечам дома. Никогаш до сега не дехидрирале. Следам состојба , ако има потреба ќе отидеме на преглед , има дежурен на пладне и за викенди. Нема потреба од итна. Нас не лечеле со антибиотици, мене мајка ми дома ме боцкаше кога бев болна . Со толкава игла во гз. Да ја осетам до коска иглата Ако планирате овде да живеете , дајте си шанса да се запознаете со системот . Научете јазик за полесно да се интегрирате. Сепак сте се одлучиле овде да го живеете животот . Не сте дојдени за печалба , како порано нашите . Кога ќе се научи јазик е веќе подруго .