Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    181.949
    Имам колешка од соседна држава-најјака ми е. Биле на скијање, си носела со себе тестови за вируси, црп, антибиотик, све. Крева дете температура, си тестира грип б, си се враќаат дома пошто ништо од скијањето. Уште не ми е јасно тоа црп тест како работи, инаку скоро се ми е јасно.
     
    На mal.ecka, fairy88, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Оперил имаш и тука. Се вика насевин.
    Кортико и ант не се дава секако без амин од доктор. Оти да труеш деци. Башка тука инхалација кога мора се прави или на клиника или за дома ти даваат инхалатор.
    И наместо со кортико и со адреналин се прави инхалација.
    Три дена температура 40 е нормална за вирус, што ќе му правиш со антибиотик?
    Сите ширупи ги имаш и овде и далеку поквалитетни се. Ама не ти дава нешто што е само маркетинг, да си трошиш пари за џабе.
    На санела рецептот со мед и кромид е супер. Малата и давам секој ден уште. Пошто кромид нели и за заби помага :D.
    Јас купив кога кашлаше еден со исландски лишај и мед. Ама не е да има некаков влијание врз кашлицата, туку за да и смири и навлажни малку грло.
    Чај со лимон и мед. Инхалација правев два пати на ден и надвор на ладно. Тоа е тоа, кромидот на пола и капки за нос. Тоа ставам.
    Ако не минува се оди на доктор и за 1 саат ќе те оправат.
    Воздухот овде е стварно благослов и шетање надвор чуда прави.

    @gjoker4e ја нели па се знам. Тоа така природно ми иде да ја оправам. А не треба стварно. Повеќе од доволно има дојч на ден во градинка.

    Од дете што не јадеше, не спиеше. Саат ипол спие во последните два дена и јаде ко дупната таму. Сега се надевам нема да смени ова. Да го е страв човек да се пофали нешто веќе.
    Одам да ја земам, не можам да си препознаам дете. Седната мирна додека ја облеката, слуша се.
    И го дава воспитувачката ав ав да си го земе. И оваа си вели ав ав. И они одма и кажуваат Хунд.
    И она повторува по нив.
    И таа едната што и беше бецугперсон, не и е веќе. Со таа другата што знае се најдобро, исто како мене нели, е ќеќе кај неа си оди :D:D.
    И така си велам во умот, не мо беше омилена ама сега ми е омилена, кога гледам колку многу ја сака малата. Трчи еј, трчи од врата. Ќе се раскисне може малку со нас и право во раце и трчи.
    И дома кога си иде, точно знам која воспитувачка дента ја има гушкано.
    Преска маж ми ми вика, Диана била на работа а, не Шајен? Велам да. Вика да на нејзиниот парфем мириса :D.

    Инаку маж на одмор три дена, ја се одморив:D. Он ем болен ем дете нон стоп му се лепи.
     
    На Gosh, SummerGirl, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    36.633
    Пол:
    Женски
    Маж ти сеуште кај тебе живее? :rofl: Или му го спакува куферот? :lol:

    Леле од кога сакам да ви кажам. Кога бевме болни од грипот и со моиве на камера и татко ми вика на секое разболување ни давале амоксиклав. Вика ниту парацетамол, ниту ибупрофен, ништо друго освен амоксиклав на секое.
    И јас си мислам покрај парацетамол и ибупрофен постои и таков исти сируп и дозворевме и пишувам на Гугл и гледам тоа е антибиотик. :o :o :o
    Потсвесно пробувам да верувам дека сепак не ни давале буквално за секое разболување амоксиклав ама па сигурно не ме лажат.

    Мислите дека на 7 години скоро 8 ќе соработува за поправање на заб. Прашувам дали со анестезија или како се поправа заб кај дете и ми рекоа можело и без анестезија. И сакав да прашам дали млечните заби не болат ама па сигурно боли нели?
    И ако не сака ни со анестезија ни без тогаш упат најверојатно каде што поправаат со целосна анестезија.

    Малиов за прв пат на забар на 3ипол години, не мајка. Малава на 2 години ја однесов прв пат и на 6 месеци ја носев до 4 години па дури сега пак, не мајка по втор пат.

    Децава значи како мене се на забар. Си седнаа еден по еден, насмеани, слушаат, хало на забарот, чао, радосни, мислиш којзнае кај сме биле. :inlove:
    Малиов дека мал значи пресмешен ми беше, храбар сам на стол и слуша што му зборат и така прави. :D
     
    На mal.ecka, Gosh, Ava.84 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.550
    Допаѓања:
    114.293
    Пол:
    Женски
    Ние така сме научени:D
    Или пример ќе ми дадат мене парацетамол. Пример ме боли нешто ќе ми речи напиј се парацетамол :D
    А јас кетонал пијам, слаба дрога ми е парацетамол.

    Не, не да давам јас на првата кашлица фала богу антибиотик, него ете ... Да ми го чува стравот де :D

    Имаше еден спреј со ментол беше од продавница го купивме не од аптека .... Солена вода и ментол. За мене го купив. Ама немаше избор тој беше и си викам ајде тоа е сега таков - таков ова за новороденчиња е мене ќе ме одзатнело нема шанса :D
    Ме одзатна мме:|
     
    На mal.ecka, felisitas, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    36.633
    Пол:
    Женски
    Ако соберам повеќе од 10 допаѓања на мислењево ќе се фарбам Копер или купер како и да се вика портокалова. :D
    Не станавте лајк ама ако мислите дека не треба да се фарбам, само ако мислите. :D

    Цело време ми е на премисла, штом не ми излегува од глава значи треба да се фарбам, ама гледам дека треба прво забите да ги белеам па тогаш портокалова коса, и сакам кога ќе се фарбам и прамени да додадам. Ама ако морам утредента кранк да пишам? :tmi:
    Не знам, голем ризик е, ама не ми излегува од глава. Еднаш се живее.
     
    На mal.ecka, Gosh, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    181.949
    Не.
    Другарка ми од плава се фарба сега копер, и ко друг човек е, ама не- плаво е плаво.
    Сдк- нема лајк :D
     
    На Ava.84, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    179.091
    Пол:
    Женски
    @fana земи си се ако ти се осеќаш посигурно. И јас си чувам по нешто, ама ништо не давам на своја рака.
    Ќе видиш по некое време како сама ќе научиш што во кој момент да направиш. И колку смирено ќе постапуваш.

    И јас на почеток многу се нервирав. Кога ќе се јавев на педијатар не ми даваа термин да ги слушнат на гради, ме прашуваа што симптоми имаат и според тоа ми даваа насоки по телефон што да правам. Живци кинев, ама во 100% од случаите излегоа во право.
    Јас трчав на итна од страв, дека таму секако мора да ги прегледаат. И истото ќе ми кажеа. Ништо нема, вирус е, трае толку и толку дена еве ти капки за нос, луфтирање и ако се осеќаат добро надвор на воздух.

    И температура кренаа. Ќерка ми цели 7 дена беше со тт, син ми почна да крева 3 дена после неа, пак трчав на итна. Пак ништо. Вирус е. Ми рекоа до 10 дена може да креваат тт. Стварно по 7 дена веќе не кренаа.
    По две недели пак болни, без тт спуштија на гради, си добија антибиотик двајцата. Лани цел Декември, цел Јануар до средина на Фебруари, секоја недела трчав на итна. :sweat:

    Еве ме оваа зима не се ни жалам веќе, а здрави се по два до три дена измеѓу.
    Сеа беа грипосани. Како кашлаа сочно, ама овој пат не трчав ич на итна. Дома луфтирам, супа со многу лимон, млака лимонада со мед, им прскам прополис во грло и спреј за нос и им мачкам евкалиптус на гради. Мојата педијатарка не дава инхалации мали биле за тоа. Уште кашлаат двајцата, ама веќе се добри. Носовите им се сега затнати, ама чим станува зелено веќе поминува. :D Минатата недела прескокна градинка, оваа недела почна регулар, ќе видиме што ново ќе не испозарази до крајов на неделава. 8) :D

    Ние се зезаме, ама тек ќе видиш колку само дишење чист воздух више од пола болест лечи. :)
     
    На mal.ecka, Gosh, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    8.710
    Пол:
    Женски
    Јас бев некоја нијанса портокалова пред да останам трудна, кога планирав дете си ја вратив мојата да не се фарбам во бременост. Ако се шминкаш редовно фарбај се, јас не се шминкам плус сега имам некој лузни околу очи па нема шанси да ја вратам инаку многу ми беше убава.

    Синко има два заба поправа и никој не спомна анестезија си седи мирен, па скоро му паднаа пломбите па повторно и на крај ми рече ако паднат пак ќе мора на киндерцанарцт. Другарот на синко не седи сам па мајка му легнува на столица и он врз неа го држи и така му прават, ама не со анестезија. Јас лично за еден заб не би се сложила за анестезија, ама и детето си седи не прави проблеми па незнам како е со дете што не соработува.
     
    На јolene, fana и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    1.426
    @gjoker4e Ако ти е кееф смени. Јас би ставила семи фарба пример на keune. Така ако сакаш да се вратиш на плаво лесно е. Иначе таа фарба што ја сакаш е бакрна не портокалова.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    36.633
    Пол:
    Женски
    1ee93ffc-30f4-4022-bbda-b0b90eeed018.jpeg
    Млечните заби не болат кога се поправаат? Немаат корен фактички, нерв?

    Вака сакам.
     
    На Miss666, Katie90, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    8.710
    Пол:
    Женски
    Болат, ама внимателни се докторите со деца, остави на докторот ќе види ако ја боли сам ќе ти предложи анестезија.
     
    На gjoker4e, јolene и SanelaS им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    40.783
    Пол:
    Женски
    Моиве одат кај нашиот забар. Ги знае од бебиња сите 3ца. Дека јас редовен пациент бев :$
    Големата немала проблеми со забите , здрава коска , здрави заби.
    Второто има некое генетско пореметување и има како бели флеки на забите . Не на сите ама на неколку . Он е многу осетлив на болка и кога требаше да се прават двете шестки , не прати на детска клиника со целосна анестезија .
    Да требаше он да ги прави забите , ќе требаше да се влечеме со денови . Синко добро помина , анестезијата добро ја поднесе .

    Сега со малово исто не праќа на детска клиника за забите . Крајните заби се со кариес , не многу ама треба на време да се среди. Иако се млечни .
    Затоа зависи од детето , колку има страв , колку треба да се прави забот или забите .

    И јас сакам да сменам боја на коса ама ќе треба редовно да се фарбам , а не сакам . Иако и свеки и золвата ми се фризерки , нивната услуга не ја користам . Незнам кога последен пат сум била кај золвата во салон да ме среди .
    Може години има.

    Свеки ме шиша ако и ставам нож под грло . Сама се фарбам .
     
    На fairy88, gjoker4e, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    5.974
    Moeto e 5 godini dosega dva popravase bez anestezija, poleka strplivo za nepolni 5 minuti se gotovi
     
    На gjoker4e, Chantal и јolene им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Џоки мори, само на швалерај мислиш. Мене два пати ми требаше да помислам оти да го пакувам, ко од петок навака нон стоп дете гледа.

    Два месеци еј. Два месеци им беше нон стоп во раце. Јас мислев на почетокот дека оти знаеа кога ќе отидам ја земаа, а во меѓувреме ја остваат негде да плаче. Па кои филмови си ги свртев во глава.
    И после со една мајка се сретнавме од другата група заедно ни почнаа деците. И ми вика, леле ова твоето е нон стоп кај воспитувачка во скут, кога и да дојдам :D.
    И така им ги научивме парфемите :D.

    @fana некна кога ја однесов во градинка и на воспитувачката и реков дека морам да одморам, да ја почнуваат, ако не бива да ми ја вратат.
    Трета недела од вирус беше. Ми се јавија нели да си ја земам и да остане дома. Ми рече тогаш воспитувачката дека дома трча скока ама сама е. Кога ќе сака ќе прилегаше и ќе одмори. Ама кашла не е за таму,.напорно и е.
    Се јавив на педијатар да кажам оти многу време е болна веќе. Ми рекоа дека според опис уште макс една недела ќе е така. Ако не се смири да ја носам. Прва година и е со вируси, очекувано е.
    Ми рекоа влажен воздух дома, ладен воздух, капки, чај. И пази, еве ја една недела од тогаш, супер е.
    Сега некој нов респираторен имало вонградинка, да сме си знаеле, аконпројави симптоми да носиме на лекар.
    Кога ја носев на итната со температура, првиот пат се вратив, оти сите деца изгледаа поболни од неа. Вториот пат не примија и ни кажаа грип, дај парацетамол или ибупрофен.
    И сите сме биле на почетокот така нестрпливи. Па кога ќе речеа термин за 2 месеци, со недоверба бевме.
    После ми викса и термин за 6м или за година, си ставам у календар потсетник и се појавувам за 6м. Терминот стои, на ред си.

    Остај ти што се жалиме ние. Си мрчиме само така од забава. Не ни е толку лошо.

    Леле јас матичен уште немам :D. И грип поминав и синуси и ант со поминат рок пиев за да лечам уринарна и уште не најдов и не најдов. Ант од мк, на маж ми му го дале корона кога имаше :rofl:.
     
    На mal.ecka, Gosh, Dancewere и 6 други им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.550
    Допаѓања:
    114.293
    Пол:
    Женски
    Манете болештиите :tmi:
    Дај кажете некоја немачка продавница за патики да разгледам на интернет.
    Нека донеси маШ нешто за велигден :wasntme:
     
  16. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    857
    Мене на секоја настинка ме лечеа со ракија :D оспен и амоксиклав. Одев нормално на школо никогаш не изостанував. :sweat:

    Малата кашлаше малку носот и течеше претходните две недели. Од денес повторно кива постојано и носот многу и тече. Не ја однесов на доктор претходните недели закажав за утре. Знам што ќе ми каже , но барем да бидам сигурна. А сигурно ќе чекаме многу. Сакав за друго да се консултирам со матичната добив друг термин за консултација после 2 месеци:x. Со две како ќе биде повеќе дома одколку во градинка.

    Не се фарбам а веќе почнуваат бели влакна се повеќе и повеќе. Ги кубам па потоа растат повторно на истото место.
    Портокалова коса не сакам. На некого може убаво му стои но не е мој стил.

    На заболекар ја носам на 6 месеци, иако јас сум со падната пломба може повеќе од 6 месеца.

    Фана и јас така кога дојдов ми праќаа апчиња секакви антибиотици како тука да нема . Пред некоја година правев чистка се беше со поминат рок.
    За малата ништо ако е за антибиотик ќе ми дадат.
     
    На Gosh, Biljarkata и Chantal им се допаѓа ова.
  17. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    1.426
    Zalando, about you, Deichmann, TK Maxx.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    8.061
    На тема забар не ми се збори,некое време детето ми се жалеше на болка во забот,ама покажуваше на долната вилица и после некое време видов дека горниот катник,меѓу два заба расипано.
    Па одевме на доктор,јас со поголем страв од него(до сега имам само 2 пломбирани заба и ме страв од пломбирање).
    Издржа детето машки,за среќа му ставија бела пломба.
    Ама, не помина недела и ете писмо од Јунгендамт за Киеферортхопеде.
    Викам не е можно ова,овие стварно претеруваат.Па барав термин и дури во Мај.Па им го однесов листот на оние на рецепција и му удриа потпис дека е бил(во праксата имаат се и киферортопеде) и утре да го праќам писмото да не замараат.

    Имавме гости од Македонија цела трупа и мислам се шекнав.Работа,дома да зготвам за 10 души,па да расчистиш по нив и после трети ден папсав.Ќе станев во 4 сабајле,а прво седнување 6 вечер,оти прво стапнување дома требаше за цела армија да готвам.Па,се пишав болна неколку дена за да издржам притисок:D
    Битно помина некако,па сега имам слободно и одмарам,ма ништо не ми се фаќа.

    Оваа година решивме со кола да одиме за Македонија за Велигден,картите многу беа скапи за авион.Искрено по би да идам некаде каде е топло на плажа,ама маж запна за Македонија да одиме.
    Се тешам дека после година и пол не планирам да одам за Македонија,па ќе издржам уште овој пат.
    Тогаш мене мора да ме слуша.
    Ми се оди за Дубаи или Египет...
     
    Последна измена: 25 февруари 2025 во 23:38
    На Herrera, SummerGirl, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Уживај сега. Човек после гости одмор треба да си земе :D. Ем се радуваш да ти дојде некој да се видиш, ем после па од многу љубов тортура трпиш.
    Колку сме само будали значи. Не тука, не знам кај да се иселиме пак исти ќе сме си. Само си велиме една на друга не треба така, а сите дома кога ни идат гости ко полудени сме.
    А па и гостите што ни се, значи колку треба да си без осет, некој и на работа и дете и да ти готви, принесува, разнесува. :x
    Ко ви велам дека сме ненормални и уживаме да малтретираме некој физички и психички. Ете.
    И сите ќе речеме е ама не е така, ама така е.
    Јас се жалев пред некое време, Јоана се жалеше, Санела и она.
    Кај повеќето е дефинитивно. Луда работа еј. Луда.
     
    На Miss666, fairy88, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    36.633
    Пол:
    Женски
    Збориме за години на работа и кажувам дека 31 имам и колега што има 21 се чуди и вика изгледаш многу млада како 25 да имаш. :inlove: И јас сега летам од радост што изгледам помлада. :D

    Туку вчера малава ми кажува дека имало некоја страшна вработена нова во градинка и викам како мислиш и вика страшно изгледала во лицето и викам тоа не значи дека е лоша и ми вика па да и ти си многу страшна ама си многу добра. Викам како страшна, вика па имаш сто кила пудра на лицето и од пудрата ти се познаваат сите точки и дупки и кога ме земаш се плашам да си ти или некој се маскирал во тебе и дошол да ме земе. :tmi: :rofl: :rofl: :rofl: Само се потсетив зошто никогаш не сум сакала деца. :rofl: Онака општо не сум дечарка.
     
    На fana, mal.ecka, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.