Сакав уште вчера да пишам од 10 души толку ниту еден да не може да зготви нешто. Па немора да биде кој знае што стави грав нека се вари, компир, ориз било што. и јас се радував на слободни денови но ништо болна лежев дома. @gjoker4e замени пудра со бб крема или тонирачка спф. Ако немаш некој проблем со лицето. Ќерка ти е закон.
Јас се жалев ама еве свеки дојде на посета и немам право збор да речам, готви жената секој ден. Јас секој ден во канцеларија откако се тука, да им оставам простор да се видат, кога и да се вратам ручек спремен. Ова откако се искаравме летоска, лани беше приказната поинаква
Епа лекот што бил . Следно утше на камера ќе се искарам и после ако дојдат, да им покажам кое каде е. Со свекрви следно во април може да се појавам. Сега многу сум зафатена. На мајка ќе и кажам ако не си направи план што ќе готви ич да не ни трга .
@Jolene баш си во право со пишаното. @Lavender13 и јас не би молчела,ако идат често и така прават. Знам дека сега дојдоа и кој знае кога пак ќе дојдат,па издржав да не правам немир. А, и имам причина зошто сум толку нервозна и цел свет ми е крив,ама не би да коментирам сега.Ако се среди се,ќе си ја кажам отпосле маката Јас стандард викнав дете на гости,да не му фали социјален живот на детето.Ќе правам тиганици за сите,дури и за комшијата.Мајка му е во Турција,а он со две леви раци и знам дека јаде само макарони. Јас се договорив утре од сабајле на кафе да излезам,можно е ништо за ручек да правам
На лице имам се што постои од шминка. Пудра и коректор, руменило и хајлајтер и се ама на децава повеќе сум им се свиѓала без шминка. Јас и симпатична сум без шминка ама нема шанси да излезам од дома без шминка. И во теретана нашминкана одам само малку поблага шминка ама битно се имам на лице. Бб крема или тонирачка спф или нијанса не знам да погодам или не се за мене едноставно како замачкани ми стојат. И цц крема имам еднаш пробано и катастрофа. Коректорот од мејбилајн бришел 10 години од лицето, на инстаграм видов и од тогаш го користам низ целото лице и ете можеби затоа изгледам помлада сега ми текна. Го мазни лицето стакло го прави.
Ах леле кој. Слика стави . Не се шминкам ама ако толку многу подмладува ќе почнам. Му викам на маж ми некна, абе на дејт бевме леле. На бранч, додека малата во градинка. И му викам да се исфрабам, да му личам помлада ми вика не, арна сум му била. После пак ќе сум чекала три години за да ми излезе фарбата.
Спојлер Онлајн и си пишува Instant anti age Effekt! Не сум знаела дека од дм или Müller го купувам. Имам повеќе броеви 00 и 10 на пример и ги ставам таму каде што треба според јутјуб. Ама моментално имам 6 наместо 00 и 2 наместо 10 ама сега купив пак 10. Нанесувам директно на лице и после тапкам со памуче топката прво на светлата нијанса па на темната. Од доле пудра Maybeline, не знам дали може директно само коректор треба да пробам.
Ја има во милион земји, оваа е германската https://eschuhe.de/?srsltid=AfmBOorCGHxIFAc5_bJZ63IEKvRaKR_jxhTfkYKaVVMKyL3K43PkpbUD Ооооогромен избор, за величината имаш таблица, кој број колку см е (пошто разни модели, разни величини) . Ова од вчера или којзнае кога останало Јас, скроз, фарбање уште еднаш-јок. Ама овие за маскирање младост од Џоки, може да се пробаат. Коректор не би, тоа е стварно многу тешко за кожа, ама гледам имало и foundation .
Леле колку сум тренди значи. Абе не ми треба инстаграм и компани, интуитивно сум ин . Уште пред некој месец купив еден коректор, да имам дома за некој повод. Оти ни пудра, ни бб ни ѓаволи. Се му помина рокот и не го отворив се уште, оти немало прилика. И го заборавив и гледам слика, оп истиот го имам дома . Спојлер: Коректор
Џоки ако не не подмладе нас тетките нема кој. Петти ден болна изгледа сум од корона немам вкус и мирис.Сила немам едвај до веце одам.Вчера бев поарна денес едвај се движам.Уво ме боли ненормално ,колена и цело тело ми се тресе ,движењето ми е ептен отежнато.Доброто е дека тт ми се намали.Прележал ли некој корона ова зимо ,вака ли му било?
Јас бев ваква пред месец скоро, инаку немам прележано корона можда е била и она. Се ме болеше буквално го возев син ми до школо и со бебињата спиевме 3 дена ниту тие можеа ниту јас. На момент ладно на момент топло горев. Ќе помине уште ден два. Туку Squid game забранета маска во школо ден пред карневал ни кажаа и скоро пола оделение имаат таква маска купено нас не кошташе околу 30€ . Сега ќе мора нова да барам денес ако најдам нешто. Ако не ќе го пратам по пижами нека оди спанко маскиран .
Не беше корона , тоест може беше ама не се тестирав. На лекар рекоа инфлуенца. Ама исто е . Немав мирис ни вкус . Тт имав , болки во телото . Само лежев
Не сум се и јас тестирала, ама оти немам мирис и вкус мислам дека е корона.Таа мојатаа докторка без да ме прегледа антибиотик ми даде, а јас па си пијам. Тежок вирус кој и да е нека иде у .
Овој е многу светол и за под очите е најмногу. Најсветлата нијанса. И јас исто болна бев демек грип, најтипично беше што имав Schüttelfrost. Немој на симпатијава да му изгледам премногу млада па не сака ништо со мене. 40 ќе полни наредна недела и само оправа колку стар бил.
Ќе се оправиш за неколку дена . Мора сите да не пројде вирусот Мене ме прегледа младиот доктор, да беше оној постариот сигурно ќе дадеше пеницилин Ако ти е носот затнат , синусите те болат пиј синупрет . Во секој случај помага многу.
Не ме болат синусите веќе ми поминаа ама ушето уште ме штрека.Тебе те болеше ли ушето?А кашлаше ли?Јас први ден ептен болки имав во гради.
@gjoker4e поздрав од купферрот/купферблонд - уша Јас природно сум џинџер, ама последниве неколку години многу почна да побелува косава, па морав да почнам да ја фарбам. Мене ми е многу убава таа боја за коса, ама некако после фарбање за многу брзо го губи сјајот и живоста самата боја. Или јас не знам фарба да погодам Се во се, тешко ми е да ја одржувам нон стоп во топ форма, така да, сега за сега и одлучив да паузирам за време на бременоста со фарбање, па може ќе свртам после тоа на нешто поодржливо. Ама јас не сум тип што се тинтра и негува баш баш, верувам дека ако ти си таков тип, можеш супер да ја одржуваш косата во таа боја. И ич не се шминкам, некогаш ќе кажам - од утре почнувам и после ден - два ќе заборавам. Вчера ми дојде така да се дотерам и да излезам со друшки, опнав и фустан и се нашминкав, тоа минимално скроз и со маж случајно се сретнавме на паркинг и ми вика - што си ми убава Многу теми сте поминале, јас паузирав од телефон две недели, самодисциплинска си воведов, пошто сум како зависник За здравството, имам кажано и ќе кажам - јас им верувам комплетно на лекарите тука. Ако некогаш добијам погрешна дијагноза/терапија ќе почнам да се сомневам. До тогаш немам право на тоа, бидејќи ништо не ми утнале, ни згрешиле. За јазикот видов дека сте зборувале. Додека живеев во Мк учев сама од сајтот на Дојче Веле на македонски. И многу научив од таму и кога дојдов овде и бев на тестирање ми рекоа дека нивото ми е Б1, ама ок е да го поминам уште еднаш курсот Б1 за подобро разговорно ниво. И тоа се научив од тој курс на страната на Дојче Веле. Не знам дали постои уште тоа, ама топла препорака за сите што сакаат да учат, бесплатно е и мене ми беа многу забавни приказните. Мене инаку германскиот ми е презабавен јазик, посебно па кованиците и многу сакам да го учам. Маж ми е типичен мрчатор и ми вика дека сум Бог да чува @јolene кога си пишала за малата како паралелно ги совладува двата јазика и нормално се гордее со тоа, ми текна на случка со моево. Бевме во парк и едно девојченце си седеше во куќа на дрво и моево нормално дека мораше да се испентари и да седне до неа и мајкава ја прашува на германски - дали е ок, дали се чувствува добро (демек што се тупна моево), а моево па да покаже дека разбира, цел горд на себе, он и одговара. Ја, ја, демек него супер му е А сега веќе и јас учам од него зборчиња Ние конечно оздравевме сите и сме фит Што ми требаше да му покажам на малово дека за роденденот за тортата ќе нарачам Трансформери како деко, сега ми вика дека нема да оди во градинка и ќе ги чека. А мајкава од Али Експресс ќе ги нарачува, ќе се изначека детево И свекор и свекрва ќе доаѓаат за роденденот. Тие да ми се живи и здрави, откако се пуштија со летањето, 5 пати во годината ни доаѓаат. Ама седат по 4-5 дена, пеглаат се живо што ќе најдат и готват. Не дека немам замерки, ама не се толку лоши. Или дека уште не се дојдени.. Инаку треба да одам да ги земам и вратам од аеродром, маж ќе биде на работа. Уште сега ми се превртува во стомак како ќе биде по автопат, ич не сум фан на возење
Немав болки во ушите . Ама тоа е се поврзано заедно , нос , уши , синуси . Не кашлав многу , немав болки во градите . Пиев сируп за кашлање инаку . Да се разреди шлајмот Инаку дојдов од работа и ете ме дремам . Да си дојдам при себе . Вчера од една работа на друга . Денес ќе одморам утре пак исти ден ко вчера
Зошто ти е таков симпатија побогу . Ај да беше муж па да го трпиш, ама симпатија за мрчење ноу ноу Од чудни симптоми- мене еден ден јазикот ми беше како трње да сум јадела. Тоа другото носеви, синуси, кашлање, шлајми, се во рамки на стандардот @Ava.84 . Уште си имам шлаеми додуша, ама денес храбро-без капа надвор. 7 степени.
И покрај се , тт , грозница итн не пропуштав момент да пијам кафе со цигара. Ништо не ми можеше грипот. Не се давав така лесно . Прееска на работа ми стига известување од камерата , некој се движи кај гаражата . Свеки Најверојатно деменција има . Знае дека нема никој дома и тогаш доаѓа Оставила ќесе со грицки , покрај мојата полна пепељара Ќе ме збори после дека немам време да ја исчистам