Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Друшке, еден месец откако се разболевме јас уште шлајм од нос вадам и на грло зборам. Ама кај мене и синусите се воспалија, па додека се освести што ми е, си пострадав.
    Денес жолти мрсоли имав :drunk:. Не ни знаев дека и жолто може да се исфарба секретот. Лудница од вирус.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    181.949
    Лелеее, ти не знаеш дека и зелени може да бидат :wasntme:. Жолто е посериозно воспаление веќе, ако потрае оди да те види доктор.
     
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    8.061
    @Ava.84 има шанса од вирусно на крај и бактериско да закачиш,ако си долго болна.
    Инаку има тестови во ДМ по 1,40ру за инфлуенца и корона,чисто да си знаеш дали имаш нешто.
    Јас фатив инфлуенца(фатив од пациент,знам и кој беше) во декември,цела недела од кревет не станав,цело време 40 тт.Да знаев дека имало и тест за инфлуенца ќе си купев,чисто да се тестирам.
    Screenshot_20250227_200600_Chrome.jpg
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира да прашам како е општо животот во странство?
    Бидејќи темава е за Германија конкретно ме интересира дали странство е подобро од нашето?
    Или тоа е заблуда?
    Имам и јас желба да одам во странство, со што се тешам дека може да ми биде поубаво. Но, кога ќе размислиш и ќе видиш дека секаде има секакви. Па ме интересираше од тој агол како е во странство. Се надевам ме разбирате што сакам да прашам. Благодарам.
     
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Чекај сега бе Билко, не ми кревај паники :D.

    Јас имав сите можни нијасни на зелено и таму кај темно темно зелено, скапана трева боја, и болки страшни на лицето, затнати уши, укапирав дека се синуси конечно.
    Па пиев синупрет и одма се пушти секретот. Се намали притисокот и тргна на подобро. Еве веќе од понеделник сум без таблета за болки, од вторник без синупрет и се живее.
    Сега мора цел секрет од синусите за се извади, ама жолто жолто лимон никогаш не сум видела.
    Среќа не кашлам и не спуштив на гради. Да сфатив порано дека се синуси, веројатно и пред три недели ќе бев оздравена.
    Матичен немам, шо ќе ми е. Сама си дијагностирам, сама се лечам:tmi:.
     
    На Ava.84, fairy88 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.297
    Допаѓања:
    181.949
    Ааа па добро тогаш, си се излечила(highfive)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    8.061
    @Dashing:) не може на тоа прашање никој паушално да ти одговори.Зависи од многу фактори.

    Некои бегаат заради финансиска сигурност,реално Германија е доста социјална држава(работил,не работил имаш за нормален живот)-други заради системот.
    Зависи и што очекуваш ако дојдеш тука.
    Ние избегавме искрено оти на времето не заработувавме добро во Македонија(финансиска сигурност), на второ место беше системот.

    Е,сега мислам со ова искуство што го имам собрано тука и во Македонија би имала убав живот,ама се навикнав тука и нема шанса да се вратам.Две недели во Македонија ми се повеќе од доволно.
    Финансиски гледано во последно време Германија повеќе се исплаќа,ако не работиш.Оти се е поскапено и тоа многу.Платите одат нагоре,ама не со исто темпо како што се качува стандардот.

    Треба да дојдеш и сама да си формираш мислење и да видиш дали Германија ќе ти одговара.
    За мене е средина,секогаш може подобро,ама е далеку од лошо.
    Ама и оваа моја средина за некој е можеби мизерија,за некој луксуз:D

    Е,сега и во Македонија се сменети многу работите.Имам колешки што викаат за мене Германија е во Македонија.Земаат преку 1000еу,партнерите нивни исто.
    Што вика ако избегам може само заради системот да избегам ,само не се исплаќа оти треба пак од ново да почнат.Па ќирии,па деца да спроведат во школо,па сам си немаш помош.А,доле нема ќирии,имаш колку толку помош од фамилијата,ако ти треба некој да ти прифати дете,не им треба дополнителен стрес.
     
    На Dust, SummerGirl, Herrera и 3 други им се допаѓа ова.
  8. **hippyyy

    **hippyyy Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Женски хелооо
    Шо точно даваат кога полагаш а1?
    Пример тестови има некаде кај да видам?
     
  9. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    11.677
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски :inlove:

    Да се вклучам и јас малку во темиве. Редовно ве следам ама многу сум мрза за пишување, па оставам секогаш за друг пат. :rofl:

    Прво за прашањето на @Dashing:) , не верувам дека некој може да ти даде вистински одговор. Се зависи од тоа каков живот имаш сега во Македонија, зошто би се преселила и што очекуваш од странство.
    Дека ќе биде идеално, верувај нема.
    Многу често Германија ја претставуваат како место како можеш да направиш многу пари. Кој колку заработува, каква кола има итн. А трошоците никој не ги пресметува.
    Има за убав живот, тоа е така. За основни трошоци, облека, патување.
    Ама, ако очекувате многу пари и луксузи, и не е баш така.
    Јас лично се преселив заради подобра работа. Заминав веднаш после факултет, па не знам во МК колку тешко/лесно се наоѓа работа. Дека овде работата тебе/вас ве чека и ќе биде многу лесно, зборувам за работа по струка, и тоа не е баш така.
    Од друга јас сум презадоволна од системот.
    За здравство, да, можеби се чека за термини, и ние имаме термини од сега во Мај, ама затоа што не е итно, да беше итно не верувам дека некој ќе те остави така.
    Во КВР трае долго, ама знаеш од почеток колку време трае да можеш да си испланираш, и не ти требаат врски да завршиш.:D
    Друго се сум завршила онлајн без проблем, што мене ми одговара премногу.
    Како што кажав не може никој да ти каже дали е подобро или не, ама еве неколку работи кои можеби ќе ти помогнат да формираш некакво мислење.

    Да се навратам на темата за шминки, јас многу се чудев како некои доаѓаат бо теретана со шминка. Јас како некое плашило, кога ќе се изморам и зацрвенеам па, да избега човек од мене. А и онака не се шминкам, имам чувство како никаква пудра да не ми одговара, дури ни ББ. Неколку месеци го одмарам лицето, бидејќи бев цела исфрлена со акни, а бидејќи го допирам цело време исти ми беа дури и воспалени. Не ставам дури ни за работа, одвреме-навреме само, и тоа во последно време ББ. Ама сепак после тоа забележувам дека пак се формираат акни. Така да, ќе си шетам ваква цел живот изгледа.

    За курсеви, до Б2 учев на курс до професор со присуство. Тоа уште пред да дојдам до Германија. Сега Ц1 уплатив кај deinsprachcoach, некој веќе ја спомна. Искрено не знам колку се исплаќа. Океј е, од граматика има се, па дури и доста вокабулар. Ама некако ми е на суво. Ми фалат текстови, прашања, слушање. Па сега си купив книга и еве сама си учам, и плус ќе комбинирам информации од курсот. Си поставив за цел да го положам и испитот годинава.

    Освен тоа, втора цел да се вратам на трчањето и теретана, имам неколку кг за симнување. Другите две се повеќе желби, не зависат само од мене.

    Ве поздравувам, убав викенд на сите. :l:
     
    На Dust, јolene, DeineMameha и 4 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    36.633
    Пол:
    Женски
    Сликата во Македонија: облека најскапи марки, најскапа кола, куќа во Македонија, фарбана.
    Реалноста: облеката порачана на огромен попуст на заландо ланец или на старо подарена, мажот рата кредит за колата на крај ни за јадење не останува, жената рата кредит за куќата, се фарбана кога слегла од авион во мк во првата фризерница.
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Само ако проба некој ќе знае дали е за него Германија. Ако се информираш од наши, ќе згрешиш, бидејќи којзнае што ќе тужи доловат.

    На фемина, би рекла да веруваш, не лажеме ние тука.

    За мене е Германија :l:!

    Најчесто македонскиот народ се жртвува себеси во Германија за да се покаже во Македонија колку е се уау. Е тоа е за жал најголемата грешка на повеќето наши. Живеат само за да се покажат на Македонците. А тука се дават во долгови и немаат ни доволно за јадење.

    Ако не сакаш да се покажеш во Македонија колку многу имаш, тогаш ќе имаш доволно за се. Ама да купиш скапа кола само да речат во мк леле овој колку е богат е богами ќе се мачиш.

    Зошто живеете за другите?

    Ете па барем сфатив сега зошто мене сите ме жалат. :D Јас ниту се фалам ниту облека со марката на нив носам, најчесто нефарбана одам од што сум немала време претходно ама се фарбам кога ќе се вратиме тука, пак не се фарбам во мк.
     
    На Dust, SummerGirl, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  11. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    5.974
    Nekoi predlog strani od koi mozam direktno da pratam podarok za novorodence so poraka
     
  12. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    1.426
    Што сакаш да купиш ? C&A, Amazon, H&M ... само ја ставаш адресата каде што сакаш да се достави. Etsy имаат супер избор на персонализирани поклони.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    5.638
    Пол:
    Машки
    Едно прашање до сите Македонки што живеат подолго (значи не тие вчера шро отишле) во Германија:
    Дали ве мава носталгија за Македонија?
     
    На MacenceEna и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. DeineMameha

    DeineMameha Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Се надевам ќе пишувам и јас почесто од кога веќе ја најдов темава.

    @Dashing:) јас не сум многу досега тука со години, ама до сега мене ми е океј.
    Јас од Мк си заминав заради ништо што не функционира. Ти учиш се мачиш и гледаш кои се вработува.
    Мене ми беше битна кариерата и да напредувам.
    Тука дојдов со јазик по струка и не е така лесно да се најди како што мислев на почеток.

    За здраство немам многу искуство. Но знам вака од други искуства дека во болници се задоволни. Барем за боледување тука мене сега одма ми дадоја, мислам дека даваат лесно.

    Јас живеам сама, е тука ми е поскап станот, сметки како фамилија, ама можам да си дозволам се да платам, да шетам, да купам тоа шо ми треба и пак да имам.

    Зависи шо бараш, за шо сакаш да се селиш, ама мене некој да ме праша не би се вратила назад.
     
    На SummerGirl и Ambitious им се допаѓа ова.
  15. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се битни тие работи што ги пишувате вие. Во ред е, знам дека сите мораме да живееме од нешто, но мене ми е доволно за живот само.
    Мене ме интересира од други причини како е во странство.
    Какви се луѓето таму, каква е дружбата. Тие работи. Мислам дека не прашав лошо иако реков дека секаде може да има секакви. Но, ме интересираше општото мислење.
    Дали се подобри таму? Или е тоа заблуда дека е поубаво во странство?
    Јас мислам на сите дека ни е јасно дека Македонија е сиромашна земја во било која споредба со други земји.
    И во странство нормално е повеќе да се заработува. Дури и таму каде што учам го објаснуваат тоа. Но, како што реков веќе мене тоа не ми е битно.
    Друго прашувам. Секако ако не ви е тешко да ми одговорите.
     
  16. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    34.092
    Пол:
    Женски
    За многу дружба не се надевај тука, секој си брка своја работа и нема многу слободно време за трошење на други. Многу ретко се слчува тоа да има некој време по цел ден за дружба. ....
    Едноставно дојди види како е па ќе ни кажеш...
    Ја ова со дружбата го зборам од искуство своите блиски што се на 5км не се дојдени кај нас веќе 4 месец." Немаат време" подизговор. А ние имаме секогаш и добро е се кога треба да одиме ние таму.


    За маската синко секако прво таа сабајле ја облече за на слика само. И отиде во онаа вчера што на брзање ја земавме.
    Сака некој купон од Woolworth? 30% попуст на се?
    Screenshot_20250228_120108_Gallery.jpg
    го покажувате само на каса.
    Тука дојдовме од зор и мака што не натера. Немавме каде па овде беше решението дека ќе бидеме сега за сега. Воопшто не се замарам за маркирана гардероба ја имам не дека не неколку парчиња и тоа баш доста скапи ги чувам како очите во глава и ги носам во посебни пригоди. Но повеќе преферирам купување на попуст и често носам парчиња на такко или кик седно ми е што другите ќе кажат за мене . Ниту се докажувам ниту ништо кога немавме кола и одевме за мк сите не гледаа како така без кола дошле сега кога одевме пак сите не гледаа леле овие со 3 деца а немаат ништо свое . Од овие деца нема ништо повредно на светот материјалните работи не се најбитни во животот.
     
    Последна измена: 28 февруари 2025 во 12:03
    На Dust, SummerGirl и fairy88 им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Страшно е. Стварно многу е лошо.
    Никаква дружба, каква дружба кога патуваме по 1 саат на работа, додека се вратиш дома не фаќа 19ч. Кај се децата додека ги стимариме.
    Во сабота исто се работи, недела цел ден чисти, готви, пери.
    Која дружба кои бакрачи.
    Седи си во Мк, не е убаво тука. Ние од срам да не не зборат не се враќаме.
    Плус нели читаш, не е безбедно тука веќе, има опасност да дојде афд на власт во септември и ќе не депортираат сите.
     
    На LiquidLuna, Dust, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    11.677
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e Генерално си во право, ама тоа со облеката и колите не мора да значи дека го прават за другите.
    Ние лично купивме многу скапа кола, и сугурно во очите на другите сакаме само да се покажеме. Ама ете, на мм тоа му прави мерак. И во Македонија си возеше таква, ја продаде кога се преселивме, па сега само доста понов модел земавме.
    Кога ќе размислам и за брендираната облека е исто, на некој можеби ете тоа го исполнува.
    Иако пак ќе кажам, ти ја сфаќам поентата и секако не треба да се прави тоа по секоја цена, тогаш веќе се прави за другите.

    @Dashing:) јас мислам дека доколку си личност што сака да се дружи секако дека ќе најдеш друштво. Со германците мислам дека е малку потешко да кликнеш бидејќи сме растени многу ама мноооооогу различно. А тоа дека се подобри како личности, па не би рекла. Тоа дека секој си го гледам животот, не оговара и не се меша во ништо, мислам дека е мит.
    Од друга страна мислам дека јужноамериканци и Шпанци се баш наш тип на луѓе, па мислам со нив секако би се спријателила.
    Немам конкретен одговор за луѓето, има баш секаков народ овде.


    До колку години се смета од вчера што отишле? :D
     
    На Dust, Yowannty, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    5.638
    Пол:
    Машки
    Па да е барем минимум 5 години таму.

    Ме интересира дали ве фаќа носталгија да дојдете, да се брцнете во Охридското Море, да јадете и да ја трошите германската плата во македонските ресторани, да шетнете во Скопје и Охрид како во старите добри денови и тн. :nod:
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    15.514
    Еве јас сум скоро седум години тука. Не знам дали се квалификувам за одговор според твоите критериуми ама ајде да си кажам. И повеќе од нормално е да те фаќа носталгија за земјата кадешто си се родил, пораснал, школувал и најважно од се', кадешто живее твојата фамилија. Татковина не може да ти биде туѓа земја, имаш една и единствена, исто како што можеш да имаш само една мајка. Simple as that. Ама татковина и држава (со се' систем, политики и слични сра*а) се сосема различни поими. Е за тоа единствено не ме фаќа носталгија, туку и ми помага да ми помине носталгијата по останатото наведено горе. Посебно кога ќе прочитам овакви наслови, сум среќна што моето дете не расте дишејќи воздух во Македонија.

    Screenshot_20250228_120926_Facebook.jpg
     
    На fairy88, Ambitious и TutiFuti им се допаѓа ова.