Јас со свекрва сега треба да одам да пазарувам. Она во кола да ме чека, јас да влезам внатре со листата и да им купувам. Па ќе видам какво ќе биде стањето... ПРв пат гледам ова, дека затворено би било. Едит: Фејк е веста, сега читав весници. Нема такво нешто.
Јас најдов тоалет конечно во Дм . Значи ја не знам како не ги е срам поединци убаво пишува по 2 артикли од човек тие упорно земаат по 4/5 и на каса се караат со вработените. Во реве донеле брашно но квасец и зејтин ни за лек нема во неколку маркети околу мене. Живи срамови на каса по 3 пакета брашно од по 10броја носат и се караат на каса им требало е што живо ли ќе го јадат . Касиерките колку што разбрав им дозволуваат едно пакување односно по 10кг брашно да земат. Јас земав само 6 бидејќи ич немам дома а што ќе ми е кога немам квасец. Точно се распрашав по маркетите кажаа дека е лага . Фала ви на одговорите.
Јас бев во реве, едека, дм и нето. Никаде нема тоалетна и квасец( И се останато). Страшно. Повеќе дезинфекционо потрошив одејќи од дуќан до дуќан одколку што најдов што требаше на свекрва ми. Сите со деца на колички во супермаркетите беа. Да не цепидлачам ама тие што беа пред мене не ни ишприцаа да ги дезинфицираат. Двајца родители и две деца. Петка. Мислиш на шетња на воздух одат.
И јас по потрага по тоалетна Со памперси барем се снабдив. Туку ваму кај мене, Заксен, во местенцево, пишуваше дека училиштата нема да работат, само градинките. Малку чудно ми беше. Се јави мм во нашава и му рекоја денес ќе работат, за утре ќе видат. И сега ми се јавува, му се јавиле од градинка да си го земиме детето, само итно згрижување правеле. Па нели можеа тоа сабајле да го кажат. Ова е градинка за медицински персонал, па дека јас седам дома тогаш да не оди таа. Да си кажам само. Како ќе ме биди сама дома со двете нз
Јас сега излегов од Дм и се имаше, дури и влажните марамици што ги купувам ги имаше, претходниот пат немаше. Трговскиот двајца без тројца. Вработените за чистење дезинфицираат. Нема ли попрво од мирисот на дезинфекција да изгинеме?
Ситуацијава само ми потврдува колку тешки дегенерици се германциве!!! Бројката на заболени вртоглаво расте од час во час, тие се толку ноншалантни, помирени со изјавата на канцеларката "секако ни кажаа на Тв дека над 70% ќе не фати вирусов (крева рамења)" Кај мене во установата на работа, има жена која се пријави во четвртокот позитивна, но веста ни беше споделена дека истата наводно "не доаѓала на работа веќе 2 недели" такашто без грижи!!! А што со јавниот превоз, каде седиме и се буткаме еден до друг, 2 часа дневно, на седишта врз кои ноќе уринираат пијаници, се држиме за рачки кои никогаш не биле дезинфицирани?! Па тие се всушност жариштата за распространување на болести. Ужас
Mene ne mi se jasni site po ezera na kafe, po parkovi isto, po ulica slusam guzvi nikogo muva ne gi lazi a brojkite vrtoglavo rastat od cas na cas.I osven odredeni merki nisto nema samo si gi brojat zarazenite.Neznam do kaj ke odi rabotava, neznam ni sto da mislam...
Кај нас деца пред зграда колку сакаш, маркети фул со старци и деца нормално..јас од што морав излегував да докупам инаку во тие лидл и алди што идам ок беше со снабденоста освен брашно квасец и зејтин ама во тие др што влегов дури жални се за гледање празни полици само. И не се криви Германците туку ние Балканците сме народ без осет.
Од Германциве тука кај нас старите се нетокму. Дали се глуви, дали нема кој да ги информира, дали не им работи мозокот не знам...
Кога ќе кажат нешто за ние што не можеме да работиме сега? Ќе ни платат? Кој треба да не ослободи од работа? Сама треба да се ослободам? Потврда некоја од негде нешто? Јас сум единствена на работа со дете на цело работно време. Другите се на 15, 20, 25 или 30 часа. И сега што сум ја крива што сум фолцајт и се појави корона вирусот и се затворија градинките.
Самите фирми испратија мејлови да се пријават вработените кои ќе чуваат деца дома и самата фирма дава алтернативи. Кај мм беа три: 1) неплатен одмор 2) платен одмор 3) хом офис ворк Исто од градот стаса известување дека пари за градинка за месец Април нема да ни земат. И онака беше само една недела во Март по еден саат и плативме 290 еур ниту јадеше, ниту спиеше, ниту фала богу ја чуваа без мене. Јас продолжив неплатено породилно и онака прилагодувањето во градинка е еден месец од кога ќе се смири ситуацијата.
Кај мене ни од работа ни од градинка ништо. Еве утре нема да одам на работа на пример до 16ти април, зарем се ќе е неплатено, еден месец? Ако нема заштеда некој, ќе земаме кредит во април за сметки? Треба некој да исплати барем нешто. Не е наша вина. Не е ни на државата ама ако не добиеме плата не можеме да платиме кирија и сметки. Којзнае дали ќе се плаќа градинката за пола април и пола март... Многу прашања без одговор.
Квасец од амазон си нарачав. Кој ги врти овие од супермаркетиве. Нема секој ден по 4 да ги минам и пак со празни раце
Кај мене нема ни Германци, ни Балканци, ни Италијани. Сите се исти. Деца на игралиште вчера 28, на купче собрани. Во супермаркет не сум била од четвртокот, влегов на трчање, дете оставив пред продавница. Изгледа ние што сме на форумов нешто сме фалични, остатокот од светот функционира нормално дури може.