Маж ми отсекогаш беше тој што повеќе навиваше за останување во Мк и годинава кога бевме за прв пат ми кажа дека во Мк се осеќа многу небезбедно. Небезбедно во поглед дека секој и секаде може да те изигра, не можеш да му веруваш на здравството, на судството, на полицијата, во сообраќај итн. Се замислив и навистина и јас така се осеќам, иако никогаш не ми поминало тоа така низ глава така да го дефинирам. За безбедност со ситуацијата со мигрантите, не знам што да кажам, верувам дека во последно време секој се осеќа небезбедно, ама ете јас верувам во системот и верувам дека се работи на проблемите и дека ќе се решат. Зошто се иселив од Мк? Поради гнилиот систем и загадениот воздух! Зошто маж ми се исели од Мк? Поради мене и за да вози добра кола, бидејќи колите му се преголема љубов, да може да си дозволи скапи електронски уреди и да не го калкулира секој денар! После 7 год желбите и на двајцата ни се исполнети. Факт е дека системот и овде не е како што беше, се осеќа за разлика од порано многу поголема неефикасност и грешки и лично мене тоа многу ме нервира, ама што можам. Исто така како поминуваат годините, ми недостига онаа поддршка од кругот на блиски околу тебе во Мк, ама нема се идеално во животот. Верувам дека цел живот ќе се осеќам како гост дома, после толку години, а како странец тука и ќе бидам измеѓу, ама моментот дека моето дете ќе има подобра иднина, прави да заборавам на се. Имавме ситуација во Мк пред многу години каде што ни покажа колата некаков дефект и додека бевме таму бевме неколку дена без возило. Сите, ама баш сите роднини и пријатели ни се јавија да ни го понудат своето возило. Нешто што тука е реално незамисливо. Е сега ситуацијата е малку траги комична од причина што ти го топли срцето таа блискост и поддршка, а од друга страна е незаконски, затоа што никој без полномошно не смее да вози туѓо возило, а никој не го спомна тоа. Сума сумарум - во Мк секој еден е над законот и секој еден има некој што ќе му скине казна. Ако и очекувањата овде некому му се исти, тогаш никогаш нема да се интегрира во овој систем и ќе плука засекогаш. Т.е. ќе живее овде цела година за тие две недели во лето во Мк да ги пројде во кафани за комшиите да му завидуваат. За дружба, тоа многу што го зборат како фалинка, најверојатно зависи од човекот. Веќе после толку време сите имаме круг на луѓе, ама обврските тука се поразлични и во главно повеќето сме сами со деца и нема кој да го причува и не се едноставни тие собиранки чести. Ние најчесто сме туто комплето со дете и искрено мене така и најубаво ми е. Се зависи од која причина некој сака да се исели и колку е спремен да се интегрира овде. Да учи јазик, да напредува. А има можности, тон. Верувам дека на секој што покажува амбиција и иницијатива му се дава шанса.
Ја неќам веќе тука, ама па и не знам кај сакам. Од многу причини. Ама МК не сакам, за тоа знам. Тамам си е, секако си имам проблем со останување на едно место. Сега ради малата само не е толку едноставно. Денес со една мајка, ми вели 5 станици со бус вози за малата да ја донесе во градинка. Се вратив дома и пресреќна што ми е на 5 минути, па ако и продолжиме време од септември ќе биде уште посупер. Инаку стандард, викенд иде, ладно ќе биде, малата се полни секрет и поткашлува. Нов вирус во најава? Уште од стариот не сме оправени, аман. Јас не мислев ова со градинката дека е стварно нон стоп, ама нон стоп. Повеќе е дома, отколку во градинка. Не дека не си знаете де.
Јас сум се' повеќе разочарана од Германија, ова не е земјата во која дојдов. Носталгија за МК немам, ама често се враќам за МК дури и на викенд. Секој втор месец сум во МК. Можам да зборувам за Баварија. Трошоците за живот отидоа до небо, живеалиште да купиш треба минимум пола милион да одделиш, безбедноста во големите градови е нула, образованието од на ден полошо, градинки нема и таму кај што ги има се скапи, еден закон не донесоа во последните години што е за добро на граѓаните. Е добро, даваат 255 евра детски, ама јасла државна плаќам 700 евра така да тие детски ни за јадење во јаслата не стигаат. И тој елтернгелд е живи смешки, само 65% од платата и тоа ако не работиш, ако работиш само 30%. Како да платиш кирија или кредит со тие? Нема шанси! Скоро имавме некакви закани по живот, германската полиција ништо не направи, де не биле надлежни, де не знам што. Македонската полиција одма најде што и како. Не ми се збори колку данок плаќам како фриленсер и каква голема нула добивам за тоа. Да е до мене би се вратила во МК, ама маж ми не можам да го убедам. Неколку работи ми се допаѓаат повеќе, ко сообраќајната култура, изборот на работи што може да ги правиш во слободно време, чистотата, законот за работни односи и подобро здравство.
Има некој стомачен вирус, малава втор ден ја боли стомак. Детето од другарка ми (во исто одделение се) денес исто не било во школо, ама утре ќе оди на тренинг. Или ја не сум салам или сум песимист, ама мислам мојава нема да ја пуштам. Имало име за нас-апатриди-луѓе што немаат татковина. Сегде ни е дома и никаде не ни е дома.
Како бе џоки насекаде се продаваат костуми и ти да заборавиш ајде се случува тоа е било поминало. кај мојата главното беше вчера. Таа и денес отиде маскирана плачеше утрово и во нејзината група само таа беше маскирана денес. Вчера родителите беа маскирани имаше организирано забава во градинката.
Цурици, прелепотици Колку време ви требаше од А2 до Б2? И за полагање ама и за секојдневно користење.. Знам, ќе положиш и после трт милојко.. Полесно е до школски Б2 да стигнеш, него ли да не блееш како теле во шарена врата ..од искуство ова де Веќе некое време се мислам да се селам.. Не за пари.. за системот Немам ни за кого да седам тука веќе..мајка немам веќе за гледање, татко одамна немам за пазење.. Тие ми беа кочниците до сега.. Во предвид ми се Франкфурт на прво место (филс лајк хоум колку и да е балканизиран и што вика една другарка смрдлив), Хановер ради роднините што си ги сакам највеќе на свет или Лајпциг/Касел за без причина Е да и Минхен за роднини и друштво, за зорт заман добро е да имаш некој свој со кого секако си близок, ама не ми е во буџет Знам сите градови си имаат предности и слабости, по струка никако нема да најдам работа, ама уствари мене ако ме праша сега некој би менувала нова земја секоја година, да не ми требаа визи. Цел свет би го свртела, гајле ми е и за пензиско и за стаж и за се Знаете..кога ви се смачи се, смачено е Носталгија никогаш нема да ме мавне за МК..за оваа дупка што и последниот атом ти го цица.. за здравството што еден куп луѓе ми зема... само за блиските што и онака се иселија.. Па и сега кога се видиме си ја пееме од бајага песМата... Спојлер: Ај и вас ќе ве поздравам со неа Moji su drugovi žestoki momci, velikog srca I kad se pije i kad se ljubi i kad se puca Gore od Aljaske do Australije Kad god se sretnemo, uvek se zalije Uvek se završi, s nekom od naših pesama
Даст ние ќе се радуваме да ни се приклучиш и тамам после заедно ќе мрчиме. Положив б2 многу брзо, ама зуц не можев да се пуштам. Најмногу помага секојдневно комуникација на германски.Макс пола година би рекла, ако имаш а2 веќе. Со секојдневно слушање на јазикот. Нешто филмови, серии, на ју туб најди некој канал што те интересира. Мислам интензивно ако се посветиш ќе стасаш и за три месеци да го положиш сигурно.
Ме фаќаше носталгија на почеток, првите неколку години. Едвај чекав да си одам Мк да се видам со сите. Погрешен мајндсет имав, како да бев дојдена на печалба и гледав само да ми помине времето додека не одам пак за Мк. Последниве 3-4 години ми се промени мислењето, Мк не ми се оди веќе, ниту ми се шета ниту ми се дружи. Цела држава, од сообраќај, воздух, квалитет на здравство/храна, се ми е ХАЗАРД. Одам по шеталиште за пешаци, туркам количка, ме претицуваат мотори бе…и утре треба да излезам тука да шетам дете. Не фала. Сите муабети со пријатели ми се веќе поминати, 5 години се заглавени на истите егзистенцијални проблеми, ретко со некој да сврзам муабет што не е на таа тематика. Тука државата ми обезбедува се, мое е да се грижам и фокусирам на растот и развојот на детето. Не би си дозволила да се вратам Мк и да му ги одземам сите шанси што ги има тука.
Не може да се спореди по никој основ. Прво, и со помалку пари во Германија, имаш многу поквалитетен живот од Македонија, или било која друга балканска земја. Многу битно е што имаш чист воздух и далеку поквалитетна храна. Едно од најквалитното образование во свет и квалитетно здравство. Здравството си има мани, ама е далеку подобро. Еден куп можности за напредок, учење, квалификации и преквалификации во било која доба од животот, треба да имаш само желба. Сообраќајна и секаква култура. Чисто е. Луксуз ти е многу подостапен особено ако амбициозно работиш на него. Се облакаш поквалитетно и нормално возиш многу поквалитетно, со оглед дека долу се праќа шкртот од тука. И дружењето може да е горе долу исто. Ако си млада личност без обврски, лесно се наоѓа друштво, често од ех земјиве си се наоѓаат на иста фрекфренција и излагањето не значи дека ќе трпи нешто особено. Кога ќе добиеш деца, нормално е дека приоритетите се менуваат. Овде сме обично мајки и сме фокусирани повеќе на семејството, ама повеќето веќе си имаат и свои друштва па може дружењето иако не е веќе толку често, секако го има. Ако живееш за кафана и собиранки и мислиш дека тоа е баш битно во животот, седи си во Македонија. Оние што дошле пред повеќе години, имале шанса да осетат уште подобар и повисок стандард и нормално дека во потурбулентни времиња како сега им смета, што на некој начин не е исто како што некогаш било. Ама реалноста е дека нигде не е исто како што било некогаш. А за Германија да дојде до Македонскиот стандард треба 500 години само да се уназадува. Повторно разликата е значително голема од сите можни аспекти. Јас не се жалам искрено. Се водам по паролата дека во животот и низ историјата не успеале најсилните, туку оние што се прилагодувале. Немам нереални очекувања во време на инфлации и чуда и задоволна сум дека сепак повеќе се мрда напред од мртва точка. Кога/ако веќе не сме задоволни ќе се селиме пак. Ама на подобро. Не би назад. Совршено нема нигде само негде е далеку пофункционално. Никогаш немаше да заминам од Крф, и од таа убавина, ако само системот таму функционираше. Е ме плаши екстремизмот. Не ми е сеедно што има толку нелегални мигранти кои прават да се чувствуваш небезбедно. Тоа го гледам како најголем проблем во моментов во цела западна Европа. Ама се надевам некој ќе го исконтролира и тоа. Па ќе видиме што ќе се дешава допрва. И ми е многу криво и многу ми е мака што во Македонија владее таков распад систем и што од осамостојувањето навака нема еден што застанал на чело на државата што се погрижил да оправи нешто. И уште потешко е на почеток, кога ќе заминеш од државата, од надвор многу бистро гледаш на она што се случува/ло таму. А додека си таму, што е нормално, многу посубјективно гледаш, повеќе се надеваш, се фаќаш за сите сламки.
Ееееееееее Со јазикот сум уште на вие. Ама кај и да дојдеш во градовите што си ги пишала, ќе ми бидеш комшика, па за што и да треба тука ќе сме.
@Dust Kаде ќе го учиш германскиот јазик МК или Германија? А2.1 1 месец, А2.2 1 месец, значи за до Б1 ќе ти требаат 4 месеци интеграциски курс (интензивно учење т.е. секој ден по 3 саати). Б2 има курсеви од 3 до 5 месеци. Тој што е 5 е подобар затоа што ти треба време да го совладаш вокабуларот. Б1 кога ќе имаш скоро цела граматика е помината, Б2 ти се фокусира повеќе на вокабулар. Ова ти е минимално време за учење на јазикот, за да се опуштиш ќе ти треба повеќе време. Уплати нетфликс најди германски серии, Galileo на youtube има интересни емисии. Од музика Adel Tawil ни го препорача учителката како пејач со добар изговор на германски. Најважно е да си во комуникација па убаво е Teilzeit некаде да работиш да го вежбаш јазикот. Најди работа на каса да имаш директен контакт со муштерии. Секаде фалат работници, не знам што си по струка ама со тек на време и добар германски се наоѓа работа и на струка, зависи колку си амбициозна.
Jas ne bi Lajpcig i Minhen ova samo moe mislenje. Za jazikot mislam okolu 8 meseci plus minus nekoj mesec pa nataka vo praksa ke se nadograduvas, ako pocnuvas nekoja nekfalifikuvana rabota so B1 ti e dovolno, drugoto ke dojde poleka so tek na vreme. Neznam sto si po zanimanje ama po izvesno vreme mozes i po struka da najdes rabota.
Јазик учам од секаде каде можам и колку што ми дозволува времето, апликација, видеа на јт, чак и видеа и рилови на инста. Ништо конкретно, ама си имам ноутбук, си запишувам се таму и си листам и повторувам кога можам. Го вежбам со други мајки на лулашки, со комшииве кога ќе се сретнеме и по супермаркети иако ми требаше доста време да се опуштам и за тоа. По институции, сеуште активно користам англиски. Маж ми работи во фирма каде англискиот се користи како основен, ама знае далеку подобро германски од мене оти има значително поголема интеракција со германци и поредовно е на дуолинго.
Јас бувчето го терам 100 дена и да потврдам дека ако сега идам во Германија многу добро знам да кажам Ich spreche kein Deutch, aber ich spreche sehr gut Englisch. Лол Се заебавам, го бива Дуото за основите да ги научиш ама der/die/das брат ми 8ма година ги меша. Ама не се замара ако каже Таа мост на пример
@Dust Со малку јазик можеш било што да работиш ако има недостаток од вработени и да земаш нормална плата додека истовремено јазик учиш. Мене првата работа во Bäckerei ми беше и хаос бев, ми бараат лажица, вилушка јас појма немав што е тоа, Becher ми бараат јас блеам како теле и чекам некој колега да ме спаси. И тие неколку зборчиња што ги знаев не ги разбирав дека швајцарски дијалект. Храброст само. И не ми дадоа отказ, викаа не е проблем јазик се учи, а јас мирна, брза, редовна и се и немаше никаков проблем. Најголемата храброст ја добив претходнава година кога колешка германка ми рече дека мојот германски и многу симпатичен, сладок и од тогаш зборам опуштено скроз. Друго сакав да пишам како и секогаш ама заборавив што. Симпатијата прв ми рече schöne Urlaub! И сега тоа е нормално нели ама јас летам. Сепак не е нормално, многу значи прв што ми рече. И он има, и јас му реков.
Срцка Епа тој момент и мене ме плаши џабе ми е Б2 на хартија кога ќе ги зјапам како теле Уште размислувам имав лани една опција за Холандија, ама кој бре ќе се замара со нивниот јазик Фала за исцрпното инфо По струка.. дипломиран детектив, магистер по безбедност.. Затоа викам нема да најдам работа по диплома По дамнешно занимање графички дизајн, додадено на тоа и UX/UI дизајн.. По професија мешач на мармалади По хоби - утовар, истовар и деливери на кутии по 30 кила спакувани тегли Мислам дека DHL или Амазон деливери се најблиску до мојата професија.. Плус и кондиција нема да изгубам Немам бугарски пасош, така да мислам дека морам полно работно време да работам, време за учење таму би имала колку што имам и тука, а тоа е ич А да одам и да се сместам кај роднини и да сум им товар за да учам јазик, нема шанси.. Или да плаќам 6 месеци кирија и да одам само на часови пак нема шанси, ќе се мрднам.. Учев во Гете А1.1, А1.2 А2.1 А2.2, по 3 недели што се тие, значи вкупно 12 недели по 4 саати таму мозок ми зовре, не би ја правела истата "грешка" пак Мене Минхен и Франкфурт ми се мој стил на градови.. Со оглед на времето поминато во NYC и во Берово последниве 7 години, значи или село за мене или хаотичен град.. Во нешто измеѓу како Скопје што е, само ќе се гушам..затоа ми е тој список на градови во глава Можам да те замислам Пред едно 9-10 години кога внучка направи 3 години, за роденденот се кренавме со моите за немачка и детево сака да си игра со мене а јас од средно што учев германски, се имав заборавено... И зјапав во неа како теле некое и тогаш си реков - ако не научиш јазик колку да можеш да збориш со 3 годишно дете, оди утепај се.. Е сега тоа дете со мене англиски збори ама јбг.. Мотивација ми беше Ја пре би некоја работа само англиски што се збори да не се брукам А добро да речеме човек отиде таму, со МК пасош значи.. Работи година дена да речеме и сака да запише курс.. Освен "субвенцијата" за 50% или колку беше таму од курсот, добива ли некоја друга помош? Со оглед на тоа што ќе има човек време да работи само пола работно време? А Лебен ин дојчланд и интеграциски курс секако бараат..и Б1 или Б2? Другарка имам со ЕУ пасош, знам на неа свашта и следуваше.. Додуша сега со мигрантиве не знам дали стегнале услови.. Ама голема предност е ЕУ пасошот.. Многу сум се распишала.. Извинете
@Dust Ако го учиш секојдневно по неколку часа за максимум 6 месеци ќе успееш да научиш сигурно. За самото зборување, доколку си зборлива личност многу полесно ќе се опуштиш. Јас сум 3 години овде, првата бев како теле и покрај тоа што дојдов со положен Б2. Искрено сеуште не сум скроз опуштена и покрај тоа што веќе 2 години секојдневно го користам, и тоа активно зборување 8 часа зборување. Ама еве јас би рекла 2-4 години би биле доволно. Едит: за градови, на почетокот не, ама сега премногу си го сакам Минхен. Може би се преселила, ама не подалеку од Баварија. Е сега за скапо, скапо е. Ама можеш и некое место околу што пак е поврзан со превоз, мада не знам колку голема би била разликата во цените, дали воопшто се исплаќа. @Katie90 јас сум ептен разочарана со работа по струка. Додуша работам по струка, ама не тоа што сакам. Никогаш не сум го сакала, ама морав да почнам некаде, и за почеток ми беше супер. Сега веќе почнав да се фрустрирам и губам надеж дека некогаш и ќе успеам. Онака само се надоврзав.
Ако дојдеш со виза ќе мораш да работиш на полно работно време, според најновиот закон како што знам и 5 год си врзана со истиот работодавец, т.е. секако можеш да го промениш, ама ти треба прво согласност од агенцијата за работа и промена на дозволата. За курс зависи каде ќе бидеш, големи се шансите самиот оддел за странци да те услови да одиш на курс, во спротивно да не сакаат да ти продолжат виза или да си платиш казна. Ние кога дојдовме така беше, ако добро ме држи сеќавањето околу 500 евра беше казната. Со Мк пасош баш многу побарувања имаат. Субвенционирањето е всушност враќање на 50% од парите отпосле, во случај да положиш од прва. Пред тоа си плаќаш се, кај нас беше 195 евра месечно мислам, ама ова пред 6 години. Не знам дали е уште така. Ние работевме полно работно време втора смена и одевме на курс од сабајле од 8:30 до 12:30 од пон до петок. Напорно е, ама не е невозможно. Ако те тестираат и од старт си на повисоко ниво, можеш само со месец - два да стигнеш до Б1 или директ на полагање да одиш. Лебен ин Дојчланд по најново мислам, ама не сум сигурна, дека мора да се присуствува, порано можеше директно да се полага. 100 часа беа, интензивен курс за месец дена си готов. До Б2 треба само повеќе комуникација, јас откако дојдов одев на курс до Б1 и после почнав да си читам книги на германски, битно ми беше да ја разберам поентата, а на секој збор да го преведувам и тоа многу ми помогна. Отидов директно на Б2 полагање без претходен курс. После земање на постабилни документи, ако од старт не најдеш работа по струка, можеш да размислуваш во правец и на дообучување, менување професија и слично. Можности има многу, со среќа.