Слабо железо, недостаток на витамин д и глава. За друго не знам. @јolene Ако доиш пиј ги, ако не не или не знам. Тироидна од трпење и чување во себе се шекнува. И солот има јод па го користиш нели. Јас за мојата тироидна треба јод да внесувам и јод апчиња ми дадоа на времето.
Кога дојдов бев на некој а2/б1 ниво, ама дека одма работа на германски за некој месец стигнав до б2. Мое мислење е дека од а2 до б1 е поголема разлика, после меѓу б1 и б2 не е толку многу. Мене Минхен од прв ден не ми се допаѓа, ама како викаат, што не сакаш тоа ќе те снајде. Сега живееме малку поодалечено од градот и поубаво ми е, ем не ја трпам гужвата, ем побезбедно, ем ако сакаш да се прошеташ пак ти е Минхен на пола саат. Сега после многу години кога одам во други градови, гледам дека се бетер од Минхен посебно во делот на чистота и безбедност. Во Минхен становите се изгор но и платите се повисоки. За работа во струка мислам најтешко е првата работа да ја најдеш. После влегуваш во шема и вратите сами ти се отвараат. Барем во Германија имаш можности колку сакаш.
@јolene ах, градчето на убавиот син Дунав Ќе ти го пишам во порака Далеку сме ние тука од 100 000 жители, целиот Ландкрајс - да, има 100 000, ама само местово околу 20 000 жители има. Си има предности и недостатоци, како и секое друго. Кога се преселивме од Скопје, кај што живеевме со маж ми во К.Вода на главен булевар кај што буквално дење/ноќе беше галама тука во сред август кога сите беа и по одмори имав чувство дека сме дошле во град на духови. Буквално првиот ден 4 саати шпартавме по улиците барајќи го Ратхаус за да се пријавиме и не сретнавме никој, не претерувам - не се разминавме со жив човек. И си викав - Боже каде дојдовме Ама се навикнав после тоа многу лесно, сеуште се протнува таа тема за селење низ муабети со маж ми, ама мислам дека ќе си останеме тука. Па детево да е живо и здраво, светот е пред него, нека оди и нека се сели кај сака, ако сака. Некако и јас и тропам на врата на 40тата за некоја година, маж веќе е скоро таму и ми се допаѓа тоа што како животот да е побавен во овие мали градчиња, никој никаде не брза, никој не е нервозен во сообраќајот, сите се навистина љубезни и пријателски настроени. Се ми е на 4 мин од дома со кола мислам, на работа сум за 4 мин, градинката ми е на 4 мин Ние сме единственото македонско семејство што го знам овде, во другото градче до нас има 3-4, ама се броиме на прсти. Ми недостига некогаш и динамика во денот, раздвиженост, хаотичност, ама па исто ми е многу убаво кога комшивката баба од другата зграда ќе се стрча да му даде чоколадо на син ми, пошто го сретнала маж во гаража и нормално се го испрашала и се чувствува како да не знае Или комшијата кога ни оставил дуксерче закачено на квака со порака - се надевам дека ќе му биде точно на вашето синче Имаат некоја топлина овие места. Ама не е евтино за живеење, посебно кириите, наводно има некоја многу добра местоположба и одлична поврзаност со Аугсбург и Улм, се наоѓа како на средина и по автопат си за многу брзо таму и поради тоа кириите се доста високи. Главна забава ни е Леголенд за децава, некогаш мислам ние од околниве места како натрапници сме таму, посебно во бесплатниот дел Од лани и пепа пиг паркот исто. Ах, Ода за градчево Кога одиме во Минхен на пример, маж ми не вика Борат Вика пази да не не акне некој трамвај, ќе не има по весници, ние трамвај немаме кај нас во селото Денес конечно сонце Малово во шума сакало да вози точак А како каскадер вози, буквално животот ми го скратува кога го гледам како лета, а маж вика - верувај му на детето Не тераше да носиме гранки што биле наводно октопод и меч, па некако се договоривме да ги сокриеме под клупа за наредно доаѓање да не носиме гранки дома. Само 4 камења донесовме Сега пици сакале, па чекам тестово да стаса, па домашни пици да им направам и да се спремаме полека за утре. Убава сончева недела
@Gosh да не не лајка само, туку да каже кај беше до сега и оти не остави да се загрижиме за тебе. И фати ли дечко?
Јас два пати заборавив клуч на врата. И тоа вториот пат го ставив однадвор и се симнав да фрлам ѓубре. Ја затворив вратата од куќата и после се освестив што направив. Среќа што таму беше газдата на куќата, па ми отклучи. А првиот пат фино лепо го оставив клучот внатре. Е после кога се вратив сфатив што направив. Па морав да провалувам Населбава кај што живеам е мирна. Нема мигранти Па на раат можам да излезам. Ми се допаѓа што нема галама и што е чисто. Во 5-6 населби од градов врие од мигранти и слични како нив. Таму со страв поминувам. А за чистота поарно да не пишувам. Кога ќе видам какво е одма ми се Јазик уште учам. На интернет. Уште се бунам со der, die, das. Важно..... Ги научив падежите
Со симпатијата на одмор сме, за жал не заедно. Будна од ноќ… сигурно ме има мислено ех како не бевме заедно на одмор па затоа не можам да спијам. Во 9 најкасно во теретана ќе сум. Многу сум јас интересна колку брзам за теретана, исто како за на работа, и треба на време да пристигнам, за да знае мозоков колку е важно.
Добро утро мајки. Мразам што ја почнувам неделава со ваков негативен пост. Прилично ескалира ситуацијава со Украина, какви се вашите размислувања на темава? Дали ве фаќа стрес и анксиозност? Јас последниве неколку денови не можам да спијам од што се грижам. Многу се мислам, недај Боже ако стварно букне нешто, дали би било подобро да се седи тука или да се оди доле. Ме интересира каква е атмосферата кај вас, на работа се збори за ова или?
Niti stres nit nervoza, vo moeto opkruzuvanje nema nikakvi tenzii. Vojnata e igra na golemite sili i nikoj nemoze da pretpostavi sto nataka...i koga nesto moze da bukne.
Ме фаќа и стрес и анксиозност, ама игнорирам колку што може, оти ова е тотално лудило. Еднаш ќе се договорат за прекин, па после не ај не. Сите зинати за ќар, народот овде дебело го плаќа. Дали ќе се опаметат кој знае. Што би правеле во МК ставарно не знам, како држава апсулутно зависна од сите. Никакво домашно производство, со други зборови за леб ќе си умреме таму. Во случај да букне, до мк ни гориво нема да стигне. Мое мислење само, не дека мора да е така. Што и како се збори не знам, оти немам во последно време контакти со луѓе. Избирам да не читам, да не гледам вести, оти ништо убаво со години не сум прочитала. Некако како сегде само став да се продава, па така како коњ со ограничено гледање, нанапред одам и не се вртам многу лево десно. До сега се уште се функиционира нормално, што ќе биде, ќе видиме.
Мене на работа ми рекоа дека кај и да е ќе почнела помеѓу Србија и Босна! Јас појма немам, ниту планирам било што на интернет да отворам да видам. Да живееме додека да почне, ако почне. Ако почне секако ќе умреме и ќе дознаеме дали има живот после смртта. Секако сме безпимошни, нит може да ја спречиме нит ништо. Да се селиме само уште сега во Америка или Австралија еве појма немам каде е ок, уствари Африка де. Од превенција само тоа имам на ум.
Розен Монтаг Ади, карневалот во НРВ. Тоа им е најголема дешавка, како не знаеш. Ајде у град, од 11 и 11 им почнува карневалот, се делат колачи, слатки, чоколади за најмалите. Наметни на деците по нешто и земи си ооогромни торби. Ах сеќавања на Нрв, јас бев на времето во комшии. Во ААхен . Матичен најдов од сабајле, конечно. Лелле девојката на телефон, дојч лош, акцент уште полош . И ми дојде идеа, ја мфа да станам . Edit za Adi https://koelnerkarneval.de/zuege/rosenmontagszug/zugweg 300 toni blago imaat obezbedeno za godinava
Абе знам за карневалот, туку за продавниците прашувам, мора итно да купам нешто денеска, ќе затварат или ќе бидат отворени? Иначе некни поминувааа карневалите од мојата улица. Фрлеа чоколади бонбони. Ај може пак ќе одиме после ако има уште.
Ќе истрчам сега до продавница. Само шо станавме пред 1 саат и мм ми се јави Ајде трчај до продавница ако одиш оти се ќе се затвара. Викам чекај бе, само шо отворија зарем одма ќе затварат
Јас еве од муабет со луѓе на работа, сите се позагрижени од пред еден месец. Некако се променаа разговорите, не разговараме на работа за одмори/филмови/рандом теми, цело време војната е тема на муабет. Си купуваат луѓето и залихи, еве колешка ми вика има три 5литарски шишиња дома со вода, има конзервирана храна, има спакувано торба за итни случаи. Дома ми стига памфлет со кој се најблиски скривалишта, па како најбрзо да се стигне до таму. Ок е да си спремен ама ова некако ептен ме јаде. Муабетот за МК беше баш пошто не е никаков фактор, никој не би се замарал да наштети катастрофално.
Јас сега од вас го слушам оваа за Украина. Никој ништо не зборува, дали не сме во тек не знам. Може и за подобро, и онака ништо не можеме да смениме. За празникот зарем и денес е се затворено? Јас мислев само утре, бидејќи и ние утре сме само пола ден. Или различно е секаде? Нагоре разбрав дека си поврзуваат право од чет-петок до вторник.
Денес школите не работат . Градинките си работеа . Од сабајле во селово имавме карневал , децава имаа настап . Сега попладне втор настап во друго место . Ги пратив со татко им. Јас неможам . Само на логопед ќе одам со синко и после кревет . Од промена на време ли е , од работа . Јас сум претепана
Секоја покраина различно. Ама во Нрв е голема фешта. Алааф, пијани маскирани дојчовци што денсаат на шлагери.
Хај женски Ве читнав набрзинка. Во врска за селење, сеа за сега немаме план.Таман малу се постабилизиравме, се средивме. Здравје можби понатака малце во поголем град ете, Касел на пр или друг град. Од прошла сабота до денсска работно без ден одмор. Ама си ги намалив саатите, па од неделава малу ќе здивнем. Треба полека за свадба да му ја мислим што и како, веќе е време. Во април ќе идам накј мк, па мора са ги средам поканите и некои ситници. Освен свадбата, треба да му ја мислим и за друга поголема работа и се надевам дека ќе биде се како што треба. Од утре почнувам стандард со пешачење, ми фалеше тоа.Мора да се ослабе