Само очите и ги проверија фактички и вратот дека рече кај ушите да боли. Заклучок: кога паднала вратот се свиткал и од тука имало проток на крв до главата и затоа и се вртело. Топли облоги на вратот и еднаш ибупрофен да дадам и еднаш парацетамол. Што и се лоши викам да ја проверите да не има слабо железо, и секако и јас мислев од око да ја провери и од око кажа дека нема ама сама рече ако сакате ќе провериме и со крв и ок нема слабо железо. И јас вчера ја проверив и изгледаше се ок ама од време на време викаше дека главата ја боли и дека и се врти и за секој случај најдобро на педијатар.
elternzeit здраво колку време однапред треба да се пријавам во agentür für arbeit, при крај ми е EZ? arbeitsuchend ili arbeitlos ? детево е на градинка 0д август не знам как0 ќе е со привикнување.. NRW покраина p.s. и каква е процедурата ако 0станам бремена за 2ро дете ?
Не знам дали ќе ми верувате дека навистина не сакав, значи навистина несакајќи и во теретана најдов симпатија. Не ми се отвораше вратата и за неколку минути доаѓа он и на него не му се отвора вратата, треба код да скенираме за да се отвори и не функционираше, и он се јави му објаснија што како и ја отвори вратата. Вчера тоа. И денеска го гледам на улица, знам кај живее, неколку згради подолу од мене, и жена и бебе има, и регистрација на кола му знам сега и адреса.
Е Џоки овој ти го одобруваме, за мотивација да имаш да вежбаш. Браво што ја надмина анксиозноста да одиш во теретана. Сега подучи не и нас како да се опуштиме . Ја денес три саати трчав надвор, белки нешто ќе има влијание и на стомаков. И одолеав да не си купам ништо глупаво за јадење, додека мадам мини тантрум имаше оти не и зедов бреце. Бреце та бреце, за една уста и после ние да дојадуваме. Не не.
@Biljarkata драга , кај вас дијагностицираа шарлах , ама без тт ? Ако не се лажам . Синко се осипа цел по цело тело , го однесов на лекар на Bereitschaftsdienst и рекоа дека е шарлах. Осип на телото , јазикот бел со наслаги , Himbeerzunge. Антибиотик доби , две шишиња .
Дали имате искуство со перут во главата? Ама кај децата? Ако некоја користела нешто што помогнало ако сака да сподели, а да е притоа соодветно за 2 ипол годишно?
Со лесно да го поминете. Ние решивме дека оваа година веќе не се разболуваме од бактерии, еве визуелизирам здраво дете. @Yowannty стално сум барала некој шампон кој нема да и прави перут, разни од натура сиберика или лавера одговарале во различен период, дури не пробаш нема да знаеш кое ќе функционира, не верувам во универзални решенија.
Го правиш тоа што ти е страв. Откако ќе го направиш сфаќаш дека за џабе страв ти било. Ајде уште кафе сама да пијам и ќе ве подучам на многу работи. Само шампон да смениш и еднаш неделно коса да миеш. Шампон бебешки на пример обичен.
Ова со теретана ми е од една страна многу интересно, од друга страна глупаво ќе е за некој што може се да направи без воопшто да размислува. Хеланките за во теретана ми се купени пред 3-4 години. Епа реално толку ми требаше за прв ден во теретана значи може на 4 години да заокружиме. Прво купив хеланки цени, па хеланки крем боја, па црни шорцеви. 2021 година отприлика 2022 за прв пат се заинтерсирав и отворив страната од другата теретана и скоро па да пополнив онлајн за термин. Следен чекор ми беше потполнив ама стиснав на испрати 2023 бев до теретаната до врата 2024 мај сум играла наградна игра на оваа тератана и сум добила еден ден гратис вежбање и ми пишале кога ќе отидам ама јас ништо не сум вратила, не ни отидов, го немам искористено тоа 2024 август направив термин на кој не се појавив, цел ден плачев, се изнаплакав убаво и направив нов термин утредента на кој се појавив еден саат порано од страв да не ме врати назад тоа потсвеста или што и да е Најинтересно дента кога потпишав договор и ми вика сега да ти покажеме каде е теретаната и јас му викам не мора 2024 октомври прв месец јас не одам 2024 ноември го спремив ранчето во ходник да ми стои 2024 декември јануари барав изговори и се јадев во себе 2024 февруари отидов конечно и скоро секој ден одам Абе има нешто во мене што ме кочи за некои работи ама јас си имам зацртано дека можеби ќе потрае ама еден ден ќе успеам И јас значи буквално се борам со работите што сакам да ги променам. Јас едвај и на забар станав дисциплинирана да одам, значи немам ни страв од забар ни ништо, ама ете нешто ме кочи, и секогаш одам еден термин максимум два и баталувам ама овој пат изодив скоро до крај уште veneer на еден заб и професионално белење сеуште не знам дали да правам од страв да не ме болат забите отпосле. Правела некоја тука? Фактички, моите родители и сите предци, живееле на скроз поинаков начин, а јас не сакам да продолжам така и многу ми е тешко додека да променам нешто. Се надевам дека ме сфаќате што сака да каже авторот. Доброто е што знам дека ако не го променам одма, не значи тоа засекогаш, туку дека ете мене ми треба малку повеќе упорност и време ама на крај сепак ќе го променам. Дома да знаат во теретана дека одам ќе речат срамота, ако имаш време оди, попаметна работа немаш, какви се тие глупости, што се нема да ви текне… Времето и парите за забар- абе што си ги трошиш секако уште малку ќе треба вилици да ставиш На работа што сум тајлцајт- за џабе работиш кога не си на цело работно време Дете во градинка- зошто ги мачите децата Трчање- лудост Туку уште вода си куркума ми преостана да почнам да пијам. Подмладувала. Да проверам само дали стварно куркума беше и да почнам. Gua sha каменот инаку многу помага, лицето ми е по затегнато, не ми е пуфи веќе подувано и изгледам помлада.
Ова нешто прв пат го гледам и слушам, а може и за грбот мој ќе го биде. Ме боли веќе неколку дена, ни ибупрофен не помага. Ако продолжи вака ќе треба на доктор. Маж шмрка, кива, очи не знае болен ли е алергии ли го фаќаат. Малата горна тројка вади. Доста е . Ај сега вие да кажете нешто убаво. Ние не можеме на сонцето да му се изнарадуваме и до дека не не стемни, не се враќаме дома.
Нешто убаво. Денес му е роденден на симпатијата, 40 полни! Да ве почастам. Во 00:00 му честитав тинејџерка! Ако нешто би сменила во животов, тоа би било малку поглупава да сум се родела!
Сакам да почнам и јас во теретана, еве некое време. Дали се прави стварно договор на подолго време? Како оди тоа, како се движат цени?
Здраво да ве прашам, дали при првото доаѓање во Де моравте да се пријавите во Finanzamt? Ја знам дека треба да се пријавам на адреса и здравствено и се тоа. Но, за финанцамт никој не ми спомнал досега ништо.
Јасно ми е, но мислев да не има нешто што треба сама јас да го пријавам, исто како пријавувањето на адреса што е задолжително
На крај од годината ако правиш повраток на данок тогаш они праќаат колку си заработил и поднеауваш кај штоер.