Дада, фала ти за деталното објаснување. Ќе одам од понеделник да видам со што ќе ме крстат во болница. Ама искрено ич не ми се прави ќејф веќе. Уште на непочнато ја замразев болницава.
Немој одма со такви мисли. Ние сме така програмирани. И во некој совршен универзум да не испратат ние и таму ќе најдеме маана. Вистина е дека не знаат, не само во болницата, тику и во општина и секаде, бидејќи замисли само колку различни луѓе се доселуваат во Германија. Па и од Македонија да е, еден ќе има македонски пасош друг бугарски, еден Македонец, трет Албанец, еден во брак, разведен… за некој од наша држава важат милион различни правила па замисли за луѓе од цела Европа и свет да речеме што се доселуваат. Таман си е болницата. На почеток така. Самиот стрес и неизвесност ти создаваат негативни мисли. Лебдиш на некој начин, немаш сигурно тло, и се и секој може крив и неправеден да ти биде. За брзо се ќе си дојде на свое место. Остани позитивна и смирена и само со ладна глава размислувај.
Буквално е така. Ние сме одма така на негативно програмирани, а они се по шаблон како стои кои се документи ти треба да им ги доставиш и не сакаат да погледнат лево или десно дека еве во случајот немора да се чека картичката. Жал ми е од старт што си налетала на таква германска бирократија, можело и покасно да те снајде, не од одма Ама ќе помине и тоа! Оди уште еднаш замоли ги тие во персонално да проверат, почекај пример неколку дена и отиди во потоа пак. Ако и тогаш не реагираат(а мислам дека ќе се реши) културно прашај дали ќе може да разговараш со некој на повисоко ниво, затоа што седиш така и трошиш време и пари а неможеш да почнеш.
@gjoker4e, @NovaMihajlova фала ви девојки, дада јас сум и паничар и негативец. Ама не ми е проблем и да чекам искрено. Затоа што сместувањето и два оброци во денот ми се бесплатни плус учам да се вклопам во работата. Се на се, хоспитација не ми е мене проблем. Само ми е страв да не ме казнат зошто сум со работна виза а не работам? Ама вајда ова е мојот overthinking, може да смениме тема конечно
Не заборавај дека само неколку дена е во Германија. Значи се си е таман. Си пиша еве убаво overthinking. И да земеме предвид дека денес е недела, вчера беше сабота, а претходната недела барем кај мене школо затворено што значи многу родители на одмор. Значи и од тие неколку дена што си тука крстиме на пола. Сепак те сфаќам. Тешко е на почеток. Научени сме дека од секоја страна може нож во грб забоден да ни биде па ајде седи и чекај си смирено после Балканското искуство што го имаме стекнато. Јас па друг проблем има. Симпатијата не ми пиша. Значи ниту еднаш не помислил на мене. Тажна сум, се чувствувам изневерено, предадено, осамена, невозвратена љубов, немам волја у пм. Да знаев и самата себеси совети да си давам супер ќе беше…
Леле ова- стално биди спремен за најлошото. Сум го заборавила. На почетокот стално ко ќе ме прашаа нешто, мислев а)ми праат финта, нешто сум згрешила б) нешто ме тестираат. А нив стварно нешто не им било јасно, а мене толку очигледно, да не ми беше јасно, како може да е некому нејасно Не ми ни текнува што беше, само уште моментот и чувството ми текнуваат.
Абе буквално иста бев. И прво размислувам во себе, а они сфаќаат дека јас не разбирам германски. Ама јас прво морам да промозгам која е позадината на сето тоа и да слушам меѓу редови. А овие гревови искрени чудо едно.
Добра вечер. Фала на сите што сте ме мислеле, и сори што не враќав. На почетокот не ни мислев да се враќам на форумов, ама ја следев темава редовно. После се вратив, ама не ми се пишува, нит па имам што да кажам. Се надевам сите сте здрави и живи, и бембињата надвор, и во мешињата. Кога ќе имам нешто да промрчам или ако најдам симпатија, благовремено ќе бидете известени. Чуси чуси
со завршен еlternzeit и немање нов договор за раб. и пак трудна каде да се пријавам и што се ме следува ? kindergeld да muterschaftsgeld ? пак elternzeit кој плаќа 300€ или 2×150€? дали да барам работа,дека трудна тешко и да ме примаат??
Muterschaftsgeld ne te slwduva zatoa sto ne si vrabotena. Elternzeit otkako ke se porodis godina po 300 ili dve godini po 150.Ako imate mali prihodi vo caritas, pro familia mozes da podneses antrag za oprema za bebe da dobies.
Faktickinl za Elterngeld podnesuvas vo Elterngeld stelle vo tvojot grad, Elternzeit e drugo toa e vremeto na otsustvo od rabota .
Почитувани родители, Сите што имате дечиња во Германија на возраст од 6 до 16 години, и сакате да ги пријавите за официјална настава по македонски, имате рок до 21 март да ги пополните и предадете пријавите во училиштето каде учат дечињата. Доколку во вашиот (или во најблискиот) град има најмалку 10 заинтересирани дечиња, ќе се отвори официјална паралелка по македонски јазик за учебната 2025/26 година Во продолжение уводниот говор на луѓето кои започнаа иницијатива за македонски јазик во Koblenz. На крајот свое обраќање има и македонскиот конзул од Амбасадата на Република Македонија-Одделение во Бон, неговата екселенција господинот Амон Бајрамовски. Забавата беше завчера, на 07.03.2025 во Koblenz, поточно во Lahnstein, и се планира да прерасне во традиционална македонска вечер. Во Koblenz има релативно мал број на Македонци (200/300) , но Идејата е Koblenz да биде пример за градови каде има илјадници Македонци, а немаат официјална настава по македонски јазик. Напомена: станува збор за официјална настава која е во целост бесплатна за родителите и децата и сите трошоци се покриени од страна на германската држава (за разлика од неколкуте паралелки по македонски јазик кои моментално функционираат во Германија, а кои се финансирани од македонското министерство за образование инаука). А успехот на дечињата влегува во нивниот вкупен успех во училиштето каде посетуваат редовна настава. @everyone
Јас бев под арбеитзамт кога останав бремена, бераторот ме советуваше да продолжам да аплицирам за работа. Па така и најдов , после 2 месеци кажав и на работа дека сум трудна. Не дека многу ќе ми смени во приходот кога ќе зимам ЕГ, но тоа беше моја одлука дека сакам да се вработам. Ако претходно ди работела можеш да се пријавеш по АА , да имаш примања или некој курс да ти плаќаат , ако има кој да го чува детето.
Има ли право комшијата до нашиот паркинг да го блокира влезот на нашиот паркинг ? Мислам колите ни се една до др и секое сабајле ја едвај ја отварам вратат за да ги ставам децата внатре значи ср... од човек сабајле му кажав на културен начин да внимава и да пази бидејќи немам време секое сабајле да внимавам како ќе ја отворам ЈАС вратата за да влезам. А тој ми се нафрли со триста страња као ја сам крива . кој ме терал да имам 3 деца тоа ми го кажа типичен намќор шваба .
Нашата е на крај па секогаш влегуваме/ излегуваме од страната од каде што нема паркинг место. Да се договорите он да паркира на лево, ти надесно, или нз како ви се паркинзите. Или ако нема камери да му ја изгребаш колата ама од другата страна од кај што немате вие паркинг. Ситен детал е за полиција да се вика. Единствено ако се пожалиш кај газдите, ако сите станови се на ист газда.
Стави слика да видиме ситуација . Ако си паркира во рамките на обележаните линии тешко дека законски ќе можеш нешто да постигнеш. Се сведува на совест, да има осет, да не ја лепи до линијата од твоја страна. А осет и совест очигледно нема.
Спојлер: Паркинг Е сега он ја тргна колата сабајле вчера среќа маж виде па ја некако препаркира инаку ќе му летнеше ретровизорот ако јас возев оти касневме сабајле за школо. . Он се слика со гепекот назад и секогаш само пали кола и гас не се окреќа назат а јас секогаш паркирам како црвената кола од сликата. И стандард на бела линија гумите. После ќе сликам каоо јас се секогаш паркирам и секогаш ама секогаш баш пазам да имат место за да отворат врата. Таа па бабата до нас ретко ја трза колата а и целата и е излупана еден ден се надевам дека и нас нема да не лупне. Точно да имаше осет ќе немаше да дојде до ова сам е нема фамилија освен родители стари и тие живеат во нашиот влез а тој во др влез. Инаку на фирмата и да се жалам само ќе кажат не е наша работа тоа . Бидејќи бевме без ѕвоно скоро 2 години така да... од нив ништо помош нема.
И кај нас се многу тесни паркинзите, многу, многу ме нервира ова. Да не може човек нормално да влезе во автомобил. Едино што ми текнува е да му ја залепиш ти твојата за да не може он да влезе од возачката страна, ама тоаш ризикуваш да ти ја оштети колата. Зависи колку си petty во случајов. @TutiFuti
Замисли дека имаш гаража. Децата ги оставаш на страна во сигурен ќош. Излегуваш од гаража и широко е, ставаш деца во кола. Така треба и тука. Возиш наназад и тогаш ставаш деца во кола. Значи мисли дека паркингот ти е гаража и решен проблем. И секогаш ако он е натака паркиран, ти навака.