Жени, од кај вас ли се тие видеа што се тепаат за тоалетна хартија? Шала на страна, која им е поентата со тоалетната не ми е јасно? Па и брашно и квасец, сите ли леб месат? Овде ситуацијата е многу полоша од кај вас, во 24 часа има 350 умрени па пак не се караат луѓето по маркети. Не знам како снабдуваат ама во маркетите има сѐ, може па Италјанците освен паста друго не знаат ни да јадат @FreeMind имаш право за хемороидите
https://sdk.mk/index.php/svet/ameri...t-vaktsina-za-kovid-19/#.Xm_aa__E294.facebook Американците почнаа да ја тестираат вакцината за следната сезона, а Трамп будалиот сака да ја купи германската компанија која го развива антибиотикот. Мртов сериозен упати барање да ја купи Трамп ни фали на Балкан мора да признаете. Само ова останува да работи од утре. Се друго цу.
Франција од утре во карантин ние сме следни женишта Глава горе и се ќе биде во ред така е најдобро за сите. Ми личи на организирана акција на државите. Македонија пргаво се бори против вирусот го затворија и аеродромот нема влез ни на македонски државјани Дијаспоро засрами се колку си примитивна! Сите болни се вратиле и не седеле во изолација. Да загрозиш толку мала држава оти си глуп треба и сто стапа казна да воведат! Пу!
Границата со Франција затворена, Франција во карантин ама вработените французи во Германија доаѓаат на работа. Шансите да ни го пренесат вирусот се големи. Прво рекоа французите 14 дена не смеат да идат на работа, ако идат ќе ги казнат. Чудото траеше 3 дена и пак почнаа да идат. Ова за мене не е карантин и затворена граница. Све си ебало мајката. Само парите се битни овој пат. Да не стават одма во карантин нема да има толку заболени и жртви. Со мозокот што го носи човекот не дека нема ич да има ама ај. Мислиш на одмор сме, а не ослободени поради вирусот. Морам пак да кажам дека сите ги мразам. Само да го преживеам вирусот. Брашно без квасец.
Не би се враќала секако ама морам да признаам дека многу ми е грдо чувството да знаеш дека не можеш кај најблиската фамилија ( намерно не пишав дома зошто тука ми е дома). @gjoker4e палачинки ќе јадете секој ден
Ќе помине многу побрзо отколку што мислиш. Не размислувај на таа тема. Канада и Русија ги затворија границите за странци. Сепак е договорено во светски рамки да се запре вирусот. Очекувам неделава Германија да не се прави вицкаста со нетестирање на населението и да повика карантин. Сзо ги искара да не глумат лудило со Франција и остали и да тестираат. А не да се караат кој ќе го плати тестот од 30 евра работодавачот, вработениот или државата.
Ај да ве разведрам- нема да ви треба квасец. Италија во каква ситуација е, не прочитав дека месат леб. Леб имало, има и ќе има. Не е ова таква хаварија, за леб да останеме страдни. Ако нема леб-јадете колачи, за нив треба прашок за пециво. Инаку кај мене и вонредни мерки и карантин, и све е по старо. Дозволено движење само до работа, на пазарење неопходни животни намирници и дома. Барем денес немаше чопор деца на игралиште. Инаку помалку или повеќе, business as usual.
Леле жени, ве читам и не можам да сфатам дали тоа вие живеете на друга планета или? Можеби ќе ми замерите ама небитен наивен вирус??? Мислам? Останаа само Германија Шветска и кој други неколку земји што си играат мајтап или? Дали знаете вие дека во Италија на дневно ниво умираат по 350 луѓе? Дали знаете дека на дневно ниво се заразуваат по 3000 луѓе? Дали знаете дека стапката на смртност не е само плус 80 год? Дали знаете дека за жал многу млад народ е моментално интубиран на апарати? Дека има многу жртви од по 50 год на пример? Дали знаете дека луѓето со хронични болести не можат да се спасат? Знаете колку млади има меѓу нив? Запрашајте се дали било кој дали старите па поготово и младите што не се излечени и се жртва на вирусот не се човечки животи? Не не знаете изгледа ништо. Не знаете колку млади изгинаа изгледами. Не можам да поверувам што читам а уедном и дека маркетите се празнеле? Па зошто се празнат ако ова е мачкина кашлица? Пеоцентот на смрт кај сезонски вирус нема ниту еден процен за разлика од процентот на смртност на корона вирусот што мислам беше над 6 проценти? Погребалните установи не ни можат да достигнат со работа дали знаете? Дали знаете дека само во регион Ломбардија има 1500 мртви за 3 недели? Наивен вирус? Погледнете ги видеава од луѓе што се во карантин дома како плачат за најблиските кои или починале или се интубирани на машини. Јас цела недела сум во карантин тука, маж ми работи со маска ракавици скафандер, се затворено освен најнеопходнното, имаме забрана за секакво свижење и истата се казни со затвор или пари. Ужасната сум бидејки сум под тешка психоза и под многу тешка ситуација овде каде што живеам во жариште. НЕ, НЕ ЗНАЕТЕ КАКО Е ДАЈ БОЖЕ ДА НЕ ДОЗНАЕТЕ имајте барем малку осет со коментариве ве молам.
На глобално ниво е 3.9% а во Италија е 7.7% сега за сега.. Полоши сте и од Иран, 5.7% .. Кина 4%, В.Британија 3.6%, шпанија 3.4% , франција 2.2% Еве за пример од официјални извори од Австралија, земја која што ја сметам за стабилна а не тралалајка..земја која официјално статистиката си ја има закачено на нет.. Толку од тоа дека деца не заболуваат За Германија не можам да најдам, веројатно затоа што наеднаш илјадници случаи излегоа позитивни од спиење на тоа увце како италија.. Пред 2-3 дена моите во Германија ми викаат дека освен што храна грабале, друго се нормално им било ...по кафичи и ресторани си седеле..и после леле мајко..епа леле ќе е Не е дека животот ќе заврши, ама не бидете опуштени како ништо да не е. Убави сончеви денови ќе следуваат, иде пролет..ама тоа не значи дека треба баш во гужвите да се замешате. Спречете тоа што можете, наместо да лечите. Само чувајте се
@vitamina со должна почит на состојбата во која сте ти ја разбирам психозата, но не и постот. Сакам со големи букви да напоменам на сите да ви е јасно: Темава нема да дозволам да ја направите место за паника! Јас сочувствувам со сите на овој свет, но нема да дозволам да зборуваат емоциите, наместо фактите! Сите имаме деца, јас имам и куче кое го сакам како вие што ги сакате своите деца и тоа куче ако ни се деси нешто не можам да го понесам во болница или да дојде некој да ми го чува, а без мене би умрел! Затоа не ми зборувајте за емоции и стравови. Сите ги имаме! Ве молам значи бидете присебни на темава и не ја носете во правец каде не треба од еден несреќно избран збор на Ава. А вие во Ломбардија чувајте се. Го читав писмото на истражувачите во него се е добро напишано зошто ова се дешава. Причините ги знаеме ќе ги збориме од како ќе заврши кризата сега не е ни време ни простор. @Dust ова се конфирмирани смртни случаеви кај деца?
Убаво пишува дека се потврдени случаи, значи заразени. Никаде ниту пишав ниту на скриншотот пишува дека се мртви дај боже и никогаш да не умрат. Австралија има 440 заразени случаи со новите од пред малку пријавени 39 во NSW и по неколку од другите места и само 5 мртви. Ова горе со табелата е од New South Wales каде што убаво најдов статистички како се поделени заболените. Значи од еден регион од Австралија се бројките, ама мнозинството од заболените се таму а и најскоро е апдејтирана бројката..пред некој саат. Еве без новите случаи како се распределени заболените по територии, да не дојде до заблуда Спојлер: Слика Последниот извештај за жал им е на 11 март, утре ќе го очекуваме новиот..бидејќи неделни им се. Тогаш за територија на цела Австралија вакви беа бројките на заразени. Тогаш имаа само 2 мртви. Едната жртва беше 98 годишна жена од Синдеј а другата жртва 78год од Перт што беше заразен на крузерот. Пак ќе речам, не сакам да ви кревам паника скраја да е. Само да ви посакам да се чувате и да прифатите дека - ДА и децата заболуваат. И НЕ - немаат сите деца еднакво јак имунитет. И не значи дека некој ќе умре, туку јас поаѓам од тоа - зошто да се заразам ако НЕ МОРАМ?! За умирачка не ни станува збор
@FreeMind Јас не сфатив кого да тестираат? Нели потврдениве случаи секако ги тестираат. На кого мислиш да тестираат?
Сите статистики го говорат истото дека деца заболуваат, не знам кој рекол дека не заболуваат. Децата се преносители односно и уминитетот нивни не го препознава вирусот и целосно го победува. Тоа е факт. Децата како категорија се најдобро стоечки како целина во однос на короната. Јас не знам да сум видела воопшто морталитет од 0-9 години или и да има тоа е на светско ниво еден два случаеви. Тоа е факт и нема што да заплашуваме народ со тоа. Градинките и училиштата се затворени за да нема трансмисија на вирусот првенствено. Настрана болни и изнемоштени тие со секој вирус се во ранлива категорија. Короната не е нешто ново за оваа категорија на луѓе Еве ја Италија со официјална статистика од 12 Март: https://www.statista.com/statistics/1103023/coronavirus-cases-distribution-by-age-group-italy/ 78% од смртни случаи се над 50 години. Тоа не значи дека не заболуваат млади или до 50 години секој организам различно реагира туку групата над 50 години е ризична. Над 70 години речиси има и минимални шанси да преживее. Најстарата преживеана 103 жена од Кина која го победи корона вирусот значи сепак организмот одлучува. Потврдените секако чим се потврдени се тестирани. Но Корона вирус може да биде и со послаба температура, може да е само со омалаксаност, само со главоболка, кај децата многу случаеви и без температура или воопшто знаци на болест, само со гадење. Овие лица не се тестираат туку немаат поим дека се заразени седат пијат чај и им поминува. Се тестираат најчесто лица со висока температура и кашлица. Вирусот различно го манифестира секој организам. Сакам да кажам може си го прележала, а не си ни го сетила.
Пиши ми адреса по пп ќе ти пуштам по плико и онака идам доле сега по леб. Едит: Најнови информации за Корона https://www.bundesgesundheitsministerium.de/coronavirus.html#c17572 Сите кои имате болки во грло, дурхфал, главоболка и остали слични симптоми не одете кај матичен телефонски побарајте боловање до седум дена може да добиете. Пишува на странава тоа важи од 9 Март.
Сите статистики за Австралија се 5 дена стари. И плус НЕ се тестира народ што има симптоми а не патувале надвор во последните 14 дена или биле во контакт со некој што патувале во последните 14 дена. Така да не се точни нашите статистики. Има многу повеќе заразени/починатиама немаме доволни тестови сите да се тестираат
Првата слика во спојлер е од вчера..втората е од 12ти кога им беше последниот неделен извештај. Утре ќе прави недела..веројатно ќе излезат со нов. @FreeMind ете нека не е за децата.. нека е за возрасните. И ние сме луѓе де.. процентот кај нас 30+ год е поголем.. Не е битно .. апсолутно неубава е глетката на еден заболен од корона. Не е убава ни на заболен од обичен грип. Кој ужива да се тресе со температура 40? Верувам никој.. или некој ептен забеган. А скоро сите сме прележале такви денови Јас требаше да одам за германија на свадба ама ете бидна што бидна.. и границите да се отворени ни во лудило не би отишла..
Јас воопшто не правам поделба на стари и млади за мене лично не постојат градации на љубов или кој има првенство да живее. Такви шаблони нема во мојата глава. И мојата мајка ја сакам најмногу на свет како и мојата ќерка и мојот внук и моето куче и она куче кај комшијата врзано на ланец кое им е гадно на господата да ги пуштат своите деца да го допрат. Е тие господата не ги сакам али не е тоа темата. Битно човек е човек нема тука стар млад за некого тој стар е татко, дедо, пријател, љубов на животот, татко на љубимец. Не е добра сликата али човештвото само си го прави тоа. И не заборавајте од кога ќе заврши лудилово да свиткате една дива свиња и да си ја ставите на трпеза или зајак, елен што и тит да јадете све. Оти ќе умрете од глад ако не каснете!Идете плукајте по улица сечете дрва бидете пасивни кон природата и убијци на животните. Па после куку леле оф што ни се деси. Ќе ви се дешава редовно во иднина. (Не се однесува лично на тебе генерално) Една слика ме потресе утринава: