Може уште малку досадна да бидам нели. Од четврток сум на работа. Сеуште се мачам со истите работи. Единствено добро е што знам дека после ова мачење ќе бидам едно ниво повисоко во животот. Таков ми е распоредот мене, се измачувам па следи позитивна промена. Скренав веќе дома. Малава уште малку ќе полни 8 години. 8!!! Дали ја живееме секоја секунда правилно? Кога поминаа осум години? Осум! Кога ќе сме сфателе дека времето не постои тогаш ќе ни се разјаснеле многу работи. Колку беа мирни прееска на маса си викам требаше четири вакви да имам на масата сега. Ама тоа се само тие секунди кога се мирни и сложни. Ме плаши тоа што додека да трепнам ќе има здравје 16 години!
Женски, бил ли некој скоро во мк со кола и како е низ Србија по автопат? ... И...имате ли распуст за велигден и кога ви почнува?
Спојлер Не знам дали ја имате видено. Совршен подарок за женско дете на некој во Мк ако имате. Има различни кукли ама мене оваа најмногу ми се свиѓа. Дури и за себе би си ја купила. Се надевам дека навистина вакви се и не е лажна страна. Во ништо не верувам.
Бевме сега за зимскиот распуст. Србија топ извозевме навечер не фати воопшто немаше гужва . Возевме по новот автопат не низ белград по центар. Нашиот е од 07.04 до 21.04. Да оваа година се поклопуваат двата велигдена.. @gjoker4e мене искрено ми е страшна . И воопшто некако тие кукли реалистични ми се страшни
Ние скоро не сме возеле, гостите кога ни беа во јануари, не се пожалија на ништо. Ако те интересира генерално, супер е автопатот. Распусти во дојч сегде различно се. Види слика. Спојлер: Распоред
Абе прашувам дали ќе праите гужви по граници или како? Ако чекаме пак 8 саати на мк граница да си спремам бесилка со време И со протестите во Србија , дали има импакт на транзитот. Големи планови џанам Поарно да си планирам летен одмор, а?
Ако, во лето е најубаво, немој сега да праите гужва. Ние сме стари луѓе, не можеме 8 саати да чекаме, бешика, кичма, таквимитиработи
Не можам да те замислам тебе во Македонија. Или ти зафалија некои билки што само таму ги има или еве не знам што би правела таму… Седи си кај што си. До толку сум одморила овие 10тина дена што по цела ноќ сум будна. Спијат саат време и пак будна. Ама не смеам да станам дека деца одма по мене ќе станат, морам да лежам.
Уште ми е смешно, кога сум била на работа, мм им рекол ако го изедат бурекот ќе им дал далинско и они во канта го фрлиле и им рекол браво и им дал далинско. Смешно ми е и поради начинот на кој ми кажа малава. Дури сега ми текна да му кажам на мм. Можеби и не е смешно ама мене секоја постапка на децава кон други особи што ги чувале ми е пресмешна. Опасно по живот е друг да ги чува моиве деца дека буквално секого го имаат надмудрено до сега. Освен мене секако. Јас доверба во никој и во ништо немам.
Ај ај чекај да муабетот за бешика. Да морате обавезно пред ниш некаде до тоалет, оти чинам немаше бензинска после. Треба да го прашам за сигурност, сега може има, ама една година многу стискав. Хорор ми беше. На граница една година многу чекавме на сред бел ден на Хрватска према Србија. И од тогаш само по споредно возиме ако е згужвано, кај Вуковар-Шид. И Словенија Хрватска сме ја минувале по споредни излази и после рековме крај во сезона со кола возење.
Јас мислев дека само на деца може во тоалет да им се оди. После 40 и ние како децата стануваме или? Мислам дека и женава под нас има проблем со тироидната. Колку вика леле не знам од кај го вади тој глас без воздух останува, на телефон со маж и изгледа дека не го слушам сега и него, он не вика никогаш смирено и враќа, млада е 22-24 години и две деца има па уплав ќе фатат на ова дерење скоро секој ден ама она кај има толку сила моќ до толку да вика пред две недели се породи. Не разбудам романски не знам што вика. Друг пример за: како зрачиш Тако привлачиш! - уште пред да знаеме дека ние ќе живееме во овој стан, жената од овој стан ми кажуваше како комшиите до нас со тогаш две деца, сега четири, биле прегласни, тропале викале, не можело детето да и спие, комшиите над нас по цел тропале и она тропала и на тие до нас и над нас да се смират. Повеќе од четири години живееме во станов, до нас буквално глас на дете немам слушнато, а споени ни се фактички детските и дневните, ни да тропне нешто буквално ништо. Над нас ни глас ни тропање слушам ни ништо. Освен што еднаш таа над нас ми пиша да сум спуштела маркизата сакала цвеќињата да ги чисти, и пишав нема никаков проблем и да падне земја на тераса ќе исчистам. И еднаш ми пиша ма фб извинете за кучето што треба, и викам не ни знам куче дека имате, нит го имам слушнато нит ништо. Ама очигледно од уплав што има жената од претходните што живееја тука. Јас и викам треба јас да ти се извинам што малиов плаче ноќе мал беше бебе. Оваа значи во гинисов рекорд на должина на викање треба да се внесе. Децата и се две недели и 2 години ќе полудат. Има за помош две сестри и мајка и татко сите живеат во истиве 4 згради споени се ама 4 влеза.
Дајте кажи кој ти е тој спореден влез Словенија -Хрватска? Во Ниш е битно да се јаде прописен оброк, пошто покрај бешика, кичма и слично, ако не сте најадени, ќе се изедете взаемно на мк граница. Го знаеме патот ама со протестите ми е матна работата, ај ќе слушаме српско радио у кола, ќе видиме како ќе биде.
Вечер ќе кажам, мора да го прашам, не паметам баш. Џоки мори јас цел живот сум си помочка. Мислам кај и да одиме, ако нема тоалет у близина ме фаќа паничен напад. У штау кога стоиме само тоа ми е проблем. Јадење мкнам се и сешто со нас. Мислам за три дена у кола. Секогаш има и после пат да се јаде . Тука не ме фаќа криза. Па тоа кога ќе почнам да вадам од коктел домати, моркови и паприки, до месо печено. Два фрижидери макнам, бетер кампер. Уште еспресо машина рачна ми фали и се има. Ама ова дека порано многу патешествија со кола правевме и филм ни беше. Па ти вадам ќебе, перници, пикник кај сакаш. Сега нормално нема се време и така. Важно прв критериум при избор на кола е ѓепек.
Демек workout за abs правам. Ама ректус диастаис 3ипол прста мислам ќе мерам баш да не се смалил и не бе неам јас мускули во стомаков. Неколку секунди од вежба можам. Сега дали да почнам и за тоа да се измачувам и да си поплачам па и стомачни да направам за неколку месеци. Уште денес ве замарам, од утре на работа сум. Сите колешки за викенд земаат слободни, кранк или одмор, само јас од понеделник до четврток. мерев 3 прсти. Беше 4ипол порано па сепак подобро е сега. Одиме на 2ипол полека на сигурно.
Домаќинки со што може да се извадат пожолтени флеки на облеки од стоење? Не е можно за година ипол да е толку уништена облеката. Кажувајте трикс анд типс.