Мајка ти е кај тебе во Германија? Ако е, ќе одиш во банка и сите пари што ги има кеш ќе ги ставиш на твојата сметка или на сметката на мт, на банкомат значи, ако има лажни пари банкоматот нема да ги земе. Стави ги на конто само за да знаеш дали се вистински или лажни и одма извади ги и дади и ги. Вака одма ќе знаете дали има лажни, не оди на шалтер, само на банкомат. Лажните нема да ги земе банкоматот и ќе се отвори ќе си ги земеш лажните ако има. Einzahlung на конто на банкомат
Па вака и маж ми вика… ама си пробала? Ми е страв ако банкоматот одбие да не почне некој аларм да свири. Уште работа со полиција да си имам за нешто што други и подметнале ми фали. Се испоизнервирав значи. Се поодбивна ми станува сопствената земја, криминал само цути на сите страни.
Има маркери за проверка на фејк пари. Ако сакате дома да ги проверите, нарачај такво и проверете ги. Ако линијата е невидлива, тогаш се ок. Ако е темна кафеава или црна се фејк.
Ништо нема да се деси. Само парата нема да ја земе. Само еднаш една стотка не ја земаше, дури по 4ти пат ја зеде. Знаевме дека не е лажна ама од некоја друга причина не ја земаше. Па затоа знам дека ќе остане. Нема ништо да свири.
Со маркер проверија. Линијата е кафена. На другата стотка беше бледа и таа ја прифатија. Дома читавме, ја анализиравме и споредувавме со други. Се што стои онлајн за како да препознаеш лажни пари ништо од тоа нема ни физички ни визуелно, се е исто како што е на вистинските, никаква разлика ништо нема сем маркерот. Веројатно се работи за исклучително добар фејк. Ваљда тоа ќе пробам во понеделник здравје. Па или ќе биде, или ќе ме читате во полициски билтен како балкански обид за криминал.
Да, маркерите добро детектираат, долго ги имам користено. Искрено, јас на работа бев обврзана ако налетам на фејк пари одма да се јавим во полиција. Дури и не знам како туку така ви ја вратиле назад. Некако ми е наивно дека туку така банкомат ќе ги отфрли и никому ништо, сигурно има начин да распознае фејк банкнота од изгужвана што не ја прима неколку пати, ама може грешам. Ама ова е само мое мислење, немам повеќе искуство околу ова. Само совет да бидете внимателни.
Банкоматот покажува дека не станува збор за пари и не ја прима. Ретко може да ја прими ама да не се брои. Сепак никому ништо, банката ќе ја пријави парата во полиција. Казна не следува ни ако платиш со лажна пара некаде дека нели не си знаел. Само ако платиш поголема сума цела со лажни пари е тогаш полиција и проверка од каде толку лажни пари.
Појма немам Биљо ова прв пат ми се дешава. Па искрено и јас истото му го реков на маж ми, можеа полиција да ни викнат. Сакаа само пари да земат не беа нешто потресени. А мене баш ми е страв. И стварно не знам што да праам, мене не ми е проблем, таа секако кај мене седи и пари не и требаат, ама тие си се нејзини пари и се броени и баш е насекирана. Глупости значи уште ова немав искусено во животот.
Што не отидете одма до некој банкомат и вечер на раат да си спиете? Мора да имате некој во близина. Изброј колку ќе ставиш и види колку ќе покаже.
Не знам @Yowannty најискрено, многу зезнато, верувам дека сте многу вознемирени, а и кој не би бил. Јас да сум на ваше место искрено би си ги проверила дома во четири ѕида, бидејќи како што сфатив, таа што е фејк, ај фејк е, ама не знаете дали има уште и уште колку. Еве @gjoker4e тврди дека нема ништо страшно, најверојатно и така е штом има искуство. Јас лично со банкомат немам искуство. Имаше нешто со последни бројчиња на самите банкноти кои покажуваа дека се фејк, ама тоа не би знаела точно ни да го објаснам сега. Друг начин на проверка не ми е познат.
Затоа што не можам више да излагам. И денеска излегов со мисла дека ми е последно дур се породам оти не можам веќе ни да седам ни да стојам ни да одам. И така од убав ден ми се упропасти на крај. Немам никакво искуство, далеку сум од криминалец а баш ко така се осетив денеска. Гледавме на интернет знаци се што може да укажува на фејк, стварно ништо нема, сем маркерот. Ама па и ние сме лаици за овие работи, да е професионалец сигурно ќе познае побрзо. Фала богу не ни викнаа полиција оти поштениот секогаш е најзаебан.
И мојата е видовита Зорка, таа секогаш пред време се знае и кога останав бремена со двете и полот. Какви ќе бидат децата, карактер на кој ќе личат.Кога ќе се породам. Се се. Иако прогнозите не и се секогаш точни. Со такви глупости се замара. Со мојот па многу се поврзани секој ден се слушаат. Јас со моите не се слушам толку. Кога ќе дојде незнам како ќе се истрпиме , со моите хормони. Многу е досадна во стил многу збори, а јас не сум таква. Место да направи ручек таа 100 пати ќе праша што да прави , за тоа време додека прашува ручекот би можел да биде пола направен. Но ајде ќе издржиме некако , ќе ви де жалам тука на фемина. @Yowannty стварно многу глупа ситуација. Знам татко ми имаше таков случај но во мк. Пријави во полиција , а тука како е процедурата незнам. Стварно жално.
Мислам имав ув батерија дома ама не можам да ја најдам. Ај види таа лажната кога ќе ја погледнеш наспроти дневно светло од прозор, има ли сув жиг и таква магнетна лента (може не е магнетна де, може грешно ја викам, таа сребрената трака). Овакво Јас се што проверив од пари сега има сув жиг, тоа сличето од жена на првата банкнота, инаку невидливо ако ја гледаш парата легната. Па види и со другите пари.
Вака беше големата кој што чини ние болни кај и со кој да се договориме она болна.Луѓето почнаа да мислат лажеме.Па малата беше така и така што и да правиш кај нас се се болни.Ама иде прилет лето нема да биде секоја недела болна подолго ќе е здрава. Мене ужасно ме нервираа коментари како дека мојте пак се болни, ма гоните се у три леп и јас не сакам да се болни. Ама верувај не си сама гледам и кај мене колеги и колешки исто се така да издржи ќе помине период од неколку години е.
Или оние муабети кога децата ти се болни нон стоп. " Леле моево многу ретко беше болно , не кажуваше ич тт , незнам што е со твоите ? " Од тие муабети ми се качува притисок . Ко јас да сакам се нешто да имаат.
А за париве , незнам што да кажам . Се преваранти во Македонија. Може жената последните пари била да ги замени во евра и некој кретен да и подметне лажни . Арам да им се парите . @Yowannty не се грижи за парите , нека не се нервира мајка ти . Не вреди
Проверивме ова на светлина се си има, исто и цртичките од страна кои требало да се осеќаат на прстите.. и нешто као на едно место треба да е проѕирно, да можеш прстот да си го видиш на светлина од другата страна, според јутјуб ова не ми се верува дека ова гуглав денеска. И се е исто како вистинска банкнота се има, ама пак ќе кажам.. прв пат ова ни се дешава лесно може да пропуштиме нешто. Како и да е. Не се и не знам колку големи пари, ја ќе и ги дадам, ама ете баба е, ги тргала на страна со месеци да ги подели по внуци и се изнасекира. И така ни отиде денов јабана. А не вреди стварно ама ај…
Ако има лажни, ќе отидете да си купите нешто во маркет или некаде каде што не ги контролираат парите и некоја постара жена на каса е. Маркетите имаат доволно пари, нема ништо да им биде, не е злосторство. Ако не сакате да испробате да купите нешто бидејќи знаете дека се лажни, ќе ми ги пратиш мене, ќе ти пратам јас вистински. Или најдобро во истата менувачница да ги смени во денари. Немам загледано дали во менувачница имаат апартче што контролира дали се вистински парите. Мене шефицата што ме нервира се уби прашувајќи ме Deine Kinder sind nicht krank? Абе на секое дека ем две мали деца ем не пишувам кранк, а шефот 120 саати ми даде и 100% она од одма му има изедено трици дека со две мали деца цело време кранк ќе пишувам. А јас кај не кранк па и по 30 саати прекувремено. И првите три месеци на новава работа плус и мини џоб имав нели. И симпатија број 2 не ни знаеше дека имам деца и седиме еднаш тројцата и оваа пак Deine Kinder sind nicht krank? пред него и он вика стварно деца имаш? А јас еве не знам што да и речам следниот пат кога ќе ме праша, секогаш и викам не, не се ама треба полошо да и одговорам. @Yowannty не се нервирајте за џабе! Исто како новчаник да и украле, а тоа се дешава многу често во мк на пример во автобусите. Парите идат и одат. Ние да сме на број!
@Yowannty Јас знам дека со лажна казна од јавен превоз стасав и до суд.На мене ми беше на почеток смешно,оти не сфатив колку сериозна е ситуацијата,па дури и на формуларот од полицијата им нацртав смајли Јас купив карта од ебау за јавен превоз што беше доста поефтина од останатите и си мислев имам среќа. Претходно ме контролираа и се си минев на контролите и на крај на месецот ме фати контрола и ме извади надвор.Ми вика картата ти е лажна.А, јас дури се карам како лажна веќе неколку пати ме контролираат.И тој ми вика па секоја контрола не е добро контрола.Ми ја конфискуваше картата и ме пушти.И јас си мислам толку е работата.Си платив фино лепо казна,ама после 2-3 недели писмо од полицијата. И ми бараа писмена изјава. Дека работам јас,каде маж ми,адреса на живеалиште и на работите,колку кирија плаќаме.Буквално се што беше поврзано со финансии и работа.Колку плата имам и да им пишам од кај ми е картата. И јас фино си пишав се што треба и дури и на крај им ставив смајли на реченицата. После пола година ново писмо од јавното обвинителство дека ме ослободиле на суд од обвинение за фалсификување.Оно у стави си течел процес во позадина,а јас сум си немала појма.Ако ме осудиле за виновна,можело во затвор да си завршам.А, јас ни адвокат имав,ни па појма имав дека е сериозно. Мое мислење е да не си играш ногу со фалсификувана пара.Види ако можеш да ја пренесеш до Македонија и таму смени ја и земи си пари.Тука би ми било ризично.