Сепак треба да се замижи пред постот од @vitamina бидејќи не е при себе, а и ретко кој би останал при себе во таква ситуација. Витамина јас би ти препорачала следниов период да гледаш само дома, во вашите четири ѕида. Воопшто не отворај да ја видиш состојбата во Италија. Колку и да е тешко најди и прави позитивни работи во домот. Кога ќе помине ова на детето му требаш нормална. Мисли на Англија и на периодот кога бевте таму, кога беше позитивна, кога ќе помине ова ќе бидеш уште попозитивна затоа што и ова го преживеавте и ве направи посилни и поисполнети како семејство. Не читај ништо повеќе на интернет. Не полуде интернетот.
Се приклучувам кон членките над мене. На културен начин ја замолувам @vitamina да престане да шири паника на форумот и да си најде некоја занимација по дома Реков нема да коментирам и намерно се тргнав од темата сакам да кажам која преплавена со мислења за корона вирус , ама ова е веќе претеризам штом и во оваа тема се ствараат нервози. И точно е, не треба да им се верува на медиумите ,се пишува глупости во боја Бог да чува !!! Па и мене ми течи носот од алергија и ајде сега да почнам да паничам аууууу маууу готово , ц ц ц ..... Само да и се заблагодарам на @FreeMind за брашното , ретко среќавам толку стабилни и грижливи луѓе околу мене , секоја чест за неа . Јас и цела моја фамилија сме и благодарни. Негативците сакаат да го изгаснат последното жарче во огнот кое дава светлина на форумот. Џабе пишува @Biljarkata кога ние кои сме позитивни сме погрешно сфатени на форумот. @Ava.84 , од вчера имаат ставено катанци кај влезната врата од автобусите кај шоферот за да не биде во контакт со луѓе.
Темава не е отворена за дискусија за корона вирусот. Ве замолувам да се префрлите во соодветните теми, понатамошните мислења на оваа тематика кои не се во соодветната тема ќе бидат префрлени.
Толку погрешно, што мојот смирувачки пост е избришан, тие паничните останаа. Нема везе, ќе сошијам сега маска за лице па ќе споделам фото во соодветната тема. Во меѓувреме за кнедли да пишете- дали и за нив треба квасец? Никогаш не сум правела кнедли, се готови ги купував Имам замрзнати, ќерка ги сака, незнам ни да ги сварам. Во вода се варат или на пареа?
Апсолутно се слагам со @Herrera! @RainBow Корона е тема која ги засега сите од групава и пожелно е да се споделуваат информации за состојбата во Германија! Не верувам дека некого во општата тема го интересира нашето секојдневие, кое можеби не е поразлично од нивното, ама засега поинаков е третманот! Не верувам дека ќе ги интересира состојбата во Лидл, Едека, Реве и слично. Ниту тоа дека Германија не му се замара многу, иако ги распуштија сите образовни институции, градинки и слично! И го избришавте постот? Не ова ок, ама како сакате! Полиција изигрувате на друго место, не се силете на форум! @FreeMind мислам беше што спомна за Франција и за нас, и Англија не е многу подалеку од нашава ноншалантност! Овде барем колку-толку мерките се заострија, таму ништо. Имам другарка, работи во научна институција, као демек ќе засилеле тестирања, па бараат дополнителен кадар да им помага. Апропо Едека, на северов состојбата малку очајна... Тоалетна, марамчиња, брашно ни за лек.. Овошје и заленчук на претек!
Преместен е во соодветната тема, и другите сите ќе бидат. И витамина е во Италија, па пишува во темата, можете и вие да го правите истото. Повторувам, постовите ќе бидат префрлени во темата за коронавирусот, оваа тема не е за тоа и ќе остане така.
Здраво мајки, ако некоја знае дали real имаат ограничено работно време и има ли некој поголеми попусти со оглед на состојбава со корона?
Девојки ајде мала помош, ако знае некој. Мајка ми е кај нас на гости и си земала она некое осигурување во Ск,ама трае само до Април. Е сега со оглед на ситуацијава изгледа ќе мора подолго да остане,па постои ли некоја можност овде да ја осигураме здравствено некако додека е тука. Гледав нешо ADAC имаат,ама цела недела за öffnungszeiten пишува затворено. Или пак има некоја можност преку нас да се осигура?
@Minnie 1 Најдобро да ги исконтактирате по телефон или електронски. Администрација веќе не работи со странки лично, сега прашував и во Аусландербехорде, истото ми го кажаа. Само електронски ќе завршат работа!
Автоматски сите услуги се продолжуваат од мкд по повод ситуацијата. Пиши им мејл на осигурувањето во мкд они мора да го покријат престојот на мајка ти. Мило ми е што не ја пушти да оди.
Женски, свекор ми е кај нас на поседок. На 16.04 треба да си оди дома. Со мк пасош е па нема право да престојува повеќе од 3 месеци. Што ако остане ситуацијата со границите и забраната за патување ваква каква што е? (а веројатно ќе остане) Треба ли да го пријавиме некаде? Да бараме да му се продолжи престојот? Што треба да се направи во ваква ситуација? 85-86 дена ќе бидат поминати на датата на која треба да се врати во Мк?
Пиши им на мнр имаш секаде броеви ватс ап и слични алатки. Сигурна сум дека одстапки од правилото 90 дена ќе има оти ова е непредвидлива ситуација. На мм сестра заглавени се во Сиднеј. Ќе останат додека помине кризава бидејќи немаат летови за назад откажани се. Можеби отказ ќе добијат од работа до тогаш, али јебеш га живот.
Јас сум во иста ситуација како мајката - затечена во Германија - не може да се земе патничко зашто важело само ако си го извадел на ден кога си бил во мк. Ако имате друго инфо ве молам споделете.
Да се јавиш во осигурјтелната и да бараш продолжување? Онлајн може да платиш (ако им е до пари сега дојдено).
А имаше патничко со себе кога дојде или немаше па сега сакаш да вадиш? Ако си немала германско осигурување нека ти пребараат.
Имав на ад осиг. Барав кажаа дека не можело. Морало според закон да сум на територија на Мк за да ми извадат или профолжат.