@Yowannty честитки за бебето. Да ви е живо и здраво. За вакцината знам дека е нова препорака и го читав истото што и ти. Пишува дека добро ја поднесуваат децата и дека се препорачува за новороденчиња кој се родиле со здравствени проблеми и имаат поголем ризик за тешка клиничка слика. Несакани ефекти црвенило на местото на боцкање,стврднување, температура. На интернет нема нешто посебно информации. Ја ставивте ли вакцината ? Која ви ја понудија МРНА вакцината или Нирсевимаб ?
Beyfortus е вакцината со активна состојка Nirsevimab. Се изначитав и јас и на крај потпишавме. И мене ми рекоа нема страшни нус појави, регулар тт може да качи, моево има проблем со температурата ниска му е, па за сега му ја регулираат и е стабилно ама и се роди со респираторен проблем. Средното ми почнува исто во градинка наскоро, големата оди во градинка веќе и знам дека ќе си разменуваат вируси. Иако двајцата доста добро поминуваат, ова најмало и порано родено го сметаат иако во безбедна недела се плашам како ќе му биде имунитетот, па одлучивме да ја ставиме. Иначе вакцината се става на испис од болница последниот ден, сеуште ја немаат ставено, уште не знаеме кога точно ќе одиме дома.
@Yowannty мислам дека добра одлука сте донеле. Пасивна имунизација е со таа вакцина, ќе му дадат само антитела и мирна ќе ти е главата, нема да живееш во страв нешто поголемите да не му донесат. РСВ не е наивна работа за бебињата.
Ти треба да ја смениш адресата. Можеш да им ставиш во сандаче фотокопија од пријавата. Ова ако не сакаш да чекаш ред. Честитки @Yowannty. Нека е живо и здраво бебето и големо да расте. Да си прашам... Какви се цените за гинеколошки преглед? Ехо, брисеви.....
Еднаш годишно имаш право на бесплатен Пап, брисеви, хормони да испиташ и вагинално ехо. Бар кај мојот гинеколог е така.
Фала ви и на двете. Треба да закажам термин затоа што имам проблем. Можеби се работи за масно ткиво, ама за секој случај да проверам.
Од која возраст почнавте децата да ги носите на активности? Моево 4 ќе полни наредна недела, некако уште ми изгледа мал да го запишам на нешто, мислев од 5 е некаде идеална возраст, ама гледам дека многу деца од многу помали ги носат, па не знам што е паметно.
На @Yowannty голем да расте, се да се надмине и поскоро дома да се гушкаат. Цицалче големо и лакомо да биде! Многу се радувам на бебиња . Ај ве молам помагајте. Што се зема за маген дарм да не повраќам? Абе на одмор ќе отидеме и таму болести ќе закачиме. Не сотреа веќе аман. Не знам како издржав денес до дома, од синоќа почнав да повраќам. Маж и он еден ден беше болен, сега е ок. Малото кака смрди страшно. Е сега проблемот е кај мене, што не сопира повраќање никако. Не можам ни две голтки течност да земам. Сабајле испив две чаши електролит оти зедов вомекс предходно, да можам да патувам. На едно парче двопек сум цел ден. Аман значи сите вируси ги исфаќавме сезоната. Да пукнеш веќе.
Да не сте фатиле норо вирус? Спас ти е да отидеш до брза помош,ако се нафатат да ти стават кратка инфузија со вомекс-мене само тоа ми помогна.Ако земаш орално и повраќаш не функционира, исто и ако имаш пролив и сакаш да искористиш чепче исто не бива.Се излегува надвор. Ние после одмор од Хрватска фативме.Гадна работа, во исто време повраќав и пролив имав(без зафрканција).И сите бевме со различни симптоми,синко повраќаше до дехидриеање-без пролив.Маж ми имаше само пролив.
Епа не може две чаши електролит да испиеш одсабајле. Јас би била цел ден на црн чај без шеќер, голтка пауза 10 минути, голтка. Без јадење се преживува, само да не дехидрирате е битно сега. Со помин
Не знам веќе што е. Аман значи. Овие се добри и функционални. Не се дехидрирани. Малата само како смрдливо има. Маж он некна лежеше со повраќање само. Јас само со повраќање сум. Имав бускопан плус и ставив сега, да можам бар дете да гушнам да заспие. Билко не можам ни голтка без да жблуцнам. Сабајле не знам оти така поарано мо беше. Изгледа откако си дојдов на домашен терен снема адреналин и се опуштив. Дома ништо нема инаку. Само тост лепчиња. Утре недела и така. Ќе викам роднини утре јадење да ми донесат.
Vomex апчиња ако многу повраќаш , Fenschel чај и електролити голтка по голтка, мали оброци двопек, варен компир, ориз само со сол, можеш и чај од ѓумбир да ти се намали гадењето. Ако трае повеќе од 48 часа оди до матичната.