И ние скоро сите сме ао смрдлива кака . Сабајле едното бебе у 5 се разрика тоа да ти почна со пролиф до послето и другото маж па јас синко е без волја воопшто ништо не му е ќеф се вели ако ти сакаш .... Го фаќа пак грип грлото црвено му е . Аман оваа година по незнам кој пат е пак заникаде ... и така
Здраво, Не сум нова на форумот, само го изгубив телефонот,па така и сите лозинки. После долго време од првата бременост, повторно сум бремена. Кога веќе "оладив", почнав нова работа, оп се случи. Е сега проблемот е што сум на пробно до мај. Имам 6 месеца пробно и потоа unbefristet. Читав на интернет, но во пракса не е секогаш така нели? Прашањето ми е дали може да добијам отказ откако ќе ги известам? Сеуште мудро молчам. Во понеделник ќе закажам на лекар. Дали може да ми објасните која е постапката, кога се известува работодавачот и на кој начин ( писмено,усно)? Професијата е високо ризична и знам дека ќе добијам забрана за работа. После колку време од позитивен тест ви закажаа прв ултразвук? Сега за сега немам кажано на никој, бидејќи немам официјална потврда за бременоста.
И јас така и се договорив со шефот да на кажуваме додека не ми поминат шест месеци. Ама зависи и од шефот нели. Германец нема да те остави бремена на ризична работа дека здравјето и бебето се поважни од работата и парите. Гинекологот одма ми даде потврда за работа па после глумев дека сум ја загубила за да ми даде нова со нов датум и демек не сум знаела до тогаш.
Јас имам уште еден месец да ми заврши пробното, меѓутоа планирам да ги известам веднаш штом ќе се потврди бременоста. Бидејќи тогаш и законски си обврзан да ги известиш. Се надевам дека нема да се направат "луди" и да ми дадат отказ. Не знам дали само потврдата да ја однесам или да напишам и писмена изјава од мое име? Јас одлучив дека нема да кажам на никој, апсолутно немам доверба во никој. Тебе матичниот гиниколог ти даде забрана, на првиот преглед кога беше потврдена бременост?
Девојки јас предходната недела имав проблеми нели со тие броевите, е сега се е тоа океј. И на работа ме пријавија, ама проблем е што немам се уште сметка во банка Во Шпаркасе ми рекоа можело и повеќе од месец дена да трае додека да отворат сметка. Имате предлог за друга банка? И ако одбијат пример отпосле да ме отплатат (пошо сега немам сметка) дали имам право да се жалам? Имам доказ за одработени саати
Тогаш почекај еден месец па кажи им. Да, одма ми даде забрана, ама јас работев уште 3-4 месеци, па кога ми завршија пробните шест месеци отидов по нова забрана. Забрана поради короната беше кај мене. Не сум 100% сигурна дали следува отказ на бремена во пробецајт ама јас сакав на сигурно да бидам и да можам да земам 100% плата до крај и после породилно. Не ми се ризикуваше.
@Evidence10 мислам дека не смее да даде отказ на бремена па дури и во пробен период. Ама искрено и јас би почекала еден месец па би им кажала. Така си барем сигурна.
Мојот случај останав бремена и најдов работа , потпишав договор 6 м пробен а потоа неограничен. Работев 1 ипол може па им кажав бев тогаш 4 месец бремена. После истекот на тие 6 месеца продолжува неограничен дог не потпишавме нов договор останува тој. Ете и кај нас вирус нос не престанува да тече - жолти . Ова зимо повеќе бевме болни отколку здрави. Мене уште не ме е прифатило но секако не бегам и јас. Сега место да се спремам за бебе да перам, чистам јас ќе морам да лежам…
Ви благодарам многу на одговорите. Ќе почекам додека не ми дадат забрана, и потоа ќе ги известам. Не би чекала бидејќи и работата носи голем ризик за бременоста.
Nekoja da ima clen od familija koj raboti vo deutsch post, mi treba mislenje,,, dali ste zadovolni? Kako davaat dogovori? Dali e tesko?!
Не смеат да те отпуштат за време на бременост и јас тоа го имам читано дури и во пробен период. Ама ако ти е договорот на определено време да кажеме 1 година, не е задолжително работодавецот да го продолжи само затоа што си бремена. Мислам тоа за unbefristet ако си во истата фирма мора работодавецот да го смени после 2 години од befristet, ама ако уште од старт си потпишала таков договор опушти се заштитена си. Види си каков договор имаш.
Какво греење имате по дома, на гас или струја, воедно и за бојлерот да прашам на што ви е? Ме фати параноја за труење со јаглерод моноксид, па ме интересираше како е регулирана безбедноста? Воедно дали имате апарат за мерење на присуство на CO и кој бренд? Имам само за детекција на пожар на две места, па сакам и таков да купам.
Да да пишува, цитирам "Овој договор е неопределен". И доле само пишува, цитирам "6 месеци е пробен период".
Честитки @Yowannty , жив здрав! Тука од годинава започнаа да ја даваат рсв бесплатна и за бебиња и за трудници.
N26 е онлајн банка, целата регистрација на сметка оди онлајн и ти стига се по пошта. И comdirect е исто онлајн банка и регистрацијата оди онлајн. Потврда на идентитет се прави во филијала на Deutsche Post. Одма имаш сметка, картичката стигнува на домашна адреса.
Многу недоразбирања има поради недоволно познавање на јазикот. Сметка добиваш во истиот момент. Додека да добиеш картичка и пин може да потрае. Сметката ибанот ти ја даваат испечатена на лист и ибанот го даваш на работа. Шпаркасе или волксбанк ти се добри. Јави се и направи термин. Плата секако ќе добиеш.
Добро е Џоки. Дрмнав некна два вомекса и се смирив уште ноќта. Сега сме само без енергија ама не сме дехидрирани. На малото му зедов пробиотик сабајлево, па белки и се среди мешето. И веќе у вакви специјализирани хотели за деци не одам, оти кај има деца таму и вируси има. Како не ми текна порано само. Ама тоа е тоа. Се е школо. Да не мрмкам, арно беше. Лесно се помина.
Сеуште ништо не учам дека на овие Германци се споро им оди. Како можат да имаат до толку трпение и се да планираат однапред. А мене ми се брза. Прв датум беше 1ви март ама јас имав одмор, шефот имаше одмор, па јас пишав кранк па следен беше 14.03 па некои проблеми на работа па шефот пиша кранк… А мене ми се брза. Овие се едно по едно, полека. Тој што требаше шеф да стане јануари рекоа најкасно февруари, март е еве, сеуште не е, дека Германци никаде не им се брза. И затоа они успеваат, а јас со моето брзање очигледно треба да се подразмислам…