1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Zfer

    Zfer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Во фаза на селење сме во Германија со семејството, и нормално после цел живот во Ск кај што сите наши блиски се, ептен голема носталгија ме фаќа , уште неотидена.

    Може ли совет од ваша страна што највеќе ви служеше и ви помогна во периодот на преселба?
    Стан имаме најдено привремен, на шест месеци, да се регистрираме на адреса, а потоа после 3 платни листи да бараме нешто во околина на Берлин. Највеќе ме вознемирува градинка дали би нашле и чекањето околу тоа.
    И според Ваше искуство, во што е убавината која ја живеете во Германија?

    Фала ви
     
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    15.877
    Има пробано да аплицира за работа? Преку Linkedin на пример..
     
  3. Петунија

    Петунија Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Да, аплицираше на неколку места ама до сега не го викнале на интервју, нез дали до Германскиот зошто повеќето огласи, се само солиден Германски бараат.
     
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    15.877
    Само упорност треба. Искрено најважно од се е искуството и знаењето и тоа што конкретно работи. Јас влегов во ИТ фирма само со англиски. Тоа беше 2019, сега не знам колку промените на пазарот на труд имаат влијание. Тогаш германскиот не ми беше ниту на ниво А2. Во големите градови како Берлин, можам да кажам дека во ИТ англискиот е стандард. Има и други страни за следење на огласи како: Xing, Stepstone, Indeed.. Мој совет, нормално е процесот да трае од шест месеци до година, додека да се најде соодветната позиција. Голема предност е што сте со ЕУ пасоши. Така да, без откажување. (fingers) И да, во меѓувреме непрекинато учење на германски.
     
    На SummerGirl и Петунија им се допаѓа ова.
  5. Петунија

    Петунија Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Ти благодарам на охрабрувањето и советот:hug:Инаку работи како Јава Девелопер
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    37.177
    Пол:
    Женски
    Додека животот ми се распаѓа…
    Да се пофалам дека сум ослабела :D изгледа веќе се пофалив ама стареам и заборавам :x

    Се чувствувам како она видео ако сте го виделе, во позадина се гори се распаѓа, а ликот напред кафе на раат си пие. :$

    Денес сум слободна. Однесов деца градинка/школо. Пуштив машина за перење. Машина за сушење. Се искарав со мм. Изедов јаболко. Пијам кафе па ќе одам во теретана.
    Па и многу сум направила сабајлечки, а јас си мислев ништо не сум направила освен кафе што пијам. :^)
     
    На mal.ecka, Ava.84, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ender C

    Ender C Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Овде сум скоро 3 години, убавина има насекаде, зависи што подразбираш под тој поим, мене лично ми се допаѓа системот, природата, луѓето во глобала се фини,насмеани (ќе се најде и некој намуртен, некултурен нормално), здравството е небо и земја во споредба со нашето, се оди со термини, што мене ми е сосем океј затоа што не е преку врски во ниедна област, небитно чив син/ќерка си, ќе чекаш колку што треба, има многу добри шанси за образование, работа, прекрасни градови за прошетки, шопинг, социјализација...

    Мислам дека голем удел има и местоположата, односно местото на живеење, кај мене во мојот град има премногу Македонци, Срби и општо Балканци, па така има и многу чести дружби, журки, средби и општо гледано приватен живот, додека од друга гледна страна имам пријателки кои се во други градови во Германија и немаат добро искуство на таа тема затоа што се опкружени со германци...

    Но не мора да значи ако нема Балканци и депрешн, напротив во одредени моменти сакам да сум опркружена толку многу во нивна близина но тако је како је :tmi:

    Секако, со тек на време ќе се навикнеш, како и секаде, има и добри и лоши страни,овде единствено нешто што не ми се допаѓа е климата и храната, константно е врнежливо и тмурно, и немаат некоја разновидна храна како нашата :D
    На почетокот нон-стоп плачев и мислев на моите во Македонија, секогаш ќе ни фалат нашите најблиски, сепак овде сме за подобра иднина и тоа е некоја утеха, на нас и на нив, скоро секогаш кога ќе посакаме можеме да ги посетиме нив и нашите родни краеви, па така пробај да го исполнуваш времето со учење нешто ново, пример гермаснки бидејќи ќе ти треба, пешачење, читање, спорт или теретана, учење на твоето градче, запознавање нови луѓенца, соседи и нова култура, користи го секој слободен момент максимално, и со тек на време ќе се среди се.

    Убавината во Германија е во самата себе, односно да не се замараш кој што каде рекол (во глобала такви се германците), прави си како што тебе ти е убаво, работи на себе, уживај со фамилијата и детето/дечињата, исполнувај го времето со твоето омилено хоби, имај трпение и надеж затоа што секој почеток е тежок, потоа резултатите ќе си дојдат со тек на време сами по себе.

    Во врска во градинките, немам искуство па не можам баш да ти помогнам на таа тема
    Ти посакувам среќа, Германија те чека со отворени врати, ако ти треба помош за нешто ти стојам на располагање :lol:
     
    На Zfer, Петунија, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    8.694
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не направив, а и сила немам. Тоа што ми стои од малку енергија ми е за дете да чувам сега кога ќе ја земам. Поима немам што ќе јаде денес, а ни ние.
    Ќе предложам на маж да одиме на азијатско и тоа дирекно таму да се најдеме. Џабе и диети и се. Мене нон стоп ми е лошо. Другите малку поарно се.
    Малата ќе се израдува ќе и направам палачинки за во раце и на шпил плац дирекно.
    Малата се нормализира. Јас не спијам веќе со денови.

    Стојам у мртва точка, се тоа па тоа. Не можам веќе, а ко не зависи од мене што да правам. Додуша зависи друг од мене, па морам таму да се дадам, се друго на 100план е. Аман да се оправи и со спиење и со болештини, да можам бар малку да земам за мене време.

    А цело сабајле само лежам и се мачам да поспијам. Не бива. Ни ноќе не бива. Зомби без сетила сум овие неколку денови.
    Кај да си поплачам? Ни да плачам не можам.
     
    На mal.ecka, Ava.84 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. Ender C

    Ender C Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Исплачи се, ќе ти олесни. Во врска со спиењето и јас имав до скоро време проблеми, пробај магнезиум, ги има во дм од оние мелатонин, чаша топло млеко или една банана пред спиење.

    Добар сон е клучен за целокупната енергија што ја трошиме во текот на денот, па така пиј повеќе течности, особено вода и нема во толку големи мери да чувствуваш замор и безенергичност од искуство, па така ќе имаш повеќе енергија за малата.

    Можеби е само период, или пак е до времето, ден дожд и ветер, ден сонце, можеби е некоја пролетно-зимска депресија, имам и јас периоди како твојот и скроз исти симптоми како твоите горенаведени, ама поминува без гајле, донт вори :$
     
    На јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    5.379
    Јас може да ти кажам мое искрено мислење?
    Убаво е што имаш флексибилност, но не мислам дека во секој случај тоа е најдобро. Ваљда и од градинка те знаат дека си без работа па и ти звонат често да ја земаш, и со тоа не ти останува време за ништо друго.
    Напорно е, ама понашај се како да имаш работа на полно работно време. Остави ја во 8, земај ја во 16.
    Едноставно кога немаш избор тераш, тоа е тоа, се помируваш со ситуацијата. Ние немавме опција еден од нас да е на пола работно време и после двете недели адаптација кога плачењето беше прифатливо, веќе остануваше таму 8 часа.
    Тогаш би имала време и да се посветиш на барање работа, и да одмориш, и да средиш низ дома што ти треба. Вака цело време по тоа што те читам си во некоја лимбо состојба, ни да почнеш да бараш работа ни да не почнуваш.
     
    На Петунија, јolene, Katie90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    1.614
    Jolene ок е да си изморена и да ти треба пауза од се. Кога човек ќе стане родител не значи дека мора само тоа да биде. Најди си некое хоби што те исполнува пр. Зумба и оди барем 1 неделно. Да излезеш од таа рутина барем 1 саат неделно. За проблемите со спиењето пробај балдриан(валеријана). Го имаш во дм.
    И ич да немаш грижа на совест, само на инстаграм има совршени родители, совршени фамилии. Не верувам дека има тука мајка што не е била во таков период. Без грижа на совест и ручекот од мек доналдс или донер ќе го засити гладот. Ниту си помалку жена ниту помалку мајка. И нека биде хаос дома, сосема небитно. За да можеш ти да се грижиш за фамилијата мора прво за себеси да се грижиш.
    И запомни дека е само период, се ќе помине!
     
    На Петунија, Lavender13, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    8.694
    Пол:
    Женски
    Не можам Лаванда, само до 2 е букирана. Немаше друг избор. Место во градинка да добиеш, особено вака на брзина е стварно среќа. Повеќето чекаат и година дена. И друго, повеќето верувам ќе се сложат. Овде градинка особено првата година, најпогодно е да не си на работа, оти особено во сезона знаат и цела група да затворат.
    Од септември поднесов да биде со 4, ама дали ќе биде уште не ме известиле.
    Во моментов морам во 15 за 2 веќе да сум таму.
    Не би рекла дека ми ѕвонат постојано, туку ми ѕвонат според правила. Не само за мене, за сите е така. Со разговор со мајките кај нас во градинката, за сите истото важи. Впрочем и на земање/ оставање скушам дека за сите важи исто.

    Едноставно малата е постојано болна. Ама постојано нешто не мачи.
    Денес на пример се накакала пак експлозивно и протекло..после спиење и цела постелнина лом ја направила. Не ми рекоа ништо лошо, ама баш ништо. Само ми рече нејзината дека ако пак се случи, ќе мора да ја земам дома додека се среди. Оти два пати по ред, го водат како стомачен.

    Не спијам ради неа. Се уште зе буди, некогаш и со саати седи будна. Не може да презаспие. Јас развив инсомнија. Додека и помогнам да презаспие, јас скроз се расонувам.
    Ти текнува еднаш ко кажа дека ти станал мали сред ноќ и седел буден, епа мене повеќе од пола од ноќите ми се така.
    Не да сум лимбо емоционално. Катастрофа сум. Не знаеш колку многу ми фали да се подотерам и да идам на работа. Да се смешам во народ малку, да разменам било кој друг муабет освен структура на каки, заби, тантруми итн.
    Ми фали барем 15 мин да ми остане блузата чиста, а не одма да е намачкана или со некој секрет или со храна.

    Да имам време со задоволство би одела на спорт или барем дома да вежбам. Ама немам сила кога не сум наспана со месеци, не сум функционална за ништо. Барем еве да можам 3 саати да сврзам во континуитет. Ама не можам. Се будам на секое нејзино погласно дишење. Едноставно од секогаш имам проблем со спиењето и достигнување на длабоки фази. Најчесто спијам многу лесно.
    И со маж ми се менуваме стално, ама во моментов кај нов е ептен жешко. Он се врака еве сега од работа, накај 6пм. И он е постојано болен од премор. А е главен провајдер за сега. И дава се од себе ем на работа, ем дома.
    Друго што дополнително ме дразни што не можам да си најдам т е немам време да си најдам работа.
    А и на секој работодавец му е јасно како функционира градинка јасли, па шансите за добра и сигурна работа не ми се којзнае колку големи.
    За низ дома стварно не се оптеретувам оти не прави смисла..и гледам да сум исчилана и се. Ама едноставно таков период ме дрма. Да не заборавиме дека малата тек од фебруари е константна во градинка, а од тогаш и грип, и уши и стомачен и одмор и се бидна.
    Ој фала ви што ми ги слушате патетиките. Секако е период, малку нетрпение само. Може и до денов е.

    Од друга страна пролет е. Сонце и цветови на сите страни.
    Ми фали паркот во штутгарт. Сите што биле таму знаат оти. Таму кај Вилхелмата од таа страна. Кај ни беше до газот. Ми фали и кафето со кухен во флора и фауна.
    Треба да си најдам таков парк овде, ама не ми е до газот. Додуша имам еден мини замок ама не е исто.
    Пошто нели ја принцеза само по кралски градини знам да шетам :emo:.
     
    На Gosh, Петунија, SanelaS и 4 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    37.177
    Пол:
    Женски
    Значи да запомнам дека кога и да звучи нешто како вечност да трае, а ти си пишала, да делам со 1000. :D

    Звучиш како февруари 2023та да почнала ама е февруари 2025 нели?! Февруари март 3ти април е денес што значи сеуште не е ни прилагодена.

    Во Германија сме не заборавај и јас првата работа ја најдов со 2 годишно дете, последнава исто со 2 годишно. Не сме во Мк.
    Сега како МФА почна една турчинка и детето само што и почна во градинка. Мало е, ќе се разболува, ќе затворат порано кога ќе се разболи, ќе се снајдат. Нели децата и фамилијата се приоритет тука?!

    Едит: Само што почнала. Не мора ни да мислиш на работа. Можеш од 1ви мај да почнеш работа да бараш. Одмарај сега.
     
    Последна измена: 3 април 2025
    На јolene и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    8.694
    Пол:
    Женски
    Џоки мори јас сум 22 месеци дома! 22 скоро две години дома.
    Не е колку време е малата константна во градинка, туку колку време јас сум во истото.

    И тоа единствено ме ослободува малку, дека сите се така со деците.
    Инаку малата е прилагодена супер таму, си јаде и спие се игра. Супер и е.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.907
    Допаѓања:
    186.847
    Јас сум 122 месеци дома :bug:

    Мачно е кога е болно, кога е здраво пут под ноге и полесно е.
    А најмачно е кога си ненаспан, тоа разбирам скроз.
    Стално се буди или зависно од здравствена состојба?
     
    На mal.ecka, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    8.694
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога учи нова вештина, пред да се разболи, кога е болна нели секако, заби кога вади, кратење на дремка и сл.
    И така сите заби до сега, пред да научи да оди, пред да прозбори, пред да почне на дојч да збори итн. Ако нешто возбудливо се десило.
    Некогаш презаспива побрзо, некогаш и 2 саати седи. Не плаче. Само се вртка низ кревет и не замара.
    Некогаш во сон си збори.
    Сакав на у7 да прашам доктор, сега скоро ќе правиме.

    И капак за денес, се врати течната кака. Денеска две чинии леќа во градинка, а од мене боровинки измоли :@. Нека си остане дома и утре, па белки заздрави до понеделник. Ништо друго не и е фала богу, не повраќа нема температура. Ама што вирус што од антибиотик, не може да се смири уште. За тоа утре ќе ѕвонам на доктор.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.907
    Допаѓања:
    186.847
    Што ќе ѕвониш, јас ќе ти кажам. Ќе даваш обавезно пробиотик подолго време, диета против пролив, нема леќа, нема мрсно. Столица е многу битен показател и тоа дури сега го сфаќам, ама реално и дури сега го искусуваме и нас не сотреа вируси.
    Цела кутија имам чаеви, сирупи за столица. Пробиотик, со пребиотик , со ензими вакви такви...
    Цела кутија чаеви, лекови за уринарни.
    Две кутии лекови, сирупи, капки за респираторни:tmi:.
    Треба кујната да ја преправам со онакви мали аптекарски фиоки(lalala)

    Види до кога растат забите и кога завршуваат скоковите, не би требало да е далеку(waiting)
    Не дај се Инес:*
     
    На mal.ecka, Gosh, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    911
    На тој што му преспиваат децата цела ноќ не знае што е мака и неможе да разбере што прават тие што не сврзуваат цела ноќ. Ете кај мојата сите фази се поминати, забите ги има сите уште од 15 месеци, скокови поминати, па се буди и ме бара мене. Ретко да не се разбуди, без разлика дали тој ден спиела преку ден или не спиела. Еве 3 е, до кога ќе чекам незнам. Сега и бебе ќе дојде па како ќе биде, ќе видиме. Некогаш знае по 2 часа да неможе да презапие, значи лежи во кревет и не досадува. Не е како некој деца да стане во сред ноќ и да си игра. Но сепак тоа на долга стаза како кај мене доведува до не редовен сон. Го осеќам секое дишење, некогаш зборува и во сон. Ете се мислам да ја делам но дали ќе сака сама тешко плус и бебе дома. Друго оди во градинка веќе година ипол, како ова зимо што бевме болни мислам не сме биле до сега. Среќа па таа лесно поминува но мора да седи дома, среќа кај маж е флексибилно па нема проблем да се смени. Ќе почне и во голема група нова градинка, така да не чека макотрпен период. Што ќе влијае на нејзиното однесување како дење така и ноќе.
     
    На Ava.84, Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    3.571
    Да напишам и јас некој збор за утеха. Се е период @јolene и проаѓа, верувај, колку и да звучи сега далечно. На дел од работите се навикнуваме, со дел се помруваме, дел ги прифаќаме како нов дел од себе кога ќе погледнеме колку се прекрасни тие човечиња што само ние со партнерите ги имаме пораснато, без тронка помош од некој друг. И за едно две год од сега ќе си кажеш - ништо не би сменила и пак би поминала низ истото :nod: Ќе ти се врати животот уште подобар и поисполнет на секое поле од тоа што бил претходно, верувај ми (fingers)

    Уморна сум, деновиве и неделиве долги и предолги беа. Малово тешко се адаптира на промени, во градинка се менува персонал, него тоа многу тешко му паѓа и плачки и липања беше секое сабајле, па многу разговори со него, со воспитувачките, ама конечно се смири ситуацијата и два дена веќе е добар и ми се враќа детето во нормала. Се наоружав со аудио книги и ќе се едуцирам како да му помогнам и да му пристапам во тие ситуации. Оф, многу тешко ми паѓа тоа што нему му е тешко.

    Од успех на денот, кажав на свекрва ми денес дека имаме нова пегла и дека завесите плачат за некој да ги запегла, па ако сака да ја проба :rofl: Ако не си прашаш…:lol:

    Од глупост на денот, сум купила мешавина од ореви и лешници, наместо само ореви, малото е алергично на лешници и не можев тортата да ја почнам :x

    И пак сме болни, дете помина само со тт, растечено носе и малку кашлање, а јас едвај главава ја држам…

    Утре е нов ден :f:
     
    На Lavender13, Masnickaaa, Ender C и 4 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.288
    Допаѓања:
    37.177
    Пол:
    Женски
    Изгледа многу ме нервира одењево во шпилплац пролет/лето.
    Јас дека премногу ги пазам, односно малиов што во јули 4 ќе полни. Големава 8 не ја пазам.
    И за прв пат викам ајде и јас како другиве мајки да не го пазам и останал на пола скали на едно и ни надоле ни нагоре да продолжи и дојде едно дете ми кажа дека му треба помош и истрчав то симнав.
    Огромен е овој шпилплац и ич не го сакам ама сите тука доаѓаат. Отворен е. На едната страна огромна река, на другата улица, и секако далеку се ама мене многу блиску ми се гледаат. :o
    И сум психички преморена од пазење коешто е 99% со очи, да станам и одам за да пазам 1%.

    Колку пати неделно ги носите во шпилплац и колку саати?
    Моиве се на улично школо па ги носам скоро секој ден и се додека е последното дете што го знаеме тука. :|
    Отсекогаш приоритет ми е надвор да се па после се друго. На последно ми е станот да е среден.
     
    На mal.ecka, Dea85 и Ava.84 им се допаѓа ова.