Јас за второво буквално ништо немам купено. Корито за бањање ако се брои. Плус малиов е бебе што ни млако не може да поднесе па добро е што не сум знаела за греалка. Еве сега го туширав со ладна, местам на млака без да види и одма вришти вика жешко. Секако ќе е 24/7 во рака бебето, му треба мајка греалка, а не греалка греалка. Мајка релаксатор. Мајка џампер. Мајка количка Мајка креветче… Ја научив лекцијата со првото.
Жими се не ми се верува каде живеам. Се заглавил гулаб во како мрежа на ѕидот на трговскиот и цела улица блокирана доаѓа пожарна со скали нагоре и го вадат гулабот! Каква почит спрема животните!!! Ви имам пишано и за птицата сред лето кога се јавија на доктор и и даваа вода додека да дојде и и држеа сенка! Па ние така спрема луѓето не се однесуваме! И некој ќе рече немале други проблеми. Епа заради тоа немаат, затоа што други се вредностите тука. Затоа не носат гаќи од 100 евра ама одат на зимување, летување, секој викенд во природа и вода. Среќа што можам сето ова да го доживувам и гледам!
Те сфаќам сега. Јас тргам може од моја гледна точка, тука е измислено за родители. Не би гледала дете во ниедна друга земја. Од старт сите се на фул тајм, за болест на дете неограничени платени денови, законот ептен ама ептен е на страна на родителите. И со настинки се лабави, еве и синко ти кажам мака мачи со столицата, може 3-4 пати се искакал така со претекување ама никој ништо не ми спомнал. Ме чудите со коментарите за Германија искрено, имав мислење дека е мноооогу поразлично во поглед на услови за родителство. А и те сфаќам колку ти е напорно пошо нема ни еден факинг деј офф, немаш ни час слободен. За викенди што побрзо, дали да се чисти, дали да се готви, дали да се излезе со него. До толку сме уморни што ни филм еве не можеме да изгледаме до крај, се некој заспива да имаш 1-2 часа за викенд да го оставиш со баба/дедо, од време на време, ептен се наоѓа. Вака сами, напорно е ептен. А никој не те верува. Дома е бомба, мислам бомба е мал збор, ужас е. Алишта насекаде, пола зимско пола пролетно, песок, кал, храна, фала богу за роботот што усисава и машината за садови. Иам прогласено катапулт на тој фронт.
Па не знам ова со вагава дали ќе земам секако ќе ја мерат на педијатар а изводливо е и со обична. А инаку имам баунсер ми рекоа подобро е од релаксатор ама дали ќе го прифати ќе видиме, дали се дадени пари џабе или не фала за советите
Не ти треба ниту греалка ниту вага. На старт иде хебаме и мери. Доколку детето не качува килажа и мора да се мери после секој подој можеш и накнадно. Однапред не земај, непотребно ќе се трупаат ствари.
Google вика 175.000 сеедно дали се работи за пар или самохран родител. Ако пар има годишен приход од 175.000€ не е лош приход да бидеме искрени. Ама тоа се родители кои плаќаат сигурно многу данок на тоа бруто. Штом е така од моја гледна точка кога ќе останеш без плата за време на породилно, можат барем тие 1800€ да ти ги дадат. AI вика и дека од 2007 кога очигледно парата имала поголема вредност овој максимум не е зголемен. Од 2021 има граници на приход на родителите за породилно. Пред тоа ги следувало сите. Првите граници биле 500.000 €за брачен пар и 250.000€ за самохрани родители. Сигурно има многу повеќе побарувачи за да ги намалат овие граници.
Живи глупости. Кој повеќе заработува повеќе и троши како непишано правило. Има животен стил за чие одржување е потребно редовни финансии. Или можеби и инвестира, плаќа кредити, има додатни трошкови од тековните. Ама ова казнет да си, дете оти си родил. Малку им се сите пари за данок што ги даваат оние со повисоки примања, што икс други ги влечат на грб.
Девојки, планираме со маж ми да направиме македонска вечер за пријатели странци Планирам да направам тавче гравче, пинџур, проја, плус ајвар и сирење како прилог. Салата секако. Се мислам дали плус полнети пиперки или мусака. И немам идеја за благо, што би било интересно баш македонско?
На работа се вчудоневидени од кифлите и шишарки. Нема кој не ме праша рецепт за шишарки (емби) и како се изведени. И бајадера би им се свиѓало мислам.
Со кои демони се борам, е необјасниво… Прв пат во теретана отидов во 9:00. Сакав во 4 или 5 за да нема никој ама ниту еднаш не успеав да станам и да отидам. Па после некое време отидов “на ризик” во 15:00. И вчера во 20:00 навечер, мораше и за тој период да ја пробијам блокадата. Ама мислам дека најстрашно е недела од 17:00 до 19:00 па ајде и тогаш морам еднаш да отидам и сум расчистила со себеси. Само психолог можеби би знаел кој ми е проблемот. Туку синоќа, само јас женско и едно десетина машки. Си викам никако не смееш да си отидеш, издржи до крај. И да ви кажам супер си поминав. Подобро со машки отколку со женски (сори нот сори реалноста е таа). Кој бара дечко или виза, во теретана, тоа сакав да ви кажам. Во ниту еден не погледнав, гледам само право и никаде , да погледнав може број ќе имав од некој сега.
Верувај никој не се замара да гледа други во теретана, секој си се фокусира на сопствените вежби, нема време да се замара со други луѓе Едино што ме нервира кога е гужва е тоа што нема слободни машини и простор, а уопште не се замарам за другите, секој си гледа за себе.
од 1. Април 2025 само 150.000 Евра. Моја грешка извини 175.000 Евра, пред тоа знам беа повеќе. Знам дека нас не ни следуваше, али сепак мислам дека не е фер и за парови кои заработуваат повеќе. Сепак се знае кој највеќе плаќа Steuer и Sozialversicherungsabgaben.