Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Мислев на жената да си ја оставиме да одлучи што е најдобро за неа и бебето, а не сега да правиме смешни споредби, тоа ми беше целта и по секоја цена не мора да е природно.А на доктор или му веруваш или го менуваш исто и за секоја професија.
    Ние цело време збореме исто само што мене ми беше целта жената што е пред пораѓај, доволно и е стрес се . Лесно е да кажувам јас ќе одам да ми го вртат бебето, ама да сум во таа ситуација сигурно после волку постови ни на пораѓај нема да идам:tmi::bandit:.
    Инаку јас сум карлично родена со провокација ,додека дошол др и се спремал за царски мајка ми се породила.Ниту ме вртеле ниту ништо.Значи еве и без вртење има случаеви и тоа бабица ме родила без 10 год школо:$.Што значи секоја жена е приказна сама за себе и секој пораѓај е различен.Самата веќе кажа колку разлика имаше во 3 те пораѓаи.
    Толку од мене со жена со хормони до плафон доволно беше муабет иналу ќе треба да се скараме:hai:.
     
    На Gosh, mal.ecka, SanelaS и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.290
    Допаѓања:
    181.809
    Пол:
    Женски
    Ах ете ги хормоните, прашање на време беше. :DЕден куп мислења пред моето, ама ете моите хормони види да ти биле криви. Само на моето се коментираше да не се советувало многу многу. :wasntme:

    И со хормони и без, не знам како јас како правник и магистер по кривично би знаела каков пораѓај е подобар за мене. Затоа следам бременост кај доктор не кај фармер. Исто како што гинеколог не би знаел најдобро да оправи имотно правни односи. Ама ете, смешни споредби биле тоа. :)

    Еве ќе ти олесни хормоналнава и ќе заврши овде. :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    5.165
    Јас па баш мислам дека не треба да е табу да се зборува за пораѓај, што повеќе знаеш тоа поспремен си. Не дека советите на Фемина ќе заменат медицински совет, но зошто да не се прелистаат породилни приказни, или да не се споделат искуства тука на темава?
    Баш поради тоа што секој пораѓај е уникатен, треба секоја родилка да се припреми за неочекуваното, има многу кои сакаат природно по секоја цена и се разочаруваат ако испадне царски. Има и такви кои одат на царски бидејќи мислат дека е полесен.
    Не верувам дека некој би трошел ресурси три дена да ве држи на одделение со провокации доколку тоа не е проследено со ОГРОМЕН бенефит. Тоа се три дена зафатен болнички кревет, три дена постојан надзор од медицински персонал. Тоа воопшто не е наивно, но некој со многу повеќе знаење од нас тука одлучил дека на крај на денот тоа има поголем бенефит од директ на царски, без никакви обиди пред тоа.
    Исто не верувам дека доктор би дал препорака за процедура доколку не е убеден во успешноста на истата. Пак ќе речам, не е дека од ќејф форсираат вагинален пораѓај, верувам дека организациски и финансиски гледано, најлесно е како во МК, директ на царски, за 15 мин готов, нема што да се замара цела недела да те тинтри за ти да се породиш вагинално. Ама има зошто се упорни во вагиналниот.
     
    На MacenceEna, Annath и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Јованти уживај срце знам дека си под стрес :hug:.Бидете само живи и здрави , љубовта е најбитна :*.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.741
    Допаѓања:
    185.413
    За финансиски, ваљда помрсно е ко во мк и во Америка, цален зи бите-царски. Затоа сите од мк идеме програмирани дека било така подобро. Дали е најлесно не знам, односно не постои правилно, постои проценка на ситуација.
    Појма немам зошто се расправате, ќе ја чекам Џоки да пише за симпатиите:inlove:
     
    На gjoker4e, MacenceEna и јolene им се допаѓа ова.
  6. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    34.193
    Пол:
    Женски
    Изгледа вие само овде се имате породено.
    Јас како со еден пород во Македонија и тоа скроз природно иживување врз мене и бебето 18/20 саати без јадење оти ми бапнаа клизма немој да им се и*ереш на масата а ти воопшто немаш јадено од сабајле . И искрено станав веднаш штом ме породија да се шетав сама и без проблем се се одвиваше во врска со мене додека пак малиот таму фана бактерија бевме 7 дена таму ништо неможев да јадам од храната во болница ми носеа мојте скришно и со по една 1000ка во џеп на сестрата чистачката за да преживеам. Доев до негови 3ипол г и ден денес е болежливо бебе .но проблем имав после за онаа работа и ден денес осиќам одбивност иако сега родив со итен царски царски не по моја желба иако за со првото молев царски бидејќи не се издржуваше тоа мачење.
    Овој пат тука поминав искрено многуу добро ова за апчињата против болка не беа само ибупрофенј бидејќи јас сама кукав дека ме боли иако немав нешто вау болка туку повеќе од страв ми беше. Кога ме станаа таа една сеатра рече на маж ми еден вид на дрога се :D за да немислам на тоа инискрено станав без проблем тогаш кога ми ги дадоа тие др апчиња и сега ако одам на 4то пак би царски рез без размислување.
     
    На Gosh, gjoker4e, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    8.155
    Па и јас сум во Германија породена,ама ако можам за второ би се породила царски и не се фалам дека били човечни со мене.
    Те разбирам што мислиш и во Германија знаат да се насилни.Директо не те вреѓаат,ама со постапките иста штета вршат како да те вреѓаат.
    Од првиот пораѓај уште сум со последици(проблеми со континенција) и кога тогаш морам да се оперирам секако за да се средам,само ми рекоа требало да завршам со киндерплануг пред да ме оперираат.
    И кога видиш природно ме породија,направија штета и кога тогаш пак мора да се оперирам.
    Од апало на штипало би му дошло.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    5.165
    Ние дур дискутираме Џоки ќе дојде со нова симпатија.

    Па не знам баш дали е поефтин, кога се трга со провокации некогаш и вагиналниот затерува 2-3 дена само за пораѓај, плус цело време мониторирање пред тоа, плус зафаќање ресурси, па итен царски доколку не е успешно итн.
    Договорен царски е ваљда следен најисплатлив модел после спонтан вагинален. ( зборам од финансиска гледна точка, со оглед на тоа дека и болниците гледаат да заштедат најмногу кај што можат ).
    Така да и покрај сите овие фактори земени во предвид, пак го сметаат како најдобра метода.

    Иначе секој треба да разбере дека пораѓајот не е ваѓање заб, нормално дека ќе има некакви последици после тоа. Што од вагинален, што од царски.
     
    На gjoker4e и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    8.472
    Пол:
    Женски
    Ај да смениме муабет, оти вечер ќе сонувам дека се пораѓам :D.

    Дај кажете што ќе правите за Велигден. Ние уште не сме соопштиле на свекрви дека не си одиме. Интересно ќе биде, ќе има драма.
    Исто одлучивме да не одиме во сред лето на одмор. Тоа на 40+ степени со тодлер, фала не фала.
    Така или во јуни или после во септември. Дека ќе се бањаме во вода со дете, секако да и ќе се одмориме, ахам и тоа.
    Сега збесна овие денови, кога не е во градинка цела структура ја губи. Џабе имаше се за деца во хотелите, она на татко и во раце нон стоп беше.
    Дури но во базен не сакаше со мене да плива :@.
    Апропо татко и, ја пуштив преска во 6пм да му влезе на митинг. Ете толку сум лоша. Ако не му текнува на него дека после 12 саати е доста, мене ќе ни текне. Ко на татко му да е фирмата.
    И дете зедов и носев на игралиште и на пазар и свашта и он уште збори. И сега пак мејлови пишува и после ќе дојде со мене ни три збора нема сила да каже. Мислам ок е, знам и јас кога работев и зборев постојано, не сакав после уста да отворам. Ама жими по пола саат го гледам во последно и ставрно само се гледаме.
    И друго што да кажам. Викенд иде. Ми е став да правам планови, сонце ќе има се надевам сите ќе сме здрави само да може да го уживаме.
    И да, лото уплатив денес, ни еден број не погодив :D. Сепак ќе треба да барам работа, џабе мантите вчера :tmi:.
     
    На Gosh, mal.ecka, felisitas и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    17.095
    Пол:
    Женски
    За велигден, ќе вапцаме јајца, ќе правиме путер колачиња и на црква ќе одиме. Градинката освен на велики петок и понеделник ќе си работи, ќе си работам и јас. Лани ќерка ми маген дарм имаше на велигден, можеби оваа година ќе куртулиме.
    Туку не правев повраток на данок за 2022 и пред некој ден гледам честитка во поштенското сандаче од финанцамт.Се препотив ја отворив и што да видам ми враќаат пари… Не знаев дека вакво нешто е можно, нема врска ме почастија 1000че.
    За викенд ако останеме здрави и ако послужи времето ќе одеме во посета на срни, елени,мечки и други диви животни.
    Сум начекала термин на кожно за 10 дена :party: лактите целите ми се цевени и ме чешаат. Кај и да е да се топли па ќе почнат и дланките и колената.
    Штета што магнолиите толку рано прецветуваат, многу се убави :inlove:
     
    На TutiFuti, fairy88, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.622
    Пол:
    Женски
    За Велигден ќе фарбам јајца. И нормално, ќе направам салата и кифли. Маж ми ќе пече месо. Доста е. Во Мк нема да одиме. Летово да. Не ми се оди, ама морам. Ако го завршам тоа што треба, другата година ќе си уживам тука. Маж ми нека оди со децата.
     
    На mal.ecka, TutiFuti, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    33.886
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите.
    Имам едно прашање, за децата во школо како ви бараат оправдание?
    Повеќе од 3 дена ли бараат од доктор?
    Синко е болен од поручеква,а немаме матичен најдено, па ме интересира.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.622
    Пол:
    Женски
    За повеќе од три дена треба оправдување од лекар. Во градов треба уште првиот ден да се однесе на лекар. Јас го однесов четвртиот ден, ама докторката ми рече дека не дава боледување за претходните денови. Прашав неколку жени. Сите ми го рекоа истото.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    33.886
    Пол:
    Женски
    Фала.(y)
    Нас вчера ни стаса Аок картичката за него и немаше кога да најдам лекар.
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    37.622
    Пол:
    Женски
    Моите само 3 дена не одеа во школо. Се погодуваше да се разболат во среда. Уште четврток и петок ги ослободував. Таман доаѓа викенд и во понеделник одеа во школо. Последниот пат се разболеа во недела и во четврток тргнаа во школо.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.741
    Допаѓања:
    185.413
    У иста зграда живееме и ист маж имаме(facepalm)
    За лото, требало да ги играш температурите-ко што вика тој твитот. Температурите деновиве се ко за лото: 2, 8, 23, 11, 6, 31, 15:drunk:. Пробај ги температурите од твојот град, јас од мојов, па да видиме8-|.

    За Велигден имам план да немам план. Без планови, без разочарувања-стара песимистичка:bandit:
     
    На TutiFuti, јolene и MacenceEna им се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Секое школо е различно, во школото на ќерка е 3 дена, во школото на колешка е 5 дена без доктор.
    Ние пишуваме секогаш Entschuldigung ,за над 3 дена плус го копирам оправданоето за работодавачот.Еднаш не непишав ентшулдигунг дадов оправдание не морало и ентшулдигунг|(.
    Сега се заинтересирав што велат твоите деца , каде школството е полесно?:wasntme:
     
    На TutiFuti и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    8.472
    Пол:
    Женски
    И истото дете, само уште куче ми фали и еве ме :toivo:.

    Дете се зстна, цела ноќ не се спиеше, ништо ново. Ај барем нешто лесно да е :envy:. Минатата недела два дена беше, оваа три издржа во градинка. Дај барем една недела да сврзе сега.

    Ми иде вчера шефица од градинка да ме праша колку саати работам, за да ми зголеми саати да седи подолго. Ја гледам вака, ми идеше да речам 24/7 без спиење. Ама велам еве барам, кога ќе најдам ќе се јавам пак.
    И така, официјално ќе почнувам од викендов со барање работа. Т.е маж ми нека листа, ако најде нешто што ми фаќа очи ќе пратам. Дури и читањето ме стресира во моментов, па не ни дочитувам.
    И така, еден ќе се разболува, еден со алергии, рчат по цела ноќ. Кај да одам рековте?
     
    На mal.ecka и TutiFuti им се допаѓа ова.
  19. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    5.669
    Пол:
    Женски
    И кај нас е исто вака мора да пишиме ентшулдигунг , ако се повеќе денови на 3 ден треба да го однесиме , или пратиме на некое дете да го даде на учителката во училиште , а можиме и да го пуштиме во сандаче кај секретарката.
    И цела недела има отсуствувано не ни побарале од доктор до сега.
    @Tajnaotrovna
     
    На Tajnaotrovna и Ava.84 им се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    5.165
    За Велигден како тргнала работава, може и на скијање ќе завршиме. Времево ужас, една недела 17-18 степени, следната недела макс 5. Сабајлинава беше 0, минатата недела бевме на пикник по кратки ракави. Минатата недела за градинка го мачкав со спф, сабајлево го облеков во чизми и зимски скафандер. Ептен се нервирам, не можам од алишта ништо да соберам, ги исправ зимските скафандери ама не можам да ги спаковам. Во плакар кај мене и зимски џемпери и куси ракави. Терасата не можам да си ја наместам за да седам надвор, ми се смачи. Сакам да си засадам цвеќиња, да си наместам мебел, па кафенце сабајле. Ајде нека поминува зимава, не можам веќе сериозно.

    И јас работам слично како маж ти, цел ден сум на состаноци и само зборувам. И кога ќе завршам обично ми треба еден час да декомпресирам. Го сфаќам и него и тебе. :(
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.