За велигден ќе имам гости свекрви, малата најнормално планирам да ја праќам на градинка, се плашам само од ноќната рутина што ја имаме да не ми ја разнишат, нели дека рано е 8ч па не и се спие итн. Во меѓувреме ако не се породам… Во мк не ни планирам во Август да си одам воопшто, не сега заради бебе туку општо. Сите се по одмори, преку ден е 40с неможеш да мрднеш. И во една мала соба клима воопшто не прилагодено ни за спиење ни за седење. Се додека немам итен случај и деца во школо немам намера во Август да си одам. Сакаммм мореее , а не пустелија. Некој праша мислам за преглед во бременост, првиот пат во 7-8 недела вагинално ехо, после тоа абдоминално ехо. Сега некогаш и рачно да ја провери матката до каде е.
Мене ми рекоа во случај на болест да се јавам во секретаријат. Сабајле кога ѕвонев бидејќи никој не ми крена оставив порака. За секој случај им пишав и на мејл. Кај нас не ми спомнаа за пишување Entschuldigung. Моето дете е тек 5 дена тука во училиште. Мислам дека е се уште рано за споредба. Можам понатаму да дадам конкретен одговор.
Ние годинава рековме ќе му направиме на малово Ајерсухе за Велигден, јас напнувам во паркот позади зграда, маж вика не ми била баш добра идејата, а не знам неговата каква е Конечно годинава нема да се потресувам за бои за јајца, бидејќи е во ист ден, инаку секоја година заборавам, после се туфкам и активирам другарки да ми бараат бои по околните градови А тоа е чудо, како одма после празникот, се Велигденско е тргнато, барем ден - два после тоа да постои А може и гости ќе имаме, братучетка ми се најави да дојде со семејството, ама уште не е сигурно. Него, нормално ли е за пасош да се чека четири месеци во Конзулатот во Минхен? Од сликање до пасош на рака, ми викаат четири месеци Лани за 3 недели извадивме пасоши, сега не знам што е ова толку чекање. И плус пишувам пред едно 3 недели мејл за термин за сликање, ми викаат од Конзулат - пиши ни на 10ти април пак за термин Ај баш да видам дали ќе вратат нешто и за кога ќе ми закажат… Малово ќе си остане месец два без валиден престој, до јуни му е, додека бидне пасошот, ама не би требало никакви последици да има, така? Да не трчаме сега до Мк за итен пасош, ќе си побарам секако Фикшнбешајнигунг…
И тука треба да се јавуваме на секретарката ако децата не доаѓаат на училиште. @Marge на маж ми роднина чекаше 4 месеци за пасошот на ќерката.
Да, сега ми пратија мејл со термин за сликање и пак потенцирано дека се чека четири месеци. Ама еден мејл луѓе, со црвени букви, мислиш ќе ме истепаат Верувам, уствари знам дека голем дел од тие што одат се скроз неспремни со документи, мислам јакиот документ, еден образец со размачкани букви од времето на Дедо Ное, ама изгледа службениците мора да им го пополнуваат, па затоа се така накострешени по мејливи Туку, можеме ли за детево да поднесеме за германски пасош, ако јас и маж немаме? Ние имаме Ниедерлассунгсерлаубнис и двајцата и никако да ја почнеме постапката за пасош, изгледа бидејќи не ни е нешто битно, ама барем за детево да извадиме, да не се мачиме вака на 2 год со пасоши.
И јас кога им пишав во Минхен исто тоа ми одговорија. Денес им пишав и во Бон бидејќи ми е одприлика исто оддалечено да видам од таму што ќе кажат. И ми вратија експресно. Еве го одговорт.
Да и ние мора да се јавиме во секретарјатот и на учителот меил или WhatsApp да пишеме. Супер нека се навикне побрзу и со лесно. Пасошот на малата и беше готов за 2 недела и кај ландрсамт фур еинвандерунг добивме термин за 1 недела и го чекам сега новиот престој.
Фала на инфо, баш побрзо е во Бон и давањето термин и изготвување пасош. Не знам зошто во Минхен толку многу се чека, сепак ќе мораме во Минхен, Бон ни е за жал предалеку.
5 евра Мислев дека си 40та. Ич не се замарај. Мисли си дека е правилно свртено. До 40та 41ва или 42ва ехеее светот може да се сврти, а не пак бебето. Таман викам нема што да ви се мешам јас. Едвај исчистав со болки во стомак и мислам ранава од царски скоро па се отвори. Во средата главната симпатија ме пипна по горниот дел од десната рака (преку дебела јакна и една секунда како поздрав дека си одеше) ама јас лебдам од тогаш. Почна да ми пишува некој Германец ама овие бе чудно се досадни и баш онакви какви што сакавме да имавме маж кога бевме млади. Толку смирени, културни, со вистински вредности (зачувани стари како почит, искреност, култура…) Има едно видео, вика ме прашуваат зошто сеуште не сум мажена, па дека живеам во дојчланд, вика три недели пишуваме и ми вика па да се видиме за три недели, па јас за три недели ќе се омажам бе!
Ми рекоа нема да ме чекаат до 40та големо е бебе, на контрола кај мојата докторка сум за некој саат па ќе видиме дали се свртела или и се уарнило така. P.S. Иначе врати му, пиши му на германецот, кај мене се испостави дека се husband material
Му вратив ама многу убаво пишува ама секако зафатена сум. Не знаел мојов дали сака сеуште деца на таа возраст. Не знае он дека јас од допир трудна останувам.
Хај женски Еден топол поздрав од Македонија Малце си дојдов, да одморам душа и некои приватни обврски во врска со свадбата да завршам. Е, овој пат реков има поштено да си одморам душа без гости и слично. И така и ќе биде. Имав оперативен зафат и на телово му треба одмор , гости ни во прв план не ми се. Кој сака може да дојде да ме види, кој сака може и за кафе да пише. Се зафркавам со маж, му викам : -"Леле, со целоснава анестезија богами се изнаспав поштено ко човек. Не памтам од кога се немам така наспано." Најако беше кога пробуваа да ме разбуда од анестезијата, знам нешто ко во сон видов две сестри над мене и на германски сум им зборела. И пак си паднав во несвест, си се комирав. После тоа кога се разбудив кончено, дојде едната од нив и се изнасмеа со мене. Ми вели: " Ти нешто ни збореше на германски, а ние се чудевмо што" Господ знае што сум им зборела
Мене па кога ме будеа ме прашуваа дали знам кај сум, а јас им се изнасмеав и кажав ја ин дочланд. После ми вакаат, да ама дали знаеш дека си во болница .Ги гледам и им викам да и пак се комирав. Сега за некоја недела пак имам целосна и се мислам што виц да им направам. Побрзо закрепнување. Со лесно.
Отварам и ова читам прво. Многу се радувам вака кога денот ќе тргне со убави вести. Со лесно да си ја износиш бременоста . Јас уште како да не можам целосно да зберам храброст и да се опуштам, а време си мине и не е баш на моја страна. Од други вести ама комплетно сум депримирана од потрагата по стан. Да не можеш да си дозволиш да купиш нешто во градов. Па и тоа што го има . Смрдливи станови од пред 50 години, комплетно за реновирање 6000евра квадтрат. Она малку по асално што е 8-9-10к км. На нас ни треба четирисобен со балкон, подрум и гаража. Со други зборови 800000+ евра. Или уште по да доближам, над 2700 евра месечно рата за кредит. Се исплаќа ли? Јас толку не можам на месец да заработам. Да рмбаш во следни 25 години за стан. Во селата некои што ни три дуќани нема, цената скоро па иста . Што им е значи. А зборам за станови што нема ни прозор во бања, склони за фаќање мувла. Па тоа каква вредност ќе има за 20год кога сега е дупка. Страшно. Еден демек поприфатлив бевме некна да видиме, зградата од надвор запуштена се распаѓа. Внатре му треба целосно реновирање, он пишал саниран на оглас. Па и со сликите што ги едитираат поима немаш што ќе те стрефи на лице место. Од горе на нафта се грее. Фала многу, некој друг нека глави за него. И така ми се решава прашањето поскоро, ама како ќе го решиме не знам. Дали да одиме под кирија во некој поубав стан, а да купиме некој како капитал. Дали да менуваме пак град. Пошто еве за една година, мене ама баш ништо не ми значи кај сум. Може ќе се смени, а може и не.
И јас на истата мисла сум за стан. Вчера бевме да гледаме два во околината на Минхен. Едниот уствари излезе дека е полу- подрум, смрди на влага и нерасчистен имотен лист. Влегуваш и комшијата 3 листови ти напишал што е заедничко што не, а таа друго ми вика. Капак на се беше кога прашав зошто рамката од прозорецот ја нема. Вика ја тргнавме беше полна глувци. Е па за 5500€/ квадрат сигурно си ги смета и глувците во цената. Кога излегов од таму цел ден влагата ја осеќав на нос. Толку се разочарав што на вториот стан не ми се ни одеше. Сепак отидов и позитивно се изненадив. Зградата стара од 1964та ама сочувана, реновирана, инвестирано во неа. Цената пристојна 5200/ квадрат. И таман почнав веќе да се замислувам во него, видов дека и други два стана (од вкупно 9) се продаваат во таа зграда и малку ме предомисли тоа. Викам да не има нешто што се продаваат, да не е 1964 премногу старо, дали ќе успеам да го продадам некогаш и такви некакви мисли.