Уф, ме погодивте и мене на темава за дом. Ние целиме накај куќа, после долго размислување и шетање и “чувствување” на поголемите градови околу нас, одлучувме да не се селиме од тука. Една мака решена, ама тоа дека толку ретко огласуваат тука нешто на продажба, друга песна. И тоа што ќе огласат, во главно е старо и чудно. Па маж е екстремно лев околу година на изградба, мислам и јас сакам нешто ново, ама треба да си ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата. Се усогласивме од 85та-90та навака да гледаме, па да се надеваме дека ќе најдеме нешто. Испреплетено некој страв дали ќе направиш вистински избор, страв од малтене доживотна рата, од друга страна веќе место не не фаќа од што сакам(е) да го решиме тоа прашање, со бебе на пат си викам ако не го решиме сега, ќе треба ли да чекаме после породилно…Од друга страна имам некое чувство дека ќе најдеме нешто што ќе биде совршено, само треба длабоко да земеме воздух и да бидеме потрпеливи, посебно јас Си почнав со миниџобот и искрено ми годи многу, после четири месеци седење дома, малку напорно ми доаѓа, ама ќе се навикнам. Ни годи на сите по дома, јас малку да излезам, маж и дете да поминат квалитетно време заедно сами Ветив блау ајс пред два дена Надвор ич не е за сладолед, ама очигледно ветено е ветено и ќе треба да си го исполнам ветувањето Да мавнеме по едно (две-три)топчиња сладолед, па после почнуваат подготовките за новата работна недела
Ви благодарам на сите.. Инаку станбеново прашање ме мачи и мене во двособен живееме, спалната е и детска и магацин и се. Сега и ова си реков бебе на пат.. каде и што попрво да се мисли ако имате капитал заштедено и ако се гледате во следниве 30год тука може и треба да се купи. Ме мачат овие немири насекаде, камати и цени над 300.000€. Незнам дали е нормално 1500-2000€ да се дава за кирија тоа е цела плата.
И јас така викав како ќе живееме со бебе во двособен стан, сега не знам зошто сум се замарала за глупости. Детето е скоро 3, дури сега почнувам да осеќам потреба за детска од сите играчки што се во дневна. До сега ама баш 0 потреба имавме од детска. До душа кај нас станот е и голем иако двособен. Верувам дека ќе најдеме нешто што ни се допаѓа и ни одговара, само како ќе ги одделам маж ми и детето да спијат во посебни соби. Се си мислам дека јас сум таа што ќе лета во другата соба.
Mnogu be kaj vas skapo toa nedviznostite. Kaj nas kukite drzat cena jas ne sakav kuka zasto maz mi ic ne e po takvite raboti za renoviranje i slicno, ama kako ide vremeto nekako i toa moze da bide. Nie i dvata stana gi kupivme po okolu 3000 evra kvadrat, edniot go otplakaat potstanarite , za drugiot imam mala rata za kredit. Samo vo posledno vreme toa kamatite ne pagaat i kaj nas se pomal nekoj izbor ima.
Ние сме со мисла и план да купиме куќа. Секако, сакаме да дадеме прво добар стартен влог, за да имаме после помала рата. Со маж не можеме само да се погодиме каде. Он сака да остане во овој град, јас па ич го нејќам. Јас дури и покраина да сменам сакам. Кој живеел во различни покраини нека пише разлики меѓе покраините. Јас пример сакам Баден Вуртемберг, но скапа е ко Баварија. Моментално сме во НРВ. Многу арапи и турци има, не многу балканци. Се исплаќа ли сега да се купува, или да се почека некоја година..
Jas imam ziveeno vo Vestfalija ama ne mi se sviga, momentalno sme BW i mi e kako nekoja sredina. A neostvarena zelba mi e Bavarija, ama tamu moze vo nekoj starecki dom na.kraj da.zavrsam sega nekako ne mi se seli.
Ни на крај памет куќа стан да купам. Моиве се скоро 4 и 8 години и сеуште спијат во спална на посебно креветче. Детската е празна. Сабота вечер спијат со мене на спална.
Во оваа моментална ситуација воопшто не ми се купува ништо тука. Можебо за година две кога ќе почнам да работам и ако во случај нешто искочи фино во нашава населба или во соседната можеби би купиле но сега баш и не ми се заглавува за куќа лепенка како стан во нашето место 500 000 € плус . А становите искрено жива катастрофа се овде . Бевме во двособен стан кога дојдовме за година дена само влеговме во трособен вонистата зграда на исто спрат се. Искрено сега би се селела некаде на село надвор ос галама ао 3 деца но искрено нема шанса така да функционирам научена сум на бучава и маркет и трговаки до газ бидејќи сите попусти морат да се фатат .
Јас бев и во НРВ и во БВ во Штутгарт и сега во Баварија Минхен . За една година може и во Аугсбург ќе се преселам. Поздрав @Marge денес бев да видам дали таму ќе се замислам да живеам. Од мое искуство сите покраини си имаат нешто убаво. Нрв не беше за мене, не знам дали до моето психичка состојба тогаш или едноставно не е за мене. Географски ми е далеку од медитеранот, па ладно помалку сонце, ама лошо не би рекла. Може треба да смениш само дел од градот, нели сегде си има арапи и турци, или евентуално во источна Германија ги нема толку многу. БВ климата по ок беше, далеку по ок. На маж ми не му легна менталитетот многу, мене дијалектот, ама не беше лошо. Ме изморија ридиштата по штутгарт, не можеш ни точак, сите со коли, гужва. Збиени згради. Иако ние на супер локација бевме тогаш. Штутгарт е скап, ама Минхен убедливо најскап. Страшно. Минхен е убав, овде имам супер локација за со дете. Денес од сабајле си најдов и еден нов шпилплац и се заљубив. Населбата ми е куќи, ниски гради и вили. Тивко и мирно, ама и многу многу солено. Ми се бендиса еден стан во близина, ама 850к е премногу. Особено што нема прозор во бањите. И башка гледам хаусгелд тука на повеќето згради и 500-600 евра е. Што е многу, многу е. А на нас ни треба обавезно една соба за биро, оти маж некогаш и во друга временска зона може да има состанок. Малата е скоро две, уште е кај нас во соба, ама за една година ќе треба да си има своја. И така моментално шокирана сум малку. Да купиме во околина од Минхен, а да треба да возиме 1 саат до работа или до центарот, не дека одиме во центар де, таму игла нема кај да фрлиш, па порадо би живеела во Аугсбург, барем се имаш таму. Во Аугсбург се наоѓа 4-5-6000 метар квадратен.
И кај нас маж ми работи во друга временска зона и ќе мора да бараме 4 собен. Сиротиот сега има "канцеларијка" метро на метро во оставата, ко во затворска келија. Дека 4 собен е прескапо, најдов неколку што биле трособни ама кујната ја преместиле во дневна и така добиле соба. Реално 2000 евра рата не е малку ама за 15 години ќе ни изгледаат смешни пари затоа што платите растат. Од друга страна кирија нема шанси да остане ваква ко што е. Јас сакам предградија важно ми е само да има s bahn. Тоа што кај нас ја е*е кокошката а не е петел, е што цела заштеда ни е во акции кои периодов доста паднаа. Не ми се отвара Trade Republuc, одма на плачење ме тера.
Понеделнички нема работа, сите си споиле празници и штама е и на работа, и низ град. Кога го носев малиот во градинка не се разминав ни со човек, ни со кола. Се замислив малце што е работава само ние што сме на улица. После ми текна. Па кога ќе даде некој коментар дека во Мк си спојувале луѓето празници, демек неработници биле. Ова овде едвај чека барем еден неработен ден во неделата за да спои и да му ја здува во Шпанија или по тие викендашките куќички. Тука па воглавном лесно е да се влезе во маркетот со недвижнини, има нешто за сечиј џеб. И во суштина го нема тој менталитет дека купуваш стан и тоа е тоа, тука ќе седиш до крај на животов. Менуваат по 5-6 станови додека стигнат до тој "вистинскиот". На почеток не го разбирав ова, ама после сфатив дека они си имаат добра математика, секоја продажба им е во плус, па така на еден начин си збираат пари за поубаво место. Ама ова беше вака до пред 3-4 години, како рипнаа каматните стапки така и се промена маркетот. Мислам дека 20 години немаше пад на маркетот на недвижнини, буквално загарантирано беше дека кога купуваш стан, му расте вредноста. Само што го земавме ние нашиот стан, букна војната во Украина и се замина по ѓаволите. Го купивме во најскапо, еве 3 години покасно не ни може да ја достигне вредноста по која го купивме, 10% е паднат. А ни треба поголем и нам, ама да продадам со толку голема загуба не можам. Имаме пријатели тука во истата населба, дадоа депозит за нов стан, нова градба. Не можат да го продадат стариот, ужас е моментално. Они па се со мало дете во еднособен, со една спална. Ептен ми е жал што вака испадна, ќе ги изгубат парите од депозитот најверојатно. Ризик огромен е, не ми се навлага моментално во таква авантура. А сакам ептен куќа, ние сме плус и на море, северно ама сепак е море, има преубави куќи со поглед, е сеа бричи ветар ама па сите убавини не може. Ај мош некад ќе си купиме. Страшна настинка ме има фатено, не е можно ова, 10 денови не можам да се опоравам, енергија нула, мрсули колку душа сака.
Тука не спојуваат. Школото е затворено две недели па две недели ќе биде празно. На одмор со деца смееме само кога е школото затворено па затоа и сите тогаш имаат одмор. И ок ако е четврток празник и градинка и школо најчесто спојуваат и петок да е неработен ама сепак според правило од тие 26 дена неработни што ги имаат на пример, избираат тој петок да е неработен. Не е дека плус ден од дозволените си спојуваат. Во мојов крај најчесто одат Италија. Па дури и петок вечер до недела вечер, секој викенд. За колешката ви кажав што преку агенција одела дома до Косово за да има гратис куфер. Сигурно истиот трик и за Македонија важи, да не плаќате плус куфер, кој оди со авион, преку агенција лет.
И тука е исто со школите, ама па секој втор месец имаат распуст. Во февруари имаа една недела, оваа недела неработна исто, јуни почеток пак имаат. Цело време распусти.Градинка работи нон стоп.
Затоа кога “дискутираме” секогаш пишувам дека ич не е страшно школо до 16 часот. Петок е секогаш до 12. Понеделник до четврток е до 16. И секој месец одмор. Дека во Мк ми викаат сиротото дете од 8 до 16 во школо. До толку прошетано немаше да биде со мене. Цело време различни активности и само шетаат некаде, не седат во клупа 8 саати.
Моите не одат во дневен престој. Часовите им завршуваат во исто време. Не се секогаш до 13. Само во петок се до 12и15. Два дена се до 13. Другите денови до покасно. Некогаш си доаѓаат и порано. Ако губат часови. Имаат и активности во школо. На голем одмор ги пуштаат во школскиот двор. Ама не кога врне и дува. Тоа не ми се допаѓа затоа што често шмркаат со носот после тоа
Јас да ве поздравам пак со болно дете со температура. Кога рековме е крај сезона за вируси? Ми се јаде, ми се моча, ама не ме пушта да станам. Не ми спушта темп како што треба со ибу, прв пат вака. Нон стоп е со 38. Да почекам уште малку, да видам сега дали ќе спушти ако не да трчам кај педијатар. Дали и ќе.ме примат де. Ај нека има убави вести кај другите барем . Убава недела да си имате.
Точна е друшке. Мислев оти овој отворен беше синоќа што и даде татко и, велам ај изгубил може на дејство. Сега нов отворив, исто нема баш некој прогрес. На 38 +/- 4 не давав цела ноќ. Сега качи над 38.5 дадов. Ама не симнува ко очекувано. Требаше може парацетамол да ставам чепче. Ме загрижува малку да ти кажам. А јас кога сум нервозна, она не се смирува никако.
Сега пола саат веќе има сигурно. На боди горе и пиџами доле. Боса. Спие на мене од мене се грее плус. Не можам да го оставам.