Знаев дека е само пола саат ама мислев дека ќе ми се налутиш ако пишам. Ќе симне. Ако мериш на чело и лежи на тебе ќе покажува како не симната. За во уво ако се мери не знам како е. Под мишка живин ќе покаже точно. Значи можеби и веќе има симнато, ако нема за најкасно пола саат ќе симне.
Мори Џоки што да се лутам. Поима немам кај терам секако. Ко прашувам и ми кажувате добивам на самодоверба овде од вас. Секако сте поискусни. Во уво мерам, под раче мерам. Само тоа правам.
Остај нека спие, не малтретирај, така се бори организмот со спиење. Ко ќе стане удрете еден туш без глава мокрење, ќе ја разлади малку.
Каде може да се најде живин топломер? По аптекиве нема. Имам дигитален, ама не покажува секогаш точно.
Нa Amazon евентуално. Овој не е со жива, со нешто друго мислам е ама е многу точен. Вашите се поголеми и може ќе садат мирни, моето не седи. За нас го користиме овој стаклениот.
Само што те прочитав знаев дека поминале само 15 минути или максимум 30 ама звучиш како 2-3 саати да поминале и не симнало тт. @SummerGirl не знам, јас од Мк имав ама кога дојдовме тука ми се скрши. Имам само на чело и не мери точно ако е детето топло од што лежи на мене на пример ама знам и мерам кога стои само без да му држи нешто топло. Така и во градинка почнаа на чело да мерат и еднаш ми се јавија и им викам на телефон дека со таков топломер мерат затоа покажува тт и го зедов дома и нормално немаше температура.
Симна на 37, ќутите еве почнувам да дишам полека. Веројатно тој во фрижидер што бил, веќе му се намалило дејството. Се поти, значи ќе се стабилизира. Инаку не се лутам кога некој ќе ми укаже дека паничам или претерувам, особено за работи кои не ги разбирам. Да ставам супите со маулташен, оти како права швабка, само така се јаде супа .
@јolene моево претходниот пат кога имаше тт не симнуваше под 38,6 цели 24 часа, значи изгоре дете, а одеше до над 40тт. И тоа еден саат после сируп сеуште качуваше, па дури после тоа ќе потсимне и пак ќе качи. Хорор. Се што можеш е најизменично да даваш ибупрофен/парацетамол на размак од мин 4 часа. Нас така не советуваа. Е ние се јавивме и во Аугсбург на итна, таму не посоветуваа малку да ја зголемиме дозата на сируп, ама многу малку. Моево ко шпагета е, иако е 4 год, 15,1 кг е и ако е дозата (лупам сега) 2,5 мл, рекоа слободно 3 мл да дадеме и навистина така успеавме само да ја спуштиме. Ама ова во консултација со лекар. Давај многу течности и нека одмара ако сака и може.
Утре треба во градинка да однесам Wurst , треба живи да ги однесам или и се варат? Ние само пржени ги јадеме ама сигурно не треба пржени да ги однесам? Нормални виршли за деца пишува дека се на нив пинокио од турски маркет.
Ај јас ќе ти пишам со ризик пак нечии фрустрации да ми се закачат лично. Ибупрофен до 6 месеци стои отворен во фрижидер, мене така педијатар ми има кажано. Чепче не ставај на вака само благо покачена тт. Чепчињата се појаки од сирупот и можат да ја намалат тт повеќе од што треба особено дека 38 и не е некоја висока, туку малку покачена. Чувај ги за кога би качила баш висока, ама се надевам нема да дојде до тоа. Ако даваш одма сируп само што ќе качи 38, само ќе ја забавиш тт при достигнување на врвот, затоа пред да спушта може да продолжи да качува прво, или да симнува многу бавно, следен пат пробај остави да качи повисока тт па дај. Немој да се секираш. Чим качува тт, значи дека телото се бори. Секое качување тт иако нас ни изгледа страшно, значи дека телото создава бели крвни зрнца кои се борат против вирусот. И колку повисока е тт, толку повеќе бели крвни зрнца се создаваат. Ако ја прекинуваш тт пред да се качи повисока, само пролонгираш потоа да се качува почесто. Пред месец син ми исто од нигде и никаде качуваше до 38 со 5,6,7.. не давав ништо оти беше расположен, и сам спушташе многу брзо. Така два дена по ред по 2 пати му се случи и телото само му се избори. Знам дека си загрижена, ама пробај да не даваш одма сируп особено ако детето е во ок расположение само следи ја тт, за да му дозволиш на телото да се бори малку само. Сируп давам на пример и на 37 со 5, ама кога се стварно паднати со расположение, апатични, измрцварени. Немој да се секираш. Знам дека ти е напорно ама ќе помине и ова кај и да е големи сте веќе и вие ќе си стекне дете имунитет. Колку долго и да ти изгледа, сите помалку или повеќе мора да поминат низ ова.
Ибупрофен или парацетамол давам секогаш кога е барем 38.5 и не и е добро. Најчесто околку 39+. Вчера на пример, и со 39 си играше, не дадов. Ама симна и после беше расположена, пак качи ама не беше клапната. На 38 не давам секако и не давам одма, чекам прво да се стабилизира со качување па после ја следам како е. Ама некна ноќта не и беше добро, оти не можеше да симне скоро цела ноќ и жална беше. Нека им минува само. Еве ноќва спиевме сите цела ноќ, цела ноќ не качи. Сега пак се угрева малку.
Супер правиш тогаш. Те читам дека се разболува сега почесто ама супер е девојчето, телото соодветно и реагира кога е нападнато од вирус. Температурата колку нас и да ни изгледа страшно, му е потребна на телото за да се избори. Чим се издолжува од едно до друго качување, поминува. Ајде конечно времево се затоплува па сите да издишиме и од зима и од ладно и од вируси.
@Yowannty Јас никогаш немам чувано ибупрофен во фрижидер. Смее и така? Само антибиотик имам чувано во фрижидер ама секогаш после ибупрофен ги боли стомак и во вц одат па немој до тоа е? Дека малава не ни оди во вц па затоа не ни подразмислив дали грешам нешто со ибупрофенот, барем знаев во вц дека ќе отиде.
Тој течниот во фрижидер се чуваше. Мада и таблетите ги чувам, по навика Давај и пробиотик кога се болни, секој лек (и вирус) поминува низ црева.
Бруфенот може ептен да афектира желудник, да знаеш. Прилично е јак, може да предизвика и повраќање крв и дијареа.
Епа знаеш како.. после корона кога имаше недостаток на лекови почнаа докториве и фармацевтиве да зборат дека во фрижидер стои и 6 месеци. Обично, секој фармаколог ќе ти рече дека лековите генерално имаат уште некој месец дејство од она што се “препорачува”, ама запишуваат пократки рокови за да нели почесто купуваш. Е во корона кога имаше недостаток излезе дека уствари навистина траеле подолго. Не сум сигурна, може беше 3 месеци shelf life, негде на темно и ладно што би рекле, а 6 во фрижидер. Јас по навика се чувам во фрижидер и секогаш запишувам на самиот сируп датум кога е отворен, оти нема шанса да запамтам. За сега ок се покажале со дејство. Иначе да, може да им го дразни стомакот. Види парацетамол дали повеќе ќе им одговара или другите верзии нурофен на пример јас таков земам ради што е со вкус на јагода. И што ти рече Биља, давај пробиотик ако ти прифаќаат за стомак кога даваш лекови, нема штета од него.
Јас сум од стара школа и кај нас секој течен лек се чува во фрижидер на врата нели, а секое апче во фиока во спална кај што е најладно, темно и суво. Стално употребам лекови со поминат рок, ако не е отворен. На пример апчиња секако. Е ширупов не знам кога го имав отворено, знам оти неколку месеци беше, ама го носев навака натака, и секако беше прилично истрошен. Може и не беше до ширупот, туку ете дете си е болно, ама сега со новото што го отворивме посигурно се осеќам. Дете ќе носам утре на контрола, најмногу заради ушите секако. Иако не ми чини дека се уши овој пат, ама страв лозје брани. Стварно ми се смачи од болештини, просек е 2 до 3 пати на месец. Кога ја пријавував сега на апликацијата за градинка дека е болна, па она нон стоп е дома. Месец март дали 3 дена беше. Април еве една недела, сега празници фаќаат и така. Јајца вапцувам со црвен кромид. Лани така и реков се додека не бара во сите бои и сама да шлака, ќе си вапцам со кромид. Ем најбрзо, ем најздраво. Кромид форевер и евр за се и сешто . Отиде кај татко и да го смара, на поарно оди работата.
На тој ибуфлам сирупот му пишува дека после отварање стои и до 12 месеци. Е сега мислам дека немаше наведено за фрижидер ама на сите мислам им пишува да се чува на температура не повисока од 25°. Јас повеќе користам чепчиња отколку сируп. Оти знаел да го плукне, поврати па не сум знаела шо да правам после дали да давам пак. А колку пати па и борба било да го испие. Вака со чепче по практично ми доаѓа. Супер совети околу температурата даде погоре, јас горе доле практикувам слично, единствено ноќе ако приметувам дека качува, пример има 38 и нешто давам чепче, ми е страв да не качи повеќе а да не осетам. Иако никогаш не се случило да не осетам, ја осеќам секоја промена на дишење ама сепак ете. Инаку ибуфламот како да не ми е толку ефикасен. Порано кога давав сируп и си плаќав нурофен сируп сама зашо во аптека со рецепта само ибуфлам даваа. А сега си нагласувам на доктор дека само чепчиња користиме и тие се секогаш нурофен. А парацетамол никогаш не ни препишале. Некои македонки овде што се си косат од мкд далерон сируп.
Зависи од детето, секој сам ќе си процени, со искуството. Нурофен на пример на ќерка ми многу послабо и делувал.