Majki koga ve vikale vo igroteka odite vie ili deteto samo ostanuva, 5 godini e maliot. Ja prasav majkata vika kako sakas ti, za ostanuvanje ke ostane i sam ostanuval na drugi mesta ama kako e pravilno.
Дали знаете некои клиники по Германија кои нудат хоспитација. Имам B2 германски јазик, преведени документи пратени за Berufserlaubnis и се ама од Regierung Oberbayern ми бараат договор за хоспитација или позитивно интервју за работа.
Само детето. Или ако отидеш и ти и да си пиеш кафе на страна ама да си платиш влез. Најдобро е детето само секако 5 години има. Јас сега малиов сам ќе го пуштам во вторник 3 години има ама како прво одделение се однесува чудо и цело време Schulanfänger го канат на роденден дека само и со нив се дружи.
Ај ако сакаш само да ми потврдиш дали се овие? Два дена беше подобар, ама денеска нон стоп се грчи и прди и плаче не можам да чекам на бабицата, ќе пратам маж сега да земе.
За порано незнам, јас кога имав бепче пред скоро 5 години са симплекс по препорака земав и тогаш беа ефикасни. И еве комшивката исто и она земала и баш исто рече како тебе дека уште повеќе се влошувало плус и повраќало бебчето после некое време. И хебаме и рекла не се тоа што беа тие капки па и препорачала лефакс. И некој пробиотик. А штета КК што не покрива пробиотици. Доста се скапи.
Тие се ги има и поголемо шише. И нека чува фискална сопругот. Па побарајте рецепт од педијатар и со рецептот и фискална во аптека и ќе ви вратат парите
И ќерка ми е толку, 5 ипол години е, ама на неа не и помагаа воопшто. За пробиотик стварно се прескапи ама овде во аптека ми рекоа само со антибиотик одат. Други работи ми нуделе за стомак. Кој да знае веќе.. Уште ова, колку трае фискалната? На педијатар сум тек на 26ти, дали можам да почекам до тогаш или да отидам уште утре по рецепт? И дали мора во истата аптека кај што се земени капките да се носи рецепт или може во било која?
За тоа не сум сигурна, јас сум одела после две недели максимум како сум била во можност. И во истата аптека треба кај што е првично платено. Побарај си и кавум карви чепчиња. Тие се добри за меше кога боли и за какање. Него друго да прашам..кога се породив пред скоро 5 г гинекологот ми даде упат за физиотерапевт за вежби за карлична мускулатура. Ми рече за да се спречи во по зрели години проблем со инконтенција - така мислам се викаше. А тогаш јас не отидов не мк беше никако изводливо ама сеа осеќам кога дигам нешто потешко да ми се откачи некој гас или да се подмочам некогаш при кивање. Не знам дали е касно да одам сега после толку време? Имате ли искуство со такви вежби тие што сте се породиле тука? Во мкд кога ќе прашам прв пат слушаат сите. Таму се подразбира само побрзо да се симнат качени кг а на оваа тема кој да прашам никој појма нема.
Во истата. Најдобро е телефонски да прашаш во аптеката и прашај телефонски на педијатар дали рецептот иде автоматски на здравствената картичка и со неа одиш во аптека па телефонски ќе добиеш рецепт. Кај нас така е сега на матичен рецептот е на картичката ама нз дали и на педијатар е така.
Јас си одбрав венчаница Колку си се радувам , ептен Си направив неколку слики и само си ги гледам сликите и си се радувам Отидов со една замисла, скроз друг модел и шара, а си зедов скроз трета венчаница и друга шара. Ни на крај памет, не би ми текнало дека баш таква би ми стоело. Денеска и си ја освежив косава. Сите викаат каква убава долга густа коса имам, а не знаат по дома дека се митарим ко куче Малце кнап периодов, ама гледам колку што можам да одмарам бидејќи се уште ме приболува од операцијата.
Денес имав Елтернгешпрех за малово и бев цела во грч претходните денови, бидејќи не знаев дали успеал да си го најде местото во толку голема група, со оглед на тоа дека е срамежлив и малку тешко му оди со нови лица и ситуации, ама толку пофални зборови слушнав за моето дете, што очиве солзи ми се полнат колку сум среќна и горда на него “Домаќинкава” сабајле се успа и ни јајца, ни бутур се виде Ама и секако нашиве годинава ќе бидат украсени како роботи, па не знам дали има смисла пред изгрејсонце да одвалам робот јајце, наместо црвено Одма ја замислувам свекрва ми како ми превртува очи Битно цела среќна и полетна отидов до Теди и купив велигденски декорации, па и на попуст што ги фатив, ептен ќејф ми се направи Времево пак залади, ниту јас знам како да се облечам, ниту дете за во градинка Едвај чекам денов да заврши и да се приберат дома и четири дена да си лежиме по дома Евентуално сабота Леголенд е во игра, ако ѕирне сонце Ми се игра, ми се пее, многу сум среќна Само алишта не ми се диплат…
Домаќинката сабајле стана, се напи вода и си легна. Поумно ми се виде јајца во сабота да вапцаме. Тамам у недела ќе јадеме и ќе се посвежи. После проблемите што ги имавме со стомаците пред две недели, страв ми е сега било што да јадам додека не се оправиме целосно. Иако да речам варени јајца на ладно чувани и недели стојат, ништо им. Значи всушност само ме мрзеше од сабајле . Однесов ќере до градинка на 3 саати, колку да купам нешто и завршам некоја работа. Носето почна да и тече од некна. Вечера на доктор ништо не и е, фала богу. Нема темп веќе два дена. Ама не пукна дома цела недела со тоа да ја носиме на градинка. Не можам да си ја вратам после надзат. Како некоја стара тетка е, нон стоп само збори нешто. И јас како Марге многу сум горда на неа. Поминв преска кај теди, ама ме мрзеше да влезам, а стоеше 30% за декорации. Ама кај ќе декорираш со ураганот. Ајде догодина. Па и цвеќе заборавив да купам, после ќе мора да поминеме. Важно зедов црвен кромид, за у сабота да има за јајцата. Кај ќе се оди не знам. Ќе видиме. Има доста и овде наоколу да се види и штом е времето потопло, нема криза веќе. Убави празници женски. Да соберам играчките дома и некоја манџа на брзина и фаќа веќе празници . Сите дома 4 дена .
Јас во сабота ќе фарбам јајца. Имам 5 бои. Вчера од Алди купив 10 кафени и 10 бели јајца. Доста се толку. Лани имаше повеќе. Едвај ги изедовме. Тука како да не се замараат со фарбање јајца. Готовите јајца се продаваат брзо. Вчера немаше во Алди, а и во Норма. Пазарувавме во Лидл. Аууууу.... Народ како на митинг. А маж ми како стар дедо со количката. Му викам Оди побрзо Надвор ладно. Се спрема да
Женски можеби сте зборувале на темава, како да аплицирам за елтернгелд и што да направам за да ми почне елтернцајт каде да се пријавам? Уште не сум породена ама да бидам спремна. Исто така слушнав за diakonie и еднократен детски додаток како да аплицирам и за тоа?
Na kolku dena Bundestagot i Muzejot na Evreite, Berlinski zid, Postdam platz, poseta na zooloskata i hranenje na pandite,jadenje na poznatiot curry wurst i pommes.Mene Berlin mi e preubav pred nekoj mesec go setav po vtor pat.so sinot.