Ти си професионалец . Браво секоја ти чест за тортата јас не сум до толку профи . Аматер од надвор сум хаос ама внатре сите ги сакаат мојте вкусови на торти. ај ќе пројде и оваа белким. мајка е тука ќе чува деца јас ќе мкнам тоа фонданот значи за ваква Спојлер: Торта ќе ми требаат 3/4 па и 5 пакетчиња.
Јас само за чоколадна сум профи ама со готовиве теста ништо не ми се свиѓа. Многу поише сакам мое тесто да е, ама немам соодветен кружен калап за печење. Иначе не е ништо комплицирано, сите декорации или слични можеш да најдеш онлајн. И само гледај да го залепиш фонданот убаво.
@јolene и мојата еднаш имаше таков напад, мислев дека глуми бидејќи ја карав претходно. Маж ми се исплаши рече да ја водиме на итна , но успеавме да ја смириме исто со екран. Целата поцрвене среќа се смири. Утре ден ја однесов на доктор објаснив што како е . Ми дадоа чепчиња и ми рекоа во таква ситуација да останеме смирени и само на воздух. Ми беше многу криво бидејќи ја карав во тој момент незнаев дека е толку многу сериозно. Браво какви торти наскоро и јас ќе треба да правам искрено не ми се дават 150€ за торта што не ми се допаѓа на вкус. Јас ги правам вкусни но не сум вешта за украсување.
Јас купувам од готовите торти што ги има по маркетите. Само свеќа одозгора. И доста е. Секако не доаѓаат гости освен роднина на маж ми. Еднаш купив од една турска слаткара, ама беше за никаде. А не ми се даваат 120 евра за торта.
Од вчера сакав да ви кажам зошто се имам откажано од чистење откако станав мајка. Потрошив саати да ја сортирам целата облека, што е за носење во регал, што е за подарување, што е за во канта, што е за наредна година итн во торби и ги ставив во шкаф дека веќе беше касно и сигурно нема да носам на таван, по контињери од црвен крст итн Утредента на работа бев, кога се вратив, сите алишта и патики чизми на спална. Им викам од толку голем стан како баш за алиштата се фативте. И малава вика торбите им требале. Абе не да не средувам, па гајле ми е буквално, залудно да трошам време! Ќе си ставам маски на лице и во теретана ќе си одам. Среќен Велигден! Ви посакувам здравје и исполнетост!
Среќен празник и од мене! Моите желби се само здравје да има. Ние од итна се вративме, малата пак качи температура. Висок воспалителен процес, доби антибиотик. Втор за еден месец. Ако некоја од докторите наши, сака да ми помогне со крвната слика, нека ми пиша пп да пратам. Да ми каже што да правам да го средам детево и дали е многу страшно. Данке
Среќен празник ! Завчера го однесовме детето на црква во Минхен, не бил уште од кога беше бебе, а сега е скоро три. Кога се запна таму "Каде е дедо Боже?"на цел глас. Срам ме фати, тргнав да излезам. Па нејќе да излезе убаво му било. Океј викам ај ќе стоиме тука. Тој пак на цел глас "А што вика овој чичкото напред?" за попот. Го излажав нешто таму, таман мислев ќе имам мир тој пак "а овој чичко дали му е бесте фројнд на дедо Боже". Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш.
Христос воскресна Ич не се секирај, каде има мали деца и вакви случки има! Деца се немаат филтери. Мојата денес ме праша зошто попот фустан носел, за среќа дискретна беше. Иначе додека попот со кандилото поминуваше таа прва по него, сите освен мене мислеа дека е преслатка… @јolene гуте бесерунг, ќе биде подобро
Втор ден е со темп до 39 качуваше вчера на 4 часа денес на 6 , давам најизменично парецетамол и бруфен . Чекате 3 дена да поминат или веднаш ги носите на доктор? Јаде, пие, си игра ок е вака . Освен темп нема друго.
Јас чекам 3 дена секогаш, некогаш кога ќе се јавам по телефон и ќе кажам дека јаде и пие, ми викаат да го оставам и четврти ден и во 95% од случаите после 3 дена е како нов. Сега најбитно е течности да пие, штом пие убаво, па и ако јаде, следи го 3 дена, па ќе видиш како ќе биде.
Поскоро да минува. Јас се јавувам на втор ден темература и кажувам како е. После они ми прават на матичен термин на 3 ден. Кај нас на малата сега и дадоа ант. Качуваше 3 дена, два пауза и после пак качи. На итна и пишаа бактериска инфекција. Пак увце малку црвено. Грло и тоа. Секрет од нос. Апропо секрет повеќе од недела дена давам насевин. И денеска не ставам оти премногу е. Мислам утре ќе се јавам на педијатар пак, да прашам, ама дали сте имале искуство со долготрајна со капки за нос? Или што да давам да намалам секрет од носот? Страв ми е пак да не се слева надзат во ушните канали. И одлучивме да седи дома две недели најмалку. Маж пратив сабајле на лекар, се врати вакциниран . Ама важно и ехо му направиле на внатрешни организира и крв му зеле свашта. Тоа оти ја од сабајле му правев термин
Обични капки за нос не треба да се користат повеќе од 7 дена јер исушуваат носна слузница и ред проблеми потоа. Сега, со овој памет би прскала само морска вода и можда нешто природно ако постои, мада уште појма немам што. Секрет дури тече низ нос ништо не е страшно, треба да излезе, тоа е тоа. А кај вас сега антибиотикот ќе делува, ќе исуши и оздрави секое жариште така што- не прскај нос безвезе. Ние имаме нов проблем што е - носот затка и ништо не излегува низ тој нос нанадвор. Ако има некој идеја што може да биде нека сподели.
И јас веќе освен морска вода не ставам ништо. Додуша перев носе сабајле и некна. Со физиолошки, купишта секрет извадив. Ама ме нервира што нон стоп дете за нос го малтретираме. За вашето на алергија едно ми оди ум, друго на синуси. Аман значи,.ајде веќе нека оздрават сите. Годинава мислам 100 вируси се извртена, ко никогаш до сега.
Има секрет, а не може да го исфрли или само и е затнат? Од искуство со ќерка ми, само еднаш имала екстремно затнат и сув нос и тогаш се испостави дека е бактерија. Имала и друг пат затнат нос, ама не како тогаш и сме го решавале со физиолошки и со терапија за алергија.
Neti pot, или испирање на синуси по ново. Не знам што би можело да е причина, мене ми се јавува кога имам синусна инфекција. Но ова секогаш ми помага.
Женски, дали сте биле тука на погреб? Треба да одиме во Евангелистичка црква. Слушнав дека се носат пари. Дали се дава цвеќе? Не знам какви погреби имаат ни католиците, ни евангелистите. Сакаме да одиме, да дадеме сочувство кај блиски комшии.
Најчесто на погреб се собира само блиската фамилија . Инаку сум била еднаш на погреб , кај комшиката (таткото) почина . Ако ептен сте блиски , отиди. Ако не , само една карта со пари и толку . Цвеќе не се носи , само карти со пари . Сметам дека тоа е семејна Traufeier. И дека во такви моменти нема потреба да се оди , освен ако не сте викнати па да се оди или сте биле во блиска врска . Јас најчесто кај комшиите, што починале сум фрлила карта во сандаче .