Здраво на сите Аналгин купувате овде?Под кое име го има? Секогаш од Мк.си носам ама веќе ми е при крај да си дополнам..Во Мк со оглед на ситуација кој знае кога ќе отидам.. Благодарам
Бев преска ми ги набројаа сите таблети на база на аналгин и на крај ми рекоа мора за сите рецепт.Без рецепт нема.Не ми се веруваше па пак прашав.Ми потврди два пати нема без рецепт.Пак од мк да си купиш оти не даваат.
Германска работа,некогаш ми се стварно нон сенс ама тоа е..Ти благодарам во секој случај, аналгин здравје следен пат повеќе ќе си земам..
Напи се ибобруфен за глава штом така. Јас пред бременоста имав аналгин од кај нас, а потоа само ибо до денес земам штом ме боли. Немаш ли ништо? Не се знае ништо за Ковид 19 тоа е факт рано е за се да се каже.
@Ava.84 а да пробаш првин со парацетамол да се напиеш кога ќе те заболи глава..Немој одма со ибубруфен.. Јас често си патам од главоболка но првин секогаш парацетамол се напијам, ако не мине тогаш аналгин. Ова најдобронамерно.. Поздрав
Имам аспирин,парацетамол и кафетин и ибупрофен.Имав и аналгин што ми се маваше ама сега кога ми треба го нема.Три дена глава ми пука дури и притисок во сабота догнав 181 мислев ќе умрам.А притисок немав ни како бремена 130 максимум.Во дабоѕа кафетин се напив ама откако ми се симна притисокот.Страв ми е да не е корона со некој послаб симптом. @Esmeralda-MD јас ретко имам главоболка ретко пијам апче за глава.Ама веќе 3 ден не сум ок.
Неоалгин е аналгин. Кај мене го даваат без рецепт. Сепак подобро оди во аптека и прашај. Сите живееме во различни покраини и кај сите е различно. За ушето на малата без проблем петокот ми препишаа антибиотик ама ми рекоа дека се уште има шанси за без антибиотик и чекав и и помина без антибиотик. Само спреј пред спиење, топла бања и свеж воздух. Парацетамол и ибупрофен исто без рецепт даваат. Првиот пат не знаев дека постои нешто како аналгин овде и во аптека кога реков за главоболка ми дадоа ибупрофен. Туку дојдов да прашам нешто. На пример имам договор на неопределено работно време, останувам трудна, пишувам елтернцајт 3 години и уште првата година останувам трудна пак. За втората бременост во текот на елтернцајт кои закони важат? Не дека ваков ми е планот, само ме заинтересира сабајле. Доколку знае некој, доколку не ќе прогуглам кога ќе имам време.
Каков спреј? Викториа синоќа од 01 со 03 вриштење, ушето ја болеше. Од ибупрофен помина болката, само тоа имав. Сега е добра, ама ако треба да се снабдувам...
Свинска маст кај да бараме по маркетиве?Памтам некој кажуваше дека има ама не можам да најдам мислење
Обично стои во фрижидерите кај свежиот квасец. За Лидл, Нето овие дисконтите не сум сигурна дали постојано имаат, ама во Кауфланд, Реве се наоѓа. Schweineschmalz- пакувана како коцка маргарин
Nasen- spray al 0.05% Kindern 2-6 Jahre Xylometazolinhydrochlorid 0.6 mg/ml Lösung Само навечер пред спиење. Во меѓувреме ибупрофен по потреба. Свеж воздух помага најмногу. Бањање. Да го дува носот. Овој пат педијатарот ни спреј не ми даде. Ми рече само ибупрофен. Првиот пат кога бевме. Па сама прашав за спреј. Ми беше чудно како само ибупрофен. Вториот пат рече се уште има шанси за без антибиотик ама сепак ми препиша. Помина без антиб. исто како и претходниот пат.
Добивме покана за У8 тест во период од 16 април до 17 јули да се направи . Е сега мр занима може било кој педијатар да го направи или мора матичен( ние немаме уште матичен за синко) во близина сите се зафатени као не примаат нови. И сега сум во мисла што и како да правам?имаме на 2/3км од дома неколку педијатри и сите се полни. Дури на 12 км од кај нас има балканка педијатарка ама и таа 3 полна најветојатно. Совеѕ штп и како да правам?
Прашај кај таа од балкан прво. Јас не најдов тука уште патувам некој 25км за педијатар зошто ете не ми било далеку. Ама вие немате никаков и мора да најдеш. Јас би ти рекла да прашаш кај повеќе во радиус од 10 км. Можеби некој ќе ве прифати ако не во општина или во кранкенкасе за совет.
На нас ни има стигнато потсетување да не заборавиме и обично пишува ако немате матичен јавете се во таа и таа болница.Ако ви пишува место каде може да отидете ако не најдете направете во болницата.Барајте на поголема одалеченост или ако имш група на фб за твојот град прашај ги германците дали знаат кој педијатар зима нови пациенти.
Нека си купи онлајн осигурување од осигурителна компанија, Еуролинк, сага тие имаат секако. Сигурно и другите имаат.
Прашајте и кај вашиот матичен. Во претходното место каде што седевме можеше и кај нашиот матичен да оди детето на преглед.
Не нашиот кажа дека за У тестови мора педијатар да ги направи. Ама пак ќе отидеме ќе прашаме. Ама со оваа ситуација нз дали некој работи сега.