Блиски сме. Ни дадоа и покана за погребот, тоест за во црквата. Дали потоа се оди и на гробишта? Фала за одговорот.
Пак јас и моите проблеми, може слободно да ме прескокнете. И како да не мрчам пак. Офф на каков разговор сум спремна не се ни свесни Макар што сеуште само 1% немам расчистено со себеси ама ако ќе се расчисти тоа само по себе. Ај прво да пробам што совет би си дала. Џокерче тркалото се врти и кога они ќе имаат мали деца, ти ќе имаш веќе големи и самостојни. Чисто се пожалив, уште денес ќе го средам тоа што го имам на ум. Избришав тоа што напишав ама битно се пожалив, прочитав како некој друг да напишал, си најдов одговор. Море кога ќе се заинетам јас има да се чудат. Значи се си е таман, само ме мотивира сето ова за уште погоре.
Сабајлинава бев во теретана и имаше еден така добар дечко, го гледам нешто 2-3 пати ми се врти ме гледа, и ми текна на тебе, викам вака ли џоки прави симпатии? Мене па толку не ми беше јасно што се гледа што отидов во вц да се проверам дали нешто имам на мене. Колку не ме бидува за вакви работи, дај некој совет
Сите пишуваат дека во теретана никој никого не гледа ама и не е баш така. Фактички, да, никој никого не гледа како вежба, ако е почетник се приметува одма ама тоа е скроз нормално, секој бил почетник и никој на никого не се потсмева, ама се гледаат онака симпатиски. Претпоследниот пат, завчера, се уби гледајќи ме мојата симпатија, ама се правев дека не го приметувам, секако не ни знае дека ми е “симпатија” ама ете и он ме гледа, ама и не ми е симпатија туку само дента кога прв пат го видов додадно ми беше. Во теретана не гледам буквално никого. Приметувам дека ме гледаат ама не би сакала симпатија од теретана. Многу ретко среќавам женски во теретана, скоро секогаш сум со машки ама мене ми одговара тоа. Јас се заљубувам во енергија, не во изглед. Па така и симпатијава мој главен, еден и единствен, од 23.10.2023 ми е симпатија, само што го видов се маѓепсав иако воопшто не е мој тип на изглед, низок, слаб, со тетоважи, не е убав по стандарди за убавина, ама за мене е уау 100% полн погодок од кај се појави еве не ми е јасно. Ама и он кога ме виде најпрвиот пат очите му светнаа, и мене исто, како да сме биле во брак во претходниот живот. Сега веќе знам дека и јас му се свиѓам ама година дена не се осмелував знак да му дадам. Што се кажав подобро да не ме тагнеше. Се сеќавате оној ден кога пишав дека ако добијам повеќе од 10 лајкови ќе го прашам за четврток да се видиме дека и двајцата сме слободни? Епа добив 10, го прашав, ми даде број итн Мислам дека тлото под нозе го изгубив кога го прашав ама храброста и лудоста се мои особини.
Јас Џоки и Лаванда кога ги читам, посакувам да одам во теретана. Не ради симпатии и гледање, туку да се откочам цела. Сега се осеќам така без енергија и се ме боли и ме мрзи. А знам дека колку си поактивен, толку повеќе телото може да издржи. И сега купено конечно приколка за малата за точакот. Сега уште гумите да ми ги напумпа и од утре акција. Само да го убедам до после да среди точаци, па и до игралиште може колку за филм малку да се повози. А за теретаната. Чекајте Сега и јас психички да се спремам. Пошто баш никаква активност немам, дај предложете прво за дома како да се загреам еден-два месеци и тамам таму од јуни да почнам да вежбам во теретана. Кои видеа дома ги користевте? Ја едно време пред 3 години Памела малку, ама сега може да сонувам за таа кондиција. И јас како Џоки ќе вежбам газ и сакам грб, малку сколиозата да ја оправам. Раце вежбам доволно, тегот ми е скоро 13кг . Друго еве само неделата што иде да ја преживеам некако, и после веројатно ќе сум подобро. И така за да можам да преживеам, без да се издепремирам од сите глупости што ме сполетуваат у последно време, морам план да направам о да гледам напред. Ајде кај мене ладно, ама прогноза за ба белки се ќе се среди по најдобар можен начин .
Гз ко од Памела не се прави со видеата од Памела Оди директ, без припреми. Првата недела ќе те болат мускулите, после ќе се прилагоди телото. Направи си шема, или три пати неделно, пример два нозе еден горен дел, или два пати со сите вежби комбинирани. Со што и да се загреваш, прв пат кога ќе почнеш тежински тренинг ќе имаш болка во мускули. Не си троши време со такви видеа, мој совет. Иначе да, поубава енергија имам кога вежбам. Има денови не ми се оди воопшто, ама реков овој пат без изговори, одам вежбам и навистина после тоа се чувствувам подобро. Имав некоја настинка па две недели не вежбав ништо, се чувствував ептен лошо, нула енергија, нула волја. Што земавте за велосипедот? Јас имам седиште ама за подолги релации не ми врши работа. Сакам туле ама ако начекам на старо, на ново немам толку . @gjoker4e не ме гледаше овој во формата, така како да пушташе водичка малце ама јас ептен касно сфатив, откако отидов во вц да се проверам дали е се во ред со мене Иам јас симпатии од работа ама еднострани, со некои немам врзано ни збор ама така ми се симпа.
Јас вежбам на скалите по пола саат и стомакот страшнооо многу ми се намали, со фармерки ми е скроз рамен ама на голо вишок кожа има. Прво газ да зголемам па после за стомак ќе вежбам, па после грб па раце. Нозете многу си ги сакам и нив не сакам да ги вежбам. Само да не мора на крај и нив ако не изгледа пропорционално телото појма немам. Најдобро директно во теретана. Јас вежбав три месеци дома и можам да кажам дека тие три месеци дома вредат колку еден ден во теретана. Мене ми е многу чудно што или 20 годишни ми се свиѓаат или 40 годишни.
Гледавме и ние туле ама и мене не ми се даваа толку пари. На старо што ги гледавме утепани од користење беа. И така Qeridoo sportrex1 на крај одлучивме, како подостапна верзија. Сега е во кутија уште. Ако се намoлиме да се симнеме у гаража, може и ќе се проба. Ако не утре ќе кажам. Јас сакав за едно само, дека помало и некако посигурно да се осеќам. Маж ми сакаше за две, за да носиме повеќе багаж. На крај со болести мината недела пропуштивме попуст на купа 2 еден модел, од истата марка и вака излезе.
Сега за ова . Газ како Памела, јас со мојава градба не можам ни со силикони да имам . Ама малку така за мене да си се стегнам и да се осеќам поубаво. Симпатичен маж, па не знам колку време не сум видела . Страшно дури. Мислам од лична нели перцепција е. Кога не си се свиѓаш себе си, не ти иде ни да загледаш некој. За приколка супер е. Како количка се вози полесно од количка. Значи имаат добра амортизација. Ама! Земи за две деца, вака ставив ранец надзат и толку. Значи со обична количка повеќе пазар собирам. Па и онака за во иднина ќе ти треба за две деци. И најдруго маж ни реши да ме почасти нова машина за кафе. И така од преска додека штелувавме како ни одговара најмногу, изгледа три пати еспресо ми пушти . И така. Сега ајде на кафе кај мене. Тамам ќе се стопли и кафичот на балкон ми е отворен веќе .
Кога ќе ви треба совет кај мене обратете се! Уште магистерска да напишам за маживе (новите жени ). Дијагноза за секој маж имам поединечно. На работа многу често ми викаат дека изгледа ми е досадно и имам премногу слободно време дека на пример кифли правам, еден тест што треба на работа да го правиме само јас сум секогаш 100% итн… Вака не ми изгледа како да имам премногу слободно време иако така изгледа. Многу ме измени теретаната. Мене секако тоа и ми беше целта за мојата следна цел во “кариерава”. И денес богами ја претерав на работа- односно ја претерав би рекла старата џокерче, за новата и малку беше. Понекогаш се плашам од самата себеси, во позитивна смисла повеќе. Горда што цело време се рефлектирам самата себеси и секоја моја мисла, збор, постапка. Истражувам. Исправам. Напредувам. Ај да не претерувам.
Zenski kakov probiotik davate na deca 4 godisna vozrast od koj ima po germanija kako da gi baram samo bez recept
Здраво цела ноќ не сум спиена двете кашлаат. Немаат тт ама се гушат од што кашлаат . Се оаоќа како да имаат секрет , некој трик за ова има да се исчиатат дома? Искрено не ли се носат на доктор за кашлици само додека спијат . Преку ден ретко кашлат. И да пред да почнат да кашлаат се лигавеа многуу 3ки и 4ки кога никнуваат? Имаат 1г
Само да спијат на 45 степени или на грб и освежувач или прочистувач на воздух на пример и ладно да е во собата излуфтирано. Ако кашлаат од секрет што се спушта од нос тогаш капки за нос пред спиење Nasivin сме имале ние ама јас ко јас ни тоа немам дадено. Сега без зафрканција си мислам дека моиве деца не се разболуваат до толку дека лекови не им давам, одам на педијатар, ми препишуваат, ги земам од аптека и чекам ако мора, ама никогаш не мораше. Проспан на пример немам никогаш дадено, а се 4 и 8 години. Само кромид на пола, свеж воздух и ненаспани ноќи со спиење во раце, а јас седната. Многу сум тажна. Школото беше две недели и денес прв ден требаше роденден во школо да слави ама наставник болен и класот ќе е во друг клас и рекоа утре ќе слават и срцето ме боли, можам да замислам неа како и е.
Абе болно дете како болно дете. Три ноќи ќе се така после ќе се оправат. Сум ставала и капки и без капки исто е. Дете у раци и седиш, се молиш барем оно да дреме малку, оти инаку плачки ќе е. За славењето, среќен роденден! Те разбирам како ти е, ама еве го утре кај е. И јас во слична ситуација, маалата збори за во градинка секој ден, ама ќе седи дома. Вчера заврши со ант. Голема доза беше што и дадоа, не е за со деца. Ни меше е смирено, кожа и се врати црвеното цела се чеша и мора да седи дома. Ќе ја носам после по игралишта, од сабајле една рунда истеравме. Требаше да ја носам денес кај братучед ми. Сигурно пред два месеци ни беше договорено, и сега снаа ми вчера рече дека едното било болно среда, чет и петок. Кашлало имало мрсолчиња и така јас испаничив нели и реков ај во недела ќе се видиме, да оздрават уште малку. Може и претерувам ама многу лошо поминавме последниот пат. Прав хорор ни приреди малата. Сакав да речам, малку сум вака разочарана од новата машина за кафе, што сенсео пак си пуштив. Ај да пробам друга марка кафе, може до тоа е. Имате некоја марка кафе цело зрно да сте задоволни и да сакате многу кафе, ама јако кафе?
@јolene Две пијам на ден кафиња и сакам јако кафе јас пијам со млеко нас ова ни е омилено. Ако некој има друг предлог нека каже. https://www.tchibo.de/products/2745...qqD5F3ksxHW672gb-G7MrGCCbYFbazIIaAuv_EALw_wcB
Имам едно прашање, другата недела ќе аплицирам за виза за соединување на семејство во Германија. Проблемот е шо на пасошот сум Димитровска а на венчаницата Димитрова. Дали би имала проблем кога ќе ги поднесувам документите ? На венчаницата можам да го сменам мислам презимето. Ама да не се малтретирам за џабе.
Како бе за џабе ќе се малтретираш? Ако ти е грешно презимето, исправи го, оти понатаму тоа повлекува други проблеми. Брза е процедурата, не е никакво малтретирање