Да. Смени го, па после поднеси. И една буква е проблем, кај тебе се две. Сеуште турско кафе пиеме. Дека без калории е. Ова ми е омилено, грчко е, ама турско. Нареден пат слика, не мож сега.
Муабетот ми е дали при поднесување на документите за виза ќе ми направат проблем, понатаму секако ќе го сменам. Ќе се јавам утре во визаметрик да прашам за посигурно
Таа виза треба да биде издадена на некое име. На кое име да ја издадат, ако е брачно спојување, две различни презимиња? И од после да менуваш? Која логика? Сама помисли вака, според тебе, како треба и како поедноставно ќе биде? @gjoker4e доволно ли сум у пмс или само пукам многу кафиња? Аман додека сите ги испробав и на крај еве ме зомби . Вие ништо значи не кажувате, нигде ве нема, да идам бар да средам кондури зимски. Официјално прогласувам крај на зима, сум собрала сите дебели јакни и сега само сонце смее. Ајт .
Па визата ја ставаат на пасошот, ваљда со презимето кое е на пасошот. Ама да јасно дека можат да прават проблем оти на венчаницата стои друго презиме. Ќе се јавам и ќе прашам, на крај краева ќе го сменам презимето како што ми е во пасошот и то е Се чека еден месец мислам, тоа ми е маката, освен ако има некој забрзан процес да доплатам како за патните исправи што е по брза постапка
Јас само по едно кафе на ден можам, од две па натака срцето ќе ми експлодира. Па само јас пишувам за симпатии и ти за кранк и досадни сме веќе само ние. Сакам многу да кажам ама морам да се воздржам. Туку банкоматот не работеше и одиме до соседното село во банка ама и тука не работеше ама на вратата гледам македонско име и презиме исто таков колега имав на факултет ама не би требало да е баш тој што знам. Да сме знаеле ќе сме отвореле кај него сметка. Волксбанк поздрав до него како преку радио на времето колку поздрави имам за симпатии пратено леле јас уште од дете иста сум била значи
Јас за кафе сум преедноставна, на зима неспресо капсули, лете нес. И тоа само по едно на ден, и тоа разредено со млеко. Треба ептен тежок да ми е денот за да се наканам за второ. Во тој поглед, летна сезона е отворена кај нас. Дури и се испи некое кафе на терасата Да не се фалам ама стварно преубава тераса иам, со еден куп цвеќиња. Не можам да ја постирам бидејќи сите ми ја знаат
Како бе цвеќиња со ураган дома? Сите саксии собрав и у подрум. Лани се што се стави на балкон се искорна. Тие собните три-четири големи се во ходник од зграда, красам заеднички простор. Ама секако нема ни место за таа големина во овој стан. Една орхидеја ми умре додека стасав да ја предадам, а имаше пуштено и бебе, ама ради вошки заврши во карантин. И ја заборавив. Другите 5 се живи се уште и цветаат моментално. А многу сакам цвеќиња и средени балкони. Само многу ги заборавам. Имам сега еден трендафил кој морам да го пресадам, поклон ми е, нема смисла да го умрам. Место реално за џунгла на балкон имам, ама ај може и ќе биде. Имам уште една кутија која од преселбата до сега уште не е отпакувана. Потсвесно некако како и да не сакам да се одомам и така, никако да се наместам негде како што треба. Од кафиња. Пијам две најчесто, многу многу ретко повеќе. И тоа второто до 2пм треба да ми е испиено. Двете се дупли еспресо со малку млеко. Еспресо макијато допио ќе му дојде. Се се прашувам дали од тоа што пиев јако кафе во бременоста и детево ми е вакво палаво . Еве јадам бејк ролс со лук, да ни се качи малку шеќер, падне притисок и да ми се приспие. Вишката калории утре ќе ги мислам .
Ве читам, ама деновиве некако зборови ми фалат или сум влегла во некое мрзливо расположение, та не ми се ни збори. А и не сум се свртела дома, дури денес така малку време за себе најдов, па успеав и да пропешачам од сабајле, преубаво е времето надвор Со десно уво слушав на радио 90s baby, со лево птиците како си црцорат, милина Огромен балкон имаме и ние, ама јас пукната сум за дворче Да се испружам на некоја лулашка, маж да прави скара и да пушти ретро мк музика, па да паѓаме од смеење на текстовите и да не фаќа носталгија за тоа убаво време и слобода на изразување и креативност, а малово да се вртка и да си игра и трчка во двор Ќе биде и тоа За цвеќиња сум антиталент, имам само еден кактус, го добив како подарок кога се вселивме во станов и еве веќе година ипол, уште си стои Дури и нешто како цветчиња вади Изгледа му годи да не му се става вода по месец дена @јolene трчањето како активност не ти се допаѓа? Јас пред да останам бремена трчав и многу ми годеше и здравје, планирам после пораѓај, повторно да се вратам на трчање. Сега за сега само пешачење и јога. Инаку за по дома, може и се малку подзастарени вежбите, ама јас со години и се враќам на Jillian Michaels. Е сега вака на јутјуб, не знам дали може да се најдат нејзините програми, јас имам дел уште од Мк пиратерија симнато и плус од Амазон имам купено неколку програми. Кафе, тоа на Tchibo, што го постираа погоре и мене ми е многу убаво, има едно што мене исто ми се допаѓа, Cornellà мислам се викаше, ама повеќе ми се допаѓа вкусот, не е нешто многу јако. Ама не знам дали се наоѓа вака во слободна продажба по маркети, маж го купуваше од фирмата кај што работеше. Инаку ние сме веќе неколку месеци без кафе машина, старата се расипа, за нова не можеме да се најдеме на иста фрекфенција со маж. Тој дека долги години работеше со тоа, па точно знае каква кафе машина сака и не прави компромис околу тоа, мене тоа ми изгледа стварно ту мач и така, си пиеме нес кафе
Значи за тепање сте. Сите. Се одпосле кажувате вакви битни информации. Особено за кафе машините. Излезе спонтано кај нас. 5 години веќе ја купувавме и јас многу скржава нели, познато, не ми се дава пари. Па почна сенсеото да зеза и маж нарача една, демек ок оцени, ама јас не сум сигурна дека баш толку ок е. Може маж ти ќе кажеше дали да или не. Вака бидна. Шо да кажам освен, дојдете на кафе, па да ја пробаме и за друга некогаш таму после многу години, препорака да даде. Јас не сум по трчањето. Мене ми треба нешто да зацврстам мускулатура, оти како пача се осеќам а грб деформиран ми е. Немам многу вишка кг, ама страшно се запустев. Маж ми трчаше пред бебе. После тоа толку беше. Да не работи по 12 саати на ден, може пак би трчал. Многу мрчам, ама нешто мора да се смени. Вака и заради неговото работно време, јас немам мое време и време за јас да работам нешто. Среќа како малку да ми се врати енергија, дали што почнав витамини поредовно да земам, малку поарна сум сега. Или па што сменив кафе, не знам, се поклопија работите . За трчање со бебе можам my junior Vita hope да ти ја препорачам. Количката ја имав со малата, после ја продадов поради тоа што немав кај да ја чувам у штудгарт, зедов баги јоие врска нема. Се успа малата, да ставам некој ручек и послем барем 3 саати надвор, на сонце и свеж воздух .
Изненадувачки многу е внимателен со цвеќињата ( или сеуште не го заинтересирале доволно за да ги уништува ). Многу сакам цвеќиња, секоја година садам нови на терасата бидејќи преку зима нема шанси нешто да преживее. Низ дома орхидеи, сансиверија и змиското.
Од работа ќе сме оделе во Europa Park. Абе само што реков пред некој ден дека никогаш не би отишла таму. На 18ти мај. Бил некој? Колку пари требаат за таму? Ако сите отидат на оние ризичните по живот справи? Што се прави друго таму освен живот што се ризикува? Старата баба џокерче
@јolene упс Имам спомнато за маж дека има работено тоа, баш еднаш за вода се збореше и пишував дека по дома тестиравме, ама како и да е, верувам дека сте земале топ кафе машина и со здравје да си ја служите Иначе, маж е тим jura кафе машини за век и веков Мада и од нив има многу видови, со цени од нормално - до охоо машала луди Знаете ли дека АОК имаат апп, каде што ако правиш 10 000 чекори на ден, собираш бонус пункти и после може да ти ги исплатат како пари на конто? Е јас дознав пред неколку дена, денес ми стигна кодот, активирав и денес за 11.000 чекори заработив 50 центи
Здраво феминки Дали знаете каде во Германија имаат потреба од работници во гастрономија Mcdonalds, Burger King? Ако може и контакт да ми дадете од менаџери, шефови. Однапред Ви благодарам многу Ќе ми значи вашата помош Имајте убав ден